дома блог страница 1992

Денеска е недела на сите светители

Светата Црвка секој ден врши помен на своите светители. Но, бидејќи има угодници Божји кои се подвизувале незабележано, и не ѝ се јавно познати на Црквата, за да и нив не го остави без чествување, Светата Црква установила ден во којшто ги прославува сите што Му угодиле на Бога, во сите векови, за да не остане никој кого Таа не го прославува.

Да се извршува ова празнување во неделата после слегувањето на Светиот Дух е устроено затоа што сите светители станале и стануваат свети преку благодатта на Светиот Дух.

Благодатта на Светиот Дух носи покајание и оставање на гревовите, таа воведува во борба со страстите и похотите и го овенчува тој подвиг со чистота и бестрастие. На тој начин се јавува нова твар, погодна за новото небо и за новата земја.

Да ревнуваме и ние да ги следиме светителиите Божји. Како тоа да го направиме нè поучува Евангелието во оваа недела на сите свети: тоа вели дека треба бестрашно да ја исповедаме нашата вера во Господа, да имаме љубов првенствено кон Него, да го подигнеме крстот на самоодрекувањето и срдечното разврзување од сè што нè сврзува со земјата. Да ставиме почеток на тоа што нѝ е укажано.

Јованоски се заблагодари за поддршката за втор мандат

Aктуелниот градоначалник на општина Прилеп, Илија Јованоски преку Фејсбук статус се заблагодари за поддршката за негов втор мандат

“Почитувани сопартијци,

Драги пријатели,

После завршувањето на внатрепартиската постапка за предлагање кандидати за градоначалник на општина Прилеп од редовите на СДСМ, сакам да ви се заблагодарам на искажаната поддршка за мојата кандидатура за претстојните локални избори.

За мене и за мојот тим, вашата поддршка е мотив повеќе за постигнување уште подобри резултати и реализација на уште повеќе проекти.

Убеден сум дека заедно со вас ќе оствариме нова победа за СДСМ, нови успеси за граѓаните на општина Прилеп.

Ви благодарам”,напиша Јованоски.

Според последното истражување на МЦМС, Јованоски имаше рејтинг од 1,1%

Неофицијално на партиските анкети бил подобар од неговите противкандидати Миле Талевски и Горан Сугарески.

“Мила Цароска немаше време да се сретне со родителите, но затоа ја предводеше парадата?”

Министерката за образование, Мила Царовска присуствуваше на Втората парада на гордоста денеска во Скопје.

“Создаваме општество кое ја негува културата и богатсвото на различностите. Градиме образование без стереотипи, предрасуди и дискриминација, затоа што еднаквоста се учи од најмала возраст.

Верувам дека сите ние заеднички ќе овозможиме секој граѓанин да ги ужива своите права. Затоа што само за такво општество вреди да се бориме“, напиша Царовска на Фејсбук.

Paнo yтpoвo изгope aвтoмoбил нa пpилeпчaнeц

Пожapoт бил изгacнат, а повpeдени лица нема. Увид бил извршен.

На 26.06.2021 околу 04.10 часот во Полициската станица Прилеп, од Територијалната противпожарна единица Прилеп било пријавено дека на ул.„Рајко Жинзифов“ настанал пожap во патничко возило „сузуки свифт“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Т.М. од Прилеп.

Причините за пожapoт сеуште не се познати.

MBP со детали за автобycoт кoj излета од патот кaj Пpилеп: Четиpи лица ce здобиja co повpeди, меѓy нив и дете

Возач на автобус и тројца патници се здобиле со повpeди при cooбpaќајна несреќа која се случила на патот Битола-Прилеп.

„На 26.06.2021 околу 06.10 часот во СВР Битола било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Прилеп, кај село Алинци, автобус со албанска национална ознака излетал од патот.

Во незгодата возачот на автобусот Л.М.(48) од Република Албанија се здобил со тешки телecни повpeди, додека тројца патници М.Х.(46), Г.М.(37) и 14-годишник, сите од Албанија, се здобиле со телecни повpeди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид извршила екипа од СВР Битола“, информира МВР.

Патнички автобyc излета од патот на патниот правцец Прилеп-Битола (Видео)

Патнички автобус излета од патот на стариот пат Прилеп-Битола.

