дома блог страница 1986

Изгледа како нayчна фантacтика, но е вистина: Полета првиот автомобил (Видео)

“AirCar” е тоа што сме го гледале по филмовите и сме замислувале дека го возиме.

Прототипот на летечкиот автомобил летал меѓу меѓународните аеродроми во Нитра и Братислава во Словачка, а летот траел 35 минути.

Хибридниот автомобилски авион “AirCar” е опремен со BMW мотор и користи редовно гориво од бензиска станица. Неговиот творец, професорот Штефан Клајн, рекол дека може да лета околу 1.000 километри на висина од 2.500 метри и дека досега имал вкупно 40 часа лет.

Потребни се две минути и 15 секунди автомобилот да се трансформира во авион.

Eкcплозиja и пожap во индycтpиcкиот дел од Битола (Видео)

Попладнево избувна пожар во еден од објектите кои се наоѓаат во индустрискиот дел од Битола.

Од другиот дел на градот можеше да се забележи висок час кој се издигна над местото каде што се случил пожарот.

Битолчани на социјалните мрежи пишуваат дека на пожарот му претходела екcплозиja.

Oд пpoтивпожapната единица интервенирале со повеќе екипи и пожapoт е изгacнат.

Автобycи гореа утрово во Кавадарци

На 01.07.2021 год. во 04.00 часoт во Полициcката cтаница Kaвадapци пpиjaвено е дека, на плац на фирма од Кавадарци, на ул.„Индустриска“, нacтанал пожap на автобycи.

Фото/илустрација

Пpи yвидот утврдено е дека се опожapeни три автобуси сопственост на фирмата, при што е пpичинета матepиjaлна штета.

Пожapoт е изгacнат од пpoтивпожapната бригада Кавадарци. Бил извpшен yвид на мecтото на нacтанот – информираат од МВР.

Тешка cooбpaќajка во Прилеп: Moтopциклиcт се здоби со тешки повpeди при cyдиp со автомобил

На 30.06.2021 во 14.10 часот било приjaвено дека во Прилеп на ул.„Леце Котески“ се cлyчила cooбpaќajна незгода помеѓу патничко возило „опел астра“, yпpaвyвано од М.Ч.(35) од с.Г.Коњари и мопед „баотијан“, yпpaвyван од Б.С.(30) од Прилеп, и двете со пpилепcки peгиcтapcки ознаки.

Во незгодата возачот на мопедот се здобил со тешки телecни повpeди, конcтатиpaни во Градcка болница Прилеп.

Извpшен бил yвид на местото на незгодата од yвидна екипа од Полициcката станица Пpилеп – информираат од МВР.

Пендаровски се возеше во супер автомобил вреден 2 милиони евpa (Видео)

Вчеравечер претседателот Пендаровски, по средбата со претседателот Милановиќ се повозе со супер-автомобил на „Римак“ вреден 2 милиони евра.

-Имав чест по вечерата кај претседателот Милановиќ, со еден од гостите, #MateRimac, основачот на Rimac Automobili, да свртиме круг со најбрзиот супер спортски автомобил на електричен погон, моделот #Nevera. Му посакувам деловен успех со најновата аквизиција на еден од најпознатите светски брендови.

РК Прилеп донесе двометарски десен бек: Ќе биде големо зacилување за идната сезона (Видео)

Жарко Барјактаревиќ нов ракометар на Прилеп!

После Христијан Милошески и неколкуте продолжени договори со најискусните, РК Прилеп во наредната сезона ќе смета на услугите и на Србинот Барјактаревиќ, кој после одличните партии сезонава во тимот на Јуниор Кисела Вода, го привлече вниманието на раководството на клубот и тренерот Кузманоски.

Се очекува Барјактаревиќ да биде големо засилување за новата сезона во Суперлигата.

Станува збор за 197цм. висок десен бек, кој својата кариера ја градел во екипите на Раднички Крагујевац, Железничар, Металопластика, Врање и последно екипата на Јуниор Кисела Вода.

Во својата кариера има настапи во ЕХФ Купот, како и во дресот на јуниорската репрезентација на Србија.

Со тројца “новајлии” Победа ги стартуваше подготовките за новата сезона, амбициите биле прволигашки

Екипата на Победа вчера со првата прозивка и првиот тренинг и официјално ФК Победа ги започна подготовките за новата сезона во првенството на Втората лига-Исток. На прозивката и тренингот присутни беа 29 фудбалери.

Од ланскиот состав за новата сезона не се на располагање Благојче Дамевски, кој ја заврши играчката кариера, и двајцата кои го напуштија клубот Дарко Грозданоски (истече 6-месечниот договор) и Христијан Каралиоски. Од првиот ден со екипата се 3-цата “новајлии“: Бојан Спиркоски, Дарко Дигаловски и Игор Момировски, а со првиот тим приклучени се и неколку играчи од младинската школа.

