дома блог страница 1911

Отворена изложбата “Светлина” од прилепската уметница Марта Макеска

Синоќа, 27.08.2021, во ликовната галерија на ЦК Марко Цепенков во Прилеп, беше отворена изложбата “Светлина” од прилепската уметница Марта Макеска која се претставува со платна и минијатури, изработени во техника акрил на платно и колаж.

За нејзиното творештво говореше Викторија Димеска, историчар на уметност, која посочи дека припаѓа на правецот симболичен експресионизам.

-Преку експресивниот уметнички израз, бојата преку чистата форма и силниот интензитет добива на предност на сметка на формата на композицијата.

Тргнувајќи од различните симболи, како што се културно историските споменици, кои го симболизираат многу вековниот опстанок на градот, крстот кој ја симболизира историјата на православната христијанска религија, колажните композиции со претставите на селаните и додадената елементи – везовите од традиционалната македонска народна носија, како и претставите со мотивот мајка со дете, како симбол на мајчината љубов, јасно одѕвонува замислата на уметницата.

Желбата за опстанок, истрајноста и трпеливоста, генерациски предавање на мудроста, претставуваат различни одлики со кои што се карактеризира мајчината љубов и нејзината заштитна улога – таа претставува ѕвезда водилка или зрак Светлина која го осветлува патот низ темнината – рече на отворањето на изложбата Димеска.

Две прашања што Сугарески не може да ги одговори

Твит на денот

Првото прашање е: Дали има реализирано барем еден проект за Прилеп во овие 20 функционерски години стаж?

Второто прашање е: Дали има храброст да напише на својот профил “МОЈАТА ТАТКОВИНА Е РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И НИКАКО ПОИНАКУ!”

Луѓето од Балканот масовно заминуваат во „земјата без стрес“

Ова е земја со потенцијал во која секој може да се пронајде себеси и да заработи за добар живот.

Неколку децении наназад од Балканот луѓето заминуваат во Германија, Австрија, Швајцарија, сè со цел да работат таму, но и да имаат подобар живот, а во последно време исто така тие се селат и во Шведска.

Во тие земји веќе имаат свои квартови, а неретко на улиците може да се слушне „нашиот јазик“. Сега се отвораат границите и за некои други земји кои нудат пред сè – вработување.

Норвешка е држава со голем потенцијал, во која лесно може да се пронајдете себеси и да заработите за добар живот.

Жена од Хрватска која релативно скоро се преселила во Норвешка секојдневно споделува искуства на својот Инстаграм профил од животот во таа земја.

Најчесто таа снима видеа во кои објаснува каков е животот во Норвешка, што е невообичаено во однос на Балканот и како да се најде работа.

Таа тврди дека на Норвежаните моментално хронично им фалат работници: од медицински лица, до градежни работници, просветни работници…

Таа исто така објаснила дека од оној момент кога ќе добиете ID, вие можете да се пријавите во Заводот за вработување кој таму се нарекува NAV. Тогаш тамошните луѓе ви помагаат да пронајдете работа, а покрај тоа постојат и приватни агенции за вработување.

Исто така може и самостојно да испраќате молби, односно CV за работа во фирми кои ви се допаѓаат.

Накратко, ID е личен матичен норвешки број и со негова помош може да направите многу во државата.

При барањето работа секогаш предност имаат оние кои го знаат норвешкиот јазик, што е логично.

Просечната плата во Осло моментално изнесува околу 3.000 евра и е една од најголемите заработки на ниво на европските престолнини. Но, треба да се има предвид дека таму трошоците за живот се поскапи, особено месечната кирија.

Извор: press24

63-годишен прилепчанец пpoнajден мpтов во неговото возило

На 27.08.2021 во 06.43 часот во СВР Битола, В.Д. вработен во pyдник во Пpилеп пpиjaвил дека М.Т.(63) од с.Беловодица, вpaботен како cтpaжap во pyдникот, бил пpoнajден починат под своето патничко моторно возило „југо“ со прилепски регистарски ознаки.

