дома блог страница 1969

11 уметници од земјава и странство ќе творат на ликовната колонија “Дрен 2021”

По 13 пат, од 19 – ти до 25 -ти јули во ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи веќе традиционалната ликовна колонија “Дрен 2021”, на која годинава освен што ќе творат сликари, дела во метал ќе создаваат и скулптори.

Годинава ќе творат 11 уметници од земјава и странство. Своите инспирации на платно ќе ги пренесат сликарите Мирослав Живковиќ и Снежана Малетин од Србија, Мирјана Крстева Масети, Марија Стојаноски – Петкоска, Александра Петкова, Буба Солак, Драган Најденовски, Новица Трајковски, Владимир Темков и Тони Чатлески, а во метал ќе работат скулпторите Слободан Милошески и Марјан Стојаноски.

Делата создадени на годинашната колонија наесен ќе бидат претставени на изложба.

Досега на колонијата се создадени околу 350 дела кои се во трајно наследство на Центарот и на државата. Ликовната колонија се одржува со финансиска поддршка на Министерството за култура.

На кpajoт ќе излезе дека Миpa беше во пpaво: Peплика на денот

Маја Морачанин, претседателката на ДОМ, коалициониот партнер на СДСМ, од собраниската говорница вчера истакна дека струјата не треба да биде евтина, односно граѓаните треба да плаќаат поскапа електрична енергија.

-Мојот став е сосема поразличен. Јас сметам дека електричната енергија не требада биде евтина, затоа што ако струјата е евтина, тоа доведува до поголема потрошувачка, а ние треба да ја штедиме електричната енергија, рече таа.

Социјалните мрежи вријат после оваа изјава на претседателката на политичката партија ДОМ, а со свој коментар се јави и Ина Многуфина.

-Јас мислам исто да биде многу скапа и да ја имаат само богатите и после ко ќе се поскапува да излезе некој ко Мира и да се повтори легендарната изјава согласно денот на глупи изјави “поскапувањето нема да влијае на сиромашните бидејќи тие не ни имаат струја”

Лyкapeвcка од Kpyшево: “Го живeeме coнот на нашите пpeтци, Гоце Делчев, Питy Гyли, Јане Caндански”

Денеска го живееме сонот на нашите претци, Гоце Делчев, Питу Гули, Јане Сандански, денеска живееме во почитувана, демократска држава, држава во која на пиедестал се човековите права, порача синоќа заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска на трибината „Најдоброто за нашата општина“ која се одржа во Крушево.

– Да живееме слободно тоа значи да застанеме на патот на неправдите, на поделбите, на дискиминацијата. Ние тоа умешно го покажавме преку нашиот концепт „Едно општество за сите“. Тоа е нашиот приоритет и тоа општество е нашата иднина. Концептот едно општество за сите не значи само еднаквост по основ на верска и национална припадност. Во тоа општество фер шанса ќе има секој граѓанин, фер шанса за еднакво образование, за успешни економски процеси, фер шанса во здравството, фер шанса при вработување, едноставно еднаквост во сите сфери на општественото живеење, порача Лукаревска.

Лукаревска истакна дека покрај успесите на домашен план, Владата предводена од СДСМ успеа да ја реализира и стратешката цел – членство во НАТО.

– Станавме 30 земја членка на НАТО, денес со нашите сојузници и пријатели седиме на иста маса како Македонци кои зборуваат македонски јазик, како Македонци кои зборуваат македонски јазик, ќе влеземе и во ЕУ. Македонскиот јазик, македонскиот идентитет, македонската посебност се цврсто потврдени, заклучи заменик претседателката Лукаревска.

Целиот фудбалcки cвет чекаше на ова: Poналдо cooпшти дали ќе го напyшти Jyвентус

Кристијано Роналдо ја соопшти својата одлука до челниците на “старата дама” во врска со шпекулациите, дали од наредната сезона ќе го носи дресот на Јуве или на некој друг клуб.

Kaко што пренесува “Газета дело спорт”, Португалецот е подготвен да остане уште една сезона во Јувентус и се согласил на преполовена плата.

Медиумите шпекулираа дека од наредната сезона Роналдо би можел да потпише за ПСЖ, додека пак некои го поврзуваа со Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, но од тоа нема ништо, вели неговиот менаџер Жорж Мендеш.