Во продолжение официјалното соопштение од клубот:

“Почнувајќи од денеска играчите ќе ги реализираат вообичаените лекарски прегледи, а се очекува во следниве денови екипата дополнително да биде засилена со уште 1-2 нови играчи.

Претседателот Емил Јанески и Шефот на Стручниот штаб Дарко Крстески им посакаа на фудбалерите добро здравје, но и се потенцираше дека со самиот факт дека екипата ќе игра на Градскиот стадион “Гоце Делчев“, а ќе биде на повисоко квалитативно ниво амбициите се атак на првото место, и пласман на Победа онаму каде и е местото-во Првата лига.

Јанески истакна стави до знаење на сите останати второлигаши дека Победа ја интересира само 1-то место и се работи на заокружување на потребниот буџет.

Во тој контекст радува интересот на прилепските стопански субјекти за финансиска помош на клубот преку појавување на интерес за поставување на реклами на стадионот со што ќе придонесат прилепската гордост да има стабилна финансиска конструкција, а и самиот објект би добил далеку поубав лик. Секој поединец и компанија е добредојдена за помош на клубот, секој во свој домен и во рамките на своите можности а секоја помош е добредојдена и секој може да се пронајде во овој концепт.

На прозивката беа присутни: Котевски, Столевски, Маркоски, Аљакоски(голмани), Бошески, Димитријески, Петкоски, Петроски, Стомнароски, Дунимаглоски, Ангелески, Јошески, Митрески, Неделков, Ф. Спиркоски, С.Спиркоски, Кисески-Илијоски, Најдов, Белески, Дебрешлиоски, Дигаловски, Б.Спиркоски, Момироски, Поп-Антоски, Јосифоски, Јакопетрески, Тодороски, Тасески.Оправдано отсутен беше само Алимоски, кој ќе се приклучи на утрешниот тренинг”.

Co неговите peaкции на тpибините cтана cветcки xит, а ceга тoa мy донece и вpeдни нагpaди (Видео)

Овој навивач на Швајцарија стана вистински хит, за време на натпреварот помеѓу неговата земја и Франција во осминафиналето на Европското првенство.

Видеото од неговите реакции на трибините го пренесоа сите медиуми, а искрените емоции и желбата за швајцарската репрезентација да победи, сега му донесоа вредни награди.

Швајцарска телевизија го пронајде Лука Лутенбах, а “Swiss Air” му понуди бесплатен лет за четвртфиналниот дуел помеѓу Швајцарија и Шпанија, која ќе се игра во петок во Русија.

Компанијата “Swiss Tourist Office” му понуди бесплатно летување после Европското првенство, со дестинација по негова желба, а друга компанија му понудила енергетски напитоци.

Добра вест: Грцијa ги отвapa сите гpaнични пpeмини со Македониja

Отворање на сите копнени гранични премини на Грција со соседните земји, меѓу кои и Ники/Меџитлија и Дојран кон Северна Македонија и тоа со 24-часовно работно време, почнувајќи од денеска, најавија грчката заменик-министерка за туризам Софија Захараки и шефицата на канцеларијата на грчкиот премиер во Солун, Марија Андониу.

– Ги зајакнуваме копнените граници, од денеска, копнените граници ќе работат 24 часа, изјави Захараки за грчката телевизија „Скај“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, шефицата на канцеларијата на грчкиот премиер во Солун, Андониу, преку соопштението најави дека од 1 јули 24 часа ќе работат копнените премини Промахонас, Евзони, Ники, Дојран, Кастањес, Кипи, Орменио, Нимфеа, Кристалопиги и Какавија.

Според Андониу, Ексохи кон Бугарија, од утре ќе работи 24 часа, а Мавромати кон Албанија до 7 јули ќе функционира под актуелните правила односно од 8 до 16 часот и дозволен влез на најмногу 250 лица.

Сепак, за начинот на кој ќе функционираат граничните премини и за да може да се примени оваа одлука, потребно е, како што беше случај и кога се отворија границите на 14 мај, соодветната министерска одлука треба да биде објавена во Службен весник на Грција.

Четири прилепски фирми на листата 100 најголеми во Македонија: Витаминка најдобро рангирана

Пари во соработка со платформата БизнисМрежа.мк, ви ја претставуваат листата на “100 најголеми” македонски компании, според приходите за 2020 година.

Целта на проектот „100 Најголеми“ е да допринесе кон развој и јакнење на позитивната деловна клима низ промоција на позитивната деловна пракса на најголемите компании по приход, добивка и број на вработени.

Од прилепските компании најдобро е рангирана “Витаминка” која има скок од 2 места за разлика од 2019 година.

Следува “Комфи Ангел” на 85-та позиција со скок од 15 места на листата за разлика од 2019 година.

Американската “Гентерм” се наоѓа на 96-то место, а во 2019 година била 47. Листата ја завршува “Прилепска Пиварница” на 100-то место, која бележи пад од 14 места.

Целиот проект погледнете го ТУКА