дома блог страница 1914

3aeв уште еднаш: “Имаме поголемо cpце од некои поголеми дpжави, затоа ќе пpимиме повеќе Aвганиcтанци”

Премиерот Зоран Заев изјави дека згрижувањето на Авганистанците ќе ја чини државта вкупно 74.000 денари, но дека не се знае точно колку од нив ќе пристигнат во земјава затоа што бројката постојано се менува, како што вчера дел се откажале и заминале на други дестинации.

Заев изјави дека со згрижувањето на граѓаните од Авганистан, ќе ја испратиме клучната порака, на солидраност и ќе покажеме дека мала земја како нашата, рамо до рамо со развиените држави, подава рака и во најтешките моменти.

Премиерот Зоран Заев изјави дека згрижувањето на Авганистанците ќе ја чини државта вкупно 74.000 денари, но дека не се знае точно колку од нив ќе пристигнат во земјава затоа што бројката постојано се менува, како што вчера дел се откажале и заминале на други дестинации.

-Зошто се определивме за поголема бројка од некои поголеми држави? Зашто веројатно имаме поголемо срце, зашто сме повеќе луѓе, зашто живееме во регион кој трпел конфликти, пател и знае што е солидарност. Такво е и Скопје кое ја испрати пораката за солидарност во 1963 година. Се работи за прашањето дали сме луѓе или не, да подадеме рака. И еден човек да спасисме, мислам дека го спасуваме светот. Ние се јавивме и се понудивме заедно со стратешките партерни да го споделиме тоа што значи одговорност, принципи и вредност – изјави Заев.

Тој повтори дека е многу важна подготвеноста на една мала земја, тука, во срцето на Балканот, рамнорпавно со целиот демократски свет, да ја испрати пораката на човечноста и хуманоста.

Премиерот дополни дека од авганистански граѓани прво ќе стигат миротворци, активисти за човекови права, новинари, преведувачи, жени, деца, асистенти на нашата Армија кои за 19 години опслужиле 3.500 македонски војници.

Beчepва започнyва дeceттиот jyбилeeн “Прилеп Џез Викенд”

Дуото „Кантон 6“ годинава го отвора десетиот по ред „Прилеп џез викенд“, вечерва во Центарот за култура „Марко Цепенков“.

Последни вечерва свират „Летечки пекинезери“, а утре отвораат „Такси консилиум“.Во вториот дел присутните ќе уживаат во гитаристот Тони Китановски и бендот „Панда 5“ .

Третиот ден на фестивалот нуди многу интересна програма – започнувајќи со омаж на легендарниот бенд „Џеџмесинџерс“, кој започна со работа во 50-тите и беа активни до 90-тите години од минатиот век.

Џез-викендот ќе го затвори составот на врвни музичари „Сајга квартет“ со Јуре Пукл, словенечки саксофонист штоживее и работи во Њујорк, во придружба со познатиот пијано музичар Васил Хаџиманов.

Ова година во оф-фест програмата на 29 август на локалитетот Врбјанска Чука (кај село Славеј) ќе има настап групата „Љубојна“.

Не е само Прилеп, и битолчани имаат затвopeн базен – еве од денеска почнал со paбота (Фото)

Независна кандидатска група „Поинаку“ од Битола вчера во рекордно време за само 6 часа собраа 401 потпис за поддршка за нивната листа на советници во општинскиот совет.

Оа достигнување го прославија на „новиот затворен базен“ во Битола кој веќе 30 години на битолчани им го ветуваат властите.

-Бидејќи вчера во рекордно време ги собравме потребните потписи и се „уморивме“, денес си зедовме за право малку да „олабајме“ во новиот базен во Битола, велат од „Поинаку“.

Изградбата на затворениот базен во Битола започна на 15 февруари минатата година…

He знae да cocтави пpocта peченица – ова е кандидатот на CДCM за Aepoдpoм

Партискиот кадар на СДСМ кој на партиско ниво го исфрли од игра актуелниот градоначалник Златко Марин не покажал посебни комуникациски способности на интервјуто со кое се промовирал како кандидат.

Во интервју за емисијата Утрински Брифинг на Слободен Печат пред еден месец кандидатот Александар Филиповски откако во повеќе наврати прави грешки и од стрес го поместува столчето признава дека ја губи мислата и вели:
,,Отидов”.

За негова среќа го спасува водителката на разговорот која поставува друго прашање, по што Филиповски делумно се стабилизира во разговорот.

Филиповски е син на поранешниот пратеник на СДСМ Благоја Филиповски кој беше и директор на Скопскиот аеродром до 2003 а неговиот чичко Илија беше министер за економија во владата на Црвенковски од 2002 до 2004.

Моментот кога Филиповски признава дека е “отиден”

“На Инcтагpaм и во peaлноcта” (Фото)

Фотографија од настан на министерката за образование Мила Царовска на најдобар начин ја прикажува импровизацијата која владее во образованието каде учениците мeѓу другите проблеми со наставата се уште немаат добиено сведителства за ланската учебна година.

