дома блог страница 141

Во Прилеп отворена изложбата „Дозимери“ од уметникот Драган Верговски -Алпи (ФОТО)

Синоќа во Ликовната галерија од ЦК “,Марко Цепенков” -Прилеп беше отворена изложбата „Дозимери“ од Драган Верговски -Алпи.
Уметникот се претставува со 30 дела работени на картон и на алуминиумски лим.

Отворајќи ја изложбата м-р Каролина Мицевска, посочи дека на делата се насликани многу геометриски форми и симболи во боја, со најразлични мотиви-крстови, пејзажи, кочанско поле….

Уметникот Верговски посочи дека делата ги работел со претчуство дека ќе се случи голема трагедија. И потоа се случи трагедијата во Кочани.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам. Драган Верговски Алпи е советник конзерватор. Има реализирано бројни самостојни и групни изложби. работи и икони.

Низ своето долгогодишно работно искуство како советник конзерватор дал голем придонес за зачувување на македонското културно наследство.

Уапсен 43-годишен битолчанец, ја нападнал својата мајка

-На 16.04.2026 во 16:00 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Г.Б.(43) од Битола затоа што физички ја нападнал својата мајка – информираат од МВР.

Николоски: Македонските аеродроми остануваат лидери во регионот, бројот на патници годинава ќе надмине 3,5 милиони

„Скопскиот и охридскиот аеродром лидери во регионот, потврдено и од меѓународните медиуми. Меѓународниот аеродром Скопје останува лидер во регионот со раст од 32 % споредбено со истиот период минатата година“, објави на својот Фејсбук профил, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Меѓународниот аеродром Скопје останува лидер во регионот со раст од 32 % споредбено со истиот период минатата година.

-За оваа година од понудените преку 390 илјади нови седишта, заради влијанието на конфликтот на Блискиот Исток има намалување за околу 6 илјади седишта, но и покрај ова останува високо рангиран во регинот и во овој сегмент, пренесува специјализираниот авио портал „EX-YU Aviation News”, напиша Николоски.

Во првите месеци од годинава, македонските аеродроми бележат раст од 30 % по број на патници и околу 20% по број на операции, што ги потврдува политиките на Владата за развој на авиосообраќајот во Македонија.

-Само од почетокот на оваа година се водедоа нови авиолинии од Скопје кон Неапол и Будимпешта, односно од Охрид кон Милано и Братислава. Дополнително, во текот на месец јули од Охрид започнува да оперираат линиите кон Катовице и Вроцлав, а од Скопје кон Палермо и Алгеро, со што за речиси две години од работа на оваа Влада, се воведоа 24 нови авиолинии кон европските центри, што е рекордна бројка на ново воспоставени авиолинии. Развојот на авиособраќајот останува меѓу приоритетите на Министерството за транспорт и тоа го докажуваме со реализација на проектот за реконструкција, надградба и проширување на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, со што дополнително ќе го зголемиме капацитетот за патници и авио операции, информира Николоски.

Вицепремиерот Николоски, истакнува дека оваа година се очекува да се надмине бројот на патници од 3,5 милиони, а во следната година да достигне и до 4 милиони патници, што е резултат на актуелниот модел на привлекување на авиолинии.

-Во однос на актуелните состојби со горивата, Македонија има стабилна состојба, во континуитет се врши координирање со сите институции и засега авиосообраќајот се одвива непречено, објави вицепремиерот Николоски.

И Голем Петок помина, прилепските комуналци останаа без плата

Социјалните мрежи вријат од коментари и раеакции, вработените во ЈКП Комуналец Прилеп се’ уште немаат земено плата.

Според коментарите, вработените во ова јавно претпријатие, кое според завршната сметка има долгови во висина од над 500 000 евра, дури и Велигденските празници ги поминале без пари.

Претпријатието во изминатите години живее од субвенциите од општината, иако сметките ги покачија за над 60%.

Новиот директор кој беше именуван неодамна е пред сериозен предизвик. Ќе успее ли да се справи со наталожените проблеми и да го врати претпријатието на вистинските патеки?!

Oд понеделник ќе се санира Ленишки мост – во наредните 6 месеци времена измена на сообраќајот

Регионалниот центар за управување со кризи информира по известување од АМСМ за времена измена на сообраќајот поради градежни работи на дел од патот Плетвар – Прилеп:

ИЗВЕСТУВАЊЕ : На 20.04.2026 година (Понеделник), ќе се започне со времена измена на сообраќајот при санација на горниот строј на Ленишки мост на км 47+900 на државен пат А1, делница Плетвар-Прилеп и истата ќе трае до завршувањето на санацијата.

Сообраќајната согласност е со рок на важност од 6 (шест) месеци.

