дома блог страница 188

Прослави празнично без грижи, и со многу смеа

Овие празнични денови нека бидат поинакви – полесни, поразиграни и полни со изненадувања! Минт Кредит ти носи GIVEAWAY што не се пропушта, затоа што празниците се за уживање, а ние сме тука да ги направиме уште позабавно искуство.

Замисли празнична атмосфера + добра дружба + вечер исполнета со смеа… Звучи како совршен план?

Сè што треба да направиш е да аплицираш и автоматски влегуваш во трката за 2 карти за stand-up шоуто „Менопауза“ со Тијана– настан што гарантира одлично расположение и многу смеа!

Како оди извлекувањето?

-На 15 април извлекуваме добитници за шоуто на 19 април
-На 17 април извлекуваме добитници за шоуто на 21 април

Двојна шанса да освоиш = двојно повеќе возбуда!

А додека ти си учествуваш во овој GIVEAWAY, добиваш и нешто уште поважно – брза, едноставна и сигурна финансиска поддршка токму кога ти е најпотребна.

✔ Брзо одобрување
✔ Едноставна апликација
✔ Дополнителни средства кога ти се најпотребни

Затоа што празничните денови се време за радост, не за грижи.

👉 Аплицирај, учествувај и можеби токму ти ќе бидеш оној што ќе се смее најгласно оваа пролет!

Минт Кредит – за полесни празници и моменти што се паметат.

Николоски: Дали Арбен Таравари се уште е во заложништво од скандалот со Ѓока?

Односите со Албанија се одлични и ќе останат такви. Но дали вашиот претседател Таравари со скандалот „Ѓока” барал помош од премиерот Еди Рама, па бил упатен да бара помош од Али Ахмети и со тоа Ве паркираа во коалиција со ДУИ, тоа е прашањето на кое треба Вие да одговорите, му порача вицепремиерот Николоски, на пратеникот Халил Снопче, на седницата за пратенички прашања.

Вицепремиерот Николоски, од собраниската говорница потенцира дека чудно е што Алијанса на Албанците повторно го конкретизира случајот со Илир Мета во Македонија и му порача на пратеникот Снопче да не биде користен за манипулации.

„Кога зборував со случајот на Илир Мета, чудесно е што сите провладини медиуми во Албанија напишаа колумни со исти тези против мене кои што сега вие ги кажавте. Чудесно е вие имате исто мислење со сите провладини медиуми во Албанија. Односите со Албанија се одлични, такви биле, такви се и такви ќе останат. Но ме зачудува после две три недели пак ја отварате темава.

Но би Ве прашал дали е вистина дека откако вашиот претседател Арбен Таравари западна во проблеми со случајот „Ѓока”, отишол кај премиерот на Албанија, Еди Рама да бара помош и премиерот Рама му рекол: Jас можам да ти помогнам, но повеќе од мене може да ти помогне Али Ахмети и така Ве паркираа во коалиција со Али Ахмети.

Исто така, ако на ова во Албанија има некој што да каже слободно нека каже, нека не Ве користат вас како „прокси” навистина непријатна улога Ви дале. Знам дека скандалот со Ѓока е огромен, но функцијава која Ви ја даваат е крајно непријатна. Со пријатели вака не се постапува. И третата работа што ја кажувам е лична. Илир Мета ми е пријател, сум бил кај него неколку пати сам и фамилијарно, сме се дружеле и ќе се дружиме. И кога бил во зенитот на поличката моќ и денес кога веројатно ги доживува најтешките моменти во политичкиот живот. Јас не се окажувам многу лесно од пријателите. Ме знаат сите пријатели во ВМРО – ДПМНЕ, чесно е да го подржувам, а нека им служи на чест на тие кои наредија да го тепаат на автопат и случајно да има камери и да снимаат и еве две години да го држат во притвор. Тоа само во едноумието се случуваше во времето на Тито и во времето на Енвер Хоџа” – му одговори вицепремиерот Николоски на пратникот Халил Снопче.

Четврта година по ред – Велигденска литургија во храмот Св. Петка во Прилеп

Соопштение од црковниот храм Св. Петка:

Возљубени браќа и сестри во Христа, драги родители, баби и дедовци, наши прилепчани, со духовна радост ве известуваме дека и оваа година, покрај полноќната воскресенска богослужба, во храмот „Св. Петка“ во населбата Точила во Прилеп ќе се отслужи Божествена Литургија и на првиот ден на Воскресението Христово – Велигден, на 12 април (недела), со почеток во 9:00 часот.

