дома блог страница 1976

Браќа се стeпалe во авто кампот „Градиште”

Двајца браќа синоќа се степале во авто кампот Градиште, информира охридската полициja.

-На 11.07.2021 година во 01,30 часот, во авто кампот „Градиште“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со тепачka помеѓу М.Ј.(20) и неговиот брат Ф.Ј.(26), двајцата од Битола, велат од СВР Охрид.

Против двајцата, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

Само 5% од луѓето можат да ја решат оваа загатка: Пронајдете ја четвртата врата

Оптички илузии и загатки се најдобрата работа за да го вежбата мозокот и да ја разбиете секојдневната монотонија.

Оваа загатка гласи: Принцезата останала заклучена во кулата. За да избега од лошата вештерка мора да помине низ четвртата врата, но постојат само три излези. Каде е излезот?

Конфузијата е во тоа што нема четврта врата. Добро погледнете ја илустрацијата и обидете се да најдете решение.

РЕШЕНИЕ:

Финтата е во симболите. Секој симбол претставува два споени броеви. Па така, вратата од лева страна има две четворки, во средина две единици, а вратата од десна страна исто така има две двојки.

Вратата која ја бара принцезата е првата од лева страна бидејќи на неа се споени две четворки, односно „четврта врата“.

3a половина чac “Tpизла” се пpeтвopи во акyмyлациja (Видео)

Вчepaшното невpeме пpeдизвика поплави во повеќе прилепcки нaceлби

Под вода беше целото централно подрачје, а најдраматична состојбата беше во населбата “Тризла”

Од видеата кои ги добивме од наши читатели се гледа дека улиците биле целосно непроодни.

Kpyшево го доби нajдобpиот Lounge bar во Maкедониja – Нешто феноменално!

Ново место за нови искуства!!

Неодамна во строгиот центар на Крушево се отвори единствениот Lounge bar во градот, со што Крушево и регионот добија место каде гостите ќе уживаат во оргиналната гастрономска понуда, која е спој на традиционалната крушевска кујна но, збогатена со модерниот стил на готвење. Во еден прекрасен опуштен уникатен ентериер, и беспрекорно професионална услуга.

Како гаранција на ова е љубовта и страста со која сопствениците влегуваат во овој бизнис е дека “ДУОМО Lounge bar” не им е премиера.

Веке добри 20 години ја имаат познатата најдобрата Пицерија “Рома”. Но, “ДУОМО” е една поинаква приказна, за еден поинаков лежерен, спонтан, модерен начин на уживање во добрата храна!

Ве очекуваме и веруваме дека доколку дојдете еднаш, ние ќе ви бидеме секогаш во иднина Ваш прв избор…

Крушево било и ќе биде авангарда во се’, а сега и во кулинарството.

Русинки, Украинка, Албанка и Македонки…полициjaта пpиведе 9 танчepки во yгocтителcки обjeкт

Акциската контрола која ја спровеле инспектори од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје и униформирани полициски службеници.

– На 10/11.07.2021 година во времето од 23:50 до 01:00 часот, а по претходно изготвен план, од страна на инспектори од ОНТДО и УПС од ПС-Тетово извршена е акциска контрола во угостителски објект во Тетово, во сопственост на А.Б. (44) од Тетово. При тоа затекнати се девет женски лица кои ги забавувале гостите (танчерки), од кои три биле руски државјанки, по една од Украина и соседна Албанија, и четири државјанки на РСМ, информираат од МВР.

Лицата се лишени од слобода и задржани во СВР-Тетово за понатамошна постапка.

Попладневно повтopно невpeме, а еве какво вpeме не’ очекyва до кpajoт на идната недела

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови.

Од УХМР информираат дека локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 35 степени.

Во Скопје денеска попладне ќе преовладува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а понекаде во котлината се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме со град.

Максималните температури ќе се движат до 32 степени.

И изминатата ноќ преовладуваше нестабилно време со врнежи од дожд. Од УХМР информираат дека до 8 часот наутро во Куманово наврнале 37 литри на метар квадратен, Лазарополе – 25, Прилеп – 23, Скопје и Зајчев Рид- 14, 10 во Охрид, 9 во Битола, 7 во Претор, 6 во Крушево, 2 во Демир Капија, 1 во Тетово, Маврово, Штип, Гевгелија, и Попова Шапка.

УХМР за утре прогнозира дека околу пладне ќе има услови за изолирана и краткотрајна нестабилност, а потоа до петок следува период на стабилно и многу топло време.

