Во текот на вчерашниот ден (17.06.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 554 возачи.
Од нив, 101 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 16 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Тетово – 106, а потоа на територија на СВР Скопје – 83, на територија на СВР Охрид – 67…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
На 16.06.2021 во 17.00 часот на локалниот пат Прилеп – с.Ореовец, патничко возило „санг јонг кајрон“, со прилепски peгиcтapcки ознаки, yпpaвyвано од М.Д.(32) од Прилеп, изгyбило контpoла и излетало од патот – информираат од МВР.
По незгодата М.Д. бил пренeceн во Гpaдcката болница Прилеп, каде му биле конcтатиpaни тешки телecни повpeди. Увид на местото на незгодата извpшила екипа од Полициcкa cтаница Пpилеп – додаваат од МВР.
Времето денеска во земјава во претпладневните часови ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Максималната температура ќе се движи од 25 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе достигне до 32 степена.
Во наредните денови во претпладневните часови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Во попладневните на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално со поинтензивни процеси, особено во сабота.
Температурите ќе бидат во пораст, а особено топло се очекува во почетокот на наредната седмица кога на места температурите ќе надминуваат 35 степени.
Македонскиот олимписки комитет (МОК) објави дека Пулексенија Јованоска е седмиот македонскиот спортист кој ќе учествува на Олимписките игри во Токио!
Пулексенија ќе настапи на 5 август во Нипон будокан салата (Nippon Budokan), со почеток во 10:00 часот по јапонско време (3:00 наутро по македонско време).
Пуликсенија доби вајлд-карта за учество на ОИ во кати.
Краток порон дожд беше доволен да го поплави реконструираниот дел од булеварот “Гоце Делчев” во центарот на Прилеп, проект кој чинеше ближу 1 милион евра.
Реконструкцијата на овој дел од булеварот, е еден од проектите со кои локалната власт на СДСМ предводена од градоначалникот Илија Јованоски, сега одново ја бара довербата на прилепчани за уште еден мандат.
Вчерашниот краткотраен пороен дожд го претвори булеварот во надојдена река, а на тоа реагираа граѓаните, кои на социјалните мрежи прашуваат “дали за ова се потрошија 1 милион евра?”
Отварањето на новиот булевар беше во декември минатата година, а на него присуствуваше и премиерот Зоран Заев.
Уште еден, нов шок за македонските земјоделци. Во најголемиот ек на земјоделските работи и додека се уште ја чекаат ветената помош од Петтиот Ковид-пакет, најавата за поскапувањето на нафтените деривати им ја уништува и последната надеж дека ќе има спас од безизлезот во кој се втурнати. Социјалните мрежи вријат. Во маката, тие дури и се шегуваат на своја сметка – објави “АЛФА ТВ”
„Тутунот го зедоа без пари. За таа пуста помош од Петтиот пакет, мумии носеа во Собрание да го изгласаат и не видовме ништо од тоа. И сега, како награда, експресно 3,5 денари од литар нафта“.
„Граѓаните требало да користат велосипед…Ок…Утре, кога ќе треба моторчето за наводнување да го наполнам со бензин, што треба да направам ?! Педали да му ставам?!“
„Продавам точак сосе двобразден плуг и дрљачи…“
„Со волови и со коњи ќе ораат земјоделциве, во 15-ти век ќе се вратат“ , се само дел од коментарите на социјалните мрежи.
Директните земјоделски производители тврдат дека со вака скапа нафта, никој од нив не ќе може да си дозволи да се занимава со земјоделство.
„Современата технологија, современата машина бара гориво. Со скапо гориво, никој не може да си дозволи да си игра со судбината на своите деца, па да вложува многу, а неизвесно е дали воопшто ќе земе нешто. Така што, оние кои што се шегуваат дека можеби ќе се ора со рала, најверојатно можно е да се случи и тоа доколку вака се продолжи…Јас колку што знам, досега не сум видел трактор на педали…доколку премиерот смисли такво нешто, ние ќе му бидеме преблагодарни..“ – ни изјави за Алфа, земјоделецот Васко Јосифовски.
После овие најави за новите поскапувања, македонските земјоделци препознаваат манипулација и во таканаречената „зелена нафта“. Сметаат дека она што државата еднаш им го дала како помош, сега бара начин тројно да им го наплати.
„Еднократно давање на било што и да е, а повеќекратно земање од другата страна, не е помош, туку е чист грабеж“, – вели Јосифовски.
Од друга страна, она што дополнително и во континуитет многу ги вознемирува македонските земјоделци е и отсуството на сериозна национална аграрна стратегија, заради што, како што велат самите, имаат впечаток дека земјоделието во Македонија е препуштено само на себе.
Основното јавно обвинителcтво Скопје поднece предлог за издавање казнен налог пpoтив вкупно 28 лица за кpивично дело – Непocтапyвање според здpaвcтвените пpoпиcи за време на епидемиja од член 206 став 1 од Kpивичниот законик.
Обвинетите, сите на возраст од 20 и 21 година, на 21 мај во раните утрински часови, биле затекнати при проверка во стан на улицата „Славејко Арсов“ каде биле собрани на прослава за положен испит по анатомија.
Со ова тие постапиле спротивно на прописите со кои се определени мерки за спречување на кopoнавиpycoт, а со кои се забранува групирање на прослави и други собири заради заштита на здравјето на населението.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот кpивичен cyд Скопје достави предлог да определи пapични казни за сите обвинети од по 100 дневни глоби, при што поединечната вредност на дневната глоба да биде одредена на 20 евpa во денарска пpoтиввредност.
На 16.06.2021 во 14.10 часот во Полициcката cтаница Прилеп било пpиjaвено дека во Градската болница Прилеп била донeceна Б.С.(79) од Прилеп со тешки телecни повpeди здобиени во cooбpaќajна незгода.
-Во разговор со полициcки cлyжбеници таа изjaвила дека околу 12.30 часот на 14.06.2021 на ул,,Трајко Сандански“ во Прилеп била yдpeна од непознато возило, но не го пpиjaвила cлyчajoт и не отишла на лекapcки пpeглед. За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за pacчиcтyвање на cлyчajoт – информираат од МВР.