дома блог страница 1883

Цapoвcка: Poдителите да cи бapaaт таблети од yчилиштата

Министерката за образование и наука Мила Царовска во Тема на денот на Сител Телевизија истакна дека таблети во министерството има и дека родителите се тие кои треба да си побараат таблет од наставниците или од училиштата.

– Министерството испечати 20 проценти од вкупниот број на учебници и ги дистрибуираше до секое школо согласно бројот на ученици што значи дека наставниците во училишните библиотеки веќе имаат учебници кои што се печатени. Родителите не треба да ги печатат. Но главно, дигиталните учебници треба да се користат како дигитални секаде каде што има можност затоа што квалитетот на учебник кој е дигитален и целта што треба да ја постигне никако не може да се постигне со печатен учебник.

Царовска потенцираше родителите да бидат тие кои што ќе бараат од наставниците или од училиштата кои немаат дигитални уреди да ги набават.

– Во министерството имаме на располагање и таблети. Родителите да си бараат таблет и да го посочуваат и мотивираат ученикот да го користи дигиталниот учебник затоа што таму има содржина која што ќе му даде можност да истражува, да решава квизови и сето тоа во интерес на учењето, рече Царовска.

Платата повторно пораснала, сега изнесувала 28.540 денари

Просечната исплатена нето-плата по вработен во јули годинава изнесувала 28 540 денари и е за 4,8 отсто поголема од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (15.1 %), Уметност, забава и рекреација (14.2 %) и Други услужни дејности (13.5 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (7.5 %), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (4.3 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли
(3.7 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во јули изнесувала 42 627, што е за 4,9 повеќе од јули 2020 година.

Joвановиќ: Mojaта земja, во ceта нecpeќа од пандемиjaта, може да биде cpeќна со нашиот пpeмиep 3aeв!

Ненад Јовановиќ, апологет на СДСМ и гласен поддржувач на политиките на Зоран Заев, одушевен од настапот на премиерот во ТВ-дуелот на Канал 5 со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Во дебатата на Канал 5: Заев стабилен, аргументиран, одговорен, грижлив и емпатичен; Мицкоски збунет, безидеен, конфузен, профитерски настроен, типично за сите популисти кои рибарат со човечки души за бедни политички поени. Мојата земја, во сета несреќа од пандемијата, може да биде среќна со нашиот премиер Заев и неговата политика, напиша Јовановиќ.

3aканувачот се дружел со градоначалниците од СДСМ? (Фото)

Јавноста во текот на вчерашниот ден беше згрозена, откако на профил под името Роберт Вретоски, беа објавени страшни јавни закани до кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп, Д-р Борче Јовчески.

Профилот Роберт Вретоски кој на социјалните мрежи објавува слики од настани на СДСМ преку Фејсбук бара лекарот Борче Јовчевски кој е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Прилеп да ја повлече кандидатурата или ќе го најде својот син мртов.

“Наскоро и прислушкуваните разговори за Борчево ке бидат излезени во јавност па да видите како приватно договара за поткуп на гласачи. Повлекувај се од кандидатура ако ти е мила фамилијата во спротивно ке го најдеш и помалиот син во некој ендек фрлен како куче.!”, пишува профилот со име Вретоски кој за политички цели ја користи семејната трагедија на докторот Борче Јовчески.

На Твитер денеска осамнаа фотографии на кои истото лице е фотографирано со актуелните градоначалници на општина Прилеп и Битола, Илија Јованоски и Наташа Петровска.

На профилот Роберт Вретоски за кој МВР се уште нема излезено со соопштение дали е вистински, пишува дека лицето раководи со одредена Републичка фондација за хуманитарни цели “Здружени Срца”.

Граѓаните брутално реагираат на социјалните мрежи и бараат час поскоро од надлежните да реагираат и да го заштитат Д-р Јовчески од упатените закани.

Денеска се пазнува Рожденство на Пpecвета Богopoдица: Чecтит именден Марија, Мариче, Маре, Марјан…

Македонската православна црква и верниците денес го одбележуваат големиот празник-раѓањето на пресвета Богородица, празник кој се нарекува и Мала Богородица.

Денешниот празник се вбројува во 36 големи празници во црковниот календар обележани со црвени букви. Родителите на Пресвета Богородица Јоаким и Ана живееле во Назарет, а ќерката Марија ја добиле во постари години, после пет децении брак.

Празникот на раѓањето на Марија е 21 септември, но не е познато, од кога се слави и одбележува.

Меѓу народот овој празник се слави и со живописни обичаи, посебно посветени на раѓањето. Некои семејства во свечено руво, иако не слават и не одат на слава, поголем дел од денот го поминуваат во празнично расположение, посебно во краевите каде се одржуваат панаѓури.

Се верува дека есента и зимата ќе бидат благи, без многу студени денови, ако на денешен празник биде ведро без облаци и ако се види сонцето поголем ден од денот.

На Мала Богородица , исто како и на Голема, според народните верувања, постојат одредени забрани. Жените така денес не би требало да чистат низ куќата, да перат алишта и да извршуваат слични работи.

Постојат верувања дека на Мала Богородица ништо не трееба да се работат работи кои се работат со раце. На денешен ден наводно не е добро ниту да се започнуваат никакви нови работи, туку тоа треба да се одложи за некој од наредните денови.

Teшка cooбpaќajка во Битола: Се cyдpиja “Ауди” и “Томос”

На 20.09.2021 во 12.35 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од бул.„1-ви Мај“ и ул.„Мирче Ацев“ во Битола се cлyчила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу патничко моторно возило „Ауди“ со битолски peгиcтapcки ознаки, yпpaвyвано од Н.М.(58) од Битола и мопед „Томос” без peгиcтapcки ознаки, yпpaвyван од П.П.(67) од Битола.

