дома блог страница 1989

Пандев – Мбапе 1:0

Килијан Мбапе е најголемиот трагичар при синоќешниот пенал рулет помеѓу Франција и Швајцарија

Швајцарскиот голман му го одбрани ударот од белата точка, а со тоа актуелниот светски првак испадна уште при првата нокаут рунда.

Денеска талентираниот Французин, кој го споредуваат со Меси и Роналдо е мета на потсмев ширум целиот свет, а голем број корисници на Твитер напишаа дека Пандев е подобар од него, затоа што постигна гол.

Ќе се игра на свадба и во затворено: Еве што одлучи Владата денеска

Владата на денешната седница донесе одлука свадбените прослави да се одржуваат и во затворен простор.

„На предлог на Министерството за економија Владата денеска донесе одлука од 1 јули 2021 свадби да се организираат и во затворен простор со максимум 250 лица, но не повеќе од 40% од капацитетот на просторот“, напиша министерот за економија Крешник Бектеши на Фејсбук.

И по 48 часа од кандидатурата, конкурентите не му честитаа на Јованоски?

Aктуелниот градоначалник на општина Прилеп, Илија Јованоски, пред два дена на ФБ се заблагодари на сопартијците за поддршката која ја добил за втор мандат.

-После завршувањето на внатрепартиската постапка за предлагање кандидати за градоначалник на општина Прилеп од редовите на СДСМ, сакам да ви се заблагодарам на искажаната поддршка за мојата кандидатура за претстојните локални избори. За мене и за мојот тим, вашата поддршка е мотив повеќе за постигнување уште подобри резултати и реализација на уште повеќе проекти. Убеден сум дека заедно со вас ќе оствариме нова победа за СДСМ, нови успеси за граѓаните на општина Прилеп – напиша Јованоски.

Засега нема никакво официјално соопштение од неговата партија, но изостанаа и честитките од првите луѓе, кои според членството му беа конкуренти на Јованоски за градоначалничката трка.

Во последната објава на ФБ, директор на Царинската управа, Горан Сугарески, информира за негово присуство на мини митинг.

А истата објава е и на профилот од пратеникот Миле Талевски…

Останува нејасно, дали Јованоски ја добил поддршката од членството, а изостанува поддршката од првите луѓе на партијата во Прилеп?

Пpвите тypиcти пpeнecyвaaт: Пocкапо гиpо и лежалки, oва ce цените летово во Гpциja

Документ поврзан со Ковид-19, односно или сертификат за вакцинација, 14 дена по примената втора доза, или негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид (брз) тест до 48 часа пред пристигнувањето во Грција или потврда за прележан коронавирус, како и пополнет PLF формуларот се потребни за влез на македонските граѓани во Грција летово.

Нашата земја и понатаму е на листата држави за кои важи исклучокот од забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, а кон Македонија отворен е само граничниот премин Евзони (Богородица) со работно време од 7 до 23 часот по локално, односно од 6 до 22 часот по македонско време.

А, какви трошоци нè очекуваат таму? Првите туристи летово пренесуваат дека цените во Грција се малку поскапи од она што бевме навикнати минатите години.

Па, така, цената на кафе се движи од 2,5 до 3 евра, во зависност од местото и објектот. Безалкохолните пијалоци чинат од 2 до 3 евра, а свежо цедените сокови се 4 евра.

Просечната цена на пивото е од 3 до 5 евра, додека крафт пивата се од 6 до 7 евра. Половина литар вино е 5 евра, а локалното узо чини 8 евра. Цените на класичните коктели се движат од 7 до 8 евра.

Што се однесува до омилениот специјалитет – гирото, кој во раните години секогаш чинеше од 2 до 2,5 евра, просечните цени сега се од 3 евра за гиро пита и од 7 евра па нагоре за порција. Слични се цените за скарата, ќебапите и хамбургерите. Свинско ребра чини 7,5 евра, а цело печено пиле може да се најде за 8 евра.

Пица се наоѓа за 8 до 12 евра, во зависност од дестинацијата. Морските плодови се движат од 8 евра за пржени лигњи и школки до 12 евра за октопод на скара. Грчката салата чини 6,5 евра, а Цезар салатата околу 10 евра.

Како што пренесуваат српските туристи за „Блиц“, особено е интересно што некои ресторани во Грција нудат 15 проценти попуст за српските гости.

Комплет лежалки и чадори во баровите во Пефкохори чини 4 евра, но задолжителна е и конзумацијата. Цената на кафето е околу 4 евра, така што ви се потребни минимум 8 евра за уживање на плажа. Во некои „пофенси“ барови две лежалки и чадор коштаат 10 евра, плус задолжителна консумација.

Надвор од Пефкохори има барови на плажа каде добивате лежалка и чадор за сонце само со консумација. Кафето исто така чини 4 евра, пивото 5.

Цените на овошјето и зеленчукот во продавниците се релативно нормални, додека месото е нешто поскапо. На пример, цената на лебот на Халкидики е околу 40 центи (околу 25 дeнари), килограм домати чини 2,1 евро (130 дeнари), а лубеницата е 1,1 евро или околу 70 denari.

Маслиновото масло чини 5 евра, а 6-литарски балон со вода се движи до 1,7 евра (околу 100 дeнари).

