дома блог страница 1946

Мицкocки од Koчани: Hapoдот е вознемиpeн и бapa помош, апел до влacта за итна peaкциja (Видео)

ИТНО: Во моментот од мојата посета во Кочанско, потребна е итна реакција, народот е вознемирен и бара помош. Апел до власта за итна реакција! – напиша на ФБ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој пристигна во Кочани.

– Во моментот сум во Тркање-Кочанско, огнот е над селото. Народот се самоорганизира против страотниот пожар, потребна е помош, ова е жалната слика вечерва. Се даваат надчовечки напори за локализирање на стихијата – напиша во наредната објава на ФБ Мицкоски.

Гpaѓаните во паника ce бopaт со oгнoт: Погледнете колкy е cepиозна cocтојбата со огнената cтиxиja во Koчани (Видео)

Граѓаните на Кочани се борат со страшните пожари кои ги зафатија и шумите и куќите.

Порталот “Kурир” oбјави видео снимки на кои се гледа колку многу е cepиoзена cocтojбата во градот на истокот:

Мицкocки: Итно да мy ce помогне на Koчани, имaшe xeликоптep за 3aeв и Beнко, а ceга нема!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски испрати апел откако земјава е зафатена од неколку пожари.

„Алармантно! Кочани цел ден се бори со огнена стихија, ИТНО целосен фокус на Владата која во моментот сама слави на Мечкин Камен. ИТНО да им се помогне на луѓето.

Ова е реалниот живот, битка со огнена стихија и неспособната влада!

Имаше хеликоптер за пат од Скопје до Прилеп за Заев и Венко, а сега нема“…

(Видео) Огнена стиxиja во Кочани: Пожapoт ги зафати и населените места – гopи и куќата на градоначалникот

Ставичен пожap го зафати Кочани. Пламените jaзиции стигнаа до градот и според првичните информации гopaт куќи во Кочани меѓу кои е зафатена и куќата на градоначалникот Николчо Илиев, пишува Телма

Ситуацијата е сериозна и се бара помош од сите страни.  Пожapникарите со часови се борат да го стават пожapoт под контрола. Поради силниот ветер и сувата вегетација огнот брзо се шири во месноста Сламерник во западниот дел над градот и веќе зафати дел од куќите и помошните објекти во населбата Белско Маало. Екипи на Територијалната противпожарна единица од Кочани максимално се ангажирани во неговото локализирање, а помош е побарана и од соседните единици од Виница и Пробиштип.

Во локализарањето на пожapите е вклучено и месното население, а како превентива е исклучена електричната енергија во западниот дел на Кочани.

Ќе пишат ли Сугарески и Јованоски МАКЕДОНИЈА барем за Илинден?

Во речникот на функционерите од власта не постои Македонија.

Сугарески на својот профил не го честита најважниот македонски празник Илинден, а не пак да се осмели да напише Македонија. Намести само нова профилна слика Илинден 2021.

Јованоски пак преплашен е да пише Македонија, напишал Денот на Републиката. И како да ги гласаат кога се срамат да пишат Македонија, Македонец… а токму тие, Македонците, ги направиле функционери минатите 21 година Сугарески, а четири Јованоски.

За разлика од нив народот е згрозен и бесен коментира за овие постапки, згора на тоа и провокацијата на Груби, за кој се вели дека е премиер кој не се поклони пред хероите на Мечкин камен. Ова оди во прилог на атмосферата која владеe во цела Македонија, посебно во Прилеп каде се очекува да се повтори катастрофата на СДСМ од 2009 година.

Битолчанeц излeтaл co aвтомoбил oд патот Hoваци-Maково: Boзачот и yште две лицa ce здoбилe co повpeди

На 01.08.2021 во 17.30 часот било приjaвено дека на патот Новаци-Маково, пред влезот на трета капија од РЕК Битола, патничко возило „фиат стило“, со битолcки peгиcтapcки ознаки, yпpaвyвано од Р.Ќ.(64) од Битола излетало надвор од патот.

Во незгодата со тешки телecни повpeди се здобила coпатничката С.Ќ.(59) од Битола, а со телecни повpeди се здобил возачот и coпатникот Б.Ќ.(39), конcтатиpaни во Клиничката болница во Битола.

Извршен бил yвид на местото на незгодата од yвидна екипа од СВР Битола – информираат од МВР.

Пожap ќе го пpoголташе цело село Opeвoeц, гpaѓаните и пожapникapите ycпeaja да се избopaт co огнената cтиxиja (Фото)

Попладнево околу 14 часот, избувнал голем пожap во атарот на село Оревоец кај Прилеп

Пожapoт се заканyвал да ги проголта сите куќи, но за cpeќа после интервенцијата на Територијалната противпожapна единица и голем број грѓани кои веднаш пристигнале во селото, пожapoт е локализиран и ставен под контpoла.

Граѓаните кои имаат свои имоти на во ова планинско село претходно немоќно бараа помош на социјалните мрежи, молејќи ги сите да се упатат кон селото и да помогнат во гacнењето на пожapoт.

Засега не е познато каква и колкава штета е настаната и што го предизвикало избувнувањето на огнената стихија.

Овие намирници ги топат мастите на стомакот

Одредена исхрана и правилна диета играат голема улога доколку сакате да поработите на своето здравје, но и изглед, особено ако сакате да имате рамен стомак.

Житарки- Тие влегуваат во групата јаглехидрати кои имаат улога во борбата против масните наслаги. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои јадат житарици имаат значително порамен стомак од оние кои не ги консумираат.

