дома блог страница 140

За бизнис што те движи напред: Време е за следниот чекор

Секој успешен бизнис започнува со идеја. Но, растот? Тој бара визија, храброст… и партнер што може да го следи твоето темпо.

Без разлика дали планираш нова инвестиција, проширување на капацитетите, набавка на опрема или дополнителна поддршка за тековното работење, финансиската флексибилност често е клучниот фактор што ги претвора плановите во реалност.

Токму затоа, Минт Кредит (ФД Минт СН) го нуди своето решение за компаниите и претприемачите што сакаат да продолжат да се движат напред без препреки.

Бизнис Кредит: Кога бизнисот има потенцијал, времето станува најважниот ресурс

Секој сопственик на бизнис знае дека можностите не чекаат. Ако денес имаш шанса да инвестираш во нова опрема, да отвориш нов продажен простор, да набавиш дополнителен производ или да го прошириш тимот, одлуката мора да се донесе брзо.

Но, реалноста е дека не секогаш постои доволна ликвидност за веднаш да се покријат сите трошоци. И токму тука многу компании прават пауза во развојот. Не затоа што немаат потенцијал, туку затоа што немаат пристап до навремено финансирање.

Бизнис кредитот не треба да се гледа како последна опција. Напротив, денес тој е алатка за раст. Паметните компании не чекаат „совршен момент“, тие создаваат услови за напредок кога ќе препознаат добра можност.

Зошто компаниите сè почесто избираат флексибилно финансирање?

Традиционалните процедури за деловно финансирање често значат многу документација, долги чекања и сложени процеси. За многу мали и средни бизниси, тоа претставува дополнителен товар во период кога им е потребна брза реакција.

Современиот пазар бара поинаков пристап. Денес претприемачите бараат финансиско решение што ќе се движи со нивното темпо.

Со Минт Кредит (ФД Минт СН), процесот за аплицирање за бизнис кредит е поедноставен и прилагоден на реалните потреби на модерниот бизнис. Наместо комплицирани процедури, добиваш едноставен и практичен пристап до средства што можат да помогнат твојот бизнис да продолжи напред кон раст и развој.

Бизнис кредит до 1.000.000 денари за нови можности

Без разлика дали станува збор за нова инвестиција, развој на бизнисот или дополнителна ликвидност, пристапот до финансии во вистински момент може целосно да ја промени насоката на компанијата.

Бизнис кредитот од Минт Кредит (ФД Минт СН) овозможува финансиска поддршка до 1.000.000 денари, со рок на отплата до 60 месечни рати. Ова им дава простор на компаниите да инвестираат попаметно и да ги распределат трошоците на начин што нема да создаде непотребен притисок врз тековното работење.

Особено важно е тоа што флексибилноста им овозможува на бизнисите да планираат долгорочно. Наместо краткорочни решенија што создаваат дополнителен стрес, компаниите добиваат стабилност и можност да размислуваат стратешки.

Во што најчесто инвестираат компаниите?

Потребите на секој бизнис се различни, но најчесто компаниите користат бизнис кредит за:

  • Набавка на нова опрема,
  • Проширување на деловниот простор,
  • Дополнителна ликвидност,
  • Инвестиција во залихи и производи,
  • Развој на нови услуги,
  • Маркетинг и раст на брендот,
  • Вработување и проширување на тимот.

Во многу случаи, токму навремената инвестиција е она што го одредува следното ниво на раст.

Најголемата грешка е да се чека предолго

Една од најчестите причини поради кои бизнисите стагнираат е одложувањето. Многу претприемачи чекаат „подобар период“, „повеќе заштеда“ или „совршени услови“ за да инвестираат во својот развој.

Но, пазарот не мирува.

Конкуренцијата расте. Трендовите се менуваат. Клиентите очекуваат побрза услуга, подобар производ и поквалитетно искуство.

Компаниите што растат се оние што знаат кога треба да реагираат.

Токму затоа, пристапот до практично и флексибилно финансирање станува сериозна предност за секој бизнис што сака да остане конкурентен.

Финансиска поддршка што го следи твоето темпо

Успешниот бизнис не се гради преку ноќ. Тој се развива преку одлуки. Некои мали, некои големи, но сите важни. Кога имаш партнер што може да ти помогне да ги реализираш тие одлуки побрзо, целиот процес станува полесен.

Бизнис кредитот од Минт Кредит (ФД Минт СН) е создаден токму за компании што сакаат да се движат напред. За претприемачи што не сакаат да ги пропуштаат можностите кога ќе се појават. За бизниси што знаат дека растот бара акција.

