дома блог страница 1993

Филипче од Прилеп: “Го зголемуваме животниот стандард”

Попладнево, потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче се сретна и разговараше со граѓаните на Прилеп, се наведува во партиското соопштение.

Потпретседателот истакна дека СДСМ партнерски со граѓаните ја креира најдобрата програмска понуда, отворено разговара и го слуша гласот на народот.

‘Го зголемуваме животниот стандард на граѓаните, на работниците, во сите сектори, вклучително и во здравството. За тоа говори и нашата последна мерка. Започнувајќи од септември на медицинските сестри и техничарите ќе им биде платено високото образование во коешто инвестирале, а од 2015 наваму не се во можност да го валоризираат преку својата плата.Со ова токму СДСМ надминува една неправда кон медицинските лица. Ги надградивме здравствените капацитети и ги подобривме условите, во сред пандемија направивме 17 ковид центри низ државата, кои понудија грижа за сите. Соодветно одговоривме на најголемиот предизвик во менаџирање на кризата за да го заштитме здравјето на граѓаните.’ истакна Филипче.

Зборвајќи за политиките на СДСМ, Филипче додаде дека зголемувањето на платите е дел од социјалдемократскиот модел за подобар животен стандард.

„Ги зголемивме примањата на здравствените работници, но и на вработените во полицијата, во градинките, во училиштата, во индустријата. Ја зголемивме социјалната помош за рекордни 300 проценти и го вративме достоинствениот живот на стечајните работници. Инвестираме во земјоделството, но и во екологијата, подеднакво да се развиваат сите сектори„ порача од Прилеп потпретседателот Филипче.

Потпретседателот на СДСМ на маалска средба со граѓаните на Прилеп рече дека СДСМ е отворена за граѓаните и нивните предлози и заедно со нив ја испишува и програмската понуда за наредните локални избори.

‘Тука сме да го слушнеме вашиот глас и вашите сугестии и забелешки. Тоа е најдоброто, заедно го создаваме. Заедно креираме политики како одговор на вашите потреби. Подготвени сме да понудиме најдобри решенија и најдобра понуда за локалните избори’ истакна Филипче.

СДСМ продолжува да биде најголем партнер и најдобриот избор на граѓаните.

Битолчанец на најјак начин ја прослави матурата: Со два пајтони и музика се возеше по Широк Сокак

Битолчанецот Петар Атанасовски, матурант од техничкото СОУ Ѓорги Наумов од Битола за неговата матура со два пајтона си го направи ќефот вртејќи цел круг околу Битола – oбјави порталот “Бабамбитола”

Во едниот пајтон на славниот пајтонџија Манди беше тој, во другиот музиката и заедно продефилираа низ битолските улици и чикмаци како на времето пред сто години кога во Битола баш со истиот пајтон се возеше големиот султан Мехмет Решат Петти, сниман од големиот Манаки.

ВИДЕОТО погледнето го ТУКА

Mладите од CДCM: Ќе маpшиpаме на паpадата, затоа што сите тpеба да бидат eднaкви

Од младината на СДСМ денеска соопштија дека утре ќе се пpиклyчат на Пapaдата на гopдocта во Скопје.

– Маршираме затоа што ние младите социјалдемократи веруваме дека државата треба да се грижи за благосостојбата на секој, и сите да се чувствуваат слободни и еднакви, велат од СДММ.

Пpилепчанец ja пpиjaвил жената со кoja живeeл вонбpaчно

На 25.06.2021 во ОВР Прилеп, 31-годишен жител на Прилеп пpиjaвил дека на 24.06.2021 во неговиот дом бил физичkи нападнат од К.И. со која живеел во вонбpaчна заедница.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од МВР.

Мyцyнcки: BMPO-ДПMHE без двоумење ќе го блокиpa Пpeдлог законот за пocкапyвање на гopивата, ќе ги иcкopиcтиме cите мexaнизми

Сведочиме на продолжен тренд од несоодветни и неквалитетно планирани политики на Владата предводена од СДСМ и ДУИ, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски.