Увид на лице место бил извршен од јавен обвинител, по чија нapeдба телото на починатиот е предадено за обдyкциja – информираат од МВР.

Прилепчани се мајстори за високи добивки: Два фантастични тикети во Евро Тип (Фото)

Вчерашните натпревари од понудата на Евро Тип направија двајца прилепчани исклучително среќни.

Обложувачите од Прилеп уште еднаш докажаа дека со право го носат епитетот најдобри во државата, откако на два тикети одиграни во спортските обложувалници Евротип беа исплатени над 562 илјади денари!

Типувајќи  9 натпревари на конечен тип, првиот обложувач на влог од 200 денари и вкупен коефициент од 2163, успеа да стигне до добивка од над 412 илјади денари, вклучувајќи го и ЕвроБонусот од 30 отсто!

Од друга страна, неговиот сограѓанин кој типуваше 10 натпревари за 325 денари,  исто така користејќи го ЕвроБонусот, освои 150.000 денари.

Не заборавајте, најдобрите услови и коефициенти можете да ги најдете само во Евротип, а доколку се уште не сте дел од Евротип клубот, искористете ја можноста и подигнете ја Вашата Евротип клуб картичка во најблиската Евротип обложувалница до Вас и уживајте во бројните придобивки. www.evrotip.mk

Ha денешен ден гpoм yдpи во манacтиpoт Cвета Богоpoдица во Бepoво и ycмpти 9 лица (Видео)

На денешен ден во 1996 година на прослава на православниот христијански празник Успение на Света Богородица, во манастирската црква „Св. Богородица“, кај Берово, од громовите што удриле во масата, загинале девет лица, а 40-ина биле повредени.

Повеќе од две децении се уште останува неразјаснет случајот од трагедијата кога по силното невреме со грмотевици гром удри во дворот на манастирот.

Пред пет години штипската ТВ Стар објави сведочење на пензионираната новинарка Љубинка Клинчарска, која прва ја објавила веста за трагичната прослава на празникот.

– Некои од моите соговорници ги обвинија поповите, бидејќи курбанот беше преместен наместо во среда кога е посно тие го направија во четврток. Па, се толкуваше како божја казна. Но, едно што не ми се допаѓа е дека сите заборавија на жртвите им ветуваа, но за нив ништо не се направи, изјавила тогаш Клинчарска.

Покрај манастирот за Успение на пресвета Богородица и наредните години до ден-денес се собираат илјадници верници, каде во стотина казани се подготвува ручек за прославата за гостите, но на денот на празникот, со што Малешевијата ја продолжува вековната традиција на црковно-народниот собир.

Во видеото (под текстот), објавено од ТВ Стар во 2016 година, е сведечењето Клинчарска за настанот.

Hajголемиот зacтапник на лyѓето пpeд Бога: 3a многу години Голема Богоpoдица

Денеска православните Христијани го празнуваат големиот празник, Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица.

Од повеќето празници посветени на пресвета Богородица овој е еден од најзначајните. Затоа народот овој празник го нарекува уште и Голема Богородица.

Во македонските цркви и манастири можат да се сретнат прекрасни претстави на настанот што црквата го слави. Обично се наоѓаат над влезната западна врата на црквата. Инаку, самиот збор успение значи заспивање; поинаку кажано, не се слави смртта, туку вознесувањето на Богородица во небесните живеалишта.

Се слави нејзиното заспивање, бидејќи таа не помина низ смртта како враќање на правот на правот. Веднаш по нејзината смрт таа е земена на небото во Христовите прегратки, вознесена е заедно со телото и станува прв и најголем застапник на луѓето пред Бога.

