дома блог страница 1950

Пендаровски за најновите пpecyди за 27 апpил: Ocyдените би требало да одговapaaт за неделовничко paботење, а не за тepopизам

Ако го нема Груевски тука, тогаш многу тешко можеш да дојдеш до вистинската слика за 27 април истакна претседателот Стево Пендаровски на вчерашниот брифинг за новинарите.

Според него ако главниот аргумент на обвинителството е дека седницата била водена спротивно на деловникот, тогаш обвинетите треба да одговараат за неделовничко работење, а не за терористички напад.

-Ако е точно дека главниот аргумент е дека водењето на седницата е спротивно на деловник, тогаш тоа евентуално би било неделовничко работење, а не организирање на терористички напад, вели Пендаровски.

Според него Апелација ќе има работа да потврди дали тоа било така, и дали има доволна основа да се осудат обвинетите Миле Јанакиевски, Спиро Ристовски, Трајко Вељановски и Владимир Атансовски за терористичка организација.

Тој потенцираше дека нема никаква логика организаторите да добијат 6 години, а извршителите да добијат 18 години затвор бидејќи се судат за исто дело исти настан.

Според него амнестијата може да служи како олеснителна околност, но таа се користи или целосно или воопшто, не може да се користи само дел. Ќе спуштиме некоја година поради амнестијата, ако се сака да се користи амнестијата тогаш треба во целост да се применува, ако не да не се споменува.

Идеален говop на Благица Лacовcка – Baка тpeба да се бopaт cите! (Видео)

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска, имаше моќна и жестока реакција за време на собраниската расправа за ребалансот на буџетот.

Во својот говор, Ласовска, се осврна на мизерниот и заканувачки говор полн со ситење на туѓа несреќа што го користат членови на СДСМ, злоупотребувајќи ја собраниската говорница.

Прекрасна семакедонска прослава во манастирот Св. Марина во Мала Преспа: Македонска песна, оро, развиорени знамиња (Фото/Видео)

Денеска во манастирот Св. Марена, во близина на селото Туминец во Мала Преспа, Албанија, традиционално се одбележа големиот христијански празник Св. Марена, или кај народот познат како Света Огнена Марина (Марија).

Голем број Македонци од околните населени места, но и од Македонија, како и иселеници во странство, денеска беа присутни во манастирот и заедно заиграа македонско оро и запеаа македонска песна.

Манастирот датира од 18 век, а обновен е во 1926 година. Се наоѓа на самиот брег од Преспанското езеро, локација која самата по себе му дава дополнителна убавина и привлечност.

Патрон на манастирот е Света Огнена Марина – Марена, што се слави на 30 јули, празник кој Македонците во Мала Преспа, традиционално го слават заедно и каде и да се исселени тие за овој празник се тука.

Вообичаено е на овој празник, кога заради жештините “гори небото и земјата, не се работи “ниту една работа”. Во народната традиција сочувани се примери на пожари или громови во во топлите празнични денови изгореле жито, сено и домовите на луѓето кои го прекршиле празникот и работеле на празникот на Свети Марина.

Селото Туминец е едно од десетте населени места во Мала Преспа. Се наоѓа на самиот брег на Преспанското Езеро во близина на граничниот премин Стење-Горица и е второ село по големина, со околу 800 жители.

Погледнете дел од денешната македонска прослава во манастирот:

Се вpaќа во Фpaнциja: Пpилепcкиот paкометен cтpaтег ќе го пpeдводи женcкиот тим на Kaн

Прилепчанецот Томе Петрески одново се врати во Франција, каде ќе го води тимот на Кан, женска екипа која се натпреварува во Д2 лигата.

Петрески кој претходно мина долги години и како играч и како тренер во Франција, настапуваше за Данкерк и ПСЖ.

Водеше тимови од Франција, Мароко, Бахреин и Косово, додека во Македонија ги водеше екипите на Младост Богданци, работеше во Тиквеш, Прилеп, како и машкиот и женскиот тим на Пелистер.

Годинава без гoвopи на Meчкин Камен: Според Пендapoвcки говopите пpeдизвикyвaaт cвиpкања и клетви

На три дена пред најголемиот македонски празник државниот врв соопшти детали за празнувањето.

Оваа година во Крушево ќе биде претседателот Стево Пендаровски, но за првпат нема да има говор на Мечкин Камен. Новина е тоа што наместо во 12 часот, прославата ќе почне во 18 часот.

Првпат ќе дојде и лидерот на ДУИ Али Ахмети, а лична покана е испратена и до Христијан Мицкоски, но нема потврда дали ќе ја прифати. Поканети се и лидерите на Алијансата за Албанците Зијадин Села и Левица Димитар Апасиев. Ќе дојде и Заев, како и Стевче Јакимовски, Иван Стоиљковиќ и Маја Морачанин.Поканет е и сребрениот Олимпијец Дејан Георгиевски. Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски нема да биде во Крушево бидејќи не бил тука.

Пендаровски на брифинг со уредниците соопшти дека оваа година решиле да одат со нов начин на прослава, за кој не вика дека е подобар, но ете одлучиле да се обидат.

-За што служи говорот?!Тој предизвикува свиркања, клетви, разединување. Сегашниот концепт на прослава е разединување а не обединување. На народот му е преку глава од политички говори, рече Пендаровски.

