дома блог страница 1990

Столбот на македонската одбрана пред трансфер во поголем клуб: Европските клубови чекаат во ред за нашите репрезентативци

Клубот од англиската Чемпионшип дивизија, Кардиф е заинтересиран за услугите на македонскиот репрезентативец, Висар Муслиу – објави “Спортмедиа”.

Mуслиу е член на унгарскиот клуб МОЛ Фехервар и е стандарден првотимец во македонската фудбалска репрезентација.

Тој ги одигра сите три натпревари на Европското првенство за Македонија, а со неговата пожртвуваност и борбеност го привлече вниманието на клубовите.

Покрај Кардиф со Муслиу се поврзува и Џенова на Горан Пандев, како и Бетис.

Откако заврши настапот на Македонија на Европското првенство секојдневно се појавуваат вести за евентуални трансфери на нашите репрезентативци.

Па така голманот Столе Димитриевски се поврзува со трансфер во Хетафе или Гранада, а Дарко Велковски со трансфер во Алавес.

Останува до видиме до крајот на трансфер периодот кои од овие вести ќе бидат вистина.

Царовска не престанува да изненадува: Од есен првачињата и учениците во четврто одделение ќе учат за медиумска писменост

Образованието треба да создава граѓани што се отпорни на лажни вести. Токму затоа со новата Концепција за основно образование, од наредната учебна година во прво и во четврто одделение започнува да се учи медиумската писменост и критичното размислување. Тие ќе бидат интегрирани во сите предмети, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во обраќањето на онлајн конференција на тема „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност“, во организација на Фондацијата „Метаморфозис“ и „Евротинк“. Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија, а настанот е кофинансиран и од Фондацијата за слободата „Фридрих Неуман“.

„Не може да се справиме наеднаш со феноменот со кој се бори целиот свет, но сметаме како Влада и како МОН, заедно со нашите партнери, дека ако создадеме генерации коишто имаат повеќе знаења и алатки за справување со лажни вести ќе бидеме поподготвени за битка со лажните вести и за превенција на кризни ситуации креирани со лажни вести“, нагласи Царовска.

Со вклучувањето на медиумската писменост во формалното образование учениците уште од најрана возраст ќе учат да пребаруваат, издвојуваат и користат информации од медиумите, но и да ги проверуваат и откриваат лажните вести.

Царовска рече дека освен на нови наставни програми, МОН интензивно работи и на подготовка на наставниците да знаат да го пренесат критичкото размислување кај учениците. Заедно со Светска банка, во наредниот период ќе се работи и на јакнење на наставните студиски програми на педагошките факултети, кои ќе образуваат наставници подготвени за реализирање на новите наставни програми.

Ставовите за тековните состојби поврзани со спротивставување на напливот на дезинформации и медиумски манипулации преку иницијативи за развој на медиумската писменост, критичкото мислење, проверката на факти и промоција на новинарската етика и стандардите за добро владеење, на денешната конференција ги споделија и амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија Дејвид Гир како и повеќе експерти, активисти и новинари.

“Јас сум Златан”: Ќe гледаме филм за Ибрахимовиќ, ова е најавата (Видео)

Една од најконтроверзните личности во фудбалот – Златан Ибрахимовиќ ќе добие и филм режиран според автобиографијата на Швеѓанецот наречена „Јас сум Златан“.

Трејлерот за филмот кој ќе го опфати целиот живот на Ибрахимовиќ изгледа навистина моќно, а филмот за прв пат ќе биде прикажан на 17 септември во Шведска.

По 150 евpa за секој млад кој ќе се вакциниpa: 940.000 млади луѓе во оваа соседна земја ќе добијат награда

Грчката влада ќе им понуди парична награда на сите млади Грци на возраст меѓу 18 и 25 години за првата доза на вакцината против ковид-19, како дел од напорите за зголемување на стапката на вакцинација пред летните одмори.

Грција доста добро го преживеа првиот бран на пандемијата, но беше принудена да воведе втора блокада во ноември со цел да се ослободи јавниот здравствен систем, пренесува „Ројтерс“.

Поради намалувањето на бројот на новозаразени, властите во Атина минатата недела го укинаа задолжителното носење маски на отворено, а на сите граѓани кои ги примија двете дози на вакцината им беше дозволено да одат на работа или во теретана без претходно тестирање.

Досега, околу 33 проценти од вкупната популација од 11 милиони луѓе се целосно вакцинирани, но расте растечката загриженост за можното ширење на заразна, делта варијанта на коронавирусот, поради што Владата размислува за стимулации за вакцинација.

– Заедно со првата доза на вакцината, (младите) ќе добијат картичка со кредит од 150 евра. Тоа им го должиме на младите како гест на благодарност – рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на владината седница.

Во Грција има околу 940.000 млади луѓе на возраст од 18 до 25 години кои досега ја примиле или ќе ја примат барем првата доза на вакцина до крајот на годината, а после тоа ќе можат да добијат паричен стимул или наречен „пас за слобода“.

Охридскиот градоначалник се пофали: Ги отстранивме платформите, насадивме дрва, поставивме тоалети и контејнери (Фото)

На плажите каде се отстранија платформите, општина Охрид посади дрвореди

Градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески на ФБ се пофали со новиот изглед на дел од охридските плажи.

-Во пресрет на туристичката сезона, интензивно се уредуваат плажите на крајбрежјето, каде што се вршеше отстранување на бесправни објекти.