-Оваа Влада по пет години владеење не создава опипливи политики кои ќе помогнат да се заштити животната средина и здравјето на граѓаните. Наместо тоа, предлагаат воведување на еколошка такса, која ја затскрива реалноста дека истата се воведува како форма на кризен данок. Наместо државата да се грижи за инвестиции во зелени проекти, Владата има намера да наплаќа од секој граѓанин и од секоја компанија со цел да финансира проекти што нема да постигнат некој значителен ефект, освен можеби политички да го оправдаат ребрендирањето на еден од своите коалициони партнери. Потенцираме дека немаме задршка во однос на потребата за адресирање на современите еколошки предизвици, но за тоа постојат редица на прифатливи начини, други финансиски инструменти и соодветни мерки. Вo овој тежок кризен период не смееме да дозволиме најсилно да бидат оштетени граѓаните и стопанските субјекти. Токму oвој владин предлог за воведување на нова давачка со која практично се зголемуваат цените на горивата за граѓаните, со сигурност ќе влијае кон нов бран на зголемување на цените на транспортот и на сите други производи, зголемена неконкуретност на македонските компании на светскиот пазар, за да во овие кризни времиња има потенцијал да предизвика и дополнителен шок на целата македонска економија, вели Муцунски.

Тој додава дека токму ваквиот Предлог закон е и силен доказ за антипазарниот пристап на оваа Влада, на која од самиот почеток и недостасува сериозен и остварлив концепт за борба против сиромаштијата, засилен економски развој и барем минимално подобрување на животниот стандард на граѓаните.

-Подолг период во Собранието алармираме дека Владата се подготвува да пристапи кон зголемување на даноците и во поглед на ова прашање до пред некој ден бевме обвинувани за ширење на лажни вести. Зарем сега не е очигледно дека единствените кои шират лажни вести се токму претставниците на мнозинството. Бидејќи мнозинството често знае да каже дека ВМРО-ДПМНЕ ја блокира работата на Собранието, оценуваме за потребно да истакнеме дека ВМРО-ДПМНЕ блокира единствено закони кои им нанесуваат сериозна и непосредна штета на и така веќе погодените граѓани и компании. Во однос на овој Предлог закон ставот на академската заедница, стопанските комори и граѓаните е едногласен, а нивниот заклучок и јасна порака е дека станува збор за погрешна мерка во погрешно време. Имајќи го предвид кажаното, ставот на ВМРО-ДПМНЕ е цврст и јасен: Без двоумење ќе го блокираме овој Предлог закон, користејќи ги сите постоечки демократски механизми и ќе го спречиме неговото донесување. Во случај мнозинството да продолжи да го прави тоа што го прави најдобро, а тоа е насилно и надвор од процедура да донесе уште еден закон кој удира по џебот на граѓаните, тогаш приоритет на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде целосна ревизија на сите анти-пазарни политики, меѓу кои и високите даноци. Нашето решение е едноставно, граѓаните ќе осетат вистински ефекти преку намалување на даноците и давачките кон власта, како и безусловно укинување на таканаречената еколошка такса, потенцира Муцунски.

Фудбалската репрезентација официјално доби нов селектор

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница во „Куќа на фудбалот“ донесе одлука за назначување на Благоја Милевски за селектор на македонската А репрезентација.

Сеуште актуелниот предводник на репрезентацијата до 21 година ќе ја преземе селекторската функција во А репрезентацијата од 1. август 2021 година.

Муамед Сејдини – претседател на Фудбалска федерација на Македонија:

„Најпрвин, од мое лично и од име на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија упатувам благодарност до Игор Ангеловски за неговата работа и придонесот кој го даде за успесите со македонската А репрезентација.

Игор Ангеловски самиот најави дека по завршувањето на Европското првенство ќе бара нови предизвици во својата кариера и сега е време ние да ја почитуваме неговата одлука и да ја покажеме нашата благодарност за неговата работа и страст во сите овие години на чело на македонската А репрезентација.

Визијата за нашата фудбалска иднина со Благоја Милевски на местото селектор на македонската А репрезентација е кристално јасна. Тој е човекот кој го регенерираше македонскиот фудбалски крвоток, создаде неверојатна група на фудбалери кои зад себе веќе имаат настап на две Европски првенства, младинско и сениорско и уверени сме дека тој пат мора да продолжи.

Му даваме доверба на Благоја Милевски да ја предводи македонската А репрезентација поради неговиот карактер, работната етика и човечките квалитети. Тој е тренер кој става личен печат на тимовите кои ги предводи и човек со дисциплина и исклучителна ментална сила.

Македонската А репрезентација ќе ја предводи селекторот Благоја Милевски кој ја создаде златната генерација македонски фудбалери која беше меѓу 12-те најдобри селекции во Европа и фудбалери кои веќе неколку години се дел од нашиот најдобар национален тим.

Веруваме во квалитетите на Благоја Милевски и убедени сме дека ќе продолжи со успех да ја предводи и А репрезентацијата. Уште повеќе затоа што на секоја разумна и личност со вистински вредности му докажа каков човек е и каков тренер е“.

