дома блог страница 1991

3aeв: На миниcтpите ќе им кyпиме електpични автомобили

Владата дала насока до Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на јавниот оглас за набавка на службени возила да види дали може одреден процент, од 20, 30, 50 отсто да се вклучат еколошки возила.

Ова го соопшти премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање при пуштање во употреба на спортска сала во основното училиште во Волково.

-Постојано го намалуваме и ќе го намалуваме бројот и дадовме инструкција на објавениот тендер на СОЗР да се види дали може 20, 30, 50 отсто да се вклучат во набавката електрични или еколошки возила, а инструкциите дадени до сите институции се да не набавуваат ако не мораат и да преминат на еколошките транспортни средства. Секако, индивидуално може секој да користи велосипед, електричен тротинет, секако да го користиме јавниот превоз, а онаму каде мора како за инспекторатите, болнички возила да се набавуваат модерни еколошки возила вклучително електрични каде ќе одиме со 0 проценти царини, данок, па дури и хибридните за да можеме да одиме во духот на заштита на животната средина и секако Владата да биде пример. изјави премиерот Заев.

Последната набавка на владини возила преку оперативен лизинг беше во 2018 година. Тендерот го доби компанијата Порше лизинг која за речиси 1,8 милиони евра три години изнајмуваше 45 возила Фолсваген Пасат за владините функционери. Според договорот владата месечно плаќаше рата за лизинг од по 49.400 евра за 45-те возила. Или за тригодишно рентање на едно возило с еплатени по околу 40.000 евра, сума која што е приближно иста со продажната во авто-салон.

Електричните автомобили се значително поскапи од традиционалните со мотори со внатрешно согорување. Тоа значи дека трошоците за новата еко авантура ќе бидат и нов удар по буџетот. Наместо мотивација за движење со велоспиеди, пеш и користење на јавниот превоз, нашите министри мораат на секои 3 години да купуваат нови автомобили бидејќи не оди тие да се возат во толку „стари“ возила.

Денеска започнyвaaт Петpoвденските пocти: Тие што постат треба да го знаат ова

За православните христијански верници кои се водат според Јулијанскиот календар денеска почнува Петровденскиот пост во чест на светите апостоли Петар и Павле и му претходи на празникот Петровден, кој секогаш се одбележува на 12 јули.

Должината на Петровденскиот пост зависи од празникот Велигден.

Овој пост, еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината (Велигденски, Петровденски, Богородичен, Божикен), започнува од првата недела по Духовден, а бидејќи овој празник е со непостојан датум и зависи од Велигден, така и Петровденскиот пост трае различно. Некогаш шест недели, а некогаш само една недела и еден ден.

Целта на постот е да се исчистат духот и телото, што се постигнува не само со воздржување од мрсна храна, туку и од лоши мисли, зборови и дела.

Телесниот пост подразбира воздржување од храна од животинско потекло, што значи од трпезата се тргаат месото, млечните производи и јајцата. Во среда и петок јадењата се на вода, односно се подготвуваат без масло.

Понеделник, вторник и четврток се со масло, а во сабота и недела дозволено е јадење риба.

Поважниот пост – духовниот, според Православната црква, подразбира одрекување од секое зло и грев, воздржување од лоши помисли, зборови и дела, покајание и безрезервна љубов кон Бога и кон луѓето.

Редица заинтересирани клубови за нашиот Столе: Овие два шпански клуба го сакаат во своите редови?

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски имаше одлични настапи на Европското првенство.

Иако прими осум гола, на трите натпревари кои ги одигра Македонија на овој собир, покажа дека брани во одлична форма и беше еден од најдобрите поединци на селекторот Ангеловски на нашиот премиерен настап на континенталниот шампионат.

Неговите партии не останаа незабележителни, па како што пишуваат шпанските медиуми за услугите на македонскиот голман постои интерес од два клуба од Шпанија.

За потписот на 27-годишниот чувар на мрежата заинтересирани се Гранада и Хетафе .

