дома блог страница 1586

Peволтиpaн Aлбанeц jaвно ја зaпaли членcката книшка од CДCM (Видео)

Жителот на селото Орланце на Општина Арачиново преку видео ја раскажа голготата што ја доживеал како резултат на лажните ветувања од премиерот Заев, но и градоначалничката на Арачиново, Миликије Халими, како и претседателот на огранокот на СДСМ-Арачиново, Агрон Халими.

Граѓанинот вели дека работел на скопскиот аеродром 18 години, но по здравствен проблем ја започнал постапката за добивање право на инвалидска пензија, но работите не оделе добро.

Тој вели дека по долго време не добил никаков одговор од пензискиот фонд или Министерството за труд и социјална политика и барал помош насекаде.

Беким Халими вели дека добил ветување директно од премиерот Заев дека ќе му се регулира работата и ќе добие инвалидска пензија, вели дека добил и ветувања и гаранции од градоначалничката Миликије Халими и претседателот на Огранокот на СДСМ во Арачиново.

Бекими вели, ме излажаа, ме оставија без пензија, без работа и здравје, без приходи. Беким Халими во знак на револт ја запалил членската книшка на СДСМ.

Општина Прилеп бара предлози за 3 ноемвриските награди и признанија

По повод одбележувањето на празникот на Општина Прилеп 3-ти Ноември, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, традиционално секоја година доделува општински награди и признанија “3-ти Ноември” како и награда за животно дело.

Овие признанија и награди се доделуваат на физички и правни лица за достигнувања во општествениот, стопанскиот, културно-уметничкиот и политичкиот живот.

Предлог за доделување награди и признанија можат да дадат претпријатија, здруженија и граѓани како и други субјекти.

Предлозите се доставуваат до Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија при Советот на Општина Прилеп, на приемното одделение во новата општинска зграда или на адреса ул.,,Прилепски бранители’’ бр.1-Прилеп почнувајќи од денес (21.09.2021) до 12.10.2021 година.

Предлозите треба да бидат образложени, аргументирани и да ги задоволуваат критериумите за посебни достигнувања во Општината во соодветната област, за периодот од 3-ти Ноември 2020 година до денес, односно за животно дело на кандидатот, кој подолг период впечатливо е присутен со значајни остварувања во својата област.

Повеќе директори и партиски функционери од спортисти кај Сугарески на трибина – вистинските знаат кој го уништи спортот во Прилеп?

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Прилеп, Горан Сугарески, заедно со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски, вчера одржаа средба со мал дел од спортистите и спортските работници во градот.

На средбата која се одржа на градскиот стадион “Гоце Делчев”, евидентно беше присуството на поголем број директори и партиски функционери од вистински спортисти.

Зошто тоа е така?

Веројатно затоа што Сугарески како министер за транспорт и врски не направи ништо за ставање во употреба на спортските храмови во градот, Универзалната сала и салата “Македонија”.

Веројатно затоа што неговата власт не направи ниту една нова спортска сала, не ги реновираше постојаните, а спортските клубови се мачеа за опстанок и обезбедување плати.

Веројатно затоа што како никогаш досега беа занемарени индивидувалните спортови, а пари добиваа само послушниците на СДСМ и нивните партиски активисти.

Прилеп од најфудбалски град сега има клуб кој се бореше за опстаок во Втората лига.

Шпекулациите низ градот се дека вработени професори по физичка култура биле принудени да дојдат на настанот и да му аплаудираат на Сугарески, Мојсоски и партиските функционери…

На Прилеп му е потребен спорт, Прилеп е жеден за спорт и спортски успеси, а тие изостанаа во изминатите 4 години…

Aпceње во “Точила”: Kaj прилепчанец пронajдена дигитална вага и мapиxyaна

На 22.09.2021 во населба Точила во Прилеп, полициcки cлyжбеници од Полициcката cтаница Прилеп го лишиле од cлобода В.Д.(39) од Прилеп – информираат од МВР.

Пpи пpeтpec во неговиот дом и други пpocтopии, извpшен со cyдcка нapeдба, биле пpoнajдени и одземени мapиxyaна и дигитална вага.

По целocно докyментирање на cлyчajoт пpoтив него ќе биде поднeceна cooдветна пpиjaва – се вели во соопштението од МВР.

Коњ со запрежна кола трчал во спротивен правец на автопатот Скопје-Тетово (Видео)

Коњ кој влече приколка предизвикал огромна опасност на автопатот Скопје Тетово откако тргнал да трча контра правецот по кој се движат автомобилите на лентата по која се движел.

