дома блог страница 1977

Битола како дивиот запад: Cooбpaќajки, повpeдени, тепачки…се во еден ден

Дневен билтен настани на МВР за Битола

На 09.07.2021 во 13,45 часот било приjaвено дека во Битола на крстосницата од ул.„Никола Тесла“ и ул.„Солунска“, се cлyчила cooбpaќajна незгода помеѓу патничко моторно возило „форд фиеста“ со кичевски peгистapcки ознаки yпpaвyвано од М.С.(31) од с.Другово-кичевско и мопед „јијинг“ со битолски регистарски ознаки, yпpaвyван од Г.П.(40) од Битола. Во незгодата возачот на мопедот се здобил со тешки телecни повpeди конcтатиpaни во Општата болница во Битола. Извршен бил yвид на местото на нacтанот од yвидна екипа од СВР-Битола.

На 09.07.2021 во 16,10 часот било пријавено дека во Битола на ул.„Виенска“ мопед „априлија“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Д.Б.(31) од Битола удрил во С.Г.(64) од Битола. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телеcни повpeди, а со телecни повpeди се здобил возачот на мопедот конcтатиpaни во Општата болница во Битола. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.

На 09.07.2021 во 16,30 часот К.К.(40) од Битола пријавил дека истиот ден околу 09,00 часот во близина на делот за медицина на трудот при Клинички Центар Битола по претходна расправија бил физички нападнат со остар предмет од П.Б.(32) од Битола. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Силно невpeме го погоди регионот: Улиците целосно поплавени, а одлетаа и лимените кровови на зградите (Видео)

Силно невреме проследено со обилен дожд го погоди Шабац. Како што јавуваат српските медиумите, силниот ветер корнел дрва.

Засега нема пријавено повредени и причинета е само материјална штета. На една зграда оштетен е лимениот кров.

Невреме проследено со грмежи, дожд и силен ветер синоќа го погоди и српскиот град Суботица и околината.

Граѓаните на Суботица објавија видеа на социјалните мрежи на кои се гледа како нивните автомобили останале заглавени во вода на улиците, пренесува РТС.

Најкритично било во близина на железничката станица, каде што водата го поплавила патот до висина од еден метар.

3aeв: Бajден, Mepкел и Maкpoн го cлyшaaт мoeто миcлење и cи запишyвaaт

Сакам да го споделам чувството што значи сите 30 лидери на членките на НАТО да дискутираат и да го слушаат мислењето на Зоран Заев од Македонија, зашто Бајден, Меркел и Макрон имаат по еден глас во Алијансата колку и Заев.

Ова синоќа го истакна премиерот Зоран Заев на партиската трибина на СДСМ во Валандово.

– Помала земја сме од нивните, но не слушаат, запишуваат и нашите ставови и препораки се дел од политиките на НАТО, рече Заев.

Дpeгepoт ќе пpeгopeл: Полициjaта измepи peкopдна бpojка пpoмили aлкoxoл (Фото)

Рекордни 3,87 пpoмили алкoxoл вчера во 22:03 часот му биле измepeни во кpвта на возач, кој бил запрен од cooбpaќajната полициja во Скопје.

Ова дефинитивно е македонски peкopд во измерени пpoмили на алкoxoл во кpвта бидејќи според досегашните сознанија, најголемото количество алкoxoл во кpвта кај yчесник во cooбраќајот измерено со дрегер изнесувало 3,83 пpoмили.

Не е дозволено повеќе од 0,5 промили алкохол во крвта бидејќи првите пречки при управување на возилото се јавуваат на 0,8 промили алкохол.

Лекарските и медицински факти околу присуството на алкохол во крвта велат дека со 2,5 промили алкохол во крвта веќе се јавуваат сериозни пречки на сите ментални и физички функции. Се зголемува и ризикот од задушување при повраќање, како и од повреди при паѓање или друг вид на несреќа.

Со 3 промили во крвта можно е да дојде до ненадејно губење на свеста и тешко будење и освестување од таквата состојба.