Извор: “Република.мк”

Kaко да го paзладите домот без клима ypeд- неколкy еднocтавни тpикови пpoтив летните гopeштини

Нашата земја ја зафати топлотен бран, а во наредните неколку дена температурите ќе достигнат над 40 степени. Високите температури им пречат на сите, па потребно е да се разладите.

Меѓутоа, дали знаете како да се разладите доколку немате клима уред? Во продолжение прочитајте неколку корисни трикови што може да ви помогнат.

Спуштете ги ролетните

Затворете ги прозорците во собата и спуштете ги ролетните за да не навлегуваат сончевите зраци во собата.

Користете памучни материјали

Сатенската постелнина заменете ја со памучна. Памучниот материјал е пријатен за кожата во летниот период.

Обичниот чаршав нека ви послужи како прекривка во врелите летни ноќи. Памукот и ленот се материјали кои ѝ овозможуваат на кожата да дише.

Користете вентилатор

Доколку немате клима уред, но имате вентилатор, пред него поставете широк и плиток сад и наполнете го со коцки мраз. На овој начин воздухот што излегува од вентилаторот ќе биде поладен од воздухот на собна температура. Свежината ќе трае сè додека не се истопи мразот.

Ставете влажна крпа на прозорецот

Ова е ист “трик” како и со вентилаторот и мразот. Пред спиење, отворете го прозорецот и ставете мокра крпа. Воздухот што ќе струи ќе се олади и ќе биде многу полесен.

Спијте на земја

Спијте на што е можно пониско ниво или дури ставете душек на подот за да спиете поубаво.

Држете ги стапалата во сад со студена вода. Акупунктурните точки на стапалата се поврзани со внатрешните органи, па на овој начин ќе го разладите организмот oдвнатре.

Koнечно coбpa xpaбpocт: Шекepинcка леташе со пapaглajдep

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска со помош на инструктор леташе со параглајдер за време на меѓународниот натпревар од овој адреналински спорт „Маврово Опен“.

– 20 години се обидував да најдам храброст за оваа прилика и сега ми е криво што тоа не сум го направила порано. Го препорачувам на секој и во поглед на убавината овде во Маврово и во поглед на адреналинот. Но, треба да се оди во сигурно раце. Сакам да му се заблагодарам на ментор Сеити кој покажува дека нашата Армија може и во војни во спортски активности да доминира, рече министерката.

Таа додаде дека не чувствувала страв, затоа што се било добро организирано.

Твитот на денот го имаат од “Спорт Лајф”: “Толку е брз Мбапе, што веќе е дома”

Tвитот на денот го имаат од “Спорт Лајф”

Светскиот првак синоќа беше елиминиран од Швајцарија, а трагичар во пенал рулетот беше најдобриот фудбалер на Францусизте, Килијан Мбапе, на кого швајцарскиот голман му го одбрани ударот.

На сметка на Мбапе се пошегуваа од “Спорт Лајф” кои на Твитер напишаа:

“Толку е брз Мбапе, што веќе е дома”

Полициjaта тpaга по лице кое огpaбило кафемат

Непознат сторител yкpaл пapи од кафемат поставен на градскиот базен во Куманово.

На 26.06.2021 година во 05.28 часот во СВР Куманово било пријавено дека на градскиот базен во Куманово непознат сторител со употреба на сила и подесен предмет отворил апарат за кафе и одзел пари, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Екипа на СВР Куманово извршила увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

3aeв: Само одморен човек може да биде пoeфикaceн, јас ќе кopиcтам 10 дена годишен одмop

Како што реков, социјалдемократ сум, правото на одмор е вистинско право затоа што само одморен човек, работник, па и пратеник може да биде поефикасен, изјави премиерот Зоран Заев како коментар на предлогот на Демократскиот сојуз (ДС) – пратениците и министрите во текот на јули и август да работат наместо да одат на одмор.

– Можеби не мора цел август месец да биде одмор, обично после Илинден Парламентот заминува на одмор, но Парламентот е над Владата, над мене како премиер и јас не би си дозволил да ги коментирам нивните одлуки. Како ќе одлучат тие, јас ќе го почитувам тоа. Но, јас ќе користам десет дена годишен одмор, дециден е Заев.

На Биљана од Тетово не и’ издавале документ само на македонски јазик: И’ рекле дека Македонците се под 20% во градот

Во Управата за матични книги во Тетово упорно одбивале на Биљана да ѝ издадат барање за уверение за слободна брачна состојба само на македонски јазик. Таа во Тетово добила двојазичен документ, на македонски и на албански јазик. Во подрачното одделение жалбата ѝ бида одбиена, по што била приморана да замине во Скопје каде извадила таков документ само на македонски јазик, што како на Македонка законски ѝ следува.

Службеникот ми рече дека не може да ми издаде еднојазичен. Според протоколот не можело. Ми пренесе дека шефот му рекол дека Македонците се под 20 отсто во Тетово и не може да има еднојазично уверение за слободна брачна состојба. Побарав да зборувам со шефот, а тој ми се закани дека ќе викнел полиција бидејќи јас присилно му барам на македонски јазик. Ми рекоа дека мора да биде така, и дека после шест месеци можам да аплицирам за нов документ. Во Тетово, ми рекоа, нема еднојазично уверение за слободна брачна состојба. На шефот му реков дека за ова ќе се обратам и до медеиумите за да се знае што им се прави на Македонците во Тетово. Не се загрижи многу, вели Биљана.

Целата сторија прочитајте ја на “МКД.МК”