дома блог страница 14

Николоски: „Гересхајмер“ со 120 милиони евра инвестиции во Македонија, следуваат нови работни места

Компанијата „Гересхајмер“ е значаен инвеститор во Македонија, а нејзиното досегашно инвестициско вложување достигнува околу 120 милиони евра. Нови производни капацитети и проширување на бизнисот се дел од најавите за натамошен развој и отворање нови работни места.

Ова го истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој преку објава на социјалните мрежи ја нагласи важноста на странските инвестиции за економскиот развој на државата.

Според Николоски, заложбата на актуелната Влада од самиот почеток е воспоставување стабилна и посилна економија, привлекување нови странски инвестиции, отворање високоплатени работни места, но и поттикнување на домашното производство.

Тој посочува дека инвестициите како онаа на „Гересхајмер“ се значаен придонес кон остварувањето на овие цели.

„Продолжуваме со уште посилно темпо за развој на Македонија!“, порача Николоски.

Минатиот викенд беше преполно, а оваа сабота забавата продолжува – Прилеп доби ново место за викенд-дружење надвор од градската гужва

Понекогаш е доволно само да го откриете вистинското место за да си го разубавите денот, а Прилеп веќе има едно ново катче кое привлекува внимание! Noma Brunch Cafe, сместено во населбата Точила, зад Тобако Маркет, веќе ги освојува гостите со својот модерен ентериер, пријатниот амбиент и понудата создадена за вистинско уживање.

Дека станува збор за место кое има што да понуди, покажа и изминатиот викенд, кога се одржа првата викенд забава. Локалот беше исполнет со гости кои уживаа во одлична музика, вкусни закуски, дружење и атмосфера која уште еднаш покажа дека за убаво поминати моменти не мора секогаш да бидете во центарот на градската гужва.

А добрата приказна продолжува и овој викенд!

Во сабота, 7 ноември, во Noma Brunch Cafe пристигнуваат момците од NO LIMIT Band! Познати по своите маестрални настапи, одличните музички изведби и атмосферата што ја создаваат каде и да настапат, тие ветуваат вечер исполнета со добра музика, позитивна енергија и многу убави моменти.

Замислете си пријатен простор, добро друштво, вкусни закуски, омилен пијалак и музика во која едноставно ќе уживате. Токму тоа е концептот што го носи Noma Brunch Cafe, место каде што можете да го започнете денот со кафе и вкусен оброк, а викендот да го продолжите со музика, дружење и забава.

Внимателно уредениот ентериер, модерниот мебел и опуштената атмосфера го прават ова катче одличен избор за сите оние кои сакаат да се оддалечат од секојдневната динамика и да си подарат малку поинакво доживување.

Оваа сабота, 7 ноември, резервирајте ја за добра музика и одлично друштво во Noma Brunch Cafe на: 078 700 650 или 071 399 696.

Ново место, нова енергија и уште една причина викендот да го поминете убаво!

Родители, проверете го вакциналниот картон на вашите дечиња, нови потврдени случаи на морбили

Уште еден случај со морбили, петти по ред, е регистриран во државата, изјави денеска министерот за здравство Сашо Клековски. Станува збор за едно ипол годишно бебе. Со тоа морбили во државава се потврдени кај вкупно три бебиња и еден маж на возраст од 45 години македонски државјани, и кај еден државјанин на Косово.

-Имаме поврзаност прелиминарна помеѓу странскиот државјанин и тие трите домашни случаи меѓутоа би почекал епидемиолошката анализа на Институтот за јавно здравје биде готова и да го кажеме тоа службено – рече Клековски пред почетокот на националната консултација за новиот Закон за лекови, што ја организираше Министерството за здравство во соработка со СЗО.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали ќе повика на масовна вакцинација, дали ќе побара проверка на вакциналните картони и дополнително повикување на невакцинираните деца, Клековски рече дека постојано повикува на свеста и самосвеста на граѓаните и не верува во присилни мерки, бидејќи тие само го зголемуваат отпорот кон вакцинирањето.

Тој посочи дека секој треба за себе и за своите блиски да провери дали има две дози на вакцина или прележал. Потенцира дека има прележано морбили на 15 години и многу тешко ги прележал сипаниците и затоа препорачува на сите да се вакцинираат за да не ја поминат тешко таа болест.

-Издадовме препорака ако се појават тие знаци што се типични за сипаница да не одат на доктор, туку да се јават на доктор бидејќи ова е еден од најзаразните вируси и опстојува два часа заразноста во воздухот, така што престој во заразени лица во чекална во ходници на здравствени установи е значаен ризик за настанување на епидемија. Молбата е до родителите кога ќе ги видат тие симптоми што ги објавивме да не ги носат децата во градинки во училишта. Повикот за вакцинирање е за да се заштитат тие што не можат да се вакцинираат. Значи бебињата до 12 месеци не можат да се вакцинираат. Имаме постојано една група од 15-тина илјади бебиња кои се во одреден ризик. Секако и поповозрасната популација што не е вакцинирана – истакна Клековски.