Оваа Литургија се богослужи по четврти пат во нашиот храм, како плод на големата посетеност и силната духовна радост од изминатите години, кога бројни верници, особено деца, се причестија и ја доживеаја радоста на Воскресението.

Литургијата е наменета за сите, особено за оние кои не можат да присуствуваат на полноќната служба, како и за најмладите. Ги повикуваме родителите да ги доведат своите деца та и тие, да се причестат со телото и крвта Христови, и да ја доживеат воскресенската радост.

За сите деца ќе бидат подготвени велигденски подароци. Поради најавените временски неприлики, Литургијата оваа година ќе се служи во храмот, а не на платото пред него.

Христос Воскресе! Навистина Воскресе!

Со љубов ве очекуваме заедно да ја прославиме Пасхата Христова.
Со благослов,

Протоереј Љупче Петрески, в.д. старешина
со свештенството, управата и вработените при храмот „Св. Петка“ – Прилеп

Геополитика и инвестирање – Како до стабилност во време на неизвесност

Зошто дисциплината, структурата и диверзификацијата се клучни?
Во свет каде што една вест може да ја помести цената на нафтата за неколку часа, а геополитичката неизвесност повторно ги става во фокус инфлацијата, каматните стапки и ризикот на глобалните пазари – инвеститорите сè почесто си поставуваат едно суштинско прашање: каде има повеќе јасност?
Последните случувања уште еднаш потврдија колку брзо може да се смени расположението на глобалните пазари. Цената на нафтата нагло паѓа, па повторно расте, затоа што пазарите реагираат на нови сигнали, очекувања и неизвесност.
И токму тука се крие суштината: кога шумот станува погласен, јасноста станува повредна од кога било.
Кога пазарите се бурни, дисциплината станува стратегија
За просечниот инвеститор, ваквите периоди не се само приказна за светските берзи. Тие се потсетник дека секоја инвестициска одлука треба да се темели на дисциплина, а не на импулс.
Во време на нестабилност, најважни стануваат прашањата што не се менуваат:
-Од каде доаѓа приносот?
-Колку е разбирлива структурата на инвестицијата?
-Како е распределен ризикот?
-Дали одлуката е дел од план – или реакција на моментална емоција?
Инвеститорите што успеваат да останат доследни на овие прашања не се обидуваат да го „погодат“ пазарот. Тие градат стратегиски пристап.
Зошто диверзификацијата и структурата добиваат на значење
Во периоди кога глобалните пазари реагираат драматично на секоја нова информација, сè повеќе се вреднуваат инвестиции што не зависат исклучиво од
дневни наслови или краткорочни движења на берзански индекс.
Не затоа што неизвесноста исчезнува, туку затоа што инвеститорите бараат:
-појасна логика зад приносот
-поголема контрола врз одлуките
-подобра распределба на средствата
Токму затоа диверзификацијата не е само препорака – туку неопходност. Наместо концентрација на ризик во една насока, сè повеќе инвеститори избираат пристап што им овозможува да распределат и управуваат со своите вложувања поорганизирано.
P2P инвестирање: пристап базиран на јасност и структура
Во ваква средина, P2P инвестирањето станува сè поинтересно за инвеститорите кои бараат поразбирлив и поорганизиран пристап. Причината е едноставна: овде одлуките не се темелат на шпекулација, туку на структура.
Инвеститорот има можност однапред да знае:
-што точно разгледува
-каков е очекуваниот принос
-како да изгради диверзифицирано портфолио
Овој пристап овозможува фокусот да биде ставен на процесот, а не на краткорочните пазарни реакции.
Инвестирање без зависност од дневниот шум
Во време кога една изјава или геополитички настан може да предизвика нагли пазарни реакции, сè поважно станува да се има пристап што не се менува со
секој нов наслов.
Поискусните инвеститори не се обидуваат постојано да го најдат „совршениот
момент“. Наместо тоа, тие се враќаат на основите:
-јасна проценка
-разумна распределба
-долгорочна дисциплина
Тоа не значи дека алтернативните инвестиции се изолирани од глобалните случувања. Но разликата е во тоа што тие овозможуваат подобра прегледност и контрола, што во време на неизвесност има особена вредност.
Зошто P2P е дел од современиот инвестициски пристап
P2P.com.mk е платформа создадена токму со оваа логика, да им овозможи на
инвеститорите да пристапат кон вложувањето со повеќе структура, јасност и
дисциплина. Наместо да зависат исклучиво од краткорочните движења на глобалните пазари, инвеститорите можат да изградат пристап што е:
-организиран
-транспарентен
-насочен кон долгорочна стабилност
Во време на неизвесност, тоа не е само предност. Тоа е начин на размислување што сè повеќе добива на значење.
Кога светот е бучен, вредноста е во јасноста
Можеби најважната лекција од ваквите периоди не е дека треба да се реагира на
секоја вест. Туку дека треба да се инвестира со поголема свесност. Бидејќи кога
пазарите се бучни, паметните инвеститори не бараат повеќе возбуда – туку
повеќе јасност, структура и контрола.
P2P инвестирањето е платформа која ви овозможува да размислувате поорганизирано и да градите портфолио кое не зависи од дневниот хаос на пазарите.
Дознај повеќе за можностите за инвестирање на P2P.com.mk и изгради пристап
што се темели на дисциплина, диверзификација и долгорочно размислување.

