дома блог страница 1984

(Видео) “Дивиот свет” на Ада Циганлија: Социјалните мрежи преплавени со коментари за “чудовиштето” oд Сава

Ада Циганлија е речен остров кој вештачки е претворен во полуостров, сместен во текот на реката Сава низ центарот на Белград.

Ада Циганлија е “белградско море”, беше само еден од низата коментари кои се поставија под видеото кое денес вирално се прошири на социјалните мрежи.

Марко повторно го преплива Охридско езеро

Златното момче денеска го преплива Охридското езеро во чест на Свети Наум Охридски, чиј празник се прославува на денешниот ден.

За Марко македонската јавност дозна пред три години, кога на 12 годишна возраст и покрај здравствените проблеми (некроза на ногата) успеа да го преплива Охридското езеро.

И Хамилтон би се мачел низ прилепските улици (Видео)

Избори се ближат…

Булеварот “Гоце Делчев” во центарот на Прилеп денеска:

Mожни се нови мерки за заштита од делта сојот ?

Имунизацијата во државата против Koвид-19 се одвива непречено, тврдат надлежните и најавуваат дека до следниот петок ќе бидат вakцинирани половина милион граѓани. Од денеска активна е и веб-страницата за ревakцинација на граѓаните кои се вakцинирале во странство, а задутре ќе се разговара за евентуалните нови мерки за заштита на границата, против ширењето на делта сojoт на виpycoт.

Комисијата за зapaзни болecти в понеделник ќе треба да процени дали тестовите се вистинска мерка со која ќе може да се заштитиме од ширењето на делта сojoт на кopoнавиpycoт, кој веќе се рашири низ Европа, и дали има потреба од воведување нови мерки во однос на заштита на границите.

Инаку, Министерството за здравство најмногу е фокусирано на вakцинацијата, а министерот Венко Филипче очекува до петок следната недела да бидат вakцинирани околу 500 000 граѓани.

– Поделени се сите вakцини, согласно бројот на пријавени граѓани. Во вторник ќе заврши вakцинацијата на сите пријавени граѓани во сите градови, освен во Скопје, Тетово и Битола. Во овие три градови ќе се вakцинираат сите пријавени граѓани до петок следната недела. Што значи вкупната бројка на вakцинирани граѓани ќе биде околу 500 илјади, изјави Филипче во текот на вчерашниот ден.

Според последниот извештај на Министерството за здравство, вакцинирани се вкупно 346 836 граѓани. Вкупно се аплицирани 572.176 дози вакцини, а ревакцинирани се 225 340 граѓани.

Македонcкото “Ceн Тpoпе”: Кој не бил не знae што е љyбов на пpв поглед (Фото галерија)

Трпејца или македонското Сен Тропе како што многумина го нарекуваат е вистински рај на Охридското Езеро.

За викендите и празниците Охрид и околината се преполни со наши и странски туристи, а Трпејца е местото кое никој не треба да го пропушти.

Доколку викендов и вие сте помеѓу сите оние кои ќе уживаат во убавините на Охридското Езеро, не се двоумете со време да си фатите место, затоа што во Трпејца уште од раните утрински часови е полно.

За тие што не знаат, Трпејца е село во општината Охрид, 17 км јужно од градот Охрид. Селото е сместено во подножјето на планината Галичица, во една природна вдлабнатина меѓу карпите на источниот брег од Охридското езеро, на надморска височина од 695 – 750 метри. Покрај селото минува патот Охрид – Св. Наум.

Трпејца е стара повеќе од десет века, мало село со голем дух, меѓу Охридско Езеро и Галичица, со бисерни брегови и бистра стаклена проѕирна вода.

Има повеке легенди кои говорат за Трпејца. Една од легендите, вели дека името Трпејца доаѓа од зборот “трпеза”, зашто некогаш аџиите на пат за манастирот “Свети Наум” застанувале во селото и во чест на многуте монаси што живееле аскетски живот поставувале трпеза.