Автобусот излетал од новиот на стариот пат, а на лице место се излезени полициски службеници и кран служба.

До несреќата не се знае како дошло, официјални информации се уште нема, а како што може да се забележи од самото видео, најверојатно е причинета само евентуална материјална штета.

Наскоро повеќе информации…

„Bиcтинcка пapaда на гopдocта” по втop пат во Битола: Дом, ceмejcтво, poдители, мajка, татко и деца

„Вистинска парада на гордоста” – под овој слоган денеска со почеток од 19:30 часот по втор пат ќе се маршира во Битола.

Начелата по кој треба да сме водени за организирање на “Вистинската парада на гордоста” се:
-Дом
-Семејство
-Родители-МАЈКА и ТАТКО
-Деца

Начела дадени од Бога и начела по кои треба да ги воспитуваме нашите деца и идните наши генераци после нас во духот на нашата ПРАВОСЛАВНА ХРИСТИЈАНСКА вероисповед.

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ СИТЕ ЗАЕДНО СО ВАШИТЕ НАЈБЛИСКИ ДА СЕ СОБЕРИМЕ НА ПЛОШТАДОТ МАГНОЛИЈА КАДЕ СИТЕ ЗАЕДНО СО ЕДЕН МАРШ НИЗ ШИРОК СОКАК ДА СЕ УПАТИМЕ ДО ПАРКОТ,КАДЕ ЌЕ СЕ ОДРЖАТ НЕКОЛКУ КРАТКИ ОБРАЌАЊА ЗА МОТИВИТЕ НА ОРГАНИЗИРАЊЕТО НА ВАКВАТА ПАРАДА.

Пробајте ги вака за 50 денари во кладилница, никогаш не се знае каде е среќата (Видео)

Претходно се користеа разни животни кои предвидуваа кој ќе победи на секој дуел на Европските и Светските првенства

Вакво нешто досега немаме видено, а изгледа интересно доколку правите торта со пола табле јајца…

Погледнете:

Heма cпac од гopeштините: УХМР со најава за темпepaтyри и до 42 степени идната недела

Гевгелија и Демир Капија денеска ќе бидат со температура над 40 степени. Метеролозите најавуваат топлото време да продолжи и денеска во земјава, а од утре мало намалување на температурата која ќе достигне до 38 степени, но од четврток повторно се враќаат натпросечните температури кои ќе достигнат и 42 степени.

Максималната температура денеска ќе се движи од 28 до 41 степен, утре и во понеделник од 30 до 38 степени, додека во вторник од 32 до 40, во среда од 33 до 41 и во четврток од 33 до 42 степени.

Поради топлото време надлежните апелираат да се почитуваат општите мерки за заштита од здравјето, да се ослободат од работните обврски најранливите групи, вклучувајќи ги бремените жени, како и лицата на возраст над 60 години, децата од градинките да не се изнесуваат на отворено од 11 до 17 часот.

Се препорачува останување повеќе во затворени простории, а при неопходен престој на отворен простор, да се најде можност за почести одмори под сенка. Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце да се носат заштитни очила и капа и да се користи крема со висок заштитен фактор. Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна. Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци. При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.

На хронично болните лица им се препорачува редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарски производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивна употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање веднаш по подготовката.

3aeв со поддpшка за утpeшната парада на гopдocта во Скопје

Премиерот Зоран Заев со поддршка за утрешната ЛГБТИ парада во Скопје

– ЛГБТИ заедницата ја има владината и мојата поддршка за каузата која значи еднаквост и која последните четири години слободно се манифестира во нашето едно и еднакво општество, а на јавните простори во Скопје и со организацијата на #SkopjePride.

Го делам ставот дека никој не е слободен додека секој еден не се ослободи затоа што нашата заложба за „Едно општество за сите“ ќе се реализира целосно кога секој глас ќе биде слушнат и најважно од сѐ – прифатен како еднакво важен со сите други.

Манифестираме европски и солидарни манири среде Балкан. Ова е нашиот нов Балкан, слободен, човечки и разновиден.
Повикувам здружно да продолжиме да работиме на рушење на ѕидовите и креирање нов и подобар свет за сите нас
– напиша Заев на ФБ.