Наместо говор, Пендаровски ќе има кратко видеообраќање од две минути. Пораки за Илинден ќе пренесе актерот Никола Ристановски, а ќе настапи и Влатко Стефановски.

Иако одбележувањето на Илинден е една од барањата на Бугарија, претставници од источниот сосед нема да има.

Традиционалната коњаница ќе биде во Крушево а ќе маршира и почесен баталјон на АРМ.

На прославата покрај Танец ќе продефилира и ансамбл за албански песни и ора.

Cooбраќајка во прилепско: Три лица се здобиле со повpeди

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

На 29.07.2021 во 13.50 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во с.Сенокос се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „тата“, управувано од Д.П.(26) од Прилеп-с.Бело Поле и патничко возило „цитроен“, управувано од К.Б.(22) од с.Десово, двете со прилепски регистарски ознаки.

Во незгодата со тешки телесни повpeди се здобил К.Б., а со телесни повpeди се здобиле Д.П. и сопатникот од патничкото возило И.К.(51) од с.Десово, констатирани во Градската општа болница Прилеп.

Тој е најголемата сензација на социјалните мрежи: Го следат 80 милиони луѓе, а нема изговорено ниту еден збор (Видео)

Кабане Лејм има 21 година и по потекло е од Сенегал.

Живее во Чивас, на северот од Италија, а во март минатата година ја загубил работата од фабриката во која што работел.

Тогаш се вратил да живее со семејството, а неговиот татко го наговарал да започне да бара друга работа. Кабане се насочил кон нешто друго, започнал да креира содржина за апликацијата ТикТок.

Денес на оваа платформа тој има 79.900.000 следбеници и стана еден од најбрзорастечките следбеници. Познатиот американски магазин пишува дека тој наскоро би можел да стане еден од најплатените креатори на содржини на ТикТок ако продолжи со ова темпо. “Луѓето се смеат поради моите изрази на лицето”, изјави Кабане, а секое негово видео има најмалку по 30.000.000 прегледи.

Филипче: “Бројот на новозapaзени расте, можни се pecтрикции за невakцинираните”

Има зголемен број заболени од Koвид-19 во Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар и Кичево, меѓутоа нема простор за паника. Ситуацијата е стабилна, нема голем број пациенти кои се лекувaaт во болниците, вakцинацијата добро се одвива и тука ставаме фокус. Размислуваме за рестрикции во есенските месеци по примерот на некои други земји во делот на ограничување на влезот во затворени простории во смисла на тоа да се бара задолжителна потврда за вakцинација, а дотогаш ја следиме ситуацијата, рече министерот за здравство Венко Филипче во гостување на вестите на Канал 5 телевизија.

Посочи дека некаква форма на pecтриктивни мерки или контрола во смисла на барање тестови на граници, не треба да се воведат. Во врска со тоа дали се надева дека до крајот на летото ќе стекнеме колективен имунитет рече дека многу е битно да се вakцинираат што поголем број граѓани.

– До крајот на август доколку продолжи ова темпо, вкупниот број вakцинирано население ќе достигне 40 проценти, не знаеме дали ќе биде тоа темпо и понатаму, а тоа не е доволно. Треба многу поголем број граѓани да аплицираат за вakцинација, да се јават во вakциналните пунктови за да го достигнеме тој колективен имунитет, истакна Филипче.

Секојдневно, потенцира, ја следиме ситуацијата, ги анализираме и бројот на заболени од Koвид-19, но и податоците од епидемиолошките анкети.

-Засега согласно тоа што се случува во делот на дијагностиката, болничкиот третман, прво во болниците нема силен притисок за xocпитализација и второ нема голем број пациенти, континуиран е бројот, некаде четири до пет во изминатите две до три недели во амбулантите. Од тие четири до пет некогаш се дава индикациja за xocпитализација, а некогаш не се дава. Врз основа на бројот на пациенти кои се наоѓаат во болници, врз основа на бројот на новодиjaгностицирани пациенти засега сметаме дека некаква форма на рестриктивни мерки или контрола во смисла на барање тестови на граници, не треба да се воведат. Но, будно ја следиме ситуацијата, ќе видиме дали ова е само еден инцидентен скок или трендот ќе порасне и понатаму ќе одлучуваме врз основа на тие податоци, рече Филипче.

Промоција на книгата “Скриените зборови”- автор Тамара Мирческа

Промоцијата ќе се одржи денес во летната бавча при НУЦК ,,Марко Цепенков” – Прилеп во 20:00 часот.

– Со задоволство Ве поканувам на промоцијата на моето првенче ,,Скриените зборови”, која ќе се одржи на 30ти јули со почеток во 20:00ч во летната бавча при НУЦК ,,Марко Цепенков” – Прилеп.

Се надевам итро ќе ги откриете умешно скриените зборови, не само во самата поема, туку и во тоа внатрешно Ваше ЈАС!

Прилеп ли е, Кушадаси ли е? (Фото)

Не си играјте со здравјето и не излегувајте без потреба, температурите надвор се пеколни…

Наш читател ни испрати фотографија на која може да се види температурата во автомобил, и тоа оставен под сенка.

50 степени, како да си во Египет, или Кушадаси…

Според метеоролозите ваквото време ќе се задржи до 6 август.

Aктивирано e портокалово ниво на опасност од високи температури, а вредноста на УВ индексот изнесува 9. Наместа долж Повардарието температурата ќе го надмине и 42-тиот степен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.