дома блог страница 1983

Николов откpива: Мypињо му се јави на Пандев и почна да плаче, се pacплакавме и ние” (Видео)

Македонските вљубеници во фудбалот, но и голем број светски фудбалски имиња емотивно го дочекаа заминувањето на легендарниот Горан Пандев во репрезентативна пензија.

Гранде Пандев доби честитки од сите страни, а еден од нив бил и поранешниот тренер на Македонецот од времето поминато во Интер, Жозе Мурињо.

Во емисијата „Лазаров“, интересна изјава имаше репрезентативецот Бобан Николов кој откри дека португласкиот стратег се расплакал при видео-повик со Горан Пандев.

„По дуелот со Холандија се упативме со автобусот во хотелот. Кога стигнавме, во тој момент Мурињо го побара на Горан преку видео-повик. По краток разговор Мурињо се расплака. Почнавме да плачеме и јас и Стефан Ристовски… Беше многу емотивно, кога една легенда како Мурињо се обраќа на тој начин…”, изјави Бобан Николов.

Ученикот од Штип на кој MOH одби да мy даде нагpaдa, и’ донece злато на Maкедониja

Дамјан Давков, талентираниот осмоодделенец од Штип, освои злато на Јуниорската балканска математичка олимпијада –ЈБМО, чиј домаќин беше Молдавија.

-Во нашиот тим членувале и Миша Веселински и Михаела Смилевска, под лидерство на професорите Делчо Лешковски и Борче Јошевски (заменик-лидер). Набљудувач на нашиот тим бил проф. Д-р Ѓорѓи Марковски.

Екипата се натпреварувала виртуелно во просториите на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, а учеството го организирал Сојузот на Математичари на Македонија. Веста за освоеното злато на Давков, ја сподели на социјалните мрежи неговата мајка Никица Давкова.

Младиот математичар се најде во центарот на јавноста на почетокот на годинава, кога освои прво место на државен натпревар по математика, а од МОН не му ја доделија паричната награда, бидејќи и покрај освоеното прво место не му следувала, затоа што бил ученик во основно, а истата им следувала на ученици во средно образование.

Aкциcка на MВР на подpaчjeто од СВР Битола: Kaзнети 248 возачи во еден ден

Во периодот од 02 до 04.07.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена зacилена контpoла во облacта на cooбpaќajoт.

При тоа било конcтатиpaно дека 163 возачи yпpaвyвале возила со бpзина поголема од дозволената, 48 возачи yпpaвyвале возило без возачка дозвола, 10 возила биле со измината peгиcтpaциja, седум возачи разговарале на мобилен телефон, 20 возачи yпpaвyвале возило под дejcтво на алкoxoл и истите се иcклyчени од cooбpaќaj.

За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

Филипче: Hие од СДCM ги пpeпознаваме виcтинcките пpoблеми и ги peшаваме

Овие средби не се почеток на кампања, овие средби се за да го слушнеме гласот на граѓаните, да видиме што мислите, да го споделиме информации, затоа што така сакаме да креираме и да ги водиме политиките, инклузивно, да слушнеме кои се проблемите и предизвиците со кои граѓаните се соочуваат и заедно да најдеме решенија, истакна во Охрид на трибината на СДСМ под мотото „Најдоброто за нашата општина“, потпретседателот на СДСМ Венко Филипче.

Тој истакна дека вака инклузивно СДСМ ги води политиките во здравството, со граѓанските здруженија за ретки болести, со здруженијата на пациентите, млади специјализанти, студенти по медицина, лекарската комора, со сите што знаат ги знаат проблемите и знаат како да се решат.

-Минатата година се соочивме во криза, која никој никаде во светот не ја очекувал ниту знаеше како да ја менаџира, но со тимска и пожртвувана работа, како одговорна и транспарентна власт не дозволивме ниту еден пациент да остане без соодветно болничко лекување, истакна Филипче.

Тој нагласи дека се зголемија платите на лекарите специјалисти од 60.000 на -85. До 160.000, на медицинските сестри од 19.000 и 25.000 на 25.000 и 33.000, , дадовме 5000 согласности за вработувања за 3 години не оставивме млад лекар да си оди од државата.

-Вака ги креираме политиките, ги препознаваме вистинските проблеми ги решаваме напластените проблеми, истакна во Охрид на трибината на СДСМ под мотото „Најдоброто за нашата општина“, потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Joванocки пpeд Cyгapecки на внатpeпapтиcките анкети?

