дома блог страница 2003

Што и да биде ова е бесценето! Македонската химна грми од илјадници грла (Видео)

Новинарката на Македонската радио телевизија, Марија Котовска, која известува директно од Европското првенство во Букурешт, објави прекрасно видео пред почетокот на натпреварот Македонија-Украина

Македонската химна грми од илјадници грла кои од сите страни на светот пристигнаа во романската престолнина да ги бодрат фудбалските херои.

Погледнете:

Стани екcпepт за типyвање: Акциja на Sport Life

Играчите кои ќе погодат најмногу добитни тикети во периодот од 11 јуни до 11 јули 2021 година ќе имаат можност да станат „Експерти за типување“ на Sport Life и да освојат вредни подароци покрај редовната добивка.

Прворангираниот експерт за типување со најмногу погодени тикети, ќе освои 150.000 денари и подарок официјален дрес на македонската фудбалска репрезентација, додека второрангираниот и треторангираниот ќе освојат одделно 60.000 денари и 30.000 денари вклучително и официјален дрес на македонската фудбалска репрезентација

Доколку натпреварувачите имаат повеќе од еден добитен тикет во текот на еден ден, во предвид за пласман ќе биде земен само добитниот тикет со најголем погоден коефициент. Односно, најмногу добитни тикети може да се освојат онолку колку што има предвидено денови во акциската кампања. Затоа, бидете активни, секој ден е важен за максимален успех и победа во натпреварот Експерт за типување.

Во случај двајца или повеќе играчи да имаат погодено ист број на добитни тикети, за победник ќе се смета оној типувач којшто има погодено највисок вкупен коефициент  со неговите рангирани тикети.

Акцијата важи за несистемски тикети, со една комбинација, уплатени со приложување на СЛ клуб картичката. Минималниот број на натпревари на еден тикет за учество во акцијата се шест натпревари. Повеќе детали за правилата на „Експерт за типување“ и за тековното рангирање на играчите, може се најдат на следниот ЛИНК .

За учество во „Експерт за типување“ како и во другите бројни акции и промоции на обложувалниците на Sport Life, не заборавете да се регистрирате во SL клубот и при уплаќањето на тикетите да ја приложите вашата клупска картичка.

Ова мало ангелче има потреба од сите нас: Донирајте за 8-годишниот Александар од Прилеп

8-годишниот Александар Николоски од Прилеп има потреба да се лекува во странство.

Александар треба да прима имуноглобулинска терапија еднаш во месецот , во рок од 6 месеци. Третманите се многу скапи. Само еден третман со имуноглобулинска терапија чини 6 000 евра,а треба истата да ја прима 6 пати. За сите овие третмани и лабораториските испитувања се потребни 40 000 евра, средства кои семејството не е во можност сами да ги обезбедат.

Родителите на Александар ги замолуваат сите хумани граѓани да им помогнат во оваа борба за здравјето на нивното чедо.

Можете да донирате на следните телефонски броеви:

За корисниците на А1 (143-555)

За корисниците на Телеком (143-163)

Или на следната жиро сметка: 250029000130851 на име Николоска Анета, со назнака за донација (Шпаркасе банка)

Aкциитe нa “Cтрумка” cкокнaa за 4 милиони eypa

Роналдо се нафрли на шишињата од “Кока Кола”, Погба го тргна “Хајнекен”, што ако Пандев се одлучи на ваков потег:

Ќe скокнат ли акциите на “Струмка” за 4 милиони евра?

Прилепчанецот Даниел Карчески пред трансфер во голем балкански клуб

Доскорешниот фудбалер на ФК Силекс, Даниел Карчески, каде што настапуваше две сезони, е пред голем трансфер.

Фото/Gol.mk

Карчески оваа сезона беше стандарден првотимец, а го одлучи и финалето на Македонскиот куп, постигнувајќи го решавачкиот гол за победа на Силекс со 4:3 против Академија Пандев.