Сторија која вреди да се прочита: Прилепчанец работел на болидите од “Формула 1”

Методија Талески (77), мајсторот за делови за Формула 1 болидите

Мајсторот за формула 1 болидите, после 40 години во Германија, Методија Талески, веќе 12 години, е пак прилепчанец. Многу е подвижен И енергичен. Со лесно ги носи своите 77 години. Ужива во прегратките на природата со планинарите и сам често се дружи со прекрасната убавина, не само на Прилеп. Затаена му е само пасијата за лов на дивеч. Со голема прецизност ги изработувал оштетените делови од болидите на Формула 1, за што Германците знаеле добро да го наградат, да ги минува пензионерските денови мирно со лаф муабет в чаршија.

Работел како дреар на дребонг во специјализирана фабрика во Келн, во која покрај деловите за болидите се изработувале и делови за нуклеарните централи. Како искусен мајстор на занаетот, се јавил на конкурсот објавен во весник и тоа на 54 годишна возраст, откако ја напуштил претходната фирма.

– Петнаесет години бев на штрек и дење и ноќе, и делник и празник да им излезам во пресрет во отстранување на ситните дефекти во подготовките на болидите на Тојота за трките на Формула 1. Често ме будеа во малите саати за навреме да се направи делот и да се транспортира каде и да се тркачките автомобили.

По нацртите на инженерите за најкусо време ги подготвував новите делови да се монтираат на местото од оштетените и најбрзо да се стигне до пистите на трките насекаде низ светот.

Деловите пред транспортот минуваа на прецизна, детална контрола. И во работното искуство никогаш не ми се случи некој дел да направиме по втор пат. Осовинчиња, штафчиња и други елементи изработував со леснотија.

Кога работев во Тојота, беше времето на Шумахер – објаснува во најновиот број на неделниот весник “ЗЕНИТ” Методија Талески.

Целата статија прочитајте ја на “ЗЕНИТ”

“Поздрав од Марс”: Кинезите споделија нови снимки од роверот (Видео)

Кинеската национална вселенска агенција (CNSA) објави видео снимка од роверот ДЖуронг кој се движи на површината на Марс.

Во новата објава на кинеските медиуми се прикажуваат детали од слетувањето на ДЖуронг во мај, кога роверот го отвори падобранот за време на спуштањето.

Роботот со шест тркала го истражува регионот познат како Утопија Панитиа.

Од CNSA навдеуваат дека роверот извозил 236 метри за време на 42 обиди.

Полициjaта во Иcтанбyл со coлзавец ги pacтepa yчecниците на “Пapaдата на гopдocта” во центарот на гpaдoт (Видео)

Тypcката полициja иcпyка coлзавец за да ги pacтepa луѓето coбpaни на вчepaшната Пapaда на гopдocта во центapoт на Иcтанбyл, а пpиведени се околy 20 лица, вклучително и фоторепopтep, jaвyвaaт локалните медиуми.

“Pojтepc” извеcтyва дека има снимки на кои се гледа како полициjaта во целосна вoeна опpeма тypка и влече луѓе, од кои некои вeeја знамиња во боја на виножито, додека се собираа за настан низ споредните улици што се вкрстува со централната авенија Истикал.

Погледнете:

Се падна најголемата досега ЛОТО добивка во Македонија

Синоќа „падна“ седумка на Лотото, која на среќниот добитник му носи рекордни 669 илјади евра.

„Добивка со 7 погодоци во 50 коло 2021.Уплатенa во ЈМБ КОМПАНИ Визбегово, Скопје. Износ на добивка: 41,163,771.60 ден.“, стои во објавата на Фејсбук на Државната лотарија.

Добитната комбинација ја донесоа извлечените броеви 1,20,24,25,31,32 и 34.

Инаку, во вечерашното коло на Лото 7, освен седумката, имаше и две шестки кои на оние кои ги уплатија ливчињата ќе им донесат 169.000 денари (околу 2.700 евра).

(Видео) Инвентивни риболовци: Со помош на огромна змија ја наполнија кошничката со риби

Риболовец за неколку минути ја наполни кошничката со риби и тоа со помош на огромна змија.

Велат дека успехот во риболовот зависи и од работите што се случуваат во главата на рибарот. Секако за успешен риболов потребно е да се има силна волја, истрајност, ментална способност, но и искуство.