Тој посочи дека докажани случаи се тие што ги имаме.

-Се работат и примарните и секундарните случаи, нивните патеки, веќе има инспекциски надзор во сите можни здравствени установи каде што може од аспект на примарен и секундарен контакт, така што мислам дека нивото на алармирање е значително. Нема присила затоа што тоа водеше кон изигрување на системот и слично. Апелирам на свест и самосвест на сите дека ако не ја прележале болеста дека две дози на вакцинација ќе ги заштитат бебињата кои не можат да бидат вакцинирани и кои немаат можност да одлучат дали сакаат или не – рече министерот.

Полн ресторан, одлична музика и врвна храна – VOI продолжува со нова музичка приказна во Прилеп

Добрата храна, пријатниот амбиент и музиката во живо се комбинација што секогаш ветува убаво поминато време. А дека токму таков концепт му недостасуваше на Прилеп, покажа и првата музичка вечер во VOI Caffe & Cucina moderna, која изминатиот викенд помина во одлична атмосфера, со полн ресторан и многу позитивна енергија.

Првото дружење со Acoustic Duo – Кате и Илија беше вистинско освежување во прилепската угостителска понуда, уште една потврда дека публиката знае да препознае поинаков концепт, во кој гастрономијата и музиката се надополнуваат и создаваат едно поинакво доживување.

VOI нуди амбиент во кој можете да се оддалечите од секојдневните обврски, да се опуштите по работниот ден, да уживате во современата кујна и вкусните специјалитети, а притоа да бидете дел од музичка приказна што создава посебно расположение.

А добрата приказна продолжува!

Овој четврток, 5 ноември, VOI најавува нова музичка вечер, овојпат со IGI BOK – UNPLUGGED, кој со својот вокал, гитара и препознатлив музички израз ќе се погрижи за уште една вечер исполнета со добар звук и одлична атмосфера.

Лоциран во самиот центар на Прилеп, веднаш до 13-катницата, VOI постепено гради препознатливо место за сите оние кои сакаат повеќе од обичен ресторански излез – место каде што добрата храна, музиката и пријатното друштво се дел од истото уживање.

Резервирајте го вашето место за овој четврток и дозволете си малку поинаков одмор од секојдневието!

Резервации на: 077 883 889 / 073 555 300

VOI – Good Vibes – Great Food!

Кузманоска удри жестоко и по Петар Богојески, лидерот на коалиционен пртнер

Фото/ФБ/Biljana Kuzmanoska

Фејсбук статус на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Билјана Кузманоска:

-Достоинството, слободата и правото на избор на секоја жена не се предмет на “машки надзор”, ничија дозвола или контрола!

Со згрозување ги осудувам изјавите на Петар Богојески, кои се навредливи и неприфатливи во едно општество кое се стреми кон еднаквост, почит и напредок.

Жената не треба да има ничија дозвола за да одлучува за својот живот, да ги гради своите соништа, да напредува и да биде успешна. Таа заслужува почит, поддршка и еднакви можности, а не ограничувања и наметнати улоги.

Посебно недозволиво е секое релативизирање на насилството врз жените. За насилството нема оправдување, нема изговор и нема компромис!

Како жена, како пратеничка и како дел од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, сметам дека имаме обврска секогаш и секаде да го креваме гласот против ваквите појави.

Нашата борба е за жена која самостојно одлучува, рамноправно учествува, храбро чекори напред и никогаш не мора да бара дозвола за да биде тоа што е!

15 години пропаѓаше, за неполни три месеци повторно блесна! Реновиран базенот во Полициската академија

По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово е целосно реновиран и повторно ставен во функција за потребите на македонската полиција. Објектот, кој повеќе од деценија и пол беше надвор од употреба, со инвестиција од околу 5,7 милиони денари е обновен и оспособен за неполни три месеци.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ја посети Полициската академија во Идризово, каде што имаше можност да се увери во функционалноста на обновениот базен, во кој веќе се вршеше проверка на пливачките способности на кандидатите за прием во Специјалната антитерористичка единица „Тигар“.

Повеќе од 15 години овој значаен објект стоеше запуштен, а генерации полициски службеници беа лишени од можноста да го користат за обука и професионално усовршување. Денес, наместо запуштен и нефункционален објект, Полициската академија располага со целосно реновиран базен, повторно ставен во служба на полициската обука и подготовката на припадниците на Министерството за внатрешни работи.

„Објект што повеќе од 15 години стоел запуштен, го вративме во функција за неполни три месеци. Тоа е разликата меѓу негрижата и конкретните резултати. Со инвестиција од околу 5,7 милиони денари обезбедивме услови овој базен повторно да им служи на полициските службеници, за нивна обука, усовршување и одржување на физичката подготвеност“, истакна министерот Тошковски.

Обновениот базен ќе се користи за обука на идните полицајци, специјализирани тренинзи на полициските единици, спасувачки вежби и одржување на физичката подготвеност на полициските службеници. Со неговото повторно ставање во функција се создаваат дополнителни услови за унапредување на професионалните способности и подготвеноста на македонската полиција.

