дома блог страница 1978

Сугарески ги закачи копачките од царина. Се предомисли, сега сака да е градоначалник

Поранешниот министер за транспорт и врски во владата на СДСМ и сегашен директорот на Царинската управа, Горан Сугарески ја поднесе својата кандидатура за градоначалник на Прилеп и очекува да ја добие довербата од неговите сопартијци.

– Почитувани сограѓани, драги мои Прилепчани, од секојдневните контакти со Вас, Вашите сугестии, размислувања, иницијативи, заклучив дека Ви го должам мојот максимален ангажман, дека сега сум најпотребен меѓу своите, во период кога предизвиците се најголеми! Денес објавувам дека влегувам во демократска трка за кандидат за Градоначалник на Општина Прилеп на локалните избори. Доколку ја добијам довербата на моите сопартијци, сигурен сум дека како кандидат на СДСМ, заедно со жителите на нашата Општина Прилеп ќе оствариме заедничка сенародна победа! Победа на која ќе бидеме горди!

Зошто го правам ова сега, неколку месеци пред локалните избори? Затоа што сметам дека на еден град херој му личи да биде пример и предвесник на новата скала во демократскиот развој. Јас целата своја досегашна политичка кариера ја поминав како политички фајтер, но кој никогаш не задавал удари под појас! Затоа сметам дека е единствено исправно и политички коректно на истекот на 6 месечниот мандат на в.д. директор да прекинам да ја обавувам јавната должност во Царинската управа.

Не сакам да оставам ниту трошка сомнеж дека на било каков начин ќе го злоупотребам моето учество во извршната власт за да влијаам на постапката за избор на кандидат за градоначалник. Внатрепартиската процедура не смее да има ниту една дамка. Длабоко сум убеден дека ова е логичен и принципиелен демократски исчекор во една модерна, транспарентна и супер демократска партија како СДСМ. Тоа значи дека од 11 јули јас се враќам на моето работно место во Општина Прилеп! Нека победи најдобриот! Ако членството на Општинската организација на СДСМ Прилеп и централното партиско раководство ја даде довербата на друг кандидат, бидете сигурни дека ќе му ја дадам мојата безусловна подршка и ќе трчам како да сум јас!, соопшти Сугарески.

И’ ја даде картичката да троши колку сака, само ако успее да искине македонска 10 денарка (Видео)

Момче од Хрватска и ја понуди својата кредитна картичка на неговата сестра, доколку успее да искине банкнота од 10 македонски денари

Проба и со заби и пак ништо…

3acтpaшyвачка cитyaциja: Hoвинapка кoja извecтyваше во живо, се cooчи co cмpтна закана (Видео)

Новинарка од Северна Каролина доживеа вистински шок за време на известувањето во живо, кога мостот на кој таа стоела одеднаш се преполовил.

Амбер Робертс застанала на мостот со снимателот кон крајот на минатата година и известувала за поплавите што се случиле по силното тропско невреме Ета.

Во еден момент, можете да видите како мостот се преполовува, луѓе бегаат во спротивна насока, и може да се чуе ненадеен крик на новинар.

– Ова е неверојатно застрашувачко – извика новинарката додека дел од мостот се рушел.

Во тој момент, тимот се повлекол, а новинарката рече дека пред неколку секунди стоеле на истото место каде што мостот бил преполовен.

УХМР предупредува: Следува невреме со силен ветер и пороен дожд

Времето утре ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град. УВ=8

Времето во недела ќе биде променливо облачно, од пладневните часови ќе биде нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град.

Во понеделник времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со Пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер.

Во вторник времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Денес ќе се задржи сончево и многу топло. Кон крајот на денот наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во деновите од викендов околу пладне и попладне ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град.

Концерт на Чалгија Саунд Систем на летната сцена од ЦК “Maрко Цепенков” во Прилеп

На 10 јули 2021 / сабота/ од 20.30 ч. на летната сцена од ЦК „Марко Цепенков“ концерт ќе одржи групата Чалгија Саунд Систем.

Концертот е во рамките на годишната програма на Центарот за 2021 година, поддржана од Министерството за култура.

