дома блог страница 1985

3aeв одби ТВ-дyeл со Мицкocки на тема споpoт со Бyгapија

Премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ21 денеска го одби повикот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за ТВ-дуел за спорот со Бугарија.

„Пет пати сум прифатил дуел, а сега причината е Бугарија. Треба да посветиме време на поконкретни работи. Сите знаат во што е суштината на проблемот, цела Европа заедно со САД знае. Ќе прифатам кога ќе има суштина за ТВ-дуел“, рече Заев.

Според премиерот, само на Мицкоски му треба декларација за македонскиот јазик и македонскиот народ.

По којзнае кој пат вандализиpaна цpквата во прилепското село Дабница (Фото/Видео)

Ова е 20-30 пат како непознати сторители ја вандализираат црквата Св. Никола во прилепското село Дабница

Црквата Св. Никола во Дабница е подигната и живописана во втората половина на XIX век, а е обновена во средината на ХХ век.

Се краде се’ и сешто велат од црковниот одбор и истото се повторува…

Според фотографиите и видеото кои ги добивме сега на мета на крадците била црковната трпезарија.

Прилепчани кои го посетуваат ова свето место и инвестираат во храмот со цел истиот да им служи на граѓаните, апелираат до властите сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата.

Диpeктopoт на ЦУК “Mapкo Цeпeнкoв” пpeд cмeнa?

Деновиве се погласни се шпекулациите дека еден директор од Прилеп ќе оди “кypбан” за да се задоволат некои лични суети.

Xaocот во позицијата веќе подолг период предизвикува страшен раздор во партијата на до сега четири крила кои се во постојана битка. На местото на Директорот треба да биде поставен кадар од ЛДП, како награда за слепата подршка до сега на локално и централно ниво.

Можеби ова е најава за уште едно непотистичко решение, но тоа не е веќе проблем бидејќи непотизмот стана синоним за СДСМ Прилеп, посебно за еден директор на ЈП.

Во екот на бopбата за кандидат за градоначалник, ова ќе биде уште една мина за меѓусебно докусурување на фракциите во Прилеп.

(Видео) Паднаа и солзи: СДСМ Охрид избра нов претседател

Дел од членството на СДСМ во Охрид денеска го пречека новиот претседател на Општинската организација пред седиштето, а покрај аплаузот од повеќе од 30 секунди, паднаа и солзи радосници.

Науме Јованоски Чакар е нов претседател на ОО на СДСМ Охрид. Решението Чакар го добил утрово, а предмалку и официјално ја презема функцијата претседател во Општинската Организација.

– Со солзи си заминав со солзи се враќам. Секогаш сум се трудел нешто да направам и да изградам, никогаш не сум бил деструктивен, секогаш сум давал позитивна енергија и сум градел единство. Мојата цел, сега со моето доаѓање е сите заедно да се обединиме, сите заедно да изградиме подобра иднина, истакна пред дел од членството Јованоски.

Јованоски функцијата Претседател на ОО СДСМ ја превзеде од пратеникот Лазе Танески, кој, како што велат од партијата, ја „унапреди политичката кариера“. Танески е избран во Извршен одбор од СДСМ, па поради неспоивост во функциите, ОО СДСМ мораше да се избере нов претседател.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

(Фото) Hyдистичка плажа во центарот на Охрид: Гол маж прошета низ центарот на градот во кој е државниот врв и странски делегации од „Преспа форум“

Гол маж на возраст од педесетина години утринава прошетал низ центарот на Охрид во термин кога низ градот имаше странски делегации учесници на „Преспа форум дијалог“.

Граѓанин испратил фотографии до порталот СКД од прошетката на голиот маж по охридскиот плоштад.

Од охридската полиција за порталот СДК изјавиле дека станува збор за граѓанин кого го познавале од порано од слични инциденти, кој бил пријавуван. Од полицијата велат дека порано мажот шетал по танга, но сега соосема се соблекол.

Во Охрид се одржува „Преспа форум дијалог“, настан на кој учествуваат политичари од целиот свет, а таму е и целиот македонски државен врв.

Ципpac cpeдe Oxpид до 3aeв: Tpeба да менyвате yчебници и имиња на jaвни cyбjeкти доколкy caкате напpeдок кон ЕУ

Алексис Ципрас, кого Заев го нарече добар пријател и на приватен план, среде Охрид му изрази незадоволство на македонскиот премиер поради нецелосната имплементацијата на Преспанскиот договор – објави “>”АЛФА ТВ”

На одбележувањето на три години од неговото потпишување, тој порача дека Македонија ќе мора да ги менува имињата на јавните субјекти, но промена ќе биде потребна и во учебниците доколку сакаме напредок кон Европската унија. Меѓу јавните субјекти е Фудбалската федерација на Македонија, која според ставот на Ципрас веројатно ќе мора да си ја запише и додавката Северна, иако тоа не пропишано со договорот потпишан во Преспа пред три години, бидејќи не добива буџетски пари.

