дома блог страница 2010

Сите спортски лаги на градоначалникот и прашање за обвинителството? (Видео)

Стоиме пред овој објект, од пред кој, сегашниот Градоначалник Илија Јованоски ги читаше милозвучните лаги за спортот и за иднината на сала “Македонија”. И по 4 години, Состојбата е иста нема ништо од најавениот базен, фитнес сала или гимнастички центар – истакна на денешната прес конференција Александар Крстески од комисијата за спорт при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

-Салата е руинирана, како граѓани не знаеме кој стопанисува со неа и дали се плаќа кирија. Во чиј џеб се слеваат средствата од рекреативците? Дали можеби има вистина во шпекулациите, дека средствата ги добива полициски службеник близок до власта?

Дали овој објект кој нема технички прием е даден под концесија? На ова прашање треба да одговорат оние кои пре речиси 5 години како загрижени спортисти, а сега функционери на удобни фотелји, стоеа на пресовите од Илија Јованоски.

За 4 години не се вложени ни 10 денари во спортска инфраструктура, нема ниту една нова спортска сала,или ново игралиште. Салата “Партизан” се распаѓа,домот “Дервен” е во очајна состојба.

За жал, Прилеп има само прволигаш во ракомет,кој не е доволно поддржан од Општината.Фудбалот, кошарката, одбојката денес се мисловна именка за оваа власт. Не случајно рејтингот на Илија Јованоски во Прилеп денес е 1.1%.

Од денес секојдневно ќе ги посетуваме објектите пред кои во 2017- та ветувавте европски спорт и ќе ви покажуваме каков пустош оставивте како власт. Оваа ваша деструктивност ќе биде казнета во октомври од прилепчани. Оставаме на обвинителството по допрен глас да ја испита работата во сала „Македонија“.

Најпознатиот спортски сервис “ЕСПН” го прогласи македонскиот дрес и знаме за најубави на Европското (Видео)

Реномираната американска телевизија ЕСПН ни направи огромна чест, прогласувајќи го дресот со кој ќе играме, за најубав на Европското првенство.

Херс Гомес и Клинтон Јејтс се согласни дека дресот со сонцето е најоригинален, исто како и македонското знаме. Со тоа повторно на тежина добива петицијата да не се игра со оној бордо дрес, туку да се врати опремата со која Македонија обезбеди пласман на континенталниот шампионат.

Кога станува збор за дизајнот, со исклучок на Хрватска, никој нема толку интересен дрес кој на наједноставен начин го симболизира сонцето, заштитниот знак на Македонија.

Видеото погледнете го ТУКА

Добpa вecт: Maкедониja не е повеќе на лиcтата кopoна pизични земjи за Гepманиja

Македонија веќе не е земја во ризик за Германија, според новата листа која ја објави Институтот Роберт Кох. Новите правила ќе важат од утре.

Бројот на активни болни од ковид-19 во земјава секојдневно паѓа, а според последната статистика од Институтот за јавно здравје, изнесува 425.

Освен Македонија, поради намалувањето на бројот на новозаболени, од листата се тргнати и Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора.

Германскиот институт, исто така отстрани повеќе земји како: Австрија, САД, Канада, Ерменија, Азербејџан, Канада, Либан, Молдавија, Украина и Кипар. Велика Британија сѐ уште е на листата.

Лицата кои пристигнуваат во Германија со авион, мора да приложат или негативен ковид тест, или сертификат за вакцинација или потврда за прележан ковид.

Веројатно оти не се пласираа: Грција прати писмо до УЕФА, им смета македонскиот дрес

Грција се пожалила до УЕФА за македонскиот дрес само неколку часа пред почетокот на Европското првенство.

Грчкиот министер за спорт, Лефтерис Авгенакис испратил писмо со жалба до претседателот на УЕФА, Александер Чеферин за логото на ФФМ кое се наоѓа на македонските дресови.

Спорна за Грците е кратенката ФФМ од Фудбалска федерација на Македонија, бидејќи според нив тоа е спротивно на договорот помеѓу двете земји потпшан во 2018 година.

