дома блог страница 177

Ден на планетата Земја

Со повеќе настани, форуми, и разни акции во светот денеска се одбележува Денот на планетата Земја.

Секоја година, милиони луѓе низ целиот свет се собираат за да го одбележат овој ден и да го прослават еколошкото движење.

Денот на планетата Земја, кој секоја година се одбележува на 22 април, е глобален настан кој има за цел да ја истакне важноста на заштитата на животната средина.

Денот почна да се одбележува во 1970 година од Гејлорд Нелсон, американски сенатор и екологист, и Денис Хејс, дипломиран студент на Универзитетот Харвард.

И двајцата беа загрижени поради штетите врз животната средина во САД, како што беше онаа предизвикана од големото излевање на нафта во 1969 година во Санта Барбара, Калифорнија.

Тие го смислија Денот на планетата Земја како начин да ја вклучат јавноста и да ги стават зелените прашања на националната агенда.

Иако почнал како американски настан, во 1990 година Денот на планетата Земја стана меѓународен, мобилизирајќи 200 милиони луѓе во 141 земја. Се проценува дека денес над милијарда луѓе учествуваат во активности во речиси 200 земји.

Денот на планетата Земја секоја година има специфичен фокус. Во последните години, акцентот е ставен на борбата против климатските промени, намалувањето на употребата на пластика и заштитата на биодиверзитетот. Главната порака секогаш е насочена кон одржливоста и начините на кои секој поединец може да придонесе.

Промовирани седум книги – сликовници од циклусот „Крукалезен свет“ на професорката од Битола, Маја Митровска

Во пријатна и топла атмосфера, во Сити Хаус во Битола, се одржа промоцијата на седумте книги- сликовници од циклусот „Крукалезен свет“ и книгата раскази за деца „Максим“ од авторката Маја Митровска.

Пред бројната публика, составена од деца, родители, љубители на литературата и пријатели на пишаниот збор, беа претставени делата кои низ интересни и поучни приказни ги обработуваат темите за пријателството, љубовта, семејството, различностите и добрината.

Особено внимание привлече циклусот „Крукалезен свет“, кој на децата им нуди свет исполнет со фантазија, игра и важни животни пораки.

Книгата „Максим“ допре до присутните со својата топла и емотивна приказна. Максим е дете со големо срце и тивок внатрешен свет. Додека спие, неговите соништа оживуваат. „Максим“ зборува за моќта на фантазијата и храброста да се биде свој.

Настанот помина во духот на дружење, насмевки и љубов кон книгата, а посетителите имаа можност да поразговараат со авторката и да ги набават изданијата.

Промотор на настанот беше писателката Лили Бошевска, а книгите се печатени и издадени од Мар-Саж Скопје.

Маја Митровска е оперска пејачка, професор во Државно музичко училиште Битола и писател. Автор е на роман за деца и млади „Велинка“; сликовница „Веселата дружина во музеј“; поема „Болештини“, која се простира на 70 страници; музичко сценски драми; детски драмски текстови; песни за детски
музички фестивали и др.

Ликовно-графичката изведба на сите книги е дело на самата авторка.

Пролетна наградна игра на Матадор што не се пропушта: Купи акумулатор и освои вредни награди!

Пролетта носи нова енергија, а оваа година и големи изненадувања за сите возачи! Компанијата Матадор, препознатлива како лидер во продажба на автоделови во Прилеп и регионот, стартува со атрактивна наградна игра што ќе ги израдува сите свои клиенти.

🚗 Како да учествуваш?

Многу едноставно, со купување акумулатор добиваш шанса да освоиш вредна награда!

🛵 1x Скутер
✈️ 1x Патување за двајца
🔋 2x Литиумски booster уреди

Наградната игра трае од 15 април до 15 јули 2026 година, што значи имаш доволно време да учествуваш, но и доволно причина да не ја пропуштиш шансата!