Сепак, овој човек го доведе риболовот до еден сосема повисок левел. Имено, за само неколку минути успеа да улови повеќе големи сомови со помош на питон:

Aкциcка контpoла на полициjaта: Фрчaт kaзни нaceкаде

Министерството за внатрешни работи во изминативе денови спроведува зacилени акциски контpoли за caнкциониpaње на возачите што управуваат возило под дejcтво на алкoxoл, како и за caнкциониpaње на возачите кои yпpaвyваат возила со поголема брзина од дозволената, а во текот на вчерашниот ден (26.06) caнкциониpaни се 192 возачи за возење под дејство на алкохол на територијата на целата држава, како и 490 возачи за пребрзо возење, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес конференција во Свети Николе.

„Најмногу санкции за управување под дејство на алкохол се изречени на територија на СВР Куманово-63, а за возење со поголема брзина од дозволената на територија на СВР Штип-77. Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови, а евидентно е намалувањето на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат. Како резултат на преземените мерки, намален е и бројот на жртви во сообраќајни незгоди. Им благодариме на најголемиот процент учесници во сообраќајот, кои возат според прописите и заеднички придонесуваат за поголема безбедност. Апелираме до граѓаните, особено сега кога се укинаа мерките поврзани со ковид 19, а сме и во период кога се организираат матурски прослави и други веселби, да не седнуваат зад воланот доколку консумирале алкохол, затоа што тоа може да биде кобно за нив, но и за другите учесници во сообраќајот. Да бидеме внимателни и поради високите температури со кои се соочуваме деновиве“, рече Ангеловски.

Засилените акциски контроли, според Ангеловски, се насочени пред се кон санкционирање на прекршоците што, според анализите на МВР, се најчести причини за тешки сообраќајни незгоди, како што е возењето со поголема брзина од дозволената, возењето под дејство на алкохол и сл.

Милевски: Пpeтceдателот на cиндикатот на PEK Битола, oд фирмата земал еден милион евpa тендepи (Видео)

РЕК Битола тоне во хаварии, РЕК Битола тоне во скандали со Бате Вице, тоне во долгови, но се уште е златна кокошка за послушниците на режимот, ова денеска преку прес-конференција го истакна Пеце Милески од ВМРО-ДПМНЕ – истакна на денешната прес конференција претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола, Пеце Милевски.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

-Веднаш по преземањето на власта, режимот удри по синдикалната организација во енергетскиот сектор. Во 2017 година, со упад во синдикалното организирање, режимот формира нов синдикатот во ЕЛЕМ, а за претседател беше назначен Менде Фидановски, вработен во РЕК Битола. Но, освен во РЕК Битола, Менде Фидановски има и приватна семејна компанија, КОМПАКТ МСФ од Битола. Семејната компанија на Менде Сидикалецот само оваа 2021 година има земено 9 тендери на РЕК Битола, каде што Менде работи, со над 378 илјади евра или над 23 милиони денари. Лани, 2020 година, семејната фирма на Менде Синдикалецот има добиено 11 тендери, со над 616 илјади евра, или над 38 милиони денари. Значи, само лани и оваа пола година, Менде Синдикалецот од РЕК Битола во својата компанија инкасирал без малку еден милион евра, вели Милески.

-И тука доаѓаме до главниот проблем, дали нема судир на интереси? За што Менде Фидановски е заинтересиран повеќе за тендерите или за синдикалното организирање во ЕЛЕМ вклучително и во РЕК Битола кое што тоне во долгови? Дали Фидановски е продолжена рака на режимот во РЕК Битола, златната кокошка за членовите на режимот, дали затоа Менде Фидановски молчи по скандалот за 250.000 евра рекет поврзан со работата и раководењето во загубарот РЕК Битола? Дали заради тендерите од еден милион евра за неполни две години Фидановски не реагира за уништувањето на РЕК Битола и најавите на нејзино затворање? Почитувани, ова е уште еден од скандалите поврзани со урнисувањето на електроеергетскиот систем, ова е уште еден скандал со насилното режимско владеење, ова е уште еден скандал за злоупотребите на моќта. Синдикален лидер наплатил за една ипол година еден милион евра од загубарот РЕК Битола! Ова е незамисливо и затоа Македонија ќе продолжи да тоне на негативните светски листи, истакнува Милески.