Најверојатно коњот избегал од својот сопственик во некое од селата на потегот Скопје – Тетово по што тргнал во спротивен правец влечејќи ја запрежната кола со голема брзина.

Во потерата по него и обидот да се запре се вклучуваат повеќе полициски возила, но пред да го запрат коњот минува повеќе километри.

За среќа со полициската интервенција и присебноста на возачите кои го избегнуваат коњот кој трча на најбрзата лента избегната е голема трагедија.

Концерт на КУД “Бисер” од Кичево утре во Прилеп

На 24 септември 2021 /петок/ во 19.00 ч. пред платото на ЦК „Марко Цепенков“ концерт ќе одржи КУД „Бисер“ од Кичево. Концертот е дел од годишната програма поддржана од Министерството за култура.

КУД „Бисер“ е изникнато од традицијата, пренесена преку песната на старите мајстори и звукот на кавалот, тапанот, гајдата. Сепак тоа се оригинални поставки на древниот македонски бит, преработени со модерни кореографски пристапи.

Највредното од ансамблот се нивните носии, кои се оригинални одежди на нивните предци, на нивните баби кога биле невести и нивните дедовци кога биле комити. Токму тоа е вредноста која треба да се пренесе на следните генерации.

Ансамблот своето знаење го вгради во многу кореографии кои ќе останат пример за идните генерации како треба да се почитува, сака и одржува традицијата на македонскиот народ.
КУД „Биссер“ има настапувано на бројни фестивали низ земјата и странство.

“Ние сме биpaни, плата земаме да им слyжиме на гpaѓаните”, истакна 3aeв

Сакам да апелирам на одоговорност пред граѓаните, ние сме бирани и плата земаме да им служиме на граѓаните не е коректно да се блокираат законите, кажа премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција.

– Има закони кои живот значат за граѓаните и многу граѓани ги чекаат секој ден да бидат донесени.

Такви се и законите за фискална децентрализација и многу други економски закони кои што за жал се заглавени.

Не сакам дда обвинувам никој, но сакам да апелирам на одоговорност пред граѓаните, ние сме бирани плата земаме да им служиме на граѓаните, не е коректно да се блокираат законите, јас разбирам кој има политичка цел, кој има аргумент за тоа нека се соопшти но навистина нема никакви аргументи за ваквите законски решенија да бидат блокирани.

Ниту влијаат на избори, ниту нешто може да сменат во плус или минус на престојните избори, треба да се донесат затоа што навистина се добри за целиот наш народ без разлика на неговата политичка определба, кажа Заев.

Ги “потона” како брод (Фото)

На социјалните мрежи се шири еден “мајсторски” тикет одигран во обложувалниците на “Спорт лајф”.

Majсторот одиграл седум фикса и уплатил 20 денари, а добвиката е дури 23 денари….

Дури им нацртал и бротче како тони…

Ако е за кршење на малерот, еве и ние му посакуваме веќе наредно да фати 2-3.000 евра.

“Еве го Paмбо”: Cpби се зафркавaaт со кocовcките cпециjaлци (Видео)

Не попуштаат тензиите на граничните премини меѓу Косово и Србија, каде се распоредени десетици возила на специјалните единици на косовската полиција. Според српските медиуми, меѓу специјалците има и снајперисти со големокалибарски пушки и тие стојат лице в лице со стотици Срби од северот на Косово, кои ги блокираат граничните премини во двете насоки.

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како Србите се потсмеваат со косовските специјалци, упатувајќи им погрдни зборови и пораки.

Хуманocт која ќе се награди: Уште еден советник се откажа од паушалот – Во СДСМ сите по две плати? (Фото)

Диме Бозоски, познат стопанственик од Прилеп, кој се наоѓа на советничката листа од ВМРО-ДПМНЕ, е вториот од идните советници кој јавно се откажува од советничкиот хонорар.

Претходно тоа го стори и Д-р Кире Јоноски, ортопед во прилепската болница кој се наоѓа на третото место на советничката листа од ВМРО-ДПМНЕ.

Бозоски пак се наоѓа на шестото место.

“Почитувани, како дел од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп, во ова време на глобална пандемија и економска криза, сакам да им помагам на оние на кои им е најпотребно со повеќекратна донација. Имено, целиот мој приход од светничката плата ќе биде наменет за добротворни цели во наредните четири години. Секогаш во служба на моите прилепчани. За подобро утре”, напиша Бозоски.