Чим докторка Радева рекла така мора да се слуша – Бугарите и алкoxoлот (Видео)

Едно малку постаро видео од просторите на нашиот источен сосед

Докторка Радева му забранила да пие вода, водата содржи микроби… тој си пие само “бира”… во случај да не го разбирате јазикот за кој се тврди дека бил ист со нашиот, МАКЕДОНСКИОТ.

3aeв: Многy инвecтиции ce во тек, во финализациja пpoeкти од над ocyм милиjapди евpa

Премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарски прашања во Виница рече дека многу инвестиции се во тек и оти во финализација се проекти во вредност од над осум милијарди евра.

– Во Владата, во Парламентот и низ институциите буквално се тркалаат во финализација проекти во вредност од над осум милијарди евра, најголем дел се приватни инвестиции, јавни и приватни партнерства, концесии и државни проекти. Дел од тие проекти веќе ги пуштаме во употреба, изјави Заев.

Во делот на инвестициите, ја спомена фабриката за обработка на отпад што треба да се гради во Неготино која ќе покрива 48 општини, потоа изградбата на ветерниот парк Богословец кој ќе снабдува повеќе од 20 илјади семејства со електрична енергија, фотоволатаичните централи, како и учеството на државата во изградба на интерконекторот во Александропулос за што во Атина беше потпишан договор меѓу Македонија и Грција.

За странските инвестиции посочи дека веќе се потпишани пет договори за инвестиции во ТИРЗ-те, а во последните четири месеци потпишани се вкупно 15 договори за странски инвестиции.

– Само странските инвестиции се повеќе од 700 милиони евра кои се потпишани или се во тек на разговори, рече Заев.

Напомена дека се инвестира и во акумулациите и во системите за надводнување.

– Во нашата земја во моментов се инвестираат 40 милиони во браната Коњско, околу 30 милиони во браната Речени, Кочанско, Равен Речица, целиот водоснабдителен систем околу Гостивар, Тетово и браната во Штип која што исто така е значајна. Тоа се сериозни акумулации коишто сите заедно вредат близу 80 до 85 милиони евра. Заедно со нив паралелно се развиваат системите за наводнување. Овие денови ќе ја пуштиме во употреба Вардарска Долина 2, проект 25 милиони евра, следуваат и останатите проекти до 101 милион евра, рече Заев.

Булаварот се поплави, сега има две траки за пливање, победникот ќе биде кандидат од СДСМ? (Видео)

Краток пороен дожд беше доволен да го поплави реконструираниот дел од булеварот “Гоце Делчев” во центарот на Прилеп, проект кој чинеше близу 1 милион евра.

Реконструкцијата на овој дел од булеварот, е еден од проектите со кои локалната власт на СДСМ предводена од градоначалникот Илија Јованоски, сега одново ја бара довербата на прилепчани за уште еден мандат.

Истото се случи и пред еден месец, кога исто така краткотраен пороен дожд беше доволен да го блокира центарот на Прилеп.

Ништо подобро денеска не помина ниту улицата “Димо Наредникот”

Како и населбата “Tризла”

Познати сите имиња кои ќе ја претставуваат Македонија на Олимписките игри: Меѓу нив и шампионката од Прилеп

Македонскиот олимписки комитите и официјално го потврди пливачот Филип Деркоски како наш последен, осми, патник за Летните олимписки игри во Токио.

„ФИНА официјално го извести МОК и го потврди ФИЛИП ДЕРКОВСКИ за учесник на Олимписките игри ТОКИО 2020! Филип, од се срце ти честитаме и ти посакуваме успешен настап на Олимписките игри во ТОКИО“ – информираа од МОК.

Со тоа и дефинитивно се потврдени сите осум македонски спортисти кои ќе учествуваат на Летните Олимписки игри во Токио:

1. Дејан Георгиевски – Таеквондо “А“ Олимписка норма

2. Магомедгаджи Нуров – Борење слободен стил “А“ Олимписка норма

3. Јован Стојоски – Атлетика, 400 метри – Универзално место (вајлд карта)

4. Пулексенија Јованоска – Карате, Кати – Универзално место (вајлд карта)

5. Борјан Бранковски – Спортско стрелаштво – воздушен пиштол 10 м – Универзално место (вајлд карта)

6. Филип Деркоски – Пливање – 732 ФИНА поени

7. Миа Блажевска – Еминова – Пливање – 741 ФИНА поени

8. Арбреша Реџепи – Џудо