Квалитет што гарантира сигурност

Во рамките на акцијата се вклучени врвни брендови како:

Rombat, Exide, Varta, Battery Evolution и Intact – докажан квалитет за сигурно и безгрижно возење.

А зошто Матадор?

Одговорот е едноставен! Затоа што, со години гради доверба кај клиентите преку професионална услуга, широк избор и конкурентни цени. Оваа наградна игра е уште една причина зошто Матадор е прв избор за сè што му треба на твоето возило.

Не ја пропуштај шансата, обнови го акумулаторот и можеби токму ти ќе бидеш добитник!

Матадор, сè за вашето возило!

Идеја вредна милион долари: Во Прилеп се подготвува еден поинаков 1-ви Мај

Ако 1-ви Мај за тебе значи бегство од секојдневието, мирис на скара, смеа и луѓе што ти значат, тогаш ова е местото каде што приказната станува уште поубава.

Ресторан „Симфонија“ од Прилеп и оваа година те поканува на едно поинакво првомајско доживување. Не само обично излегување, туку вистинско дружење што се памети.

Во зеленилото пред ресторанот, далеку од гужвите и импровизациите, ќе се создаде простор исполнет со живот, со жива музика што ги буди емоциите, со скара на отворено што мириса на традиција, и со насмевки што доаѓаат сами по себе. Место каде што времето застанува, а моментите стануваат спомени.

Ова е ден за пријателите што одамна не си ги видел, за семејството што секогаш ти е најважно, за децата што трчаат безгрижно и за возрасните што конечно си дозволуваат да се опуштат. За сите генерации, заедно, како што треба.

Затоа што најубавите традиции не се оние што ги наследуваме, туку оние што ги создаваме заедно.

Природа што смирува, скара што обединува, музика што создава атмосфера и дружба што се памети, што уште ти треба за одлично првомајско празнување оваа година?

📞 Резервирај и информирај се навреме на: 078 446 654

Оваа година, избери повеќе од обичен 1-ви Мај. Избери чувство. Избери моменти. Избери ја Симфонија.

Потег за почит! Општина Битола ќе плаќа членарина за деца од ранливи категории да спортуваат

Денес, Комисијата за спорт при Советот на Општина Битола, согласно јавниот повик донесе едногласна одлука за субвенционирање на спортски клубови во кои членуваат деца од ранливи категории.

Согласно јавниот повик, Општина Битола целосно ќе ја покрива членарината за децата од ранливи категории кои се дел од спортски клубови.

Со оваа мерка, како што вели претседателот на Советот Бојан Бојкоски, Општина Битола го поттикнува активното учество во спорт, дава поддршка на семејствата на кои им е најпотребна и овозможува еднаков развој и здрави навики кај децата.

Продолжуваме со конкретни мерки за поддршка на младите и развој на спортот во Општина Битола.

Жална вест: Нема сала со паркет и згаснува кошарката во Прилеп? Децата препуштени на улицата

Град со над 70.000 жители, без сала што ги исполнува условите за прволигашко натпреварување. Град со сериозен буџет, а без капацитет да одвои 100.000 евра за основни услови во спортот. Ова веќе не е прашање на приоритети, туку на негрижа.

Кошарката во Прилеп во последниве години беше ретка светла точка. Искра надеж за младите, простор каде што децата учеа дисциплина, тимска работа и вредности. Денес, таа искра полека згаснува, не поради недостаток на талент, туку поради недостаток на услови.

Нели е срамно град како Прилеп да нема ниту една функционална сала? Нели е поразително што овој проблем се влече со години, без конкретно решение? Цела деценија ветувања, стратегии и планови, а резултатот е ист: празни зборови и затворени врати за спортот.

Прашањето е едноставно: за кого ги плаќаме даноците? Каде завршуваат парите на прилепчани? Во што се инвестира ако не во иднината на младите?

Ова не е само спортски проблем, ова е општествен аларм. Кога ќе ги изгубиме салите, ги губиме и децата од терените. А кога децата ќе се тргнат од спортот, цената што ја плаќа едно општество е многу поголема од 100.000 евра.

