За 20 години доби функции колку некој што не може во 3 животи: Еве кој е Горан Сугарески

Горан Сугарески и официјално е кандидат за градоначалник на СДСМ за општина Прилеп

Сугарески дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиj“, каде станал и магистер по политички науки.

Во периодот од 2000 до 2003 година беше советник во советот на Општина Прилеп, по што до 2008 година работеше како комунален инспектор во општината.

Во периодот од 2008 до 2016 година беше пратеник во Собранието на Република Македонија.

Во текот на пратеничкиот мандат, Сугарески беше член на парламентарната делегација за соработка со НАТО, на комисиите за прашања за избори и именувања, за одбрана и безбедност и на Законодавно-правната комисија, како и заменик-член на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во периодот од 2013 до 2015 година беше заменик-координатор на пратеничката група на СДСМ, а потоа стана и координатор до 2016 година.

Сугарески беше и Министер за транспорт и врски, а потоа и Директор на Царинската управа. Неодамна се повлече од функцијата прв човек во царина и поднесе кандидатура за прв човек на општина Прилеп.

Партијата ја прифати неговата пред кандидатурата на актуелниот градоначалник Илија Јованоски, па денеска и официјално беше сооштено дека Сугарески ќе ја води градоначалничката битка со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Д-р Борче Јовчески.

Граѓаните, но и бизнис секторот, најмногу на Сугарески му забележуваат за стопирањето на изградбата на експресниот пат Прилеп-Градско, кој и после 4 години владеење на СДСМ на локално и централно ниво не е мрднат од мртва точка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.