Роналдо во Јуве пристигна во летото 2018, а досега за најтрофејниот италијански клуб има одиграно 133 натпревари и постигна 101 погодок.

Ристески: “Граѓаните го заслужуваат најдоброто, а градот заслужува да биде во вистински раце, Борче е човек за сите”

Д-р Борче Јовчески е кандидатот за градоначалник за општина Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Социјалните мрежи се исполнети со пофалби за одличниот избор, откако вчера и официјално беше соопштено дека Јовчески ќе ја трча градоначалничката трка.

Честитки пристигнаа и од поранешниот градоначалник на општината, Марјан Ристески:

“Упатувам искрени честитки на д-р Борче Јовчески за кандидатурата за Градоначачник на општина Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ!

Сигурен сум дека вредностите ќе му бидат приоритет, принципите водилка, а интересите на граѓаните основна цел.
Убеден сум дека граѓаните на Прилеп ќе ја препознаат неговата чесност, неговата одговорност… посветеност… желбата за развој на град Прилеп, што ќе придонесе да ја добие нивната доверба и голема победа во Прилеп.

Граѓаните го заслужуваат најдоброто, градот заслужува да биде во вистински раце!

Прилепчани ќе се гордеат со делата на хуман и работлив човек, а градот заслужено ќе го врати сјајот и ќе добие лик многу поинаков од сегашниот!

Борче едноставно е кандидат на сите граѓани на град Прилеп…

Напред… до конечна победа!”

3aпознajте ги нашите xepoи со “Извopcка”

Компанијата Кожувчанка, преку природната вода Изворска ви ги претставува нашите Херои- Одбојкарите, македонските репрезентативци, учесници на Европското првенство во Одбојка 2021.

Ова е единствена ваква кампања во која една компанија инвестира во промоција на друг, а не на себе!

“Решивме да ги испромовираме нашите Одбојкари, нашите претставници на Европско! Мислиме дека заслужуваат многу поголемо внимание. Ова се нашите херои кои Кожувчанка како компанија ги поддржува со години. Натаму планираме повеќе инволвираност во нивните успеси и поголема поддршка на овој спорт.” – кажаа одговорните од Компанијата.

Кампањата го носи насловот “Ова се нашите Херои!” и преку сите промотивни канали на компанијата Кожувчанка ДОО, цели 2 месеци ќе имаме можност да го запознаеме секој репрезентативец посебно, да дознаеме интересни работи за нив, со повик за заедничко бодрење на престојното Првенство во септември.

“Промоцијата одбравме да е преку водата Изворска како најзастапен бренд, со најголем број потрошувачи. На тој начин веруваме дека ќе допреме до секој од нас кој гордо ќе навива за нашите репрезентативци, на Европското првенство во одбојка 2021!” – посакаа од Кожувчанка ДОО.

Напред момци, вие сте нашите Херои!

Сметките за cтpyja за месец jyли ќе ви бидат coлени

Со 83 гласа „за“ и ниту еден против пратениците ги донесоа законските измени со кои ДДВ-то за електричната енергија се намалува од 18 на 5 проценти.

Иако власта планираше пониското ДДВ да почне да се применува од 1 јули за да се амортизира ударот од повисоката цена на електричната енергија за 12,3 проценти, дури по објавување на измените во Службен весник на граѓаните ќе им се пресметува 5 проценти ДДВ за потрошената електрична енергија.

Тоа значи дека за јули ќе добијат повисоки сметки бидејќи за претходниот период ќе им биде тарифирана повисоката цена на струјата без намален ДДВ. Опозициските партии гласаа за измените – но ја обвинија власта дека предизборно манипулира со граѓаните, зошто до година кога според измените, ДДВ ќе биде 10 проценти ќе плаќаат повисоки сметки за струја.

Сограѓаните Борче Јовчески го гледаат како прилепски дијамант и човек што го сака цел град

На вечерашната трибина на во паркот на “Могилата на непобедените”, ВМРО-ДПМНЕ го промовираше својот кандидат за градоначалник на општина Прилеп.

Градоначалничката трка ќе ја трча Д-р Борче Јовчески, познат ортопед и миленик на прилепчани.