29-годишниот прилепчанец кој игра на позицијата лев бек, потекнува од прилепската фудбалска школа и за брзо ќе биде успешен печалбар во познат тим.

Според “transfermarkt.com”, вредноста на Карчески во моментов изнесува 200.000 евра.

Да го спасиме животот на Виктор Петрески од Прилеп: Итно е потребна помош!

23-годишниот Виктор Петрески од Прилеп, боледува од C20-малигна неоплазма на ректумот.

Виктор моментално се лекува во приватната клиника “Aџибадем Систина”, а за да продолжи со лекувањето потребни се значителни финанскиски средства.

Семејството ги замолува сите хумани граѓани да им помогнат во оваа битка.

Жиро сметка за донации: Весна Петреска 300027056453021 (Комерцијална банка)

Kутии за донации се поставени и во локалите: “Кафе дома” (економско училиште), “Кино кичен бар”, “Хиве кафе” (Могила на непобедените), “Кавали кафе” (кружен тек кај училиште “Гоце Делчев”), Симпл кафе (старо никита).

Девизна сметка за донации од странство: 02-307-0666944.8

Заедно сите да го спасиме животот на Виктор!

(Фото) Maecтpo Симон Tpпчески одpжа концepтно шoy во фудбалcки дpec во Бyкypeшт

Македонскиот пијанист со светско реноме, маестро Симон Трпчески, вечерва одржa концерт во Букурешт, Романија.

Концертот е во рамки на „Македонската недела“ во романската престолнина, која е во организација на македонската Влада и Амбасадата во Букурешт.

Гости на овој грандиозен настан ќе бидат Македонските репрезентативци кој утре ги очекува дуел со Украина за вториот меч од ЕУРО 2020. Се надеваме звуците на пијаното на Трпчевски ќе помогнат во клучниот меч на Македонските репрезентативци.

Трпчески е верен навивач на македонската фудбалска репрезентација, а својата поддршка на дебитантскиот настап на „црвено – жолтите“ на ЕУРО2020 ја сподели со фотографии од трибините на Националната арената во Букурешт преку својот Твитер профил.

Студен туш за македонската Влада од Софија: Условите за добивање датум за преговори не се исполнети

Условите за одржување на меѓувладина конференција со Република Северна Македонија не се исполнети, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи.

Советот на министри ја одобри позицијата на Бугарија да учествува на состанокот на Советот за општи работи што ќе се одржи на 22 јуни во Луксембург.

Министерството за надворешни работи на Бугарија нагласува дека позицијата во однос на рамката за преговори за пристапување на Република Македонија во Европската унија останува непроменета.

Рамката за преговори треба да ги содржи потребните гаранции во врска со спроведувањето на Договорот за пријателство и добрососедство од 2017 година, кои во моментов не се исполнети. Затоа не се исполнети и условите за спроведување Меѓувладина конференција.

Бугарија останува отворена за дијалог и презема чекори за градење доверба и враќање на прагматичен и конструктивен дијалог, соопшти Министерството за надворешни работи на Бугарија.

3aeв: “Heocнована е секоја поплака за новото пocкапyвање на гopивата”

И со дополнителната еколошка такса од 3,5 денари која ќе се влева исклучиво во Буџетот, нафтата ќе биде најевтина во Македонија. Секоја поплака на ова поле не држи вода, само покажува решителност на Владата да чекори во правец на зелената агенда, порача денеска премиерот Зоран Заев.

Тој е дециден дека еколошката такса од 3,5 денари за нафтата и нафтените деривати што ќе се воведе од 1 јули 2021 година, нема да предизвика инфлација.

-И со 3,5 те денари имаме најниска цена на нафтата во регионот, а платите не ни се најниски во регионот. Политиките ги димензионираме соодветно, така што 3,5-те денари нема да предизвикаат акцелерација на покачувањето на цените. Ги гледате прокециите, од 1,5 до два отсто е корекцијата на инфлацијата, тоа е навистина незначително, а растот на четири отсто на просечната плата и на осум проценти на минималната плата ќе создава поголем економски стандард и помали трошоци на живеење, рече Заев одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорите за изградба на фотоелектраната во Осломеј.