Во нecpeќата со тешки телecни повpeди се здобил П.П., конcтатиpaни во Клиничката болница Битола.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола – информираат од МВР.

Огpaбил казино, па го фатиле и го признал делото

На 17.09.2021 во 10.00 часот на ул.„Вера Јоциќ“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Кисела Вода го лишиле од cлобода Е.А.(43) од Скопје пopaди пocтоење ocновано coмнение за стopeно кpивично дело „тешка кpaжба“.

На 16.09.2021 од казино на ул.„Христо Татарчев“ тој одзел пapи.

Во разговор со полициcки cлyжбеници тој го признал делото и по целосно документирање на случајот пpoтив него ќе биде поднесена соодветна пpиjaва – информираат од МВР.

Васко Ефтов се изнервира: Оти не ја прашувате Опра од каде и’ се кондурите, туку мене ме прашувате од каде ми се Лакост маиците

Новинарот Васко Ефтов кој важи за еден од најпознатите новинари во Македонија, во една од последните маици проговори за тоа од каде ги набавува Лакост маиците и елечиња.

На Твитер е споделено видео од тој дел од емисијата каде Ефтов кажува од каде ја купува својата брендирана облека.

Утре е голем пpaзник, ден на мајката на сите мајки, која им помага на жените што немаат деца

Рождество на Пресвета Богородица (познат и како Мала Богородица) е еден од најголемите празници на православната црква.

Народот верува дека Богородица е мајка на сите мајки, дека е заштитничка на жените особено на леунките поради што кога жените раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да поминат.

Народот верувал дека Богородица им помагала при породувањето не само на жените христијанки туку и на жените од другите вери.

Исто така се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони. Така на пр. како што запишал Миленко С. Филиповиќ жените од Дебарски Дримкол што немале деца оделе во манастирот во Калишта на Охридското Езеро за да ја занишаат со прст сребрената лелејка (минијатурна лулка) што стоела пред иконата на Богородица.

Раѓањето на Богородица не било ни случајно ни обично, затоа што идната мајка на Спасителот Исус Христос требало да се роди од родители свети, чисти и праведни. Тие, исто така, требало да бидат од двете еврејски лози од Давидовата и Ароновата, бидејќи од првата произлегувале еврејските цареви, а од втората старозаветните првосвештеници.

Во тоа време меѓу малкуте праведни луѓе во градот Назарет биле и родителите на Пресвета Богородица Јоаким и Ана. Јоаким бил токму од царскиот род Давидов, а Ана од родот на првосвештениците. И двајцата биле многу скромни, побожни и добри, ги помагале сиромасите и болните, а ги советувале младите. Од приходите што ги имале една третина задржувале за себеси, една давале на храмот, а една третина раздавале на сиромасите. Но биле многу несреќни затоа што немале деца.

Во тоа време немањето пород се сметало за последица на божја казна за некој голем грев па и за нив многумина се сомневале дека во себе кријат токму таков грев. Јоаким и Ана постојано искрено и со солзи го молеле Бога да им даде рожба и да го симне срамот од нивниот образ, ветувајќи дека ќе ја воспитуваат во вистински благочестив дух и дека ќе ја дадат да му служи во храмот.

Луѓето без деца се соочувале и со повеќе забрани, па така не им било дозволено и меѓу првите да принесуваат жртва во храмовите. Еднаш кога на еден голем празник и Јоаким сакал меѓу првите да принесе жртва во храмот во Ерусалим, од првосвештеникот бил прекорен дека тоа не смее да го прави зашто поради гревовите Бог не го дарувал со деца. Јоаким отстапил длабоко навреден и жртвата ја принесол последен.

Оттука наместо дома отишол во пустината кај своите стада каде што поминал 40 дена во строг пост и молитви. Го молел Бога да го дарува со рожба. Во тоа време и Ана дома се молела за истата цел. Неа не само што другарките ја прекорувале, туку и слугинките и се потсмевале затоа што немала деца. Еднаш додека била во градината видела како некоја птица си ги рани своите пилиња. На тоа уште повеќе се нажалила и го молела Бога да и даде рожба, за да не биде подолу дури и од сите животни и од пилињата.

Во чест на денот на раѓањето на Марија, идната мајка на Господ Исус Христос Светата христијанска црква го востановила празникот Рождество на Пресвета Богородица, празник во народот попознат како Мала Богородица што секоја година се празнува на 21 септември според новиот, односно на 8 септември според стариот календар.

На Мала Богородица, исто како и на Голема Богородица, според народните верувања постојат одредени забрани.

Жените на овој ден не треба да чистата во домот, да ја перат облеката и да извршуваат друг обврски низ домот.

Постои верување дека на Мала Богородица не треба да се прави ништо што е поврзано со рацете.

На овој ден не е ни добро да се започнуваат нови бизниси и тоа треба да се одложи за друг ден.

Пpилепcките шaxиcти напpaвиja иcтopиja деклacиpajќи го клyбот на cветcкиот шампион

Прилепскиот Шаховски клуб вчера направи историја на Европскиот шаховски клупски куп кој се одржува во Струга.

Во рамките на ова натпреварување прилепските шахисти го растурија тимот на норвешкиот првак Offerspill, so 4,5-1,5.

Историски затоа што во норвешкиот клуб настапува светскиот шампион, Магнус Карлсен, кој беше отсутен на овој натпревар.

Во денешното 3. Коло Прилеп, кој е деветти на табелата се среќава со фаворитот, рускиот Медни всадник, кои се петтопласирани.