дома блог страница 1988

Одлучено: Cтpyjaта пocкапyва за 12,36%, ДДВ-то се намалува

Струјата поскапува за 12,36%, но сметките на граѓаните ќе останат исти, односно со незчително намалување. Регулаторна комисија за енергетика, го потврди она што уште вчера се соопшти како неофицијална информација – oбјави “АЛФА ТВ”

Цената на струјата практично останува иста поради намалувањето на ДДВ-то од 18 на 5 проценти. Но, веќе следната година граѓаните ќе плаќаат поскапа струја оти ДДВ-то ќе се покачи на 10 проценти, а вистинската цена на струјата ќе ја имаме во 2023-тата година кога данокот на додадена вредност ќе се врати на сегашната стапка од 18 проценти. Регулаторната комисија апелира да се најде системско решение за данокот на додадена вредност бидејќи цената на струјата врши најголем удар врз најранливите категории

Евтината тарифа останува на сила во дневните и ноќни интервали како и до сега, а сметките за електрична енергија практично ќе останат непроменети со носење на законот со кој ќе се намали ДДВ-то за електрична енергија. Намалувањето на ддв-то е добро решение, но неопходeн е системски одговор – да се прошири опфатот на ранливи категории кои ќе добиваат субвенции за сметките за електрична енергија, изјави Марко Бислимоски претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Законот за намалувањето на Данокот на додадена вредност ги помина владините филтри а од утре ќе се најде пред пратениците. Експертите алармираат дека намалувањето на ДДВ за струја е привремено решение во предизборен период, која ќе и нанесе уште поголеми штети на енергетиката. Според нив дупката во буџетот ќе ја почувствуваат граѓаните кои ќе плаќаат повисоки цени по други основи.

Сметките за струја ќе останат исти, но удар сепак ќе има од еколошката такса за горивата која власта планира да ја протурка на брза лента во собранието и покрај критиките од опозицијата, експертите и бизнисмените. Според планот, еден литар гориво ќе се зголеми за дури 4,13 денари. Опозицијата критикува дека власта воведува кризен данок кој ќе удри директно врз џебот на граѓаните. Најавија и повеќе амандмани со кои ќе се обидат да го спречат носењето на законските измени.

Инаку дел од енергетските компании кои вчера гласно негодуваа за неприфаќањето на нивните трошоци од страна на Регулаторната комисија за енергетика најавуваат и тужби. Компаниите од регулаторната комисија бараа поскапување од 50 денари на сметка од 1000 денари, но регулаторната прифатила само 6 денари на што се додаваат маржата и останатите трошоци. Помеѓу барањата на МЕПСО се и платите на новите вработувања, но регулаторна не прифатила тие да паднат на грбот на граѓаните. Комисијата ќе ги покрива трошоците на само 569 вработени колку што биле во 2018 година, додека околу 100 нови работници ќе треба да си ги покрива МЕПСО од свои средства.

Абе какви ти кopoна протоколи: Epyпциjaта меѓу англиските фанови при погодокот на Хари Кејн (Видео)

Англија ја совлада Германија и се пласираше во четвртфиналето на Европското првенство

Со головите на Рахим Стерлинг и Хари Кејн, Англичаните стигнаа до рутинска победа против големиот ривал и опасно се приближуваат до европскиот трон.

Натпреварот се следеше на видео бимови пред стадионот “Вембли”, но и на други локации ширум земјата, а погодокот на Кејн за 2:0 предизвика вистинска ерупција меѓу фановите, кои заборавија на сите Ковид-19 протоколи.

Погледнете ја оваа неверојатна атмосфера:

Жална Maкедониja: Македонcкиот е cлyжбен jaзик за меѓyнapoдна комyникациja, а Талат на албанcки се обpaќа во Евpoпcкиот пapламент

Претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери пред Комитетот за надворешни работи, во рамки на Самитот „Европски парламент – Западен Балкан“ зборуваше на албански јазик.

-За жал, наместо преговори сега се соочуваме со застој заради одредени билатерални барања. Наш став е дека договорната рамка со Бугарија дава соодветна основа за понатамошна соработка и ние сме подготвени за надминување на ситуацијата согласно меѓународните стандарди. Истовремено, сакам да нагласам дека овие случувања не треба да имаат влијание на отворање на преговорите за членство, рече Џафери пред Комитетот.

Според Уставот, македонскиот јазик е службен јазик на државата во меѓународната комуникација.

Видеото можете да го погледнете на овој линк. Џафери зборува од 34-тата минута.

Фejcбyк cтaтyc кoj задолжително тpeба да го пpoчитaaт влacтите

ФБ статус кој треба да го прочитаат властите…

– Во изминативе 4 – ри години да се собираа само по еден денар (наменски) противпожарна такса од еден литар гориво, денес ќе имавме нови и реновирани противпожарни станици со нови возила и модерна противпожарна техника и опрема – пишува на својот ФБ профил Томе Г. Цикарски.

Прилепчанецот Дарко Илиески потпиша за словенечки Копер

Поранешниот фудбалер на Победа, Металург, Тиквеш и Пелистер, Дарко Илиески од Прилеп потпиша за словенечки Копер.

Централниот дефанзивец, кој игра и како бек, минатата сезона забележа 31 настап за Пелистер, а во Копер пристигнува како слободен играч.

Според “transfermarkt.com”, неговата цена изнесува 250.000 евра, а во новиот клуб е претставен како големо засилување.

Пандемиjaта запpe, а ние се враќаме на старо: Цеца најави два концерти во овие македонски градови

Балканската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ најави два концерти летово во Македонија.

Таа летово ќе пее за македонската публика во Охрид и Пробиштип.

По долгата пауза од настапи поради пандемијата, пејачката се враќа на сцената. Во својата агенда на настапи Цеца најави дека летово ќе ја гледаме во Охрид на 14 август и во Пробиштип на 21 август, за време на Денот на рударите.

-Се радувам на дружењето, напиша Ражнатовиќ, која и во минатото беше честа гостинка кај нас.

Mapичиќ: Покpaj cyдиите, повиcoки плати ќе земаат и обвинителите

Министерот за правда Бојан Маричиќ, одговарајќи на новинарско прашање, кажа дека по судиите, за поголеми плати се разговара и со обвинителите.

Имав можност утрово на оваа тема да разговарам со претседателот на Здружението на јавните обвинители, јавниот обвинител Тодор Витларов, тој ми укажа на одредени меѓународни стандарди, согласно кои примањата на судиите и на јавните обвинители треба да бидат на исто ниво. Владата тоа го уважи и интенцијата и во разговорите со Министерството за финансии ја утврдивме истата можност и истата потреба како кај судиите, така и кај јавните обвинители да има етапно покачување на платите од 10 проценти оваа година и пет проценти наредната година, со тоа што тоа ќе треба законски да се дефинира.

Во однос на платите на судската администрација и јавно-обвинителската служба министерот кажа дека должни се законски да ги уредиме прашањата со платите, примањата и можностите за додатоци и таму согласно можностите ќе обезбедиме зголемување колку што ќе дозволува буџетот и колку што ќе можеме оваа и во наредната година, додаде Маричиќ

Министерот потенцираше дека зголемувањата на платите во судството и обвинителството треба да биде повод и за поголема ефикасност, квалитет и транспарентност во правосудството.

Не знaeше со кого си има paбота: ММА бopeц му даде болна лекциja на пиjaн човек во бap (Видео)

Познатиот американски ММА-бopeц, Џо Шилинг бpyтално нокayтиpaше еден човек во бap, а снимката ја обjaви бpитански „Caн“.

Засега не е познато каде е направена снимката, но Шилинг веднаш коментираше на Инстаграм и кажа дека станува збор за caмooдбpaна.

„Очигледно оваа држава не се грижи премногу за caмooдбpaна. Не грижете се, го добив видеото. Ве сакам и ви се заблагодарувам на поддршката“, напиша бopeцот.

Човекот прво случајно се судира со борачот додека е свртен со грб. Шилинг само поминува, меѓутоа, човекот почнал нешто да му зборува што резултирало со брз нокаут.

3aeв: “Ние cме кpoтки, паметни и иcкpeни, ќе ги paзбиеме cите кочници од BMPO-ДПMHE”

Нашите намери се искрени и се што работиме, работиме во интерес на граѓаните, порача премиерот Зоран Заев.

Притоа, првиот човек на СДСМ додаде дека нема да дозволат опозицијата да ги закочи проектите на владејачката партија.

„Сите кочници на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги разбиеме затоа што сѐ што правиме е во интерес на граѓаните, затоа што сме паметни и искрени во намерите. Се обидуваат да ги закочат сите проекти, но нема да им дозволиме“, вели Заев.

Уште една новина: Преку содржини за родова еднаквост, младите ќе учат за своите чувства и самодоверба

Реформите во основното образование се насочени кон зголемување на аналитичкото и критичкото размислување со што учениците полесно ќе може да направат разлика за тоа што не е во ред и што е правилно.

Затоа во новата концепција за основно образование која ја имплементираме од септември едни од основните вредности се инклузивност, родова еднаквост и недискриминација за што наставниците поминуваат соодветна обука, а родовите стеротипи се отстрануваат од наставните материјали.

Ова го истакна Санела Шкријељ, претставник на Министерството за образование и наука, на панел дискусија “Со заеднички сили за родова еднаквост – заложби и повратни информации”, која беше дел од Глобалниот партнерски форум за сеопфатно сексуално образование организиран од УНФПА.

“Со вметнување на содржини за родовата еднаквост младите ќе учат за своите чувства, самодоверба, почитување, заштита од насилство и вознемирување. Со овие наставни програми се обезбедува дополнителна вредност во градењето на младите, грижата за себе, нивниот интегритет и самодоверба. Ги учиме на емпатичност, грижата едни за други и почитување на различностите. Кога учениците ќе ги имаат овие информации уште од најмала возраст ќе ги знаат основните човекови права, но и ќе знаат да ги почитуваат правата на другите”, рече Шкријељ.

На онлајн форумот за глобално партнерство, учествуваа над 50 претставници од државни институции, граѓански и младински организации и експерти од светот.