Од фотографијата објавена на социјалните мрежи се гледа импровизација во која микрофони се поставени на маса која е качена на столчиња, што е крајно невообичаена ситуација.

Меѓу фотографиите од настанот кои ги објави ПИ АР тимот на Царовска на социјалните мрежи ја нема таа со столчињата под маса на која е залепен микрофонот.

Д-p Лазapoв: Heма ycлови за почеток на yчебната година со физичко пpиcycтво

Новата учебна година од септември ќе се одвива со физичко присуство на децата, но според матичниот лекар Ненад Лазаров, ваквата одлука е погрешна.

„Согласно моменталните услови, да започне училишна година со физичко присуство немаме апсолутно ниту здравствен ниту капацитет на образовниот систем. Само ќе се разболат многу деца додека се ревидира одлуката, недозволиво. Систематски прегледи не сме способни да направиме да течат на децата, а не друго нешто“, напиша Лазаров на Фејсбук.

Maкедониja ќе пpими не 200, не 400, не 650, тyкy 780 Авганиcтанци

Вкупно 780 граѓани на Авганистан ќе бидат згрижени во земјава, соопшти денеска владиниот портпарол Душко Арсовски.

Одговорајќи на новинарско прашање, Арсовски рече дека најголем дел од Авганистанците ќе бидат сместени на периферијата на Скопје.

За толку граѓани Владата презема обврска да обезбеди сместување и да ги згрижи, да помогне полесно да го поминат овој период додека се тука 90 дена. Во однос на хотелите, тоа е обврска на меѓународните организации кои ги покриваат трошоците, истакна Арсовски.

До неодамна бројката на потврдени бегалци беше 650, но премиерот Зоран Заев посочи дека како земја сме подготвени да примиме и повеќе.

За 20 години доби функции колку некој што не може во 3 животи: Еве кој е Горан Сугарески

Горан Сугарески и официјално е кандидат за градоначалник на СДСМ за општина Прилеп

Сугарески дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиj“, каде станал и магистер по политички науки.

Во периодот од 2000 до 2003 година беше советник во советот на Општина Прилеп, по што до 2008 година работеше како комунален инспектор во општината.

Во периодот од 2008 до 2016 година беше пратеник во Собранието на Република Македонија.

Во текот на пратеничкиот мандат, Сугарески беше член на парламентарната делегација за соработка со НАТО, на комисиите за прашања за избори и именувања, за одбрана и безбедност и на Законодавно-правната комисија, како и заменик-член на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во периодот од 2013 до 2015 година беше заменик-координатор на пратеничката група на СДСМ, а потоа стана и координатор до 2016 година.

Сугарески беше и Министер за транспорт и врски, а потоа и Директор на Царинската управа. Неодамна се повлече од функцијата прв човек во царина и поднесе кандидатура за прв човек на општина Прилеп.

Партијата ја прифати неговата пред кандидатурата на актуелниот градоначалник Илија Јованоски, па денеска и официјално беше сооштено дека Сугарески ќе ја води градоначалничката битка со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Д-р Борче Јовчески.

Граѓаните, но и бизнис секторот, најмногу на Сугарески му забележуваат за стопирањето на изградбата на експресниот пат Прилеп-Градско, кој и после 4 години владеење на СДСМ на локално и централно ниво не е мрднат од мртва точка.

Kукески ќе почека за деби натпревар, вчера беше ycпeшно oпepиpaн

Вчера попладнето во Државната болница во Скопје, ycпешно е опepиран централниот дефанзивец на ФК Победа, Христијан Кукески.

Стоперот на Победа се повpeди на пријателскиот натпревар пpoтив Беса во Гостивар.

Xиpyшкиот зафат на предниот вкрстен лигамент во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје го изврши д-р Зоран Несторовски.

Oд ФК Победа му посакуваат успешно опоравување, навремено враќање на зелениот терен и официјално деби во црвено-белиот тим на својот фудбалер.

26-годишниот фудбалер во редовите на црвено-белите пристигна летово, како слободен играч од екипата на Слога 1934

Пехчевци не издpжаа во Прилеп, бодовите останаа дома

Победа попладнево се врати на градскиот стадион “Гоце Делчев” после шестгодишна пауза и во првиот натпревар од Втората лига Запад го совлада Кит-Го од Пехчево со 2-1 (0-1 на полувремето).

Гостите поведоа во првиот дел со погодокот на Андонов.

За Победа стрелци на головите беа новото засилување Даниел Карчески, кој израмни на 1-1, а само две минути подоцна беше досуден удар од белата точка за црвено-белите.

Пеналот во погодок го претвори Дарко Анѓелески, на огромна радост на бројната публика на градски.

ВИДЕО: GOL.MK

Скендеровски Продукција