дома блог страница 15

Знаеш дека викендот почнува порано кога Terasa има тројна музичка програма

Знаеш дека викендот почнува порано од вообичаено кога ТЕРАСА има подготвено тројна музичка програма. Четврток, петок и сабота, три вечери на кои тимот на Pub Club Terasa ве кани да ја завршите неделата како што доликува: со добра музика, одлични пијалоци и уште подобро друштво.

ОВОЈ ЧЕТВРТОК (05.11.) во ТЕРАСА одново After Work забава со Bobi & Nikola, од 17:00 часот. А за дамите има посебно изненадување: LADIES SPECIAL, 500 денари неограничено пиење за секоја дама! Завршете го работниот ден со музика во живо и со друштво кое го заслужувате.

Во ПЕТОК (06.11.) на сцена се маестралните BALKAN JAM. Не се потребни многу зборови за овој состав: се пее и се игра, а малку се 3-4 часа во нивно друштво. Почетокот е во 21:00 часот, а влезот е 200 денари.

Во САБОТА (07.11.) за прв пат на ТЕРАСА настапува ALEKSANDAR PRIJA, одличен вокал кој со сигурност ќе приреди вечер за паметење.

И не, нема да има место за сите, затоа РЕЗЕРВИРАЈТЕ НАВРЕМЕ на: 070 304 967

Со Тераса викендите во Прилеп никогаш не се здодевни, а ноќното излегување има смисла!

Историски фотографии: Луѓето кои пред 31 година донесоа одлука 3-ти Ноември пригодно да се одбележува како Ден на ослободувањето на Прилеп

Историчарот Кире Николоски и тогашен член на Собранието на Општина Прилеп, објави историски фотографии од луѓето кои пред 31 година донесоа одлука за 3-ти Ноември пригодно да се одбележува како Ден на ослободувањето на Прилеп.

-Пред 31 година, Собранието на Општина Прилеп донесе одлука 3 ноември да се одбележува како ден на ослободување на Прилеп. Дел од одборничката група на ВМРО ДПМНЕ од 1990-96 која ја донесе таа одлука, дел од првите и најхрабрите патриоти кои ги поставија темелите на ВМРО ДПМНЕ и на МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА. Почит браќа – напиша Николоски.

Да ја знаеме историјата на нашиот град: Текот и акцијата за ослободување на Прилеп, еве каде се воделе најжестоките битки

Во деновите што му претходеле на ослобудувањето и конечното изгонување на германскиот и бугарскиот окупатор од територијата на Прилеп, претходеле жестоки борби. Многумина ќе кажат дека Македонците биле помогнати од овој или оној, но според историските податоци македонскиот народ речиси целосно сам го избркал непријателот, особено во Прилеп. Градот херој бил главното упориште и во овој дел на историјата, нескршливоста и упорноста на прилепчани била главниот бедем со кој се соочил непријателот.

На Брдо, под пиварата, 3 топа противавионски и една чета Германци кај железничката станица.

На “Црвени Брегови”, на излезот кон Битола 2 противавионски топа и 2 артилериски, како и 300 Германци.

Штабот на 15 корпус на 24 октомври издал наредба да на 28/29 октомври 41 и 49 девизија да го нападне и ослободи Прилеп. Претходно на 27 октомври единиците на 41та девизија го ослободиле Кавадарци.

На 29 октомври бил запоседнат Плетвар од страна на XI бригада. Германците биле опседнати околу селото Плетвар. Наредниот ден првиот баталјон го започнал нападот, но германските сили ги збиле своите редови и го одбиле првиот и вториот јуриш. По четириесет часовна борба Германците биле совладани. Наредниот 31 октомври, Германците биле потпомогнати со засилени трупи и вршеле силен притисок да продрат повторно до Плетвар, но сите нивни заложби биле неуспешни, бидејќи бргадата се држела добро и пружала силен отпор.

Силни борби се воделе и на Маркови Кули. Таму германските сили биле потпомогнати и од артилериско оружје, а нашите трупи иако биле со малку муниција го напаѓале непријателот, дури и со камења. Ги држел силниот дух и желбата за слобода. Во повлекувањето кон Варош и Прилеп, Германците ги запалиле зградите на Институтот за тутун, за веднаш потоа сите сили ги упатат повторно кон Плетвар каде и успеале да направат продор помеѓу позициите на XI бригада. Но обидите биле спречени од страна на Штабот кој издал наредба V бригада да изврши напад од кај касарните и да го пресечи патот за Плетвар.

Во мугрите на трети ноември започнал и последниот напад за ослободување на Прилеп. Последните германски истрели откај гробиштата и Варош набргу запреле. Најтешката задача ја имал Третиот баталјон кој во огромен јуриш, правејќи жртва, настојувал да зароби што повеќе непријателски војници. Кај седум часот се слушнала и последната германска детонација, кога биле активирани мините под Ленишки мост. Тоа е последната акција за Прилеп и оттогаш градот живее слободно.

