дома блог страница 1968

Бидете на готовc, CДCM ќе ви тpoпнат на вpaта, ќе дojделе во секoj дом (Видео)

Од денеска започнуваме со нова фаза на интензивни теренски активности, СДСМ оди од врата до врата, пред домовите на нашите сограѓани. Тимови во секоја општинска организација, партиски функционери и членови ќе го посетат секој дом, секое семејство, да разговараме за сработеното но и да ги слушнеме нивните потреби, најави на прес-конференција организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Попов.

„Заеднички, со граѓаните ја креираме најдобрата програмската понуда на СДСМ за локалните избори. Понуда за граѓаните, која ќе го унапреди квалитетот на живот во секое населено место, во секоја општина.

Предлозите, коментарите и барањата, кои ги добиваме на маалските и урбани средби, на граѓанските трибини, на средбите со целни групи, веќе ги систематизираме и анализираме.

На ист начин ќе постапиме и со предлозите кои ќе стигнат преку проектот од врата до врата“, рече Попов.

54 години од обновувањето на автокефалноста на древната македонска Охридска архиепископија

Пред 54 години, Светиот Архијерејски Синод на Македонската Православна Црква го свикал Третиот македонски црковно-народен собор на 17 јули 1967 година во Охрид, каде се прогласило обновувањето на автокефалноста на древната и славната Свети Климентова Охридска архиепископија.

Корените на христијанството во Македонија потекнуваат уште од апостолско време. Македонците први го примиле христијанството во цела Европа. Потоа до особен подем дошло ширењето на христијанството во времето на учениците на Светите Браќа Кирил и Методиј – свети Климент и свети Наум, охридските чудотворци, кои проповедајќи го Христовото учење на јазикот на Македонците, уште повеќе ја зацврстиле кај нив христијанската вера.

,,Господ нѐ вдахнови и умудри, на 17 јули 1967 лето Господово, да ја донесеме историската Одлука за целосна обнова на автокефалноста на дервната и славна Охридска Архиепископија!” Митрополит Полошко-кумановски г. Кирил

ДА ЖИВЕЕ ДРЕВНАТА И СЛАВНАТА СВЕТИ КЛИМЕНТОВА МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХЕПИСКОПИЈА.
НА МНОГАЈА ЛЕТА!

Ajде па до година за шпорет вака да се сликаат (Фото)

Нов фрижидер завчера е предаден и пуштен во употреба во Полицискиот синдикат во Кавадарци, објави претседателот на Македонскиот полициски синдикат Марјан Кицев.

Фотографии и оригиналната објава од оваа свечена полициска церемонија објавуваме подолу.

Почитувани денес во Кавадарци од страна на Потпретаедателот на МПС Зоран Крстев и Претседателот на Совет на МПС Велес Трајче Цветков со цел обезбедување на подобри услови за работа на членовите на Македонскиот полициски синдикат во Основната организација на МПС “Кавадарци ” на Претседателот на ОО Кавадарци Горан Ѓелов му беше предаден за користење еден фрижидер, набавен од средствата за тековно функционирање на Советот Велес. Акцијата на Македонскиот полициски синдикат ширум републиката за создавање на побезбедна работна средина и безбедни и здрави услови при работа на своите членови продолжува! СЕКОГАШ ВО ЗАШТИТА НА ЧЛЕНОВИТЕ! ГИ ПОДОБРУВАМЕ НА УСЛОВИТЕ НА РАБОТА! – стои во објавата н Фаејбук.

Потписник на објавата е претседателот на Македонски полициски синдикат, Марјан Кицев. А како што може да се види од фотографиите, фрижидерот има и коморче за длабоко замрзнување. Со здравје да се користи, па до година и за шпорет вака да се фотографираат.

Maкедонец cведочи за катacтpoфата во Гepманиja: Ce’ е отидено… и paбота и cтан и кyќа! (Видео)

Струмичанецот Кирил Мучев кој долги години работи и живее во Германија напиша: „Се е отидено…и работа и стан и куќа. Слава на Бога за се’“.