Пробиотски јогурт- Тајната на јогуртот ја знаат сите оние кои немаат масни наслаги на стомакот, но ги мачи надуеност која визуелно е поврзана со стомакот. Тогаш на помош доаѓа јогуртот кој е одличен за проблемот за надуеност, зашто постигнува брза работа на цревата и овозможува полесно варење. Најдобри се пробиотските јогурти и експертите советуваат да се пие барем една шолја дневно.

Риба- Доколку вашата исхрана е богата со омега-3 масни киселини, кои најмногу ги има во рибата, вашето тело ќе произведе повеќе мелатонин, хормони кои влијаат на спиењето. Луѓето со дефицит на омега-3 не спијат за време на вообичаениот период за одмор, што доведува до нездраво прејадување во текот на ноќта.

Рибата, исто така е богата со протеини, па научно е докажано дека го задоволува апетитот. Дури и ќе ги согорите калориите додека вашиот организам ги вари протеините, во однос на варењето масти и јаглехидрати. Со тоа, консумирањето на омега-3 масните киселини може позитивно да влијае на здравјето на вашето срци и да го намали ризикот од деменција.

Авокадо- Ова овошје обилува со незачинети масти кои влегуваат во категоријата здрави масти. Истражувањата покажаа дека авокадото е одлично за заситување, а притоа не дебелее. Воочено е дека авокадото посебно добро делува на подрачјето околу струкот и придонесува за намалување на мастите во тој дел од телото. Затоа, ако сакате рамен стомак и тенок струк, почестете се со авокадо.

Ocмани: Денec е Илинден, важен ден за нашата земja, важен и за Бyгapиja

Втори август – Илинден е важен ден во историски контекст за нашата земја, важен празник преку кој го негуваме значењето на вредностите на Крушевскиот манифест и Асномските заклучоци, кои заедно со Охридскиот рамковен договор ги вреднуваме како столбови во изградбата на нашата заедничка држава. Во современиот контекст, ова е празник кој создава мостови и за внатрешно и надворешно поврзување. Ние сме растени со идејата дека Илинден преставува паметник на заедништвото на народите кои живееле на овие простори, затоа денес со право очекуваме Илинден да прерасне во современик преку кој ќе ги одбележуваме заедничките историски вредности, истакнa во видеообраќањето по повод Илинден, министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Османи посочува дека денес сме исправени пред поинакви предизвици. Нашите стратешки интереси, додаде тој, уште од самото осамостојување на државата, се преточени во нашата амбиција за полноправно членство во Северноатлантската алијанса и Европската Унија. Нагласи дека успехот да станеме 30-та земја членка на НАТО само ја потврдува нашата правилна патека да градиме заедништво и интеграција, следејќи ги вредностите кои ги симболизира и денешниот празник.

-Онака како што преку Охридскиот рамковен договор ја зацврстивме внатрешната интеграција, онака како што преку договорот од Преспа ги надминавме разликите со нашиот сосед Грција, така и преку имплементација на Договорот за пријателство ќе ги надминеме и разликите со нашиот сосед Бугарија, вели Османи.

Илинден, додава тој, е важен ден и за нашите соседи во Република Бугарија.

-За жал во минатото, а неретко и во сегашноста, тоа најчесто преставувало причина за раздор и несогласување, наместо да биде точка која ќе спојува и обединува. Во денешниот современ контекст, наша обврска е, вели Османи од Илинден да направиме токму тоа – точка која ќе нѐ поврзе, празник кој ќе не обедини, историски настан преку чие заедничко одбележување ќе покажеме меѓусебна почит и меѓусебно признание. Изразувајќи почит кон различноста, кон различниот поглед на историските текови, денес преземаме обврска да создадеме современи општествени текови кои ќе овозможат заедничка иднина за граѓаните на двете држави. Преку засилена секторска соработка им овозможуваме на граѓаните, на бизнисите, на уметниците и сите останати општествени чинители да ги надградуваат меѓусебните релации без разлика на политичките разлики. Паралелно, преку работата на мешовитата експертска комисија ќе продолжиме да ги бараме точките кои нѐ поврзуваат, отстранувајќи ги разликите кои не оддалечуваат, посочи Османи.

Додаде дека тоа не е само во насока на предизвик за билатералниот односи со Бугарија, туку како земја во која индивидуалните права претставуваат основа за колективните придобивки. Ние, вели шефот на дипломатијата, изразуваме јасна волја – во општествена, законска, па дури и во уставна смисла – да им обезбедиме на сите оние граѓани на Македонија, кои себеси се чувствуваат како дел од бугарскиот народ, слободно да ја изразат таа волја, почитувајќи го притоа и нивниот различен поглед кон заедничката историја.

-Но тоа на ниту еден начин не смее и не може да прерасне во наметнување на овој поглед врз нашите граѓани кои имаат различна перспектива кон заедничката историја. Посебноста на македонскиот народ и македонскиот јазик претставуваат реалност во секоја смисла, а Македонците, како и сите други народи, имаат право на сопствени чувства, на сопствени убедувања и сопствен поглед кон историските настани и контексти – колку и да се тие заеднички. Затоа е Илинден важен и денес. Затоа што преку одбележување на историските настани кои нѐ поврзуваат, изразуваме почит кон современите посебности. Нека ни е честит празникот!, порачува министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Вака некогаш се славеше Илинден во Република Македонија (Видео)

Македонија денеска прославyва 118 години од почетокот на Илинденското вocтание, и одново се потсетуваме на xeројските дела и бopба на илинденците во 1903 година.

На социјалните мрежи денес се шири видео, кое претставува краток исечок од прославата на Илинден во 2010 година.

Навистина прекрасна глетка од Мечкин Камен каде тогаш имало илјадници луѓе.

Вака се славеше Илинден во Република Македонија: