дома блог страница 1987

Ни доаѓа голем празник: На гpoбот од cветецот се молат луѓе од paзни вepи, бapaaт cпac и иcцеление

Свети Наум е најблискиот соработник на свети Климент, првиот словенски епископ. Во делото на просветувањето на Словените со евангелската вистина тој учествуваше како учител, а потоа и како свештеник.

Десетина години пред смртта го основа манастирот посветен на светите Архангели на Охридското езеро.

Овој манастир е денешниот Св. Наум. Свети Наум се претстави пред Бога околу 910 година, на 23 декември (по јулијанскиот календар).

Со оглед на тоа што тој ден паѓа во пост, за поторжествено празнување на неговиот спомен, уште од старо време Охридската Архиепископија го установи неговиот празник за време на летото на 3 јули.

Манастирот е подигнат од св. Наум Охридски чудотворец и го носи неговото име. Попознат е како манастир „Свети Наум Охридски“ иако црквата е посветена на светите архангели Михаил и Гаврил. Во житието на св. Наум се вели дека црквата била подигната на јужниот брег на Охридското Езеро и дека била посветена на светите архангели Михаил и Гаврил. Манастирот повеќепати страдал од пожари и уривање, по што пак бил обновуван. Едно време бил важен просветен центар. Во него во почетокот на 19 век се школувал и Димитрија Миладинов.

Во црквата се наоѓа и гробот на св. Наум Охридски и многу луѓе од разни вери и националности го посетуваат и бараат исцеление. Околу манастирот има повеќе свети води, Света Петка, Свети Атанасиј, Агијазмо и др.

Падна договор: Златното момче на Дортмунд за 85 милиони евра се сели во Премиер лигата

Фудбалерот за врска на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо, кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата. Германскиот клуб ги договорил условите со Манчестер јунајтед за трансфер на Англичанецот, објави „Билд“.

Англичаните ќе му платат на бундеслигашот 85 милиони евра. Земајќи ги предвид бонусите, износот може да порасне до 95 милиони.

Санчо ќе добие петгодишен договор. Претходно беше објавено дека тој ќе заработува повеќе од 250 илјади фунти неделно во англискиот клуб.

Од утре во овој временски период не смеете да се движите низ шума

Јавното претпријатие „Национални шуми“, со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор како резултат на зголемените температури, воведува делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште со кои стопанисува, на целата територија на Република Македонија, по претходно добиена согласност од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Делумната забрана за движење во шума, посочуваат од претпријатието, почнува да важи од утре во временски период од 6 до 20 часот и истата ќе трае се до проценката дека е намален ризикот од појава на шумски пожари, односно до нејзино отповикување.

– Оваа делумна забрана не важи за вработените во ЈП „Национални шуми“ и субјектите кои вршат шумско културни активности на површините со кои стопанисува јавното претпријатие, како и за лица кои имаат писмено одобрение за движење во шумите.

Движењето ќе биде дозволено единствено со писмена дозвола издадена од подружниците на ЈП за подрачјето со кое стопанисуваат. За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им биде изречена глоба, појаснуваат од претпријатието.

Teжок пopaз за Bладата и Цapoвcка: Повлечен контpoвepзниот закон

Министерката за образование и наука Мила Царовска и владата денеска доживеаа тежок политички пораз откако по неколку месеци наметнување мораа да го повлечат контроверзниот закон за дигитализација на образованието.

Со писмо до иницијативата “Учебници и настава мора да има”, владата најавува дека се повлекува законот од кој не сакаше да се повлече со месеци и покрај силниот отпор во јавноста.

“Почитувани сограѓани,

Денес, 30 Јуни 2021 (Среда), добивме официјално известување од Претседателот на Собранието дека ВЛАДАТА ГО ПОВЛЕКУВА ЗАКОНОТ ЗА УЧЕБНИЦИ И ДРУГИ НАСТАВНИ МАТЕРИЈАЛИ ВО ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ, а со тоа одржување на РЕФЕРЕНДУМ… НЕ Е ПОТРЕБНО!!!

Драги сограѓани…

Денес е голем ден….

Денес покажавме и докажавме дека како граѓани можеме да учествуваме во одлучувањето за важни работи за нас, за нашите деца… и за нашата заедничка иднина…

Денес… докажавме дека знаеме, можеме и умееме… како обични граѓани… да дејствуваме и да ги заштитиме нашите права… и правата на нашите деца…

Денес… докажавме дека можеме непосредно и директно да учествуваме во работата на Собранието и Владата на Македонија.

Денес… СЛАВИМЕ!!!

Утре… ПРОДОЛЖУВАМЕ!!!

Оваа битка ја извојувавме… сепак оваа битка е само еден чекор во борбата која следи….

Имаме уште многу работа пред нас… со цел да им обезбедиме здрава иднина на нашите деца, нашите внуци… и сите следни генерации…

Овој ден е веќе запишан во историјата на Македонија!!!

Ве повикувам…. сите заедно да се потрудиме вакви денови да има повеќе…

Ве повикувам… сите заедно да ја пишуваме историјата… која ќе ја читаат нашите деца, нашите внуци…. и сите следни генерации….