Крајно време е овде да дојдат и претставниците од Министерството за спорт што ветуваа решавање на проблемот уште минатата година.

Прилеп не бара луксуз. Прилеп бара основни услови. И тоа веднаш!

Владиката Григориј ќе одржи предавање во градската библиотека “Борка Талески” во Прилеп

Во организација на Друштвото за наука и уметност (ДНУ) од Прилеп, на 22.04.2026 (среда)
владиката Кумановско – Осоговски, г. Григориј, кој е член на друштвото, ќе одржи предавање
во просториите на градската библиотека „Борка Талески“- Прилеп, со почеток во 17:00 часот,
на тема:

„Борбата за доминација помеѓу максимизирање на задоволството и минимизирање на болката.
Деституција на ентитетот, за сметка на личните придобивки-систем без тенденција кон рамнотежа.“

Митрополит Григориј (Борче Настески), е роден во Прилеп, на 16 јануари 1978 каде го завршил основното и средно образование. Дипломирал Индустриски менаџмент на Техничкиот факултет во Битола. Магистерски студии завршува на Економскиот институт при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје, во 2003 година, а докторирал на Институтот за социолошки и политичко‒правни истражувања во 2005 година. На 14 јули 2006 година на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања ја одбранил докторската дисертација со наслов: „Влијанието на надворешната конкуренција врз стратегиите за диверзификација кај македонските банки“.

Во 2004 година запишува постдипломски студии на Богословскиот факултет при Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Софија. На 13.09.2012 година јеромонахот д-р Григориј Настески ја одбранил докторската дисертација со наслов: „Христолошките и сотириолошките аспекти на евхаристиската реинтеграција на личноста“ на Софискиот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Р. Бугарија.

Тој е назначен за архијереј на Македонска православна црква – Охридска архиепископија, со титула митрополит Кумановско-осоговски во 2020 година.

Автор е на две книги. Првата, којашто од печат излезе во 2017 год., со наслов „Благобитие“, и втората, во коавторство со митрополитот г. Јосиф, којашто излезе од печат во 2018 год., со наслов „Автокефалноста на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија (интракохезијални предразговори за долгорочноста на nominatio auctoris на правниот сукцесор на Охридската Архиепископија ‒ македонската православна црква).“

Напишал 15‒тина статии од областа на богословието и теолошките науки, во неколку весници, како и повеќе предговори на книги во издание на Кумановско‒осоговската епархија. Негови позначајни статии од областа на Црковното право се: „Супрематијата е невралгична точка во Православието“, „Симплификација на добро дефиниран ʽпроблемʼ на пречките за автокефалност на Македонската Православна Црква‒Охридска Архиепископија. Дијагноза на ʽпроблемотʼ.“ и „Знаеме кои сме, само кога знаеме кои не сме, и често само кога знаеме против кого сме“.

Свадбени Облаци: Вашата бајка започнува ОВДЕ!

PR oбјава

Драги младоженци, дали сонувате за свадба која ќе изгледа како сцена од најубавите бајки? Тимот на „Свадбени Облаци“ е тука да ги претвори вашите соништа во реалност, создавајќи незаборавни моменти кои ќе го одземат здивот на сите присутни.

Со „Свадбени Облаци“, секој детаљ од вашата прослава станува магичен. Замислете го вашиот прв танц обвиен во волшебни облаци, кои додаваат доза на романтика и елеганција. Но, нашата понуда не застанува тука – ние ви нудиме и балончиња, меурчиња, ласер светло, светлетчка фонтна и други специјални ефекти кои ќе ја исполнат атмосферата со радост и изненадување, оставајќи силен и незаборавен впечаток кај вас и вашите гости.

Нашиот тим е составен од искусни професионалци со долгогодишно искуство и стотици задоволни клиенти кои се најдобар доказ за нашиот квалитет, прецизност и посветеност. Ние веруваме дека најемотивните моменти заслужуваат да бидат уште поубави, поволшебни и навистина посебни, и токму тоа е нашата мисија.

