дома блог страница 1887

Нов пycтош! Огpoмен пожap голта се пред себе кај прилепско Смолани, абер се нема од воздyшна поддpшка (Фото галерија)

Денеска во попладневните часови пријавен е пожap кај прилепско Смолани

Територијалната противпожapна едница од Прилеп, според нашите информации интервенирале со две екипи, но нивните напори се залудни затоа што пожapoт се простирал на неколку километри површина.

Според инфрмациите од терен се работи за 5-6 пожapи на потегот од Смолани до Тројаци, противпожарните екипи моментално се повлечени, а ќе продолжат со гаснење во утринските часови.

Засега нема најава дека државата ќе интервенира со поголеми екипи или со воздушна поддршка.

Од октомвpи нема влегyвање во реасторани и кафулиња само со една доза вakцина

Од следниот месец сертификатот за вакцинација ќе биде валиден само со целосна вакцинација, а не како досега и со една доза од вакцините против Ковид-19, најави министерот за здравство, Венко Филипче.

Вакциналниот сертификат е неопходен за влез на граѓаните во ресторани, кафулиња и трговски центри, како и за присуство на помасовни настани.

„Една од мерките која сигурно ќе се препорача, но ќе оставиме и доволно време да помине, е потребата да се прикаже сертификат за најмалку една примена вакцина ќе прерасне во потврда за целосно вакцинирани граѓани. Секако, тоа ќе биде некаде во месец октомври“, рече Филипче.

Министерот посочи дека потребата од дополнителни мерки ќе зависи од анализата што во моментов ја подготвува Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и треба да биде готова во сабота. Таа треба да даде детали за тоа каква е состојбата со бројот на новите случаи на Ковид-19, во кои градови се регистрираат, каква е возраста на заболените и опфатот на вакцинација во тие региони.

Вакцинацијата, според Филипче, се одвива добро иако во последните денови се бележи пад на интересот. Со последните бројки 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 30% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. Тој посочи дека вирусот се шири меѓу невакцинираните – над 90 отсто од смртните случаи немале примено вакцина, а помеѓу новозаразените 79 проценти не се вакцинирани.

Претседателот Пендаровски се попиша: Моето семејство ја исполни граѓанската должност (Видео)

Претседателот Стево Пендаровски денеска објави на Фејсбук дека заедно со неговото семејство ја исполниле граѓанската должност за пописот и оти податоците од оваа статистичка операција се неопходни за креирање политики.

„Денеска со моето семејство ја исполнивме нашата граѓанска должност. Внесот на податоците потребни за #Попис2021 не одзема повеќе од 15 минути. Со попишувачите поразговаравме и за досегашниот тек на процесот, за одѕивот и за реакциите на граѓаните“, напиша Пендаровски.

Претседателот додаде дека податоците од оваа статистичка операција се неопходни од секој аспект и оти ќе ни дадат насока за планирање на идните политики и стратегии.

Вкупно 800,008 лица, 249,500 домаќинства и 336,109 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193,168 лица.

Двегодишно дете во денешната статистика на починати од кopoнавиpycoт

Министерството за здравство информира дека во денешната статистика на починати како последица од Ковид 19 ќе биде заведено двегодишното дете кое починало на Клиниката за детска хирургија во Скопје.

Се работи за дете родено со конгенитални малформации, со дијагнози бактериска сепса кај новородено, Хоспитализирано и оперирано во повеќе наврати на клиниките за детски болести, детска хирургија и неврохирургија од конгенитални интестинални (цревни) малформации, компликации перфорација на црево, перитонит,некротизирачки ентероколит, ресекција на јејунум, интракранијална хеморагија, аплициран вентрикуло-преитонеален шант. При последниот прием на клиниката за детска хирургија поради малнутриција и дехидрација, поради ковид протоколите е тестирано и е со COVID-19 позитивен резултат. Поради компликации настaпува exitus letallis – пишуваат во објаснувањето од Министерството.

Во последните 24 часа се направени 4.384 тестирање, а регистрирани се 561 нов случај на КОВИД-19:

Пријавени се 29 починати лица: 13 починати лица од Скопје (88г, 76г, 70г, 70г, 69г, 68г, 67г, 66г, 56г, 54г, 53г, 40г, 2г), 3 починати лица од Куманово (84г, 69г и 39г), по 2 починати лица од Тетово (69г и 68г), Струмица (76г и 68г) и Охрид (88г и 67г), по едно починато лице од Гостивар (71г), Кичево (62г), Дебар (60г), Кратово (72г), Радовиш (67г), Крива Паланка (69г) и Ресен (72г). Од пријавените 29 лица, 27 се починати во болнички услови, а 2 лица се починати во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 186.010 бројката на оздравени пациенти е 166.606, на починати е 6.396, а бројот на активни случаи изнесува 13.008

По дваесет години на Сугарески му текна да правел економски развој на Прилеп

Успешното функционирање на општините во современи услови не може да се замисли без спроведување на локален економски развој и создавање поволна клима за деловни активности и инвестиции, напиша на Фејсбук Горан Сугарески, кандидатот за градоначалник на Прилеп од СДСМ.

Денес, по четири години на власт и безброј функции кои ги имаше во Владата, на Сугарески му текна да прави економски развој на Прилеп.

-Оттаму, доколку на претстојните локални избори ја добијам довербата на граѓаните на општина Прилеп, локалниот економски развој е еден од главните приоритети кон кои ќе биде насочена мојата и работата на мојот тим.

Во таа насока беше и денешната средба со менаџерскиот тим на Мермерниот Комбинат, глобален лидер во вадење и производство на светски прочуениот бел мермер „Сивец“.