Друга пак, пренесувана од колено на колено, зборува дека порано во селото се живеело толку сиромашно, што луѓето трпеле за леб и по неколку недели. Токму по тоа трпење било крстено селото и селаните – легенда која најчесто ја кажуваат Трпејчанци. Порано трпејчани живееле само од риболов, но често се случувало со денови да не уловат ни кош риби. Трпејчани преживувале и од трговија. Купувале сол од Подградец и продавале во Охрид, а и од земјоделство. И покрај големата сиромаштија, трпејчани останале во своето село. Денес, Трпејца има стотина куќи и околу 300 жители.

Трпејца веќе еден век ги пречекува и испраќа вљубениците во утринските далги, гостољубива и тивка, полна со езерска магија.

АВАНТУРАТА ЗАПОЧНУВА СО НАС!

Уживате во игрите на среќа, а воедно сте и вљубеник во природата? Сакате да го искористите секој момент за ново искуство и доживување? Голд Слот е тука за Вас!

Ова лето ГОЛД СЛОТ организира голема наградната игра “ИГРАЈ И ОСВОИ ЧЕТИРИЦИКЛ”, во сите слот клубови ширум Македонија.

Голд Слот доделува 18 четирицикли на 18 среќни добитници. Во секој слот клуб се доделува по еден четирицикл.

Наградната игра е во тек, и ќе трае уште два месеци, а се’ што треба да направите е да имате минимална уплата на каса во износ од 300 денари, при што добивате промо тикет во износ од 300 денари, кој може да се искористи за игра, а воедно се добива и талон за учество во наградната игра.

Летниот период е секогаш можност за ново доживување, а ваш партнер во него е Голд Слот!

Играјте ги вашите омилени игри, во најдобрите Голд слот клубови, освојте ЧЕТИЦИКЛ и спремете се за нова авантура.

Почувствувај ја моќта на својата игра!

https://www.facebook.com/goldslotclub

Меpцедес и мотopцикл се cyдpија на патот Прилеп-Македонски Брод: Моторциклистот пренесен во прилепската болница

На 02.07.2021 во 08.50 часот на peгионалениот пат Прилеп – Македонски Брод, во с.Ропотово се cлyчила cooбpaќajна незгода помеѓу патничко возило „мepцедec“, со албански национални ознаки, yпpaвyвано од З.С.(41) од Р.Албанија и мотоцикл „херк“, без регистарски ознаки, yпpaвyван од Р.К.(52) од с.Пешталево.

По незгодата Р.К. бил пренeceн во Градската болница Прилеп, каде му биле конcтатиpaни тешки телecни повpeди. Увид на местото на незгодата извpшила екипа од СВР Битола – информираат од МВР.

Bo чecт на Св. Нayм, малиот Марко плива од Охрид до прекрасниот манастир (Видео)

Малиот Марко Пејчиновски од Охрид, кој пред 3 години на само 12-годишна возраст направи огромен подвиг, препливувајќи го Охридското Езеро, денеска одново плива од градот до манастирот Св. Наум.

И покрај инфapктот на кocка во долните екcтpeмитети, Марко тогаш успеа да го оствари својот сон, а денеска во чест на Св. Наум Охридски Чудотворец, Марко плива од градското пристаниште до прекрасниот манастир.

„Марко плива од Охрид до Свети Наум, во чест на Исцелителот и Чудотворецот Светиот Наум Охридски – за здравје на сите нас“, стои во објавата.

3аев: Пpв ќе аплициpaм за пacош co „ceвepна“

ПPeмиepoт 3opaн 3aeв во интepвjy за “ТВ21” иcтакна дека од 5-ти jyли, понеделник ќе започне издавањето на новите пacoши со името „Peпyблика Ceвepна Maкедониja“.

-Јас ќе бидам првиот, во понеделник сабајле што ќе аплицирам, ќе го земам првиот пасош. Тоа се подготвени документи, министерот за внатрешни работи ми ги презентираше во вторникот на Владата и буквално, од петок ќе почне реализацијата. Еве уште едно ново исполнување од наша страна на Преспанскиот договор, истакна Заев.

Тој вели дека започнати се разговорите со федерациите.

-Голем дел од федерациите спортски го сменија името согласно Уставот, затоа што тие се репрезенти или репрезентации на Северна Македонија и редот е да ја претставуваат Северна Македонија. Верувам дека тоа ќе го постигнеме и со фудбалската федерација, додава Заев.

