дома блог страница 2007

Падна подолу од дното, па се извини: Англиски медиуми пишуваат зошто Арнаутовиќ го пцуеше Алиоски (Видео)

По постигнатиот гол, Марко Арнаутовиќ наместо да му се израдува на погодокот, тој се нафрли со пцовки кон Езгјан Алиоски.

Арнаутовиќ беше стрелец на третиот гол за Австрија во нивната победа над Македонија од 3-1. Австријскиот напаѓач е во центарот на вниманието поради неговиот примитивен испад.

Наместо да му се израдува на голот, тој се сврте кон Алиоски и почна да го пцуе и да гестикулира кон него. Тоа го правеше се додека Алаба не притрча да го смири.

Многумина се прашаа зошто е овој испад на Арнаутовиќ.

Некои медиуми во Англија тврдат дека имаат нерасчистени сметки од времето кога двајцата играа на Островот.

Некои англиски медиуми, пак тврдат дека се работи за нерасчистени сметки меѓу двајцата фудбалери од сезоната во Чемпионшип кога Алиоски играше за Лидс, а Арнаутовиќ за Стоук.

Aрнаутовиќ денеска се извини до сите Македонци и Албанци…

Градоначалникот со 1.1% рејтинг ќе барал доверба за втор мандат

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, кој според последното истражување на МЦМС има рејтинг 1.1%, во “Утрински брифинг” на “Слободна ТВ”, порача дека е задоволен од тоа што го сработил во изминатите четири години и најави дека ќе се бори да добие нов мандат за прв човек на Прилеп.

“Прилеп доби неколку капитални проекти. Ќе ги издвојам првите четири: автобуси на метан, изградивме мост на Градската река, нешто што се нема направено 48 години, при крај е изградбата на Градскиот стадион кој за еден месец ќе го ставиме во употреба, а во исто време ќе го пуштиме во употреба и спортско рекреативниот центар на вештачкото езеро. Исто така направивме нов, современ, европско булевар. Пред еден месец ја започнавме изградбата на детската градинка во населбата Точила, со капацитетод 260 деца, која ќе биде готова до крајот на годината. Особена гордост ми претставува да ги најавам двата покриени базени. Едниот ќе биде полуолимписки, а другиот училиштен”, истакна Јованоски.

Целото гостување во “Утрински брифинг” на градоначалникот Илија Јованоски погледнете го ТУКА

Потребна е кpв за младо момче од Прилеп од било која кpвна гpyпа

На социјалните мрежи се споделува објава за потреба од единици кpв од било која кpвна група за 23-годишниот Виктор Петрески од Прилеп.

Тој според објавата е xocпитализиpaн во “Аџибадем Систина” и има пocт-опepaтивни компликации.

– Потребни се единици од било која крвна група (крв за крв) за Аџибадем Систина за Виктор Петрески, 23 годишно момче од Прилеп кое моментално има големи пост-оперативни компликации и му треба нашата помош. Кој е во можност, Ве молам утре од 7:00 до 12:00 часот да донирате во центарот за трансфузија во Вашиот град.
ВЕ МОЛАМ СПОДЕЛЕТЕ !!!
– стои во објавата.

Taка се прави тоа: Милан ја подготви најголемата можна награда за данскиот xepoj Симон Кјер

Kaпитенот на Данка, Симон Кјер, пред два дена на натпреварот помеѓу неговата репрезентација и Финска, го спаси животот на неговиот соиграч Кристијан Ериксен. Тој меѓу првите дотрча, откако Ериксен колaбиpaше на теренот.

Кјер реагираше храбро и смирено, му го извлече јазикот и се погрижи Ериксен да остане во вистинската положба до доаѓањето на медицинскиот тим.

Кјер подоцна ја тешеше и животната избраничка на Ериксен, откако таа скаменета од страв дотрча на теренот.

Поради овие херојски потези, неговиот матичен клуб Милан му подготви вистинска награда. После враќањето од Европското првенство, според пишувањето на италијанските медиуми, на Кјер ќе му биде доделена капитенската лента.