Во последните два дена треба да се напомене дека Прилеп дал 78 жртви, херои на Народноослободителната војска на Македонија. Германците претрпеле 160 жртви и стотици ранети и заробени. Со запленетото оружје, борците се упатиле кон Битола, при што ја ослободиле на 4ти ноември.

ВЕЧНА НЕКА ИМ Е СЛАВАТА НА ЗАГИНАТИТЕ ХЕРОИ, ПРИЛЕП ПАМЕТИ И ДОСТОЈНО СЕ СЕЌАВА НА СЕКОЈ ОД НИВ.

Имено во овие денови во Прилеп распоредот на германските сили бил следниот: 600 војници и офицери во касарната, северно од неа 2 топа и 5 митралески гнезда. Кај месноста “Садика”, од едната страна на реката 2 тешки митралези, а од другата уште 3.

Го празнуваме преподобен Иларион Велики

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 октомври.

Преподобен Иларион Велики

Како што розите растат на трнливо стебло така и овој прекрасен светител се роди од родители незнабожци, во селото Тавата близу Газа Палестинска. Родителите го дадоа на науки во Александрија, каде што како надарено момче брзо ја прими и светската ученост и духовната мудрост. Штом Го позна Христа и се крсти, посака целосно да Му се предаде на служба на Господа.

Со таа желба во срцето Иларион појде и го посети Св. Антониј во пустината и стана негов ученик. Потоа се врати во својата татковина и се подвизуваше близу Мајум, кај Газа. Демоните го плашеа со разни застрашувања, но со молитва кон Бога и со знакот на крстот постојано ги победуваше и ги изгонуваше. Околу него се собраа мноштво љубители на духовниот живот и за Палестина Св. Иларион стана она што за Египет беше Св. Антониј.

Како Божествен учител, нерасслаблив подвижник, прекрасен чудотворец, Иларион беше уважуван не само од христијаните туку и од незнабожците. Но плашејќи се од човечките пофалби и говорејќи си со плач: „Тешко мене, ја примив на земјата својата плата!“, тој бегаше од место во место само за да се скрие од луѓето и да остане сам со својата душа и со Бога.

Така се населуваше и извесно време живееше во Мисир, во Сицилија, во Далмација и најпосле на Кипар, каде што го заврши својот земен живот околу 372 година, кога имаше осумдесет години.Неговиот ученик Исихиј чудотворните мошти на Св. Иларион ги пренесе во Палестина и ги положи во манастирот што го основаше тој.

Николоски од Германија: Македонија отворена за германски инвестиции – разговараме за нови проекти и проширување на бизнисот!

Вицепремиерот Александар Николоски информираше дека денеска владина делегација, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, остварила бизнис-средба со претставници на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија кои веќе се присутни во Македонија.

Тројца битолчани пријавени за насилство врз дете – нападнале татко и неговите три малолетни деца

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Р.(47), О.Р.(22) и А.Р.(25), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.

На 23.08.2026, по претходна расправија, пријавените физички го нападнале Р.Б. и неговите три малолетни деца.

Талентирана гимназијалка од Прилеп ја преставуваше Македонија на Светско првенство во карате

Катерина Јорданоски, ученичка во Гимназијата „Мирче Ацев“ oд Прилеп, е долгогодишен државен првак во карате во јуниорска конкуренција. Таа импресионира со својот спортски талент, но и со посветениот пристап кон училишните обврски. Резултатот од ваквиот ангажман е одличен успех во училишните клупи, но и континуирани репрезентативни настапи со кои ја претставува Македонија ширум светот.

Изминатиот месец Катерина се натпреваруваше на Светското првенство во карате за кадети, јуниори и помлади сениори (У21), кое се одржа од 14 до 18 октомври во Биелско-Бјала, Полска. Во нејзиниот настап недостигаше само малку спортска среќа за да обезбеди висок пласман или борба за медал.

По враќањето од Полска, таа оствари средба со директорот на гимназијата „Мирче Ацев“, Дејан Димоски.

„Ова е само почеток. Се трудам да одговорам на сите обврски кон училиштето и кон каратето. Изразувам благодарност до сите кои се инволвирани во реализацијата на моите успеси. Соработката и поддршката од училиштето и од директорот Димоски многу ми значат. Се надевам на нови добри резултати на кои ќе се радува и мојата заедница“, истакна Катерина.

Директорот Димоски ја потврди посветеноста на образовната институција кон младите спортисти, додавајќи: „Ѝ посакуваме многу здравје и успех. Поддршката од нашето училиште е безусловна“.

Успесите се семејна традиција, па така и нејзината сестра, Марија Јорданоски, е исто така успешна каратистка. Марија го освои второто место на Државното првенство, а нијанси одлучуваа таа да не замине на Светското првенство во Полска.

Веќе на 4 ноември, Катерина и Марија, заедно со уште две ученички од Гимназијата, кои исто така се успешни во каратето, Јована Илијоска и Цвете Миланоска, заминуваат на Балканското првенство во Турција, каде што ќе се борат за нови спортски успеси и медали.