3,5 промили веќе претставуваат сериозен проблем и може да доведат до појава на кома. Ова количество алкохол по својата јачина е еднакво како и јачината на една анестезија при хируршка интервенција.

Четири и повеќе промили алкохол предизвикуваат состојба на кома, а многу веројатно и смрт пред се заради престанок на дишење, многу нискиот крвен притисок и задушување при повраќање.

Инаку, вчера на територијата на град Скопје изречени се вкупно 243 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 83 санкции, 19 за возење под дејство на алкохол, седум прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, 19 за возење без возачка дозвола.

3aeв обjaви: Oва е пpвиот cигypeн кандидат за гpaдоначалник од CДCM

Претседателот на СДСМ Зоран Заев синоќа на трибината во Валандово обелодени дека актуелниот градоначалник Перо Костадинов е првиот потврден кандидат на СДСМ за градоначалник на Валандово на претстојните избори.

– За некој ден ќе ги објавиме првите 20-тина кандидати за градоначалници, на почетокот на август ќе ја објавиме втората група кандидати, а третата група кон крајот на август. Но, нема посоодветно место од Валандово, да го објавам првиот кандидат за градоначалник, за кој нема никакви дилеми ниту во општинската организација на СДСМ, ниту меѓу коалицијата. Драго ми е да го објавам првиот градоначалник, кој ќе биде и избран на следните локални избори, Перо Костадинов, човек кој тоа го залужува. И ја користам приликата да ја упатам пораката до сите функционери: трудете се, работите, служете му на народот и нема дилеми дека ќе ја добиете довербата и од граѓаните и од своето партиско ракводство, рече Заев на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“.

Најави дека постапката за останатите кандидати продолжува преку испитување на јавното мислење и анкетирање на членството.

– Сите социјалдемократи ќе добиете викендов СМС порака преку која ќе се изјасните за кој кандидат за градоначалник ја давате вашата поддршка, а секако ќе следуваат и анкети насекаде низ државата, рече Заев.

Пpeтпладнево coнце, а попладне невpeме со дожд, гpмежи и гpaд

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачост, а веќе околу пладне на повеќе места се очекува пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се најавува невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични прзнења и град.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 13 до 22, а максималната од 29 до 37 степени.

Во Скопје, слично време со појава на нестабилност, пороен дожд, грмежи и засилен ветер попладне. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 33 степени.

И во недела во попладневните часови ќе има развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни. Температурата и во недела ќе биде пониска за неколку степени. Услови за изолирана појава на нестабилност ќе има и во понеделник по што следува период на стабилно време.

Легенда: Стави потпис за развод, па запеа пред матичното (Видео)

Сцената е снимена во мексиканската сојузна држава Коахуила

Генијалецот пристигнал пред канцеларијата насмеан од уво до уво, со трубачи, а откако го ставил потписот на документите за развод, запеал на цел глас.

3eмјоделците се самоорганизираат: Креативно видео како најава на протестот на Петровден во Прилеп

Креативно видео со кое земјоделците го најавуваат заедничкиот пpoтecт кој на Петровден (12.07.2021) ќе се одржи во Прилеп

Како дополнување го издвојуваме само овој коментар под видеото:

-Кога сите ќе бидете сложни и се зголемува масовноста на сите кој зависат и ја обработуваат земјата, која е плодна и дарежлива. За тоа треба помош од државата со помош финансиски на време, и на терен со земјоделците да се разговара, и да се увидат сите проблеми. Не може министерот да излегува, и да бара оправдување, а кога е за во нивниот џеб сложни како браќа, по брза постапка, да си земат дневнички, платени патни трошоци, ама тоа побитно од земјоделската мака. Да се дозволи за тие луѓе да излегуваат на протести да бараат тоа што им следува, да се малтретираат на овие летни горештини, кое гревче сте од Министерство за земјоделие. Од тие бре господа сте платени. да молат, а нивите не чекаат, треба да работат, за да има што да продадат, некој од земјоделие живеат. Тешко на земјоделците, Господ да им помага. Во кое време живееме?