Веќе втора недела како владее тотален paздор во СДСМ Прилеп, најмногу поради кандидатурата на aктуелниот градоначалник Илија Јованоски за втор мандат.

Одличниот пи-ар потег со обзнaнувањето на својата желба, според внатрепартиските информации направило проблем во другите три табори, кои сега се двоумат дали до донеска кога е последен рок да поднесат кандидатура.

Втор и основен проблем било тоа што во вкрстената анкета со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, разликата била трократна во корист на опозиционерите (опозиционерите 63%, наспроти 21% за власта).

Во внатрепартиската битка Јованоски водел со 20.1, пред Сугарески со 18.2% и Талески со само 9%?

Оваа лимбо состојба во ОО СДСМ се очекува да ескалира до август со страшен конфликт меѓу веќе раскараните табори, кои меѓусебно веќе се шиканираат и на локалните трибини.

Инаку актуелниот градоначалник Илија Јованоски, пред десетина дена се заблагодари на поддршката за неговата кандидатура за втор мандат.

Вчера пак, ТВ 24 излезе со информација дека актуелниот директор на Царинската управа, Горан Сугарески е можен кандидат за прв човек на општината.

Што и како ќе се случи, останува да видиме во периодот кој следи пред нас.

Прекрасниот манастир во Беранци на Иванден широко ги отвара портите за верниците: Посетете ја оваа пелагониска убавина

Беранци е село Пелагонија и припаѓа во Општина Могила. До селото најлесно се стигнува по стариот пат Прилеп-Битола и се наоѓа на 17 километри од Битола.

Селото најпрвин запишано како Беранци се сретнува во 1468 година во турски документи. Се верува дека името потекнува од личното име Беран.

Всушност, легендата вели дека прв во месноста се населил некојси Беран (или Берон) од струшкото село Вевчани, кој избегал од налетот на Турците. Тука тој создал семејство и започнал да живее.

Селото е рамничарско, на надморска височина од 640 метри и е сместено од левата страна на патот Битола-Прилеп.

Беранци е поголемо село сместено помеѓу планинската падина на Древеник на запад и рамнината Пелагонија на исток. Околни села се: Долно Српци, Вашарејца и Могила.

Беранци е македонско село и според последниот попис во селото живееле 445 жители.

Над селото се наоѓа преубавиот манастир Свети Јован Крстител или познат како Беранечки манастир.

Црквата била осветена на 2 август 1879 година, поточно на верскиот празник Илинден.

Токму за Иванден манастирот ја слави една од своите слави, а портите на храмот ќе бидат отворени за сите верници и добронамерници.

По повод празникот ќе се одржат свети литургии, на 6 (вечерна) и 7 јули (утринскаа), а ќе има и пригодна музичка програма.

Од црковниот одбор упатуваат покана до сите кои сакаат да го посетат прекрасниот манастир да дојдат за Иванден, да запалат свеќа и да се помолат за своето и здравјето на своите најблиски.

Што сакаат Македонците, а не сака СДСМ преку резолуцијата?

ВМРО-ДПМНЕ во следните денови во Собрание ќе го предложи текстот на предлог резолуција која што ги дефинира македонските државни позиции за евроинтеграции, но исто така и позиции по однос на било какви негирања на македонскиот јазичен, културен или национален идентитет, бидејќи тоа е спротивно на европските вредности.

Незнаењето и неодговорноста на Владата создаде нов спор и проблем во последните 3 години. Од ден на ден овој спор се продлабочува, а Влада секојдневно тргува со идентитетските обележја, историски периоди, македонски херои, македонскиот јазик.

Бугарските позиции се содржани во бугарската декларација изгласана во бугарското собрание. Но, кои се позициите и црвените линии на Македонија?

ВМРО-ДПМНЕ вели неопходен е национален и општествен консензус, да се знае од што не смееме да отстапиме, што е тоа за што Владата не смее да преговара, и она за што не смее да се прави компромис. Државата е на сите граѓани, и сите мораат да знаат за државните решенија.

Предлог-резолуцијата не е авторски текст на ВМРО-ДПМНЕ, туку во неа се содржани јавните ставови на МАНУ, УКИМ И МПЦ ОА – Јустинијана Прима.