Повтopно пocкапyвање на гopивата од полноќ: Ова се новите цени

За половина денар се зголемува цената на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, а за еден денар на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Според тоа, Еуросупер БС-95 во следните седум дена ќе се продава по цена од 68,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 за 70,5 денари за литар, а дизелот за 61,5 денари за литар. Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 61 денар.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,348 денарри за килограм и сега тој ќе се продава по цена од 35,237 денари за литар.

Со оваа најнова одлука на Регулаторната комисија за енергетика се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15 проценти во однос на минатонеделните цени.

Регулаторната комисија за енергетика секоја недела врши корекција на цената на нафтените деривати.

РК Прилеп го донece пpвото зacилyвање за новата ceзона

После осигурувањето на потписот на ветеранот Реваз Чантурија и младиот Давор Шокоски, РК Прилеп го доведе и првото ново засилување за идната Суперлигашка сезона

Христијан Милошески од денеска е нов ракометар на РК Прилеп!

Прилепчанецот ќе биде првото засилување на Прилеп за сезоната која претстои.

Тој доаѓа од екипата на Бутел Скопје и ќе ја засили левата бековска позиција во тимот на Прилеп.

РК Прилеп продолжува со градење на тимот за наредната сезона, а во името на Милошески со сигурност добива едно квалитетно засилување.

Му посакуваме многу успех во „жолто-црниот” дрес

„Навиваме и добиваме“ – Eвpoпcкото пpвенcтво со Евpoтип носи вредни награди за секого!

Фудбалскиот месец и Европското првенство само што започна, тоа ќе биде настанот кој ќе ја крене цела Македонија на нозе, со премиерниот настап на нашата фудбалска репрезентација на некое големо натпреварување!

Но, покрај возбудувањата кои ќе ги донесат Ангеловски и неговите избраници, спортските обложувалници Евротип не заостануваат во тоа и ја имаат најбогатата наградна игра ова лето каде ќе има за секого по нешто!

„Навиваме и добиваме“ е мотото на наградната игра во која покрај тоа што ќе ги бодриме нашите репрезентативци за успех на континенталниот шампионат, истата ќе биде можност за освојување на одлични награди кои Ве очекуваат во текот на целиот месец!

Најсреќните двајца добитници, односно оние кои во текот на Европското првенство ќе имаат тикети со највисок погоден коефициент во регуларна уплата и еден со највисок коефициент од понудата за обложување во живо, ќе бидат наградени со вреден четирицикл!

Возбудувањата не застануваат тука, па награди ќе се доделуваат и во шест етапи! Не се заборавени ниту оние „малерозни“ кои ќе промашат само еден натпревар на тикетот, па секој таков тикет кој ќе има највисок погоден коефициент (не сметајќи го промашениот пар), ќе биде наградуван со Самсунг Галакси А52 во текот на Европското првенство!

Тоа значи дека ќе бидат доделени мобилни телефони на шест среќни добитници кои ќе имаат по еден промашен натпревар на тикетот.

Не заборавајте Вашите тикети да ги уплатите со Евротип клуб картичка, а доколку истата се уште ја немате, сега е вистинскиот момент за тоа. Обратете кај операторот се во најблиското уплатно место на Евротип и искористете ги поволностите кои ги нуди истата.

Навиваме и добиваме! За најбогатите награди на Евротип и успех на Македонија на Европското првенство!

www.evrotip.mk

Има ли вработувања со давање мито во руралната општина Кривогаштани? (Видео)

„Бев повикан непосредно од двајцата обвинети и ми беа побарани 1.300 евра, наводно, како трошоци за моето идно, ново работно место“. Со овие зборови ја отвори својата душа пред камерата на TВ “Алфа”, нивниот соговорник, кој сакал да остане анонимен, од кого, како што самиот тврди, уште во 2018 година, градоначалникот на Кривогаштани, Рубинчо Шефтерски и неговиот близок соработник Кире Нешкоски, побарале мито. Вчудоневиден од ова, тој случајот го пријавил в Полиција, по што започнала и судска постапка.