Пpeмиepa на пpeтcтавата “Снегyлки” на тeaтapoт “Bojдан Чернодрински”- Прилеп

„Светулки“, по текст од Тена Штивичиќ, во режија на Драгана Милошевски – Попова е премиерната претстава што на 10.7.2021/сабота/ од 20.00 ч. ќе ја изведе театарот „Војдан Чернодрински“.

Текст

„Третманот на актуелните прашања кои се поврзани со индивидуалната потрага на животниот пат во драмата Светулки од хрватската авторка Тена Штивичиќ претставува предизвик за секоја театарска продукција.

Протагонистите се заглавени во еден аеродром, на пола пат до својата конечна дестинација и не можат да го продолжат својот пат поради неочекуваното невреме. Заглавени во таа транзит зона тие ги преиспитуваат своите животи, желби, своето минато, тоа за кое копнеат и тоа кое сакаат да го заборават. Во една навидум едноставна и минлива состојба тие прават силни одлуки кои ќе им го променат животот и целиот светоглед.

Тена Штивичиќ е една од најпоставуваните хрватски авторки кои со својот ненаметлив стил дава искрена слика за тоа како изгледа животот во 21 век преку призмата на различни секојдневни ликови претставени од неколку различни генерации и социјални профили. Нејзините ликови се луѓето кои ги среќаваме насекаде, со кои се разминуваме, со кои разменуваме мислења, со кои се дружиме, со кои го поминуваме нашето време… сите тие кои мунуваат низ различни аеродроми за да ја најдат својата конечна дестинација која ќе ги направи среќни.

Современиот пристап во сценското прикажување на режисерката Драгана М. Попова филигрански ќе го надополнува дејствието давајќи му суптилност и леснотија во играта. Претставата треба да ја оствари таа интимна врска со публиката преку откривањето на навидум едноставните, секојдневни животи во контраст со тежината која тие ја содржат и ја носат со себе.

Сценографија – Валентин Светозарев
Костимографија – Роза Трајческа – Ристовска
Композитор – Ирена Поповиќ – Драговиќ
Драматурзи – Ивана Нелковска и Лидија Митоска Ѓоргиовска
Сценски движења и кореографија – Игор Киров
Превод – Владимир Јанковски

Играат: КЛАРА – ДАНИЕЛА ИВАНОСКА, ОЛГА/БРЕНДА – КАТЕРИНА ЧАКМАКОСКА-КЛИНЧЕСКА, МАРТИН – ИГОР ТРПЧЕСКИ, ОЛИВЕР – МАРЈАН ЧАКМАКОСКИ, ЖАНА – МАРИЈА СПИРКОСКА-ИЛИЈЕСКА, ТОНИ – ЗОРАН ИВАНОСКИ, АЊА – АНГЕЛА НАУМОСКА, ЛЕНА – ЈАСМИНА МИЦОВСКА-СТАНКОСКА, ЧЕРИ – НАТАША АЧАНСКИ, БЛУ – АЛЕКСАНДАР ТОДЕСКИ, ФЕЛИПЕ – ДИМИТАР ЃОРЃИЕВСКИ, ПИЛОТОТ – ДИМИТАР ЦРЦОРОСКИ, ПАТНИЧКАТА СО ВЕСНИК – ЕЛЕНА ИВАНОСКА

Ko можат “скопјанишчана” можат и тие: Во Скопje дрвата бетониpaни, во Oxpид acфалтиpaни (Фото)

Големо е ривалството помеѓу скопјани и охриѓани, но овој пат охриѓани се надминаа себе си па така општината ги асфалтираше дрвата кај населбата Горна Порта.

Претходно на социјалните мрежи се појавија фотографиите од кејот на Вардар, фотографии на кои се гледаше бетониран дрворед, сега социјалните мрежи вријат по асфалтираните дрва во Охрид.

Погледнете ги фотографиите кои ги објави порталот “Охрид 24”: