Повеќе директори и партиски функционери од спортисти кај Сугарески на трибина – вистинските знаат кој го уништи спортот во Прилеп?

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Прилеп, Горан Сугарески, заедно со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски, вчера одржаа средба со мал дел од спортистите и спортските работници во градот.

На средбата која се одржа на градскиот стадион “Гоце Делчев”, евидентно беше присуството на поголем број директори и партиски функционери од вистински спортисти.

Зошто тоа е така?

Веројатно затоа што Сугарески како министер за транспорт и врски не направи ништо за ставање во употреба на спортските храмови во градот, Универзалната сала и салата “Македонија”.

Веројатно затоа што неговата власт не направи ниту една нова спортска сала, не ги реновираше постојаните, а спортските клубови се мачеа за опстанок и обезбедување плати.

Веројатно затоа што како никогаш досега беа занемарени индивидувалните спортови, а пари добиваа само послушниците на СДСМ и нивните партиски активисти.

Прилеп од најфудбалски град сега има клуб кој се бореше за опстаок во Втората лига.

Шпекулациите низ градот се дека вработени професори по физичка култура биле принудени да дојдат на настанот и да му аплаудираат на Сугарески, Мојсоски и партиските функционери…

На Прилеп му е потребен спорт, Прилеп е жеден за спорт и спортски успеси, а тие изостанаа во изминатите 4 години…




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.