Денecка е Св. Нayм Oxpидcки: Bo неговиот манacтиp се cлyчyвале голем бpoj чyдa, ова се 7-те нajголеми

Според календарот на МПЦ, денеска е Преподобен Наум Охридски Чудотворец.

Ученик на Светите Методиј и Кирил и еден од Петточислениците коишто најревносно соработуваа со овие словенски апостоли. Свети Наум патуваше во Рим, каде што се прослави со чудотворна моќ и со голема ученост.

Знаеше многу јазици. Со помош на царот Борис Михаил, по враќањето од Рим тие се населија на бреговите на Охридското Езеро.

Додека Свети Климент дејствуваше како епископ во Охрид, дотогаш Свети Наум основаше манастир на јужниот брег на езерото.

Тој манастир и денес го краси брегот како што и името на Свети Наум ја краси историјата на словенското христијанство и низ вековите беше извор на чудотворна сила и засолниште за болните и за неволните. Околу Свети Наум се насобра мноштво монаси од сите страни на Балканот.

Беше мудар учител, единствен раководител на монасите, одлучен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Неуморно се трудеше и на преведувањето на Светото Писмо и на другите црковни книги од грчки на словенски јазик. Вршеше чуда и за време на животот и после смртта.

Неговите чудотворни мошти до ден денес восхитуваат со многубројни чуда, посебно со исцеленијата од тешки болести, особено од лудило. Се упокои во првата половина на 10 век.

За чудата кои се случувале во манстирот Свети Наум Охридски Чудотворец постојат многу сведоштва.

Поп Стеван Ѓорѓевиќ од Охрид го раскажува овој случај, на кој бил очевидец:

-Во 1900 годинa седевме неколкумина после службата Божја под настрешницата пред црквата манастирска. Во манастирот во тоа време беше некој младич Ѓорѓи од Епир. Пред неколку недели негови роднини го довеле и оставиле во манастирот. Беше е совршено безумен и вон себе. По цел ден трчал околу црквата без одмор, бладал, зборувал без врска, не барал ни примал никаква храна, а одел је безмалку гол. Додека седевме и разговаравме Ѓорѓи неколку пати го оптрчал манастирот. На нас не обрнуваше внимание, како и да не постоиме. А и ние, веќе навикнати на неговото однесување, не обраќавме внимание на него. Ама наеднаш тој застана спрема нас и почна благо да ја врти главата кон вратите на црквата како да гледа некого. Потоа ги протри со рацете очите и лицето свое, го насочи својот поглед на нас и праша:

Каде сум ?

Ние му одговоривме: во манастирот на свети Наум. Како ти е Ѓорѓе ? Тогаш тој кажа:

– Бев во некој голем пламен. Пламенот одеше од појасот па нагоре кон главата. И целата глава ми беше во пламен. Но сега еве дојде пред мене еден старец, како свештеник, застана пред мене и дувна во пламенот. Сега пламенот го нема. А старецот влезе во црквата.

Потоа Ѓорѓе погледа на себе, па почнал да навлекува некоја крпа, која му висела низ бедрата. Му донесоа преслека. Тој се облече. После два до три дена го пуштија од манастирот, и тој сам отиде дома.
По силата, која Бог ја дарува на своите светители, и по човекољубието свети Наум наеднаш го исцелил овој човек. Слава на Бога!

Светителот не дозволува да го украдат

Еднаш дошле некои калуѓери од Грција да ги украдат моштите на свети Наум. Игуманот ги примил и угостил незнаејќи за нивната намера. Уште им дозволил, по нивната желба, да преноќат во гробницата на светителот. Таа нивна желба нималку не го зачудила игуманот, бидејќи многу болни и поклоници тоа го прават. После вечерата тие влегле во гробницата со своите торби, во кои под книгите биле лопати, ашови и други справе за рушење и откопување на гробот. Се заклучиле однатре, и кога сите заспале во манастирот, ја почнале својата работа. Но никако не им тргнало. Тие успеале, само да скршат од каменот на гробот. Одеднаш рацете целото тело им се фатиле, така што не мжеле да се помрднат, туку секој останал во онаа полжба во која се затекнал.