Низ разговор дојдовме до заедничка констатација дека постои простор за унапредување на соработката, што е од интерес како на Комбинатот, така и на Општина Прилеп, а се’ во функција на подобрување на стандардот и условите за живеење на жителите на нашата општина, напиша тој.

Седумдесет годишна баба возела 60 километри на автопат во спротивен правец

71-годишната Французинка возела 60 километри во погрешна насока на автопатот пред да биде запрена од полицијата, пренесуваат медиумите.

Полицијата со мотоцикли ја запрела жената, која не била повредена, во петокот вечерта, пишува весникот Ouest France.

Полицијата затвори дел од автопатот, но им требаше час и половина да запрат жена на делот од автопатот А11, западно од Франција. Немаше несреќи, а полицијата го истражува инцидентот.

(Видео) Како изгледаше слетувањето на кинескиот вселенски брод: Космонаутите се вратија назад по 90 дена поминати во вселената

Тројца кинески космонаути се вратија денес по тримесечната мисија во вселената.

Ние Хаишен, Лиу Боминг и Танг Хунгбо слетаа денес со вселенскиот брод Шенжу-12 во 1 часот по локално време.

Тие вчера се одделија од матичната вселенска станица.

Државната телевизија ЦЦТВ прикажуваше снимки од слетувањето на неоштетаната капсула во пустината Гоби.

Филипче: “Не бегам од одговорност”

Не бегам од одговорност и од прашањата. Секогаш сум достапен за кое било прашање и обид за дефокус нема, но здравствениот систем е комплексен и мора да се менаџира, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче кој на прес-конференција во Клиничкиот центар ги соопшти бројките за најновата состојба со KOBИД во државава.

Одговорајќи на новинарски прашања во врска со трагедијата во Тетово, Филипче рече дека модуларната болница била пуштена откако надлежните потврдиле дека се проверени сите инсталации, струјата, канализацијата и дали персоналот се однесува согласно упатствата.

Министерот повтори дека модуларните болници се концептот што го користи цел свет зашто овозможиле да се хоспитализираат сите КОВИД-пациенти. И сега има огромен број пациенти кои се лечат во ваквите објекти.

-Модуларните болници се модел без кој ниту една земја не ќе можеше да ја менаџира кризата. Направивме 700 болнички кревети за помалку од два месеца. Алтернатива на тоа ќе беше италијанското сценарио, да нема луѓето каде да се сместат и да не може да им се помогне. Во ситуација на пандемија само модуларна болница е решение. За модуларната болница во Тетово не известија дека се проверени сите инсталации, струјата, канализацијата и дали персоналот се однесува согласно упатствата. Сите потрдија дека се е во најдобар ред, рече Филипче.

Извор: press24

Николовски се закани: По падот на Владата пpва ќе одговapa Цapoвcка, ќе оди во затвop

Во вечерашното гстување на ТВ Алфа, Александар Николски од ВМРО-ДПМНе изјави дека концептот на СДСМ е д се обидат да протнат нешто, а ако не успеат, с еповлекуваат, но никој од нивниот тесен круг луѓе не паѓа:

-Пробаа со законот за марихуана, па го повлекоа, пробаа со реформа во образование, Мила Царовска е прва која ќе одговара по падот на владата. Во прво и четврто има дигитални учебници, ама нема закон, затоа ќе одговара, ќе оди во затвор. Спремни се да се повлечат од проект и да не ги чепнат луѓето од најтесниот круг. Така што овде оставки нема да има. Нив им треба да превеслаат уште шест работни дена, потоа Собранието не заседава почнува кампања. Очекувам овие денови да сечат ленти, да ветуваат проекти, вработувања, но не им поминува тоа веќе, рече Николоски.

Во случајот со Рашковски, контролата во судството и обвинителството им измрда, тогаш се пресметуваа со Шекеринска и системот почна да работи без притисок и се реализираше истрага за аферите на Рашковски, Леонардо, со хеликоптерите и сега и тој е дел од кругот и непријатно е да проговори. Не ме чуди ова што се случуваа, лица што треба да се затворени шетаат слободно. Тоа ќе се смени по промена на власта, рече Николоски.

Тој укажа дека Рашковски беше генерален секретар на Влада и тој оперативно ги води работите, како и дека ги зголемил средствата до три пати повеќе што се за генералниот секретаријат.

„Рашковски влијаел на истрага, сведоци, а нема потреба да бега зошто се чувствува сигурен со Заев“, вели Николоски.

Според него јасно е дека има целосна партизација на системот затоа за Камчев има секакви детали, ама за тоа што Рашковски се шета слободен не знаат ништо надлежните.

Николоски се осврна дека многумина се под политички прогон, им се уништуваат семејствата, ги бркаат од работа.

„И тие за да се бранат земаат кредити за да имаат адвокати. Има 3.000 лица под прогон само заради желбата на Заев да се одмаздува“, вели Николоски.

Ангелов: Лyѓето кpaдат cooбpaќajни знаци и ги пpaват печки за ajвap

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, вечерва зборувајќи за пожарите во малешевијата и нивно навремено откривање, тој рече дека се размилува поставување на камери, но дека истите треба да бидат сочувано од кражби.

„Разгледуваме една можност да поставиме камери кои детектираат пожари на 20-30 километри и чад. Но размислуваме како да ги заштитиме тие камери од грабежи. Знаете, луѓето крадат сообраќајни знаци и потоа прават печки за ајвар. Затоа размислуваме како овие камери би ги заштитиле“, кажа Ангелов.