Според црковното предание, Богородица го завршува својот живот тивко и мирно без никакви болести и страдања и по смртта на нејзиниот син Господ Исус Христос, таа честопати се молела заедно со апостолите Господ Бог да ја земе нејзината душа и да ја пресели на небото. Доживеала длабока старост.

За време на една молитва во Леонската Гора, светиот Архангел Гаврил и’ се јавил и и’ рекол дека за три дни ќе се пресели од овоземниот во небесниот живот. Таа му ја кажала веста на свети апостол Јован, кој, пак, требало да се грижи за неа до крајот на нејзиниот живот. Свети апостол Јован ја објавил веста, која бргу се проширила и сите доаѓале кај Пресвета Богородица да и’ оддадат почит додека се’ уште е жива.

Сево ова се случувало во куќата на светиот апостол Јован каде што Богородица му ја предала својата душа на Господ Исус Христос. Била опкружена со голем број ангели и архангели. Се создал шум и голем облак, а пристигнале сите апостоли да и’ оддадат чест. Меѓу нив не бил само светиот апостол Тома, по божја промисла.

Тој бил далеку од другите апостоли, бидејќи го проповедал христијанството. Богородица првин легнала на одарот и во тоа време во целосна светлина дошол Господ Исус Христос, а таа станала и рекла: „Душата моја го велича Господа и духот мој се зарадува во него“. Веднаш потоа повторно легнала и заспала.

Кога Пресвета Богородица им се јавила на присутните во својот гроб, во нејзина целосна слава и величина, тогаш тие поверувале дека таа од ангелите божји е воздигната од земјата на небото во придружба на голем ангели и архангели, серафими, херувими и светители. Тоа е преминот од земното кон небесното царство, односно од земниот кон вечниот живот.

За празниците Голема и Мала Богородица обичај е, особено жените, да ги почитуваат поголемиот број забрани кои се однесуваат на извршувањето домашни обврски.

На верниците, особено на жените им се препорачува на тој ден да не чистат, перат и да ги завршуваат домашните обврски.

Исто така, овој ден не е добар за отпочнување на нови бизниси.

Hoвинapoт Moмиpocки co бapaње до Cyгapecки

Прилепчани познати по својата духовитост почнаа да си играат мајтап со политиките на СДСМ за младите кои веќе ја напуштија Македонија.

Од безидејните средби со граѓаните на кандидатот, кој нема ни еден проект за својот град кој може да го наброи за 20 години кариера, произлезе и оваа шега.

Зоран Момироски важи за еден од најдобрите прилепски новинари со повеќе од 35 годишно искуство. После денешната средба на новинарите со кандидатот за градоначалник на СДСМ за Прилеп, Горан Сугарески, доби провокативно прашање, а тој одговорои на оригинален начин.

“Добредојде дома”: Кристијано Роналдо се врати во Манчестер Јунајтед (Видео)

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо се врати во црвениот дел од Манчестер.

Веста ја потврди клубот од Олд Трафорд.

“Манчестер Јунајтед со големо задоволство може да потврди дека постигна договор со Јувентус за трансферот на Кристијано Роналдо. Остануваат само деталите околу личните услови и медицинските прегледи”

И Прилеп има противпожapно возило како Гевгелија (Видео)

Некому смешно, но тешко на пожapникapите кои во 21 век треба да се справуваат со олку стари возила и секојдневно пожртвувано да одговараат на повиците за помош и да интервенираат на пожари.

Не е само Гевгелија и во Прилеп има од популарните “фапови” кои се стари по 40-50, а можеби и повеќе години.

Овој камион секојдневно го гледаат прилепчани низ улиците и се прашуваат, зошто има пари за секакви непродуктивни трошења, а нема за нови противпожарни возила…

За среќа во градот ја имаме една од најуспешните македонски компании и брендови “Витаминка”, со чија помош колку толку се обнови возниот парк на Територијалната противпожарна едница Прилеп.

Да не беше “Витаминка”, денеска во Прилеп пожapи ќе гасневме со пиштолче на вода