-Имплементацијата на договорот треба да продолжи доследно, особено со имињата на јавните субјекти и промената на школските книги. Единствениот пат за да продолжиме напред е да продолжиме да градиме доверба меѓу нас. И се разбира ова е патот за да продолжи интеграцијата на Македонија, изјави Ципрас.

Премиерот Заев можеби не очекуваше дека од грчкиот гостин ќе добие ваква порака, па пред Ципрас да се обрати, со суперлативи за нивното пријателство, за помошта која си ја давале еден на друг при постигнувањето на Преспанскиот договор, за тоа како внимавале како истиот ќе биде прифатен во јавноста и во институциите кај другата страна. Инаку, освен пријателот на Заев, кој во моментов е лидер на опозицијата кај јужниот сосед, во Охрид на одбележувањето на овој, според нашиот премиер историски договор, не дојде грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а не се појави ниту еден друг владин функционер од Атина.

-Како би постигнале едно такво огромно големо решение како што е Преспанскиот договор, ако не постои искрено пријателство и затоа овде се поставуваат две важни прашања. Што е ако не е пријателство кога водите грижа за другата страна, за вашиот политички партнер со кој што разговарате и преговарате, водејќи грижа за неговите позиции, за тоа како тој ќе го објасни тоа дома пред својот народ, пред своите институции можното решение. И обратно, изјави Заев.

Македонија го промени името на државата, ги промени имињата на државните институции, беа брусени и шахти. Едноставно, додека Македонија исполнува речиси се од она што го потпиша во Преспа, јужниот сосед не се покажува ни на она малку што е негова обврска. Иако во договорот е запишано дека на патоказите во Грција ќе стои новото име на државата, сепак таму не можеме да видиме збор Македонија, го гледаме само името на нашиот главен град Скопје.

Матеја Петровски

ВИДЕО прилогот погледнете го <a href=”https://alfa.mk/prijatelot-czipras-srede-ohrid-do-zaev-treba-da-menuvate-uchebniczi-i-imina-na-javni-subjekti-dokolku-sakate-napredok-kon-eu/”>ТУКА

Секоја чест! Акцијата на Sport Life “Навиваме заедно за Македонија” обезбеди над 700.000 ден. за Центарот за деца со ayтизам во Oхрид

Хуманитарната акција на Sport Life „НАВИВАМЕ ЗАЕДНО ЗА МАКЕДОНИЈА“ која траеше од 11-ти до 21-ви јуни, обезбеди вкупно 712.500 денари, средства наменети за поддршка на Центарот за рани интервенции и третман кај децата со нарушувања од аутистичниот спектар, во Охрид.

Во деновите додека навиваме за нашата репрезентација на ЕУРО2020, Sport Life својата поддршка ја изрази со издвојување на средства за донација од секој уплатен тикет со одигран натпревар со македонската репрезентација.

„За нас во Sport Life, спортскиот живот и општествената одговорност секогаш одат заедно. Заедно навиваме и заедно со нашите играчи и членови овозможивме да се соберат над 700.000 денари за подобрување на животот и условите за третман на лицата со аутизам. За таа цел го потпишавме договорот за донација со Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“ која што ќе биде наменета за нивниот центар во Охрид.“, изјави Емил Димитров, извршниот директор на Sport Life.

„Во Охрид, во рамки на ЈЗУ Општа Болница Охрид, на крајот на 2019 година беше отворен Центар за рани интервенции и третман на лица со нарушувања од аутистичен спектар, кој во текот на оваа година успеа да опслужи 80 деца.

Проблемот со кој се соочувавме при функционирањето на Центарот, беше непостоењето на директен влез во просториите на истиот. Тоа беше огромен проблем за сите засегнати страни, а со почетокот на пандемија која сѐ уште трае, овој проблем стана уште поголем. Единствено решение беше изведување на надворешни скали кои ќе водат директно до Центарот. Меѓутоа, тоа беше инвестиција која ние како непрофитна организација не бевме во можност да си ја дозволиме и оттука нашата огромна благодарност до Sport Life, за нивната донација која тоа ќе го овозможи.“, беше истакнато од Весна Стојановска од здружението „Во мојот свет“.

Здружението „Во мојот свет“ успешно работи веќе 10 години, а неговите активности се насочени пред сѐ, во обезбедување на центри за рани интервенции и третман на деца со нарушување од аутистичен спектар, како во Скопје, така и во останатите градови низ Земјата и дневни центри за престој на возрасни лица. Засега, вкупно 4 центри во земјата функционираат под раководство на Здружението.

Sport Life, како и досега така и во иднина останува отворен за соработка со сите институции и организации за остварување на општествено одговорни проекти и цели во сите области на нашиот живот.

Aпceње на Гpaдcкото шеталиште во Битола

На 02.07.2021 од страна на полициcки cлyжбеници пpи СВР Битола во yгocтителски обjeкт на Гpaдcкото шеталиште во Битола бил лишен од cлобода Б.Ж.(27) од Битола, кај кого при преглед бил пpoнajдени и одземен kokaин.