Нема повеќе одење по други градови – Прилепската болница набави апарат за очна дијагностика кој беше најпотребен за пациентите (ФОТО)

Прилепската болница набави нов апарат за ОЦТ – Оптичка кохерентна томографија, наменет за потребите на очната амбуланта, со што дополнително се проширува опсегот на услуги што болницата ги нуди на пациентите.

ОЦТ е современа, неинвазивна, брза и безболна дијагностичка метода, која овозможува детално снимање на ретината и другите структури во задниот сегмент на окото. Со оваа метода се овозможува рано откривање и следење на заболувања како:

-макуларна дегенерација
-дијабетична ретинопатија
-глауком
-макуларен едем
-други заболувања на ретината

Во рамки на едукацијата за техничките карактеристики на апаратот, како и за изведување и интерпретација на резултатите, болницата ја посети директорката на Универзитетската клиника за очни болести – Скопје, доц. д-р Наташа Шекеринов, која се стави на располагање и за идна соработка.

Општа болница Прилеп располага со современа офталмолошка апаратура, меѓу која ултрасонографија, периметрија, а сега и ОЦТ, со што на пациентите ќе им се овозможи навремена дијагностика и третман.

Апаратот е набавен со сопствени средства во износ од 4.700.000 денари. Со ова, пациентите повеќе нема да имаат потреба да патуваат во други градови или во приватни болници за оваа услуга.

Најдобри во цела држава: Прво место за учениците од СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ Прилеп на натпревар по циркуларна економија

На натпреварот по циркуларна економија, одржан на Економскиот факултет во Прилеп, првото место во конкуренција на средни училишта од целата држава го освои тимот на СОУ „Ристе Ристески-Ричко“.

Учениците, под менторство на професорката Виолета Секулоска, се претставија со проектот „Rerubix“, кој предвидува рециклирање на стари гуми и нивна пренамена во заштитни бариери за патишта и подлоги за детски игралишта.

Нивната идеја беше високо оценета од страна на стручната комисија и претставниците од бизнис секторот како практично, еколошко решение со реална примена.

Овој успех претставува значајно признание за учениците и нивната менторка, но и потврда за квалитетот на образовниот процес во училиштето.

Совршен велигденски изглед за децата? Ова место во Прилеп го има одговорот (Фото галерија)

Во срцето на Старата прилепска чаршија, на познатата Цветна улица, се наоѓа вистинско мало царство за најмалите – бутикот BABY BOOM. Место кое не е само продавница, туку топло катче исполнето со стил, нежност и љубов кон детската убавина.

Во пресрет на најрадосниот празник – Велигден, во BABY BOOM владее вистинска празнична магија. Просторот е исполнет со бои, насмевки и нови модни комбинации кои едноставно освојуваат на прв поглед. Новата колекција веќе пристигна и носи со себе свежина, елеганција и шарм, токму како што доликува на пролетта.

Изборот е навистина богат – од нежни и елегантни фустанчиња за девојчиња, до модерни и удобни комбинации за момчиња. Секое парче е внимателно одбрано, со акцент на квалитет, удобност и стил, за вашите најмили да се чувствуваат прекрасно додека изгледаат неодоливо.