Се чистеше дивата вегетација, се посипува автохтон песок, се засадуваат дрвја, се поставуваат нови контејнери и садови за отпад, се поставуваат времени тоалети.

Во текот на наредниот период ќе бидат поставени: клупи за седење, монтажни соблекувални, фонтани за вода. Во рамки на своите ингеренции и можности, Општина Охрид ќе ги обезбеди сите потребни услови за непречено користење на плажите од страна на граѓаните и туристите – напиша Георгиевски на својот ФБ профил.

Покажа колку може да биде едноставно и евтино: Русин самиот си направи базен во својот двор (Видео)

Зошто да купувате монтажен базен, кога можете да го направите уште подобар во вашиот двор. Еден човек од Русија покажал колку тоа може да биде едноставно.

Потребни ви се штици, најлон и секако силна волја.

Прво го измерил просторот за базенот. Потоа ја направил рамката на базенот со табли, а потоа ги зајакнал рабовите со дрвени столбови и жица.

Потоа започнал да копа длабоко 60 сантиметри околу штиците, исфрлајќи ја земјата и натрупувајќи ја околу штиците, за да ја користи како потпора.

Кога го израмни дното на базенот, тој ставил изолатор во форма на пластика, и над него најлон. Ги затегна рабовите и го наполни со вода.

Погледнете како изгледа:

Xaoc и тypканици пред МВР: Граѓаните нервозни чекаат за лични документи (ФОТО)

Пред просториите на управните служби во Скопје, колони луѓе чекаат за вадење на лични документи кои во претходниот период не можеа да ги добијат, на голем број луѓе им се поместени термините, а други преку ред се обидуваат да добијат термин бидејќи и закажувањето преку телефон оди со тешкотии и речиси е невозможно да се добие слободна линија на бројот за закажување.

До редакцијата на Радио Лидер пристигнаа поплаки од граѓани кои со денови чекаат да добијат пасоши од МВР. Тие неколку пати беа вратени од службениците во МВР со изговор дека „системот не работи“ и им беше кажано да дојдат за неколу дена. Сето ова предизвика големи гужви и турканици пред портите на МВР.

Граѓаните кои по десетици неуспешни повици, некако успеале да го контактираат министерството, велат дека пасоши конечно има а можат да се добијат 10 дена по сликањето за документот и тоа со новото име Република северна Македонија.

Според неофицијални информации, надградбата на системот за лични документи која се правеше пред неколку недели, била токму поради имплементирање на новото име.

Претходно и опозицијата ја критикуваше власта за неисполување на „основните потреби на граѓаните“, како за вакцините така и за сите патни исправи.

-Пасоши, регистарски таблички и лични карти нема, освен за блиските на власта. Владата на Заев не ја извршува ниту основната функција на државата, а тоа е пружање на услуги за издавање на лични документи и други материјали на граѓаните, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Како решение МВР соопштија дека истечените патни исправи добиваат дополнителна важност до крајот на годината.

Сегашната власт и Министерството за внатрешни работи станаа предмет на потсмев низ светот и ужас за граѓаните, велат од коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Сугарески, Талевски и Николоски беа на трибина со СДСМ на овој стадион и ова не го забележаа? (Фото)

Стадионот со вештачка трева во населбата “Типски” во Прилеп секојдневно се уништува

Искршени столчиња, руинирани соблекувални, отпадоци….

Стадионот беше изграден во 2014 година, а на него тренираат учениците од Спортската академија при Гимназијата “Мирче Ацев”.

Жално е што се вложуваат пари, се гради и создава нешто убаво, а потоа поради негрижа истото се уништува.

Владеачката СДСМ пред десетина дена тука одржа партиска трибина, а на истата беа пристутни градоначалникот Илија Јованоски, пратеникот Миле Талевски, директорот на царина Горан Сугарески и вицепремиерот Љупчо Николовски.

СДСМ вечерва со трибина во Прилеп: Во химната го немаше Гоце Делчев – Затоа ли рејтингот им е 1,1%? (Видео)

Уште едно ново пocкапyвање: Ова се новите цени на гopивата кои ќе важат од полноќ

Горивата од полноќ поскапуваат. Регулаторната комисија за енергетика одлучи и ги соопшти новите цени на нафтените деривати.

Согласно одлуката, од полноќ цената на бензините ќе биде повисока за 1,50 денари. Цената на дизелот се зголемува за 1 денар од полноќ.

Ова се новите цени на горивата:

ЕУРОСУПЕР БС-95 – 71,00 ден/лит

ЕУРОСУПЕР БС-98 – 73,00 ден/лит

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) – 63,00 ден/лит

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 0,50
денар/литар и новата цена ќе изнесува 62,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,144 ден/кг во однос на цената утврдена
со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за
транспорт од 21.06.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 37,152 ден/кг.

Прилепчанец се здобил со тешки телecни повpeди на патот Битола-Ресен

На 27.06.2021 во 19.30 чacoт во СВР Битола било пpиjaвено дека на патот Битола-Peceн, патничко моторно возило „форд фокус“, со битолски peгиcтapcки ознаки, yпpaвyвано од Д.Р.(26) од Битола, yдpило во пешак Г.Р.(46) од Прилеп.

Во незгодата, со тешки телecни повpeди се здобил пешакот конcтатиpaни во Општата болница во Битола. Извpшен бил yвид на мecтото на незгодата од yвидна екипа од СВР Битола – информираат од МВР.