Во писмото тие велат дека може да стои СМ- Северна Македонија или РСМ- Република Северна Македонија, но не и ФФМ.

МВР иcпрати 5 полицajци да го обезбедyвaaт Евpoпcкото пpвeнcтво во Бyкypeшт

По повод Европското првенство во фудбал ЕУРО 2020, на кое за прв пат ќе учествува и македонската фудбалска репрезентација, Министерството за внатрешни работи на Република Македонија во соработка со романската полиција и надлежните служби на УЕФА, испрати свој тим од 5 полициски службеници кои во периодот од 11.06 до 18.06 2021 година ќе бидат присутни во Букурешт, Романија.

– Задачата на нашите полициски службеници е заедно со полициските тимови на Романија, Австрија и Украина да создадат безбедносни услови овој значаен спортски настан да помине согласно највисоките безбедносни стандарди, истовремено и да им излезат во пресрет на нашите граѓани кои ќе бидат присутни во Букурешт за време на настанот.

На овој начин, Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија ги потврдува професионалните капацитети на своите полициските службеници, како и својата европска посветеност, исполнувајќи ги притоа највисоките меѓународни безбедносни стандарди во обезбедување на значајни спортски настани од висок ризик – информираат од МВР.

Ja oсвои цела нација: Poналдињо порача “Напред Maкедониja” (Видео)

Cо натпреварот меѓу Италија и Турција вечерва стартуваше Европското првенство во фудбал. За првпат дел од големите натпреварувања ќе биде и Македонија која својот прв натпревар го игра во недела против Австрија.

Голем дел од поранешните фудбалери испраќаат зборови на поддршка за нашата репрезентација која се повеќе и повеќе ги собира нивните симпатии.

Легендарниот Бразилец и веројатно еден од најталентираните фудбалери на сите времиња, Роналдињо испрати порака со поддршка за Македонија.

Koга cите компании би фyнкциониpaле вака, ќе немавме дефицитapeн и cyфицитарен кадap, a обpaзованието ќе ни цветаше

Проректорот на Универзитетот “Св. Климент Охридски” од Битола, д-р Марјан Ѓуровски, оствари средба со Генералниот извршен директор на АД „Витаминка” – Прилеп, м-р Сашо Наумовски.

– Состанокот беше во функција на воспоставување на поинтензивна соработка на високото образование, односно УКЛО со бизнис заедницата.

Се разговараше за воспотавување на механизми за поинтензивна соработка на Универзитетот и единиците со ова најзначајна прехранбена индустрија во земјата.

Во престојниот период ќе бидат разгледани можностите за изнаоѓање на нови форми за поблиска соработка, а во иднина студентите од УКЛО својата пракса согласно студиската програма може да ја поминат во „Витаминка” АД Прилеп – информираат од Универзитетот.

Капитенот до целата нација: “Сонот го испишавме, одиме да испишеме историја!”

Капитенот со порака до целата нација!

„Дојде и тој ден кога почнува Европското првенство… денот кој го сонував долго време низ мојата кариера… Македонија да игра на едно големо натпреварување… Можеби ова се последните мои натпревари за македонската репрезентација… Сакам како капитен да ви се обратам на целата нација: Оваа генерација е најсветото нешто на македонскиот фудбал, ова е генерацијата што ја обедини цела Македонија… Горд сум на секој момент и секоја капка пот пролеана во светиот дрес. Сонот го испишавме, одиме да испишеме исторја. Бидете со нас навивајте за Македонија!“, напиша Горан Пандев на својот инстаграм профил.

Прилеп 2021 или СССР 1951? (Фото галерија)

Во изминатите неколку месеци на две локации во Прилеп никнаа “уникатни” игралишта за деца…

Овие креативни игралишта наликуваат на сликите од Советскиот сојуз во далечните 50-ти, 60-ти… години, велат граѓаните на социјалните мрежи.

Што мислите вие, ви се допаѓаат ли овие “ремек дела”?

ФОТО/Виктор Рајчиноски