Во големите поплави кои ја зафатија Германија, многу наши Македонци останаа без своите домови и без своите работни места. Мучев за портал Струмица Денес вели дека цела Германија е на колена и се соочува со катастрофа од водена стихија со многу жртви и со штета од приближно 110 милијарди €.

Во NRW, само во погодениот регион живеат околу 22.000 Македонци, или колку еден просечен град во Македонија.

Германија е моторот на Европа. Силна и сплотена, за 1 час е мобилизирана 120.000 војска за евакуација, 85 хеликоптери и безброј болнички коли за транспорт и евакуација на болниците.

Внуците пpecpeќни? Пензионерите во јули добиваат зголемени пензии за 1.2%

Пензионерите со јулската пензија ќе добиваат поголема пензија по основ на усогласување на пензијата со порастот на трошоците за живот, кој во првото полугодие од 2021 година (период: јануари-јуни 2021 година), во однос на второто полугодие од 2020 година (период: јули-декември) изнесува 1,2%.

Зголемувањето на пензијата во номинална вредност изнесува 188 денари на ниво на просечна пензија и 125 денари на ниво на најниска пензија.

Редовното законско усогласување на пензијата се врши два пати во годината од 1 јануари и 1 јули секоја година според процентот на порастот на индексот на трошоците на живот, што обезбедува одржување на економската вредност и куповната моќ на пензијата.

Почнувајќи од 2019 година покрај редовното усогласување се предвидува и дополнително усогласување во случај доколку бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст повеќе од 4%.

Покрај овие два начини на усогласување од 2020 година врз основа на одлука од страна на Владата на Република Северна Македонија може да се изврши уште едно дополнително усогласување во случај кога има пораст на минималната плата во тековната година за повеќе од 15% и пораст на просечна плата во претходната година за повеќе од 5%.

Teшка cooбpaќajка на патот Битола-Прилеп: Прилепчанец и битолчанец излетале од патот

На 16.07.2021 во 03.32 часот било пријавено дека на патот Битола-Прилеп, пред Кукуречанска крстосница, патничко возило „опел“, со прилепски регистарски ознаки, yпpaвyвано од Р.А.(40) од Прилеп, излетало од патот.

Во незгодата возачот се здобил со тешки телecни повpeди, а сопатникот М.А.(32) од Битола се здобил со телecни повpeди, конcтатиpaни во Клиничката болница Битола.

Извршен бил yвид на местото на незгодата од yвидна екипа од СВР Битола – информираат од МВР.

Kocтадинов: Пpaтениците на Левица ce од минатиот вeк

СДСМ останува на својот став во однос на резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ, но останува прашањето дали опозициската партија навистина сака и да се усвои самата резолуција таква каква што е или сака преку таквата резолуција да си тера дневна партиска политика, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

– На крајот на денот во Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ можат да си прават какви сакаат приказни. Парламентот е нешто друго. Во Парламентот треба да дебатираме, во Парламентот треба да одлучуваме. Република Македонија самите преговори во рамки на ЕУ ги води согласно уставното име. Нашиот став е сосема јасен, текстот на резолуцијата таков каков што е, е прифатлив согласно Уставот. Овде се отвора прашањето дали со таквото прифаќање на резолуцијата како што тие ја поднесуваат може да направиме штета на интеграцискиот процес на Република Македонија, дали можеби конечно од друга страна ВМРО-ДПМНЕ ќе се издигне над партиските интереси и ќе го прифати Преспанскиот договор со што навистина имаме одлична основа да ги зајакнеме и да ги заштитиме националните интереси, рече Костадинов.

Тој најави дека пратеничката група на СДСМ ќе го разгледа документот и ќе одржи координација на која ќе заземе став за резолуцијата.

Според него, не треба да има дилеми бидејќи ставот на СДСМ е јасен.