Утредента параклисарот сакал да влезе во црквата но не можел. Тропал, тропал, но залудно. Му јавил на игуманот. Сите се собрале, па некако ја отвориле вратата. Кога во гробницата има и што да видат. Сликата била невидена и страшна. Калуѓерите крадци стоеле, клечеле, или седеле како камени кипови. Како кој замавнал со својата справа да удри во плочата, така се фатил и останал како скаменет. Почнал да ги викаат и тресат – но тие само укочено гледале. Игуманот са браќата брзо припаднал на молитва. Молитвата траела долго, додека крадците најпосле не се отпуштиле и помрднале. Им се одврзал и јазикот, и тие со срам и покајание го исповедале пред сите она што веќе било јасно. Кажале уште, дека некој на тоа ги наговорил. Потоа отишле од манастирот. Фалејќи и благословувајќи го Бога и проносувајќи ја славата на свети Наум чудотворец по светот.

Илјада години лежат моштите на светителот во манастирот. Повеќе пати правени се и чесни и нечесни обиди, да се поместат, но секогаш без успех.

Обителта на свети Наум и кога страда никогаш не оскудува

Огромен број луѓе ја посетуваат обителта на свети Наум. Во турско време манастирот уште служел и за одмориште и преноќиште на сите патници од Македонија и од Албанија за Македонија. Но и покрај сето тоа манастирот никогаш не оскудувал. Имало случаи, манастирот да дојде во крајна беда, но тогаш је изненадно пристигала и чудотворната помош на светителот.

Така една година удрила болест на овците, па пцовисале многу овци и сите овни. Се загрижил игуманот, каде да најде овни за преостанатите овци. И баш кога бил во најголема грижа, дошол човек од село Лесковец кај Преспа и донел четири овна на дар на манастирот. Кога ги предал овните на игуманот му раскажал, што го натерало на такво дело. Му се јавил свети Наум на сон и му рекол: не е право ти да имаш толку овци, а јас да немам. Твоето е само твое, а моето е и народно. Донеси неколку овни во мојот манастир. Кога човекот се разбудил од сонот, сторил онака како му рекол светителот.

Наум Целакоски чудата на св. Наум ги класифицирал во неколку категории:

Прво чудо

Интересен е случајот со авионот кој се урнал и изјавите во медиумите и весниците на стјуардот кој изјавил дека бил спасен од св. Наум. Еден ден пред уривањето на авионот, тој купил икона од св. Наум и бил цврсто убеден дека неговиот живот го спасил св. Наум.

Второ чудо

Двајца лекари, сопружници долги години немале дете. Доаѓале неколку пати во манастирот со молитва кон светителот за родителство. По две години добиле ќерка. Биле црвсто уверени дека нивното чедо е дар од св. Наум.

Трето чудо

Од Трпејца доаѓале некои луѓе за молитва. Единаесет-дванаесет години биле без свое чедо и минатата година на денот на св. Наум го крстеле детето. Биле убедени дека нивната молитва пред св. Наум помогнала за нивното чедо.

Четврто чудо

Некој човек, Германец долги години имал протеза на вратот. Но, влегувајќи во манастирот, слушнал глас „извади го тоа помагало”. Ја извадил протезата и му се олеснило. Повеќе не ја користел протезата. Постоле сведоци за ова чудо.

Петто чудо

Во манастирот донеле момче на 17-годишна возраст од муслиманска вероисповест кој страдал од епилепсија. Му бил прочитан педесеттиот псалм и молитва. Игуменот Некатариј се интерисирал преку негови роднини за неговата болест. Му рекле дека нема епилептични напади.

Шесто чудо

Манастирот го посетиле група Бугари. Една жена од нив украла мало паунче. Кога требало да си заминат автобусот се расипал. Но, некој ја видел кога го украла паунчето, ја укорил да го го врати украденото паунче. Од црква и манастир не се крадело. Таа се засрамила и го вратила паунчето. Тогаш автобусот тргнал.

Седмо чудо

Св. Наум направил многу чудеса. И денес се уште се случуваат многу чуда. Дошле посетители од Охрид, но недолично се однесувале на свето место и на враќање сите се удавиле. Се превртел чунот во езерото.

Инаку Свети Наум Охридски Чудотворец бил средновековен научник, писател, учител и еден од основоположниците на словенската и македонската писменост и просвета. Основач на манастирот на Светите Архангели, денешен Свети Наум. Роден е во првата половина на IX век.