По докyментиpaње на cлyчajoт пpoтив него ќе биде поднeceн cooдветен поднecoк – информираат од МВР.

Eве кои прилепчани добија субвенции од општината за набавка на инвертери и велосипеди

Општина Прилеп ја објави листата на баратели кои го оствариле правото на субвенционирање за набавка на грејно тело инвертер и купување на велосипеди.

Врз основа на предлогот на Комисиите за спроведување на постапка за субвенционирање / надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за набавка на ГРЕЈНО ТЕЛО СО ИНВЕРТЕР и купување ВЕЛОСИПЕДИ за 2021 година, а во согласност со Јавниот повик од 2021 година, „Правилникот за користење на финансиски средства од буџетот на Општина Прилеп за субвенционирање / надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за набавка на грејно тело со инвертер за 2021 година“ со број 09-595/33 од 15.03.2021 година (Службен гласник на Општина Прилеп бр.3/2021) и Одлука за измена и дополнување на Одлуката за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција / надомест на дел од трошоци на граѓани на подрачјето на Општина Прилеп  за набавка на грејни тела со инвертер за 2021 година како и „Правилникот за користење на финансиски средства од буџетот на Општина Прилеп за субвенционирање / надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување на велосипеди“ со број 09-595/31 од 15.03.2021 година (Службен гласник на Општина Прилеп бр.3/2021), и Одлука за измена и дополнување на Одлуката за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција/надомест на дел од трошоци на граѓани на подрачјето на Општина Прилеп за купување на велосипеди за 2021 година донесена на 58-та седница на Совет на Општина Прилеп на ден 29.06.2021 година,  Општина Прилеп објавува Финална листа на баратели кои го остваруваат правото на субвенционирање / надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за набавка на ГРЕЈНО ТЕЛО СО ИНВЕРТЕР и купување ВЕЛОСИПЕДИ за 2021 година.

Баратели кои ги исполнуваат условите за субвенција – ГРЕЈНИ ТЕЛА СО ИНВЕРТЕР

Баратели кои ги исполнуваат условите за субвенција – ВЕЛОСИПЕДИ

Се комплетира листата со кандидати за гpaдоначалници: Еве кога ќе бидат објавени првите имиња

СДСМ на 13 јули ќе ги објави првите 20-тина кандидати за градоначалници, а ВМРО-ДПМНЕ веќе има дефинирано 15-на комплетно нови имиња и до средината на месецов ќе соопшти уште толку.

Двете партии за своите кандидати сметаат дека се фаворити. Според генералниот секретар Љупчо Николовски, СДСМ ја креира најдобрата понуда за секоја општина, додека според лидерот Христијан Мицкоски, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ ќе победат зашто во споредба со оние од СДСМ имаат што да понудат.

Како што рече Николовски на брифинг со новинарите, СДСМ во изминатиот период го засили присуството на терен под слоганот „Најдоброто“. Партијата завршила со истражувања, анкети и анализи за 20-тина општини, по што се очекува во наредните десетина дена да финишираат постапките во општинските органзиации, а потоа ќе следи и јавно објавување на кандидатите.

-Ќе ја креираме најдобрата понуда за секоја општина на овие локални избори. Нашите анкети велат дека СДСМ е фаворит на изборите, имаме поголем рејтинг од ВМРО-ДПМНЕ и на ниво на лидери и на ниво на партии, истакна Николовски.

Според него, ако на тоа се додаде коалицискиот капацитет на СДСМ јасно е дека СДСМ е победник на изборите.

-Наши партнери во Владата се ДУИ и ДПА и очекувам на ниво на лидери да се случи средба на која ќе се дефинира принципот на соработка за локалните избори. На кој начин, во кој обем, во кои населени места, во кој круг и слично ќе зависи од договорот. Коалицијата на СДСМ е победник на изборите, порача Николовски.

Досега, додаде, има 562 кандидата за градоначалници и 4.530 кандидати за советници.

Повеќе детали за изборна соработка, како што беше речено на брифингот, ќе можат да се соопштат по лидерската средба Заев – Ахмети која се очекува идната недела. Заев веќе имал средба со лидерите од коалицијата на СДСМ и од нив не било најавено дека ќе имаат посебни кандидати за градоначалници.

-За локалните избори веќе имаме 15-на имиња дефинирано, уште толку до средина на јули очекуваме да бидат дефинирани како најсериозни каднидати, а конечно сите кандидати ќе ги објавиме во септември. Актуелните 15 имиња се сериозни фаворити зашто во споредба со потенцијалните кандидати од СДСМ се многу поразлични и имаат што да понудат и поради тоа, рече Мицкоски, ќе бидат победници, додае тој.

Мицкоски оцени дека по изборите ќе се сменат многу работи на политичката сцена.