Преговорите да се водат на рамноправна и принципиелна основа, со должно почитување на меѓународното право, без никакво условување од едната или од другата страна и со почитување на достоинството на македонскиот народ.
Да се почитуваат безрезервно сознанијата на македонските општествени, хуманистички и културолошки науки во врска со автохтоноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет, повторувам континуитет.

Да се уважуваат сознанијата, утврдените факти, усвоените теории и емпириските истражувања на современата светска славистика, лингвистика, историографија и меѓународното право, според коишто:
Македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат свој просторен континуитет и свој временски континуитет.

Македонскиот идентитет го црпи својот легитимитет од повеќевековните традиции, преданија, обичаи, колективна меморија, менталитет, јазикот, артикулираната свест за етнокултурната посебност, колективниот интегритет, почитта кон традиционалните религиски институции и наративот за припадноста на одреден географски и историски простор.

Споделените места на меморија на балканските и медитеранските простори подразбираат инклузивен однос, а не ексклузивно присвојување на историјата и традицијата, понатаму подразбираат интелектуална слобода, а не робување на анахроните историски стереотипи и илузии, не културен и историски хегемонизам.

Процесот за евроинтеграција на нашата држава да продолжи во духот на меѓусебно почитување и уважување на вложените напори од наша страна за исполнување на критериумите.

Да се применуваат позитивните и општоприфатени меѓународни Конвенции и Декларации на ОН за правото на самоопределување и за човековите права и слободи.

Да се почитува безусловно слободно изразената волја на македонскиот народ, неговата етничка и духовна посебност.

Сама си објави: Kapлeyша се cтpyполи во xoтелcката соба во Oxpид (Видео)

Пејачката Јелена Карлеуша објави хит видео од Охрид, каде вчера отпатува за да го одржи првиот настап по долга пауза поради коронавирусот.

Имено, таа на нејзиниот профил на Инстаграм објави стори од хотелската соба каде што беше сместена, во кое можете да видите како се загрева пред настапот.

Облечена во тесно трико и високи потпетици, Јелена реши да испроба неколку движења на еден од луѓето од нејзиниот тим и заврши на подот.

Кареуша падна на задникот, а човекот кој се обиде да го „нападне“, брзо и помогна да стане од земја.

3a УEФA Cejдини и Поповcки по националнocт се Ceвepномакедонци

На официјалниот сајт на УЕФА, каде се претставени федерациите, покрај името Фудбалска федерација на С.Македонија, Претседателот Сејдини, и генералниот секретар Поповски се по националност – Северномакедонци! – објави “ЛИДЕР”

Неверојатно како никој од Фудбалската федерација на Македонија, за која и Министерот за Надворешни работи и Правда потврдија дека нема основ за промена на името, не реагираат на оваа промена. Уште помалку не реагираат за непостоечката националност, која изгледа полека се одомаќува и наскоро од колоквијално ќе премине во официјално.

Дали надлежните во МНР планираат да реагираат или пак ќе остават повторно дипломатската стихија да си го одработи своето – да не реагира на непочитувањето на Преспанскиот договор, и полека со сигурност да бидат сведоци на вештачко креирање на нова, и воедно непостоечка нација – Северномакедонска?

МВР: Апасиев нема пратенички имунитет за полициска контрола

Министерството за внатрешни реакции во денешната реакција вели дека пратеникот Димитар Апасиев нема имунитет во случај кога полицаец го сопрел неговото возило и сакал да му го пребара, за како што претходно рече пратеникот, да не има евентуално недозволени супстанци во истото.

-Полицискиот службеник нема обврска да издаде записник доколку проверката не покажува прекршок. Јавните функционери избрани како народни претставници треба да се првиот пример за граѓаните и да ги почитуваат законите, наместо да злоупотребуваат пратенички имунитет и да се повикуваат на привилегијата која им ја гарантира функцијата. Униформиран полициски службеник при редовно вршење на своите работни задачи, побарал да изврши контрола при управување на патничко возило, во случајот со употреба на дрегер.

Оваа реакција на МВР следува по објавата на пратеникот од Левица кој бил запрен од полициски службеник на патот Скопје-Штип.

Па тука би било добро да напоменеме на Законот за полиција односно на Член 33 Став 1 кој гласи: Полицискиот службеник во униформа при примена на полициските овластувања, е должен да се легитимира.