Д-р Јовчески е актуелен советник во Советот на општина Прилеп, а во трката за прв човек на општината влегува како апсолутен фаворит.

Во прилог му оди блискоста со граѓаните, високиот морал и етичност, трудољубивоста и вложеноста во професијата која ја работи, а пред се’ чистото лице со кое влегува во политичката трка.

Јовчески прилепчани нескромно го гледаат како дијамант, човек од кој се очекува да го исправи градот на здрави нозе и да ја пренесе неговата работливост и посветеност и во општинската администрација.

Засега не е познат неговиот противник од владеачката СДСМ, каде копјата ги кршат актуелниот градоначалник Илија Јованоски и екс министерот за транспорт и врски, Горан СУгарески.

(Фото) Куќата на прогонетиот крал: Археолозите со неверојатно откритие

Првите потдатоци за пештерската куќа покажуваат дека таа датира од 18ти век, но всушност претставува една од најстарите градби во Велика Британија, а арџеолозите сметаат дека служела и како дом на прогонетиот англосаксонски крал.

Во 18ти век, пештерата во јужен Дербишајр служела како место за веселби, но археолозите сега веруваат дека таа е стара околу 1200 години. Веројатно во неа живеел и Ердвулф, кралот на Нортамбрија (едно од седумте кралства на англосаксонската хептархија во Англија, а се простирало на територијата на денешна северна Англија и јужна Шкотска).

Едмунд Сајмонс, главниот истражувач на проектот, израснал во подрачје опкружено со пештерски куќи.

“Многу е тешко да се утврди староста на овие градби, а мене ме фасцинираат цел живот”.

Со желба, љубов и посветеност бидува се’: 3аборавено место кое прерасна во еден од најпосетуваните манастири во околината на Прилеп (Фото/Видео)

Манастирот Св. Илија Писокал се наоѓа во живописната и недопрена природа на почетокот на прилепскиот дел од Мариово, веднаш после превојот Слива на оддалеченост од 18 километри од Прилеп.

Изминатите години благодарение на трудољубивоста, посветеноста и силната желба на црковниот одбор, ова место од запуштено прерасна во прекрасен манастирски комплекс кој е посетуван од илјадници верници во текот на годината.

Највесело е за манастирските слави, особено за Св. Константин и Елена и главната манастирска слава на Св. Илија. Изминатите години на овие денови гостуваат врвни музички имиња кои приредуваат незаборавни семакедонски забави.

Така ќе биде и за овој Илинден, кога посетителите ќе ги забавува Влатко Миладиноски.

Писокал е поранешно село кое во 1873 година имало 46 жители во 9 домаќинства, а во 1900 имало 90 жители.

Селото Писокал згаснало, запрел плачот на децата, крикот на добитокот и црковната камбана, под притисокот и палежот на Турците и Србите, во почетокот од минатото столетие.

Се исселиле жителите во денешното село Чумово. Според легендата, момата Илина ја изградила црквата, на денешното место, одмарајќи се од жетварската мака.

По дремката, и исчезнале опинците и калците. Го побарала на помош Свети Илија, а тој на празникот, и ја вратил “рубата”.

За благодарност, таа ја кренала црквата, наречена Свети Илија, а местото го крстила Писокал, по прекрасно, навезените први, калци како напишани.

Бог го оплеменил ова место со неверојатни пејсажи, многу зеленило и сенки кои се магнет особено во летните горештини.

Манастирот има конак со соби, опремени за ноќевање, има трпезарија и кујна за подготовка на храна за слава за над илјада луѓе.

Управата на манастирот во соработка со фирми постојано изнајдува средства за дополнително разубавување на просторот во и околу храмот.

Се изѕида ограда, се посади зеленило, се изгради камбанарија, направија дури и мало вештачко езеро, поставија прекрасна настрешница на патот, јарбол со македонското знаме, го поплочија дворот, успеаа да обезбедат асфалтирање на патот до манастирот и да донесат струја… и што ли уште не.

Со цел да не заборавиме некој нема да ги споменеме со име, туку ќе ве упатиме на Фејсбук страната од манастирот, каде подетално можете да се запознаете што се’ прават овие луѓе, и колку успешто и со колкава желба се вложуваат речиси секојдневно.