Прекрасна традиција која се негува со години: На Источен Петок во Битола се одржува манифестацијата Градски-Селски Велигден

Традицијата и годинава продолжи во населбата “Јенимаале” во Битола, каде се одржува тридневниот фестивал „Весел Петок“, со кој се одбележува празникот Источен Петок – Бајаклија или познат како Градски – Селски Велигден.

Детскиот фолклорен фестивал „Весел Петок“ го организира КУД „Илинден“ и претставува вистинска прослава на традицијата, детската радост и фолклорното богатство.

Фестивалот започна вчера во малото училиште на ОУ „Даме Груев“, а продолжи денеска со дефиле низ Јенимаале и пригодна програма на долното средсело, каде што присутен беше и градоначалникот на Битола Тони Коњановски и претседателот на Советот Бојан Бојкоски.

„Продолжуваме да ја негуваме љубовта кон народната култура и заеднички да создаваме убави спомени“ е пораката од овој фестивал, кој продолжува и утре од 13:00 часот во Офицерскиот дом со настап на културно-уметнички друштва од земјава и странство.

Гостите од фестивалот денеска имаа прием во кабинетот на градоначалникот на Битола.

Kривична за прилепчанец, се сомничи дека тргувал со монети кои се културно наследство

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против П.В.(41) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластена трговија со добра под привремена заштита на културно наследство и природна реткост“. Полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени 74 стари монети, од кои дел се од 19-ти и почетокот на 20-ти век, информираат од МВР.

Професорката Мила Арапческа од Прилеп избрана за претседател на одборот за евалуација на високото образование

Престижната функција – претседател на Одборот за евалуација на високото образование ја презема проф. д-р Мила Арапческа oд Прилеп од Факултетот за биотехнички науки – Битола, единица на УКЛО.

Нејзиното именување на челната позиција е на предлог од членовите на Одборот кои ја избраа едногласно. Проф. д-р Мила Арапческа изјави дека предлогот за нов претседател на ова колективно стручно тело го прифатила со цел – до донесувањето на новите закони успешно да се дозавршат започнатите постапки за надворешна евалуација.

Ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски со особено задоволство го честита изборот на проф. д-р Мила Арапческа да претседава со Одборот за евалуација на високото образование. Според него, изборот на професорката Арапческа за претседател на Одборот претставува значајно признание за нејзиниот досегашен професионален ангажман. Искуството и посветеноста на професорката Арапческа се силна гаранција за успешно водење на процесите на евалуација во високото образование во наредниот период.

Димитровски: Вистината е најсилната светлина – повик до институциите да ги испитаат сите наводи (ВИДЕО)

Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, на прес-конференција, ги отфрли обвинувањата за конфликт на интереси и злоупотреба на функцијата, повикувајќи ги надлежните институции да извршат целосна проверка. Тој потенцира дека сите средства доделени на здруженија поврзани со неговото семејство се распределени транспарентно и согласно законските процедури.

Во продолжение интегрален текст од прес конференцијата на Димитровски:

ВИСТИНАТА Е НАЈСИЛНАТА ЧОВЕЧКА СВЕТЛИНА: НА СВЕТОЛ ПЕТОК ДОДЕКА ДЕЛАТА ЗБОРУВААТ, ПОВИК ДО НАДЛЕЖНИТЕ ДА ИСТРАЖУВААТ
СЕМЕЈСТВОТО Е БЛАГОСЛОВ, А НЕ ГРЕВ! МОЈАТА МИСИЈА Е ИНТЕРЕСОТ НА ГРАЃАНИТЕ, А НЕ ЕТИКЕТИТЕ ЗА ПРОФИТЕРСТВО

Денес, во оваа Светла недела по Велигден, на овој ден кој се празнува како Источен петок Балаклија или Животоносен Источник, Битола живее со една востановена традиција на одбележување на празникот, кај нас познат и како Градски – селски Велигден, кога преку манифестацијата „Весел Петок“ се одржуваат бројни настани во градот, а центарот на случувањата е населбата Јенимаале.

Во овој настан, учествуваат наши ученици, културно уметнички друштва од повеќе градови во државата, но и од други земји.

И ова е еден настан, чиј носител е Културно уметничкото друштво Илинден, со сопствени ресурси и продолжување на соработката со институциите и здруженијата со кои веќе долги години соработува.

Токму ова друштво, во изминатиот период беше предмет на навреди и шпекулации, со тенденциозна намера да се изврши атак врз мојата личност и да се минимизира неговото успешно 70 годишно делување.

Денес сум тука, со директен поглед во очите на јавноста и моите сограѓани да проговорам за единствената вистина за КУД Илинден, Трчај бе и Атлетскиот клуб Олимп, чие делување никако не смее да биде минимизирано, преку дискредитирање на мојата личност и претставување на некаков конфликт на интереси или злоупотреба на мојата службена положба.