Најубавите предновогодишни забави се во Порта! Богато мени, одлична понуда и незаборавна атмосфера – Ова е целосната понуда

Крајот на годината е време за дружење, прослави, убави моменти и вечери поминати со луѓето со кои најмногу сакаме да наздравиме. А кога станува збор за предновогодишни забави во Прилеп, една од адресите што традиционално се поврзува со добрата забава, вкусната храна и одличниот амбиент е Ресторан Порта.

Сместен во препознатливиот амбиент на Старата прилепска чаршија, Порта и оваа година подготвува специјална понуда за предновогодишните дружења, со внимателно осмислено мени, богата понуда на пијалоци и сè што е потребно за една убава празнична вечер.

За цената од 1.850 денари, гостите можат да избираат помеѓу две менија, мрсно и посно, а забавите се предвидени во терминот од 20:30 до 00:30 часот.

Мрсното мени започнува со свежа салата од рукола, марулка, јаболко, орев, шери домати, капинка, ротквица и крем балсамико, а продолжува со богата даска составена од ордевер и топла даска. За главно јадење се предвидени свинско печено во темен сос и пилешко во бел сос со печурки.

За гостите кои претпочитаат посна варијанта, посното мени нуди свежа салата, посна даска со посно сирење, чипс од тиквици, ајвар, поховани маслинки и печурки на скара, а за главно јадење избор помеѓу калифорниска пастрмка и вегетаријанско рижото.

Понудата вклучува и избор на алкохолни пијалоци, меѓу кои ракија LR, Bovin Класик, узо, џин, вотка, коњак и пелинковац, вина Шардоне, Розе Класик, Вранец и Макарија, како и газирани и негазирани пијалоци и Златен Даб.

Порта е место каде што гастрономијата и гостопримството одат заедно, а празничните вечери добиваат посебен шарм. Токму затоа, доколку планирате предновогодишна забава со колегите, пријателите или најблиските, не чекајте го последниот момент.

Термините веќе се исполнуваат, затоа побрзајте и резервирајте ја вашата предновогодишна вечер во Порта!

Информации и резервации на: 078 368 111

Ресторан Порта – создадете нови безвременски спомени во амбиентот на Старата прилепска чаршија!

Нова одлука на Регулаторна за цените на горивата во Македонија, еве колку ќе чинат

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,55% во однос на одлуката од 26.10.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек кај бензините за 0,793%, кај дизелот има зголемување за 0,409%, кај екстра лесното масло има намалување за 0,695% и кај мазутот има зголемување од 2,546%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,4400%.

Во Одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10% и е применет намален износ на акцизата од 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

Од 3.11.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 93,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 95,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 110,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 55,573 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,300 ден/кг и сега ќе изнесува 55,573 ден/кг.

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 3.11.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Нови правила за такси-превозот во Прилеп: 80 денари старт, секој нареден километар 35 денари

Такси-превозот во Прилеп добива нови правила, утврдени со измените и дополнувањата на постојната одлука за авто-такси превоз, кои беа усвоени на 21. седница на Советот на Општина Прилеп.

Со новата одлука се утврдуваат и цените за такси-превозот. Заштитната цена за превоз до еден километар ќе изнесува 80 денари, додека секој изминат километар ќе се наплаќа по 35 денари. За еден час чекање ќе се плаќаат 300 денари.

Покрај тарифите, со измените се предвидува и поорганизирано функционирање на такси-дејноста во градот.

На територијата на Прилеп ќе бидат определени 10 такси-станици со вкупен капацитет од 36 паркинг-места. Нивниот број и капацитет ќе може дополнително да се преиспитуваат и зголемуваат во зависност од потребите и бројот на лиценцирани возила.

Исто така, максималниот број лиценцирани такси-возила со кои ќе може да се врши превоз на територијата на општината ќе биде ограничен на 200.

Новина е и унифицираниот изглед на такси-возилата. Секое лиценцирано возило ќе треба да има ознака TAXI и налепница со логото на Општина Прилеп, со цел граѓаните полесно да ги препознаваат возилата што легално вршат такси-превоз. Трошоците за изработка и поставување на налепниците ќе ги покрие Општината, без дополнителни финансиски обврски за превозниците.

Од Општина Прилеп посочуваат дека измените се резултат на повеќемесечни разговори и консултации со такси-превозниците, при што биле разгледувани проблемите со кои се соочуваат и нивните предлози за подобро уредување на дејноста.

Основната одлука за авто-такси превоз во општината е донесена во 2008 година, а со новите измени се опфаќаат прашања што досега немале соодветно решение.

Одлуката беше усвоена со 17 гласа „ЗА“, а нејзината примена ќе започне од 1 јануари 2027 година. До тогаш, такси-превозниците ќе имаат време да се информираат и да се приспособат на новите услови.

Со новите правила се предвидува појасно регулирање на такси-превозот во Прилеп, со утврдени тарифи, определени такси-станици и единствени критериуми за лиценцираните превозници.