Коњ со запрежна кола трчал во спротивен правец на автопатот Скопје-Тетово (Видео)

Коњ кој влече приколка предизвикал огромна опасност на автопатот Скопје Тетово откако тргнал да трча контра правецот по кој се движат автомобилите на лентата по која се движел.

Најверојатно коњот избегал од својот сопственик во некое од селата на потегот Скопје – Тетово по што тргнал во спротивен правец влечејќи ја запрежната кола со голема брзина.

Во потерата по него и обидот да се запре се вклучуваат повеќе полициски возила, но пред да го запрат коњот минува повеќе километри.

За среќа со полициската интервенција и присебноста на возачите кои го избегнуваат коњот кој трча на најбрзата лента избегната е голема трагедија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.