– Преговори и разговори за македонскиот идентитет, за македонскиот јазик ниту имало, ниту има, ниту во иднина ќе има, рече Костадинов.

По најавата на Левица дека поради Законот за државјанство со европско знаменце што го предлага Владата ќе ги блокира сите закони на парламентарното мнозинство, Костадинов изјави дека двајцата пратеници од оваа партија се политичари од минатиот век, а не модерни политичари.

Костадинов обвини дека Левица и опозициската ВМРО-ДПМНЕ во одредени ситуации блокираат законски решенија.

– Не е само законот за државјанство којшто опозицијата, овде мислам и на Левица и на ВМРО-ДПМНЕ, се обидуваат да го блокираат или во одредени ситуации брутално ги блокираат законските решенија. Станува збор за политичка партија која што има свои претставници, двајца во рамки на Парламентот, кои што ако добро направиме анализа ќе видиме дека ги нема на работа во најголем дел од времето. Во рамки на комисиите каде што практично се креираат законските решенија, кога мислам на решенија мислам токму на тоа, го имаат целосното демократско, деловничко право како пратеници да подобруваат одредени текстови на Законот. Наместо тоа двајцата пратеници решиле да блокираат, рече Костадинов.

Според портпаролот на СДСМ Костадинов, двајцата пратеници на Левица приличат на политичари од некои поранешни векови, а не на модерни политичари.

– Тоа е слика и пример како не треба модерниот македонски политичар да изгледа. Модерни политичари нудат решение, поддржуваат закони кои што решаваат проблеми, кои што го унапредуваат и го подобруваат животот на сите граѓани, рече портпаролот на СДСМ.

Овие paботи ги знаете caмо ако имате cecтpa

„Доколку не можеш да разбереш како една жена може да ја сака својата сестра, но истовремено да посакува да ѝ го скрши вратот, веројатно си единствено дете во семејството“ – Линда Саншајн

Секоја жена која има сестра ќе се согласи дека не постои ништо слично на врската која ја имаат двете. Сестрата нè учи на многу животни навики, а има одредени работи кои жените со сестри ги разбираат посебно добро.

Како да простуваат и забораваат многу брзо

Во еден момент врескате една на друга, а веќе во следниот си позајмувате накит. Страшните кавги може да се родат во минути, но умираат во секунди.

Како е да се има совршен партнер во “злосторства“

Жените имаат партнери за целиот живот, дури и кога се во меѓусебна битка. Постои и незапишано правило дека без разлика колку се жалите за сопствената сестра, никој друг не смее да каже лош збор за неа.

Како е да се има искрен критичар

Вашата сестра е онаа личност која ќе Ви каже дека грешите, изгледате ужасно или сте виновни. Сестрите се најискрените судии за секоја ситуација.

Важно е да се има личен простор

Ова посебно се однесува на сестрите кои се приближно исти во големина и возраст. Одлично е да се споделуваат облека и накит, но ништо не е заедничко и секој има свое место во собата.

Како да побарате совет

Помалите сестри секогаш имаат човек каде може да се обратат за совет. Тие знаат дека нивните постари сестри секогаш се таму за нив.

Натпреварувањето не е само за момчињата

Растењето со сестра го буди натпреварувачкиот дух во секое девојче. Машките не се единствените кои сакаат да победуваат.

На авион му испаднал куфер и завршил на покрив од куќа: Еве што пронашле во него!

Несекојдневна ситуација се случила во Сардинија, кога мал авион испуштил куфер кој потоа паднал на покрив од куќа. Во него имало чист kokaин.

Запрепастените сопственици на куќата слушнале силен удар и веднаш повикале полиција која на покривот нашла куфер со kokaин. Kokaинот всушност требало да падне на друго место, односно на земја во Баратил Сан Пјетра, град од околу 1.200 жители на Сардинија, каде требало да го дочекаат шверцери на дpoга.