Ве повикувам…. сите заедно да оставиме позади нас… спомени вредни за паметење и раскажување…

Продолжуваме со ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА за интервенции и измени во Концепцијата за основно образование… Законот за образование… и сите останати закони кои го уредуваат образованието во државата…. со една и единствена цел „ОБРАЗОВНИ РЕФОРМИ ПО МЕРКА НА УЧЕНИКОТ“

Почитувани сограѓани… без разлика на пол, раса, религија или политичко убедување… сите сме во ова заедно!!!

Ви благодарам за поддршката…”, објави попладнево Драгана Спасевска, овластен застапник и преставник на Образовни Реформи.

Тоа се тие знаменитости: Бранденбуршката порта во Берлин и нервното одделение во Струмица (Фото)

Порталот “Струмица денес” oбјави фотографија од кози качени на нервното одделение од струмичката болница.

Фотографијата за кратко време стана хит на социјалните мрежи и се прошири низ целата држава, а досетливите шегаџии веднаш се сетија и го споредија нервното одделение во Струмица со Бранденбуршката порта во Берлин.

Ако погледнете подобро, ќе видите дека си личат…

Mислете му ја: МВР набави нови 50 лacepcки paдapи – ќе ги има насекаде

Во Министерството за внатрешни работи денеска беа промовирани новите ласерски радари наменети за потребите на сообраќајната полиција опремени со уред за ноќно снимање, далеку посупериорни од досегашните.

Досега Министерството за внатрешни работи располагаше со само 5 радари што можеа да мерат брзина во ноќни услови. Набавката на нови 50 уреди значи дека полицијата ќе „лови“ брзи возачи и ноќно време, практично, низ целата држава

Набавката, информира МВР, вредна 21.257.175 денари е направена согласно побарувањата, односно потребите на Единиците за сообраќај во МВР, следствено на актуелните европски полициски стандарди во овој дел од полициското работење, согласно законските норми и согласно нашите проекции за развој и унапредување на функционирањето на сообраќајната полиција.

-Со оваа набавка нашето Министерство е единствено во регионот кое располага комплетно со уреди од последната генерација, од кои невозможно е да се избрише снимениот материјал, при што бројот на уреди за брзина и алкохол по глава на жител е на исто или дури и повисоко ниво од земјите од Европската Унија.Во крајна линија, сите сме сведоци дека од 2017 година наваму, како раководство на МВР, без престан инсистираме и делуваме на континуирано организационо и, пред сѐ, материјално-техничко опремување на сите наши служби, што како процес напоредно течеше со процесите на полициски реформи, истакна министерот Оливер Спасовски.

Спасовски изрази уверување дека со овој нов зафат уште повеќе ќе се зголеми ефикасноста и квалитетот на сообраќајната контрола што пак како што рече, треба да даде свои резултати во зголемување на нивото на безбедност на сообраќајот на патиштата.

BMPO-ДПMHE ќе поднece кpивична пpиjaва пpoтив Taлат Џафepи

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието, Талат Џафери поради свесно кршење на Уставот и законите.

-Апелираме надлежните власти и владини институции да реагираат и да го осудат ваквиот чекор, порачуваат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ го најавува овој чекор откако пред два дена претседателот на Собранието Џафери пред Комитетот за надворешна политика на ЕП се обрати на албански јазик.

Е вака треба и во прилепскиот Совет за секоја матна зделка, народот да ја знае вистината (Видео)

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, вклучувајќи се во живо на „Фејсбук“, го пренесе неговото влегување во Советот на Општината Ѓорче Петров, каде денеска на дневен ред беше ставена точка за прераспределба на пари наменети за детски градинки, за општи цели.

Сумата на тие пари, е точно онолку колку што чинат контроверзните машини за перење, скандал кој партијата го обелодени пред неколку дена:

За што точно се работи погледнете во продолжение:

Видеото на денот го имаат од “Спорт Лајф”

Видео на денот…

Уште една причина за редовно да ги посетувате профилите на “Спорт Лајф” на социјалните мрежи:

Вучиќ за Македонија: “Сменија име, имиња на аеродром, патишта, музеи… и пак ништо”

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, истакна дека влегувањето во Европската унија веќе не зависи само од Србија, и дека е очигледно дека во овој момент нема желба во рамките на ЕУ за проширување.

„Направивме голем напредок, бевме конструктивни во дијалогот со Приштина и не сторивме ништо затоа што има политичка сатурација со проширувањето на ЕУ“, рече Вучиќ за Еуроњуз Србија.

Вучиќ додаде дека Македонија стори сé што зависеше од неа, а не отвори ниту едно поглавје.

„Зависеше од нив да го сменат името во С Македонија, да го сменат името на аеродромот, патиштата, спомениците, музеите, улиците и она што не им дозволија“, рече тој, наведувајќи дека сега нема желба за проширување во ЕУ и го повика Брисел да го забрза европски пат не само кон Србија, туку и кон Албанија и С Македонија. „Тие приказни за Бугарија, Хрватска или Романија закачете ги ѝ на опашката на мачката. Очигледно, во овој момент нема желба Унијата да се прошири“.

Говорејќи за иницијативата „Мал Шенген“, Вучиќ рече дека вчера со премиерите на Албанија и Македонија, Еди Рама и Зоран Заев било договорено таа да добие ново име на самитот во Скопје на кон крајот на јули.