Уште со моето прво назначување за Секретар на општината во 2022, а потоа и во 2025 потпишав изјава со која се обврзав дека нема да учествувам и влијаам во никакви процеси на селекција и одобрување на финансиски средства за правни субјекти кои ги раководат членови на моето семејство. Ова не беше само обврска на хартија, туку е начин на делување за цел овој период додека сум секретар, а во кој нагласувам немам апсолутно никакво влијание на комисиските одлуки за доделување на средства.

За да нема никакви дилеми, колку средства добиле овие успешно етаблирани здруженија кои се врзуваат со моето име, преку имињата на членовите на моето семејство, направив детална анализа на сите финансиски картици за периодот 2021-2026, за да можам пред Вас почитувани граѓани, пријатели и соработници, да зборувам за вистина на факти и докази:

КУД Илинден, каде во моментот членуваат 400 членови од сите возрасти, а минатите 4 години ја претставуваше Македонија на меѓународни фестивали во Полска, Хрватска, Португалија, Албанија, Србија, Унгарија, Турција, Чешка, Франција, Бугарија, Шпанија, како и на светската фолклоријада во Уфа, Русија, за период од 4 години од Општина Битола има добиено вкупна поддршка од 820.000 денари. Морам да напоменам дека друштвото и претходно било поддржувано од локалната самоуправа и од други градоначалници.

„Трчај бе“ e уште една манифестација, која донесе илјадници гости во Битола, а успешно ја раководи мојот брат, Никола Димитровски. Вкупната поддршка од 2021 до 2026 за оваа манифестација е 1.500.000 денари.
Атлетскиот клуб „Олимп“, кој веќе е препознатлив спортски амбасадор на Битола, во изминатите 4 години добил 260.000 денари.

Или сумарно сите 3 здруженија кои се поврзуваат со членови на моето семејство, за период од 4 години, добиле финансиска поддршка во вкупен износ од 2.580.000 денари, а за тоа согласно општинските критериуми, правила и процедури, одлуките ги донесле, комисии составени од советници од Советот на Општина Битола, надворешни експерти или вработени во општинската администрација, врз кои не сум имал никакво влијание.

Морам да нагласам дека, беше направен обид и за фрлање дамка и врз адвокатското друштво „Димитровски“, кое по ниту еден основ нема воспоставено соработка со Општина Битола, а со тоа нема добиено ниту денар за некакви услуги кон општината.

На крај, ова не е мое оправдување пред јавноста, туку обелоденување на единствената вистина преку која се докажува дека функцијата е времена и менлива и таа не е и не смее да биде критериум за квалитет или мерливост за успешност.

Впрочем, сите овие манифестации години наназад биле препознати од битолчани, од националните институции и други меѓународни фондации, кои обезбедувале поддршка на одредени проекти, со голема видливост, голем број учесници, одреден прилив на средства, но многу поголеми расходи.

Горд сум, што членови на моето семејство стојат зад овие успешни проекти, значајни за Битола, а за кои во ниту еден момент не сум дозволил да ме понесе субјективниот фактор и не сум одлучувал.

Дека ова што го зборувам е точно оставам да потврди јавноста, а јас лично ќе ги повикам надлежните органи да извршат проверка во одобрувањето на општински средства за споменатите правни субјекти и доколку за истите констатираат било каква неправилност, јавноста ќе биде навремено известена, со преземање на цела моја одговорност.

Новинарската етика и кодекс на оние кои се обидоа да изнесуваат невистини, нема да ги коментирам затоа што за тоа постојат Совет на честа и Совет за етика на медиумите, кои верувам ќе извршат соодветна анализа и ќе го објават својот став.

Нека ни е честит денешниот празник и Битола нека продолжи да живее како град на културни и спортски манифестации со врвен квалитет.

Полицаец од Битола возел напијан, со 98км/ч низ град, плус имал забрана за управување возило

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против Д.М. на работно место „полицаец“ во ПС за ГП и ГН Меџитлија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено и казниво по член 297-а став 2 од Кривичниот законик.

Пријавениот, надвор од работното време, на 01.04.2026 на ул. „8 Септември“ во Битола управувал патничко моторно возило „бмв“, во лична сопственост, во време кога имал активна забрана за управување со моторно возило од „Б“ категорија. Покрај тоа, возилото го управувал со брзина од 98 км на час во населено место каде дозволената брзина била 50 км, со присуство на алкохол во организмот од 0.73 промили.

По насоки дадени од страна на јавен обвинител, моторното возило е одземено. ОВККИПС против Д.М. поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и изрече задолжителни мерки одземање на службеното оружје и муниција и упатување на задолжителен психијатриски и психолошки преглед.