На седницата на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беше донесена одлука за назначување на Драган Канатларовски за селектор на македонската репрезентација до 21 година.

Поранешниот селектор на нашиот најдобар национален тим ќе ја презеде младата репрезентација од 1. август 2021 година.

Фудбалската федерација на Македонија во следниот период ќе организира прес – конференција со новите селектори на македонската А репрезентација и селекцијата до 21 година.

“Сам на свој pизик го правам ова, бидеќи не смееме ништо да му даваме” – Мечката во битолската Зоолошка градина како да нема видено вода? (Видео)

Видео кое според коментарите е од битолската Зоолошка градина, стана вирално на социјалните мрежи

Марио Конески на својот ФБ профил сподели видео како на свој ризик ја разладува мечката во битолската Зоолошка градина.

– За гревота се животните во золошката! Сам на свој ризик го правам ова бидеќи несмееме ништо да му даваме… – пишува во описот на видеото тој.

Видеото предизвика лавина реакции од граѓаните, кои во коментари ја повикуваат ЕАЗА (Европската асоцијација за зоолошки градини и аквариуми) да реагира и да изврши инспекција, со цел да се провери дали и како се грижат надлежните за животните во Зоолошката градина.

Мечката очигледно ужива во разладувањето и се доаѓа до впечаток како воопшто да не видела вода.

Погледнете:

Гранде Горан со фудбалот ќе се збогува наредната година

Горан Пандев е подготвен да продолжи да игра фудбал уште една година, одлука што најдобриот македонски фудбалер на сите времиња ја има донесено, но ќе ја соопшти по завршувањето на заслужениот одмор што го зема по настапот за националниот тим на ЕВРО 2020. „Гранде Пандев“ објави дека ја завршува репрезентативната кариера, но тоа нема да значи и негово збогување со фудбалот.

Нашиот ас имаше бројни извонредни настапи во дресот на Џенова, по што бројни „фаци“ во италијанскиот фудбал предводени од Антонио Конте апелираа до Пандев дека има да покаже уште многу на терените и дека не треба да се пензионира. Ваквите пораки очигледно допреле до Македонецот, кој до неодамна делуваше решено да се збогува од активното играње, но во меѓувреме го променил својот став.

Понудата од Џенова е отворена, тренерот Балардини не крие дека сака Пандев да остане уште една година, а се чека само на одговорот на македонскиот интернационалец. На крајот, тој за радост на приврзаниците на Џенова ќе биде позитивен, по што Пандев и во следната сезона ќе биде еден од главните адути на овој клуб, со можност потоа да остане како дел од управата на Џенова.

Прашањето околу репрезентативната кариера дефинитивно е затворено, иако не се исклучува можноста Пандев да биде повикан од новиот селектор Милевски за еден последен меч, за на домашен терен во Скопје да се збогува од дресот со националниот грб.

Апел до локалните влacти во Пpилеп: 10 минути paбота за да ce cпacи живот (Фото)

Новаа cooбpaќajка на раскрсницата “Чумовчанец” во Прилеп

Љубомир Котески на ФБ упати апел до надлежните во Прилеп што поскоро да го регулираат сообраќајот на раскрсницата “Чумовчанец” која е една од најфрекфентните во градот и каде често се случуваат сообраќајни незгоди.

Општина Прилеп Илија Јованоски или кој и да е одговорен.

“Раскрсницата кај Чумовчани ги има најлошо синхронизираните семафори кои постојат. Разликата помеѓу црвеното светло од едната страна и зеленото од другата е премала, па сообраќајната некултура кај возачите која го користи жолтото светло за забрзување наместо за намалување на брзината придонесува постојано големи ризици за несреќи што многу често се случуваат на ова место.

Да се промени сообраќајна некултура се потребни многу години, а да се промени работа на семафори можеби ќе одземи 10 минути.

Утре може да спаси живот”.

Министерот најави: Уште една нова патарина во Македонија

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски одговарајќи на пратеничко прашање најави нова патарина на автопатот Тетово – Гостивар поради негово проширување и реконструкција.

– На овој автопат во иднина паралелно ќе се гради уште една лента, но по друга траса што ќе биде Гостивар – Тетово, а на овој актуелниот ќе се вози по спротивниот правец. Патарина ќе се плаќа ако сакаме тој да биде безбеден и сигурен во лето, но и во зимски услови да биде сервисиран, така што тоа е законска одредба која е воведена во државата. Треба да ги почитуваме и овие законски одредби, ако сакаме повеќе инвестиции, рече Бочварски.

Претходните најави беа дека овој автопат ќе биде со по три ленти во еден правец.