„Првично мислев дека сум сам. Но потоа кога бевме да дадеме исказ пред Oбвинителство, тогаш видов дека не сум сам, дека некаде околу 10-11 души сме. Сите со истата мака. На сите му биле побарани пари за нивното вработување…Според водените разговори беше од 1.300 до над 2.500 евра“, – објаснува тој.

Висината на сумата која требало да се даде била според карактерот на работното место, вели нашиот соговорник. Двајца од оние кои тужеле ја платиле побараната сума, еден не ја платил и останал без работното место, а додека останатите, на следните две сослушувaња дале целосно изменети искази, по што двајцата осомничени, годинава, на 26 мај, Судот ги прогласил за невини.

„Исходот беше ослободителна пресуда за двајцата, се ослободуваат од обвинение, наводно не била докажана нивната вина. По двапати давање на исказ на сите вмешани во случајов…третиот пат кога дојде веќе за давање изјава, имаше промени во изјавите и пресудата ја донесе судијата дека не биле виновни“– посочува соговорникот.

Тој се сомнева дека променетите изјави биле изнудени под притисок и уцена од страна на Шефтероски, а за што пак, сведоците, како награда ги добиле своите работни места, иако не ги дале побараните пари.

Градоначалникот Рубинчо Шефтероски, кого Судот веќе го прогласи за невин, ги отфрла сите овие обвинувања, толкувајќи ги како обид за да му се наштетело на неговиот углед и честа и вината ја префрли на еден од обвинителите.

„Обвинителот, по име не го спомнувам, не е долично, кој што ја презеде постапката против мене, бараше лично за него, за негови фамилијарни интереси, вработување. Tоа не го доби и затоа ги увеличи изјавите од тие 7-мина кои што беа на листата за да сведочат против мене….Како градоначалник јас немам овластувања да барам средства, ни сум барал, ни ќе барам за вработување..од самото стапување на функцијата градоначалник, носев и функција како претсдеател на ОО на СДСМ и од тие причини си дадов оставка од вторава функција“, – вели Рубинчо Шефтероски, градоначалник на Кривогаштани.

Инаку, најинтересното во целиов случај е што безмалку сите инволвирани сведоци биле членови на СДС, а парите во распон од 1300 – 2800 евра им биле побарани во време, откако тие веќе конкурирале на огласите, под изговор дека требало да ја помогнат Партијата, оти била во многу тешка финансиска состојба.

Соговорникот на “АЛФА” вели дека правдата ќе продолжи да ја бара и до сите повисоки судски инстанци.

KAРОЛИНА ДУРЛО

Полициcкиот чac ce yкинyва, cвадби без огpaничyвање – еве од кога

Главниот координативен KOBИД-19 кpизен штаб ги прифати препораките на Комисијата за зapaзни болecти за олабавување на мерките, почнувајќи од 16 јуни 2021 година и ги предлага на конечно усвојување.

Според најавите од Владата ти ќе бидат предложени на конечно усвојување утрешната владина седница.

Се преглада укинување на полицискиот час, сите настани кои ќе се организираат на отворено, може да се организираат со капацитет до 1000 лица и искористување на просторот до 50%, се отстранува лимитот од 100 присутни лица на свадбите.

Мерцедес целосно изгope на патот Прилеп-Македонски Брод: Километарски колони возила чекаа пожapoт да се изгacне (Фото галерија)

Aвтомобил марка “мерцедес” целосно изгоре на патниот правец Прилеп-Македонски Брод, после Барбарос.

На лице место интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица од Прилеп, од каде пожарот бил изгаснат, а според фотографиите кои ги добивме од очевидци на патот се формирале километарски колони од возила.

Засега не се познати причините за настанатата нecpeќа и дали при истата има и повpeдени освен материјална штета.