Тој потсети дека еколошките такси веќе постојат за голем дел од индустриските капацитети.

-Еден дел се во ригорозните мерки вградени пеку законите за екологија кои се во Собранието и се надевам брзо ќе се донесат. Со нашето пристапување кон ЕУ и обврските од Парискиот договор, 2024 и 2025 година ЕСМ преку РЕК Битола и РЕК Осломеј ќе плаќа еколошки такси, како што и веќе се навестува подготовка на законски решенија за еколошки такси за корисниците на нафта и нафтените деривати. Определбата на Владата е јасна, пораката чиста, а целта е зелена – сите ако сме определени кон зелената агенда, тоа да го направиме и практично. Убеден сум дека со првиот чекор за еколошка такса од 3,5 денари за нафтата и нафтените деривати покажуваме решителност помалку да користиме загадувачи, а повеќе еколошки превозни средства, велоспиеди, електрични тротинети, пешачење, електрични возила, хибриди. Тоа е иднината на светот, на Европа и на Македонија, напомена премиерот.

За транспортерите, пак, кои реагираат, порача дека Владата донесе одлука за помош на меѓународниот транспорт и веќе е даден налог средствата да се исплатат пред се во патничкиот сообраќај како најпогоден.

-Државата беше тука да плати кога беше тешко за транспортерите. Дефинитивно 3,5-те денари нема да влијаат ништо посебно, имајќи предвид дека сите рамноправно и секој соодветно понесува дел од обврската за зелената агенда и заштитата на здравјето на граѓаните. Убеден сум дека со тоа што, сепак, цената на нафтата е најевитна на европскиот континент е сериозен аргумент за сите. Вчера на владина седница донесовме одлука за помош на меѓународниот транспорт од пакетите мерки, подготвени се кончените списоци, даден е налог да се вбризгаат парите во транспортерите, пред се во патничкиот сообраќај како најпогоден, но истовремено транспортерите треба да знаат колку државата е поевропкса и помодерна, толку ќе дава и поголеми економски можности, меѓу кои и за нив, објасни Заев.

Победа донесе засилувањa од Велешта, Слога Виница и САСА Каменица (Фото)

Спиркоски, Дигаловски и Момировски први засилувања на Победа

На првиот ден од летниот преоден рок прилепскиот второлигаш Победа ангажира три засилувања. Од денес нови црвено-бели се: Бојан Спиркоски, Дарко Дигаловски и Игор Момировски.

26-годишниот Спиркоски практично по 5 години се враќа во Победа откако по заминувањето од Прилеп ги бранеше боите на Брегалница, Лабунишпта, Силекс и Велешта. Станува збор за веќе докажан офанзивен везен играч кој треба да биде големо засилување на Победа.

Дарко Дигаловски(24 години) игра на стоперската позиција и треба да биде значајно засилување во одбраната на Победа во новата сезона. Се работи за играч кој настапувал за неколку национални младински селекции, со Металург во Првата лига, а потоа и за Тиквеш, Брегалница и Саса, од каде доаѓа во Прилеп.

Најмлад од тројцата нови фудбалери е 21-годишниот играч од средниот ред Игор Момировски. Тој потекнува од младинската школа на Пелистер каде настапувал и во сениорска конкуренција а минатата сезона беше стандарден првотимец на Слога Виница.

Со ангажирањето на првите 3 засилувања на стартот од преодниот рок Победа ја најавува својата најсериозна кандидатура за 1-то место во новиот второлигашки шампионат и враќање онаму каде и му е местото на миленикот на прилепските љубители на фудбалот-Првата лига. До крајот на трансфер периодот (6-ти септември) Победа се очекува да нагажира уште неколу квалитетни заислувања со кои ќе се подигне квалитетот на тимот за остварување на зацртаната цел.