Групата Чалгија саунд систем, формирана во 2008 година има за цел да одржи чалгискиот израз, проучувајќи го богатото наследство од мелодии и форми , кои составот ги изведува доследно и верно на традицијата, а од друга страна, да го земе чалгискиот израз како основа за создавање на современа музика која е во духот на чалгиската традиција, со што на одреден начин и ја продолжува традицијата.

Има издадено неколку албуми и реализирано бројни концерти.

Boнpeдна вecт: Лекapcки тим заминyва за Гевгелиja, инфициpaни 50 дeцa

Тим лекари од Скопје итно утре заминува за Гевгелија да се испита од кој вирус однесе во болница 50 деца со респираторни инфекции.

Ова вечерва го објави новинарот на Телма Боби Христов.

Засега нема детални информации за каква инфекција се работи.

СДСМ го изгуби мнозинството: ЛДП гласаше во корист на опозицијата

Антонио Милошоски на својот фејсбук профил соопшти дека ЛДП гласаше во корист на опозицијата, а СДСМ и Дуи ја напуштиле седницата за Комисијата.

„Денес на седницата на Комисијата за “Европски знаменца”, по барање на еколошките организации и групата О2, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, ЛДП и Алијанса гласаа (со 8 гласа ЗА : 7 гласа СДСМ и ДУИ беа против) да се симнат од дневен ред контраверзните предлог-закони

– Закон за управување со отпад и

– Закон за управување со пакување и отпад

со образложение дека прво е потребна широка јавна дискусија на овие теми, а потоа изјаснување во Собранието.

Пратениците од ДУИ и СДСМ нервозни дека беа надгласани, а се декларираат демек се “Зелени”, ја напуштија седницата на Комисијата“ напиша Милошокси.

Мицкоски: “Се додека сум во ВМРО-ДПМНЕ, Преспанскиот договор нема да биде завршена работа”

Не може да е завршен Преспанскиот договор, а ние да сме најкopyмпираната и нajkpиминалната држава во Европа и тоа на 111-то место сме. Не може да е завршен Преспанскиот договор бидејќи не сме земја членка на ЕУ. И не може да е Преспанскиот договор завршен се додека Тони го гледам дома и ми вика во очи, тато носи ме во Македонија, тој така го вика Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ. Не може додека постои ВМРО-ДПМНЕ да е завршен Преспанскиот договор, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисјата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.

Мицкоски додаде дека Преспанскиот договор нема да биде завршена работа, не може да му се дозволи тој што го поддржува договорот да му дадете право да кpaде.

„Не може вие да имате двојни стандарди, ако е некој пропреспа тогаш да му дадете дозвола за убивање, да прави што сака, даа кpaде, да пљачка, да нема реформи, да лаже. Не може. Тоа не го прифаќам“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски посочи дека тоа е не е дел од неговите вредности. Во Македонија не треба да имаме криминалци во политиката, да немаме корумпирани политичари. Во Македонија мора да владее законот и да има реформи.

Интересна апликација: Обидете се да му ги потрошите парите на Елон Маск

Интересна апликација која ви нуди можност да му го “потрошите” богатството на Елон Маск

Богатството му се проценува на неверојатни 164,000,000,000 $, a вие имате на располагање суперлуксузни добра од кои боли глава.

Ние успеавме да му потрошиме дури 2.6% од парите, а со нив купивме:

Пробајте и вие ТУКА

Имаме момче Македонче на Вимблдон: Младиот Калин се пласиреше во осминафиналето

Македонскиот најдобар тенисер, Калин Ивановски, успеа да се пласира во осминафиналето на јуниорскиот турнир на “Вимблдон”.

Калин успеа во второто коло да го порази Литванецот, Едас Бутвилас со 2-0 (7-6, 7-6 во сетови).

Ивановски во осминафиналето ќе игра со подобриот од мечот меѓу Бразилецот, Жоао Виктор Коуто Лоуреиро и домашниот тенисер Џак Пинингтон Џоунс.

Ивановски се натпреваруваше и во двојки, каде вчера за жал загуби. Македонскиот тенисер играше заедно со хрватскиот тенисер Мили Полјичак, а загубија од шпанско-јорданската двојка Ринкон-Шелбах со 2:0 (6:4, 6:4).