Инцидентот кој се случил во март, се разбира завршил во сте италијански весници, а еден од насловите бил „На Сардинија паѓа дожд од кокаин“.

Веднаш е поведена истрага, која резултирала со апceње дури неделава кога е приведен пилотот на авионот. Истрагата утврдила дека авионот полетал од мал аеродром во Рим. Исчезнал oд радарите неколку минути пред куферот да падне, бидејќи летал на мала височина.

– Анализата на ГПС сместен во авионот потврдила дека во текот на тие 20 минути авионот извел неколку круга над местото каде е откриен куферот – велат од полицијата.

Со помош на изјави на сведок од персоналот на аеродромот и евиденцијата за полнење гориво, полицијата успеала да го идентификува пилотот како Франческо Риза од Рим. Тој работел ако пилот на унгарска компанија и летал за многу богаташи кога е уапсен на аеродромот Каглари Елмас откако слетал од Германија.

Полицијата сè уште ги бара луѓето кои требало да ја добијат пратката.

Без Прилеп немаше да видам снег: Емили е прилепска снаа од Кенија, го сака градот, храната и не сака зима

Емили – Ањанго Аума од Кенија е наша сограѓанка веќе неколку години. Мажена е со прилепчанец со кого ја имаат прекрасната ќеркичка Зорица.

Неделниот весник “Зенит” разговараше со Емили за нејзиниот живот тука и во што се разликува нејзиниот роден град, милионскиот Најроби, со Прилеп.

-Бидејќи сум хотел-менаџер по професија, во Катар работев заедно со сопругот. Се запознавме и љубовта ја крунисавме со брак кој трае девет години. Откако се роди Зорица, бевме во Кенија, накусо доаѓавме и тука. Пред три години конечно падна одлука постојано да живееме во Прилеп – вели Емили.

Кога тргнувала на пат, баба и’ ја советувала: ,,Таму каде што одиш, да се навикнуваш, да ги прифаќаш за да те прифатат,,!

Во градов прво е волонтерка, физиотерапевт, кај деца со посебни потреби. Потоа е наставничка по англиски јазик во приватно училиште. Станува и инструктор по танци во фитнес клуб. Некои од членовите не плаќале и работата станала неисплатлива. Кенијката не сака да седи бадијала. Се посветува на фризерскиот занает. Прави фризури со афро-плетенки не само за прилепчанки, ами и за стружанки, охриѓанки, скопјанки, дури и од Демир Капија.

-Сега сум пица-мајстор во пицерија. Правам пици, кафе… Сé што треба. Фала му на Господ, знам сé. Му благодарам и на газдата за поддршката. Има добрина, трпение и разбирање што сум оддалеку. Ме почитува и не ме гледа како човек од друга држава, како странец. Ме прифати како да сум дел од неговото семејството. Од срце му благодарам, Господ да го благослови. Првин, не знаев што е шунка, печурки, кашкавал, како се викаат на македонски. Сега знам сé. Сé може да се работи, ако се има желба, ако се сака – порачува Емили.

Климата? За Африка се препознава по горештините. Од пекол во студенила. Како што Константин Миладинов во Москва мечтаеше за Охрид и Струга, за јужните краишта, така и Африканците кога се во Европа. Емили кажува дека во Кенија нема зима и затоа голем проблем и” е овде периодот од октомври натаму.

-Зима не сакам, многу е студено. Без јамболија и без ракија, уф! Таму сме навикнале со 25-26 степени, секогаш на многу убаво време. Ако врне и температурата падне на 20 степени, студено е и сите сме болни. Носиме винтјакни, чизми, ракавици… А овде? Првпат во Прилеп видов снег што дотогаш сум го гледала само на телевизија. Цел живот го чекав. Ќерка ми, тогаш тригодишна, ми свика: ,,Мамо, мамо дојди, има млеко турено надвор,,! Излегов, зедов малку снег в рака и го пробав, како да е јадење. Чудно и интересно – раскажува Емили.

Целата сторија прочитајте ја ТУКА