Базенот има и посебно место во македонската филмска историја. Токму во овој објект во 1977 година се снимале сцени од култниот македонски филм „Исправи се, Делфина“, инспириран од големиот спортски подвиг на Атина Бојаџи.

Повторното ставање во функција на базенот е дел од пошироките инвестиции во модернизацијата на македонската полиција. Во изминатиот период значително е обновен комплексот на Полициската академија во Идризово, повторно е вратено Средното полициско училиште, набавени се нови полициски возила, а наскоро се очекува и пристигнувањето на новите, целосно ребрендирани и висококвалитетни полициски униформи.

„Продолжуваме да вложуваме во знаењето, подготвеноста и професионалниот развој на полициските службеници, затоа што вложувањето во нив е вложување во посилна полиција и побезбедна Македонија“, порача министерот Тошковски.

Министерството за внатрешни работи продолжува со конкретни инвестиции во полициската инфраструктура, опремувањето и подобрувањето на условите за обука и работа, со цел натамошно јакнење на капацитетите на македонската полиција.

Војниците и вработените во одбраната со повисоки плати од Нова година – Мисајловски најави историско покачување

Платите на припадниците на Армијата и вработените во одбраната ќе се зголемат за 10 проценти од 1 јануари 2027 година. Ова го најави министерот за одбрана Владо Мисајловски, посочувајќи дека станува збор за најголемото покачување досега изразено во апсолутна вредност.

Со зголемувањето ќе порасне основната плата, но и останатите компоненти што влегуваат во вкупните месечни примања на вработените.

Мисајловски истакна дека договорот е резултат на соработката со синдикатите и заложбите за подобрување на статусот и условите за работа на припадниците на Армијата и одбраната.

Дополнителни средства за оваа намена се предвидени и со новиот буџет, кој веќе поминал на владина седница. Според најавите на министерот, буџетот за одбраната во 2027 година ќе биде зголемен за две милијарди денари.

Покачувањето го поздравија и претставниците на репрезентативните синдикати во одбраната и на професионалните војници, Синиша Станчевски и Аднан Алити, кои изразија задоволство од постигнатиот договор и улогата на социјалниот дијалог во неговото реализирање.

Прилепскиот стратег го објави списокот со повикани фудбалери за натпреварите со Шкотска и со Словенија

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, денес го објави списокот со повикани играчи за претстојните два натпревара со Шкотска и со Словенија во Лигата на нации Б-дивизија.

Седлоски се одлучи за список од 26 фудбалери, меѓу нив напаѓачот на Шкендија, Марко Ѓорѓиевски, а повратници во составот се Дарко Чурлинов, Имран Фетаи, Стефан Деспотовски и Никола Серафимов.

На списокот на Седлоски се наоѓаат:

Голмани: Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски и Давор Талески.

Одбрана: Никола Серафимов, Анес Мељичи, Висар Муслиу, Имран Фетаи, Езѓан Алиоски, Марио Младеновски, Себастијан Херера, Бојан Илиевски и Стефан Деспотовски.

Среден ред: Енис Барди, Бобан Николов, Јани Атансов, Агон Елези, Елиф Елмас, Љупче Дориев, Дарко Чурлинов, Матеј Гаштаров, Димитар Митровски и Лука Станковски.

Напад: Марко Ѓорѓиевски, Елмин Растодер, Азер Омерагиќ и Христијан Малески.

„Црвено-жолтите“ на 13 ноември ќе гостуваат во Глазгов кај Шкотска, по што следува домашниот натпревар со Словенија на 16 ноември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Повеќе прилепски населени места и фирми утре 5 часа без струја

Oд ЕВН најавуваат прекин на електрична енергија за утре, 04.11.(среда) во следните прилепски населени места и објекти:

с.БЕЛОВОДИЦА, с. НИКОДИН, с.РАКЛЕ, с.ТОПЛИЦА, с.ЦАРЕВИЌ, с.СМОЛАРИ, с.ДРЕН, с.Мало РАДОБИЛ, с.Големо РАДОБИЛ, “ТЕРАКОТА КАМ”, “КРИН КГ”….

Прекин на електрична енергија во овие села и економски објекти ќе има во периодот од 09:30 до 14:30 часот.

Промовиран филмот “Битола мој роден крај” (ФОТО)

Во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето” посветена на Денот на ослободувањето на Битола, градоначалникот на Битола Тони Коњановски синоќа присуствуваше на промоцијата на документарниот филм „Битола, мој роден крај“ , филм посветен на животот, делото и споменот на нашиот сограѓанин Ајри Демировски.

Филмот е приказна за човекот, неговите вредности и љубовта кон Битола, а автори на филмот се Шенол Мемиш и Дејан Младеновиќ.

Авторите на филмот раскажуваат дека Демировски компонирал над педесет песни, меѓутоа најпознат е по песната која нема кој не ја знае, а тоа е, „Битола, мој роден крај“.