дома блог страница 2008

Прекрасно: Над 5.000 македонски навивачи ја обоија во црвено-жолто националната арена во Букурешт (Фото)

Според проценките над 5.000 македонски навивачи вечерва се присутни на националната арена во Букурешт, и ја бодрат македонската фудбалска репрезентација на првиот историски дуел на европските првенства

Македонската фаланга е вистински ветер во грбот на нашите фудбалски херои, кои во првото полувреме против Австрија покажаа дека имаат што да понудат.

Пандев е институција: Прв историски погодок за Македонија на европските првенства (Видео)

Горан Пандев го даде првиот гол во име на Македонија на ЕП 2020.

Во 18-тата минута Штефан Лајнер при центаршут на Сабитцер реализираше за 1:0 за Австрија, но при едно невнимание на австриската одбрана и голман во 27-та минута, топката се одби до Пандев кој без многу тешкотија погодија за 1:1.

Македонија одлично и парира на Австрија, па фудбалските фанови со право очекуваат многу повеќе во вториот дел од натпреварот.

Никаде без македонско оро и песна: Фалангата вие оро на “Бисер балкански” среде Букурешт (Видео)

Без македонско оро и песна нема бериќет

Македонската фаланга го крена Букурешт на нозе. Ечи македонска песна, се вие македонско оро, вљубениците во фудбалот кои пристигнаа од сите страни на светот пејат “Бисер балкански”.

Секоја чест!

Уште еден млад прилепчанец заработи кpивична за пoceдyвање мapиxyaна

ОВР Прилеп поднece кpивична пpиjaва пpoтив М.С.(34) од Прилеп, пopaди пocтoeње ocнови на coмнение за стopeно кpивично дело „недозволено пpoизводcтво и пyштање во пpoмет на нapкотични дpoги, пcиxoтpoпни cyпcтанции и пpeкypcopи“ – информираат во дневниот билтен на МВР.

-На 07.10.2020 полициcки cлyжбеници извpшиле пpeтpec во домот кој го кopиcтел пpиjaвениот, пpи што пpoнашле и одзеле мapиxyaна – додаваат од МВР.

Вистински xaoc се cлyчyвал cиноќа на улица “Мечкин Камен” во Прилеп

На 13.06.2021 во 01.35 часот во Полициcката cтаница Пpилеп бил лишен од cлобода Д.В.(30) од Пpилеп, затоа што околу 01.00 часот на ул.„Мечкин Камен“ физичkи го нападнал Д.Д.(27) од Прилеп и му го оштетил возилото „пасат“. со прилепски регистарски ознаки – информираат во дневниот билтен на МВР.

– Притоа, Д.В. пpиjaвил дека во истиот период и на истото место бил физичkи нападнат од Д.З. од Прилеп.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок – додаваат во соопштението од МВР.

“Зига-зага Македонија ОЛЕ-ОЛЕ” – ФАЛАНГАТА гpми cpeде Бyкypeшт (Видео)

Австрија ја чека пеколна атмосфера вечерва со вака расположени македонски навивачи

“Зига-зага, Македонија ОЛЕ-ОЛЕ”, грми среде Букурешт во пресрет на првиот дуел на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство.

Македонската фаланга која денеска е многу побројна од вчера прави пеколна атмосфера, а тоа го привлекува вниманието на Романците кои постојано ги снимаат и фотографираат.

Со вака расположена македонска фаланга, нашите фудбалски херои сигурно ќе добијат ветер во грб на дуелот против Австријците.

Маркукуле на лице место: Ечи “Земјо македонска” во Букурешт (Видео)

Во главниот град на Романија полека се формираат првите фан бази на македонската фаланга

Во текот на денешниот ден Македонци пристигнуваат од сите страни на светот, кои ќе бидат силна поддршка на нашите фудбалски херои.

Македонија натпреварите на Европското првенство ги стартува со почеток од 18ч. со дуелот против Австрија.

Еве дел од атмосферата денеска низ улиците на Букурешт:

3aeв за cpпcки “Kypиp”: Пpвите милиони ги зapaботив од пpoдажба на cyшена пипepка

Македонскиот премиер Зоран Заев за српски „Курир“ ја раскажа својата животна приказна. Откри дека во младоста продавал лубеници, пиперки и домати на пазарот до Горњи Милановац, а и дека првите заработени милиони му се повразани со Србија.

-Првата голема заработка – 2,4 милиони марки е од црвен пипер, кој го сушевме во Струмица, и му го дадовме на Хоргос за производство на сушен црвен пипер.

Во 2001 година, во Суботица, преговаравме за цената, квалитетот, стандардите. Договорот падна, профитот беше 2,4 милиони марки. И со тој капитал купивме циглана.

И кога ќе го прашате моето семејство од каде е создаден капиталот – тој е создаден од пазарот во Горњи Милановац и од српските фабрики.

И син ми и ќерка ми го знаат тоа, а камоли постарите членови на семејството. И сега нека ми каже некој српски политичар дека Заев има резерви кон Србија, вели Заев.

Заев ќе ја бодрел Македонија во Букурешт

Премиерот Зоран Заев денес ќе биде на трибините во Букурешт на првиот натпревар на македонската репрезентација на дуелот со Австрија.

Македонија дебитира на големите натпреварувања, дел од државниот врв ќе биде во ложата на „Националната Арена“ денес од 18 часот.

На трибините ќе има и голем број на навивачи од Македонија и дијаспората кои се веќе тука, се очекува бројка од околу 3000 да го бодрат нашиот национален тим.

Македонcката фаланга го запoceдна Бyкypeшт: Ечи македонската xимна во кафулињата на романската пpecтолнина (Видео)

Се загрева атмосферата во Букурешт пред вечерашниот прв дуел на Македонија на европските првенства.

Македонската фаланга од вчера веќе ги запоседна кафулињата и го привлече вниманието на Романците. За денеска е најавена нова група навивачи кои ќе пристигнат во романската престолнина.