Без разлика дали барате нешто свечено за празничната трпеза или удобна комбинација за прошетка и дружење, тука ќе најдете се’ што ви е потребно. Вашите дечиња ќе блеснат во полн сјај и ќе внесат дополнителна радост во празничните моменти.

Затоа, не чекајте – посетете го BABY BOOM и дозволете си да уживате во изборот кој ќе ви го освои срцето.

А дотогаш, погледнете дел од прекрасните модели од новата колекција во продолжение…

Сите ја сакаат ФК Победа ама на тастатура, нема кој да плати 150.000 денари царина за донираните дресови и опрема од Австралија

Комплет спортска опрема наменета за прилепскиот второлигаш Победа веќе четири месеци стои на царина, без интерес од надлежните да биде подигната.

Зад донацијата стои прилепчанецот Гоце Павлески, кој повеќе од 20 години живее во Сиднеј, Австралија. Со желба да му помогне на клубот кој се соочува со сериозни финансиски проблеми, тој организирал акција за собирање средства меѓу македонската дијаспора.

Иако, како што вели, собраната сума не била голема, одлучил средствата да ги вложи во набавка на неопходна спортска опрема – дресови, шорцеви, тренерки и зимска опрема за првиот тим, наменета и за домашни и за гостински натпревари.

Но, наместо поддршка, го пречекало разочарување.

„Од наша страна направивме сѐ што можевме. Опремата е испратена и веќе четири месеци стои на царина. И клубот и општината се информирани, но нема никаква реакција. Не обвинувам никого, но останува нејасно зошто никој не се ангажира да ја подигне, со оглед дека е наменета за клубот“, вели Павлески.

Во меѓувреме, Победа се соочува со сериозна неизвесност. Клубот е оптоварен со долгови и без финансиска стабилност, а интерес за вложување речиси и да нема. Според актуелната состојба, тимот е на чекор до испаѓање од Втората лига.

Сепак, донираната опрема можеше да биде значајна поддршка – ако не за сегашната сезона, тогаш барем за идните генерации и за евентуален нов почеток на клубот.

Фотографии од опремата се објавени на веб-страницата на порталот „Шампион“.

Приказната остава горчлив впечаток – особено за човек кој од далечина вложил сопствени средства и време, со надеж дека ќе помогне на својот клуб.

Понекогаш, најтешко е кога помошта останува непрепознаена.

ВИДЕОТО од разговорот на “ШАМПИОН” со Гоце Павлески погледнете го ТУКА

“Враќање на Жикина Династија” – вечерва и утре во киното “Мис Стон” во Прилеп

На 8 и 9 април 2026/среда и четврток/ од 19.00 часот во киното Мис Стон ќе се прикажува филмот „ВРАЌАЊЕ НА ЖИКИНА ДИНАСТИЈА“

Никола Којо му се враќа на ликот на Миша Павловиќ по повеќе од 30 години. На Миша во Србија му доаѓаат синовите кои долго не ги видел зашто живеат со Наташа во Москва. Кога пристигнуваат момчињата што ги носат имињата на своите прадедовци – Жика и Милан, започнува нова луда година полна со смеа, авантура, но и семејни вредности.

времетраење: 100 мин.
карегоризација: 12+

Проданоски: “До крајот на мандатот Прилеп ќе има три затворени трговски центри”

За трговскиот центар кој што го ветивме кај старата хала на Металец во Прилеп, во предизборната програма, разговарам на дневна основа до директорката на УЈП, од нив очекуваме проценка на движните ствари кои се на парцелата, ќе направиме анализа дали металната конструкција вреди да се задржи како конструкција или не вреди, истакна градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски.

„Понатаму истражуваме дали за оваа конструкција има преземено некакви акти во минатото. Ова е поприлично стара изградена конструкција, да видиме ако обезбедиме документација да се искористи, ако не е тоа возможно во ред, само ја чекаме проценката. Не можам да дадам рок, но ова ветување беше за рамка од 4 години. Но, ќе си дозволам да кажам дека до мене стигнаа уште две нови иницијативи за формирање на такви трговски центри во Општина Прилеп и се надевам дека до крајот на мандатот Општина Прилеп ќе има три затворени трговски центри, најмногу во Македонија“, изјави Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп“, додаде Проданоски.