 

Прикажи ову објаву у апликацији Instagram

 

Објава коју дели Svadbeni oblaci (@svadbenioblaciii)

Не чекајте! Контактирајте ги „www.SvadbeniOblaci.mk“ денес. Со внимание ќе ги слушнеме сите ваши желби и ќе ви помогнеме да ја создадете свадбата што отсекогаш сте ја сонувале.

Дозволете ни да ја претвориме вашата замисла во реалност!

Три вида државна матура: Важна информација за матурантите

Во согласност со новиот Законот за средно образование, оваа година матурантите ќе полагаат три типа завршен испит – државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура.

-Соодветно на тоа од која област доаѓаат, учениците така и ќе полагаат. Затоа што постои разлика во општообразовните предмети на гимназиското учење, средно стручното учење и уметничкото учење. Помал е обемот и бројот на часови во стручните и во уметничките училишта и овој пат материјалот што ќе го полагаат учениците ќе биде приспособен на она што тие го изучувале во текот на четири години, изјави министерката Весна Јаневска.

Таа не очекува да има препишувања посочувајќи дека минатата година имало многу помалку, како што рече, препишувања или обиди за снаоѓање на ученците при полагањето на матурата.

-Тоа нè охрабрува. Самото промовирање на тоа дека матурата тие треба да ја сфатат како завршување на нивното средно образование, а не како нешто страшно, како проценка на нивноти знаење за понатамошниот живот, предизвика ефект. Но, секако, се работеше и со оценувачите и со набљудувачите, и минатата и оваа година, и јас сум длабоко убедена дека и оваа година процесот ќе биде така како што треба да биде, изјави министерката Јаневска пред почетокот на настан организиран од ИНОВА.

Според календарот на Државниот испитен центар (ДИЦ), кој ги организира и спроведува екстерните испити, државна матура 2025/2026 гимназијалците ќе полагаат на 6 јуни, за кога е закажан тестот по англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, италијански јазик, математика или историја, а на 11 јуни ќе го полагаат испитот по мајчин јазик и литература (македонски јазик и литература, албански јазик и литература, турски јазик и литература, српски јазик и литература).

Учениците што ќе полагаат државна стручна матура првиот екстерен испит ќе го полагаат, исто така, на 6 јуни и ќе избираат помеѓу тест за англиски јазик или тест за математика. Екстерниот испит по мајчин јазик и литература учениците од стручните училишта ќе го полагаат на 12 јуни.

Државна уметничка матура ќе се плага на 6 јуни (англиски јазик или историја) и на 12 јуни – испитот по мајчин јазик и литература (македонски, албански, турски односно српски јазик).

Прилепчани ДРЖАВНИ ШАМПИОНИ – Целиот пиедестал во боите на “Феникс”

На 19.04.2026 се одржа Државното првенство во карате за деца, а каратистите од прилепскиот клуб “ФЕНИКС” имаа маестрален настап и беа прогласени за државни шампиони!

Резултати:

1. Ката тим 10-11год. женски – Државни ШАМПИОНИ (Јована Димитриоска, Јована Конеска, Андреа Чочева)
2. Андреа Чочева – Државен ШАМПИОН 10год. женски
3. Сергеј Ѓуриќ – Државен ШАМПИОН 10год. машки
4. Ката тим 10-11год машки – Државни ВИЦЕШАМПИОНИ (Димитар Јанески, Сергеј Ѓуриќ, Горазд Мантароски, Филип Момироски)
5. Антонио Нунески – Државен ВИЦЕШАМПИОН 12год машки
6. Горазд Мантароски – Државен ВИЦЕШАМПИОН 10год машки
7. Доротеа Стојаноска – 3-то место 10 год женски
8. Јована Димитриоска – 3-то место 11год женски
9. Ненад Гоцевски – 3-то место 10год машки

Со ова каратистите остварија пласман за претстојното Балканско првенство и станаа репрезентативци на Македонија.