Време е за следниот чекор со Бизнис кредит од Минт Кредит

Секој бизнис има период кога треба да донесе важна одлука – дали ќе остане на исто ниво или ќе направи чекор напред. А понекогаш, токму тој чекор започнува со вистинската финансиска поддршка.

Затоа, ако твојот бизнис е подготвен за нова инвестиција, проширување или нова можност, можеби ова е вистинскиот момент да му дадеш поддршка што ќе го придвижи напред.

Доколку имаш прашања или си заинтересиран за повеќе информации контактирајте нѐ на 15 107 или посети нѐ во една од нашите филијали ширум државата.

Што се случи со прилепското вовче? Летото е пред нас, а најмалите се’ уште го чекаат среќното ѕвонче пред “Реклами”

Летото е пред нас, а најмалите во Прилеп се’ уште го чекаат вовчето на кое со години му се радуваа и уживаа во возењето низ градските улици со своите родители, баби, дедовци…

Никој засега не знае што се случи со туристичкото вовче и дали воопшто ќе сообраќа летово.

Најмалите се надеваат дека ќе го слушнат среќното ѕвонче пред “Реклами” и ќе потрчаат за да фатат место.

Вовчето последно сообраќаше пред две години, а зимоска беше паркирано на градскиот плоштад, како експонат за фотографирање за време на новогодишните празници.

Според сите анкети: Гимназијата е број еден избор за просперитетна иднина на полуматурантите

Со видеа што ќе те инспирираат и зборови што допираат, дознај зошто Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп е повеќе од училиште. Тука започнува твојата иднина.

1. Секој голем пат започнува со храбар чекор

„Избери иднина. Избери инспирација.“ – Гимназијата е твојот прв чекор кон една голема приказна, каде што растеш како личност и ум.

2. Наставници што навистина се грижат

Професорите не се само едукатори, туку ментори што ќе ти помогнат да го извлечеш најдоброто од себе – на секој чекор.

3. Пријателства што траат засекогаш

Тука не добиваш само знаење – добиваш друштво, смеа, тимска работа и пријатели за цел живот.

4. Комбинација од учење и забава

Од книги до кафулиња во училишниот двор, од лаборатории до школски екскурзии – овде секој ден носи ново искуство.

5. Сцена за твоите таленти

Драмска секција, спорт, уметност, наука – сè е на дофат. Овде можеш да блеснеш со тоа што најмногу те инспирира.

6. Проекти што создаваат идни лидери

Работа во тимови, презентации, истражувања – ќе учиш да размислуваш креативно и критички, со вистински животни вештини.

7. Вистински предизвици – вистинска поддршка

Од секој тест до успех, тука си дел од заедница што верува во тебе и те охрабрува да се развиваш.

8. Мирче Ацев во 3 збора?

Пријателство. Знаење. Иднина. Тука започнува твојата приказна. Запиши се. БИДИ ГИМНАЗИЈАЛЕЦ!

Најважниот оброк во денот во срцето на Прилеп – Разбудете се со богатство на вкусови секој ден

Утрото има посебен шарм кога денот започнува во La Piazza.

Во срцето на Прилеп, каде градот полека се буди, тука се нуди нешто повеќе од обичен појадок — утринско уживање со стил.

Од првиот мирис на свежо кафе до последниот залак, секое утро во La Piazza е мало гастрономско патување низ вкусовите кои ги обожаваме сите. Без разлика дали сакате класичен, домашен или модерен појадок – нашето мени има сè што ви треба за совршен старт на денот.

Изберете го вашиот омилен вкус:

-Јајца со пршута и кулен – вистински избор за љубителите на силен и богат појадок.

-Омлет со три јајца – класика која никогаш не старее, со можност да изберете варијанта со шунка, сирење или зеленчук.

-Мекици со сирење – мирис на детството, свежо пржени и совршено меки, со топка павлака и домат.

-Авокадо појадок – свеж, лесен и модерен избор за сите што сакаат здрав почеток на денот.

-Пржени лепчиња – четири совршено пржени тост парчиња со сирење, павлака и свеж домат.

-Клуб сендвичи и Италијански сендвич – за оние кои сакаат да комбинираат вкус и енергија, совршени за утро што бара полна порција задоволство.

-Кремасти чорби – нежни, топли и ароматични, идеални за ладни утрински часови.

Секој појадок во La Piazza се подготвува со свежи состојки, внимание на деталите и многу љубов кон добрата храна. А кога на сето тоа ќе се додаде нивната пријатна атмосфера и вкусното кафе – добивате формула за совршено утро.

Време е за La Piazza утро!

Посетете нè и откријте зошто нивниот појадок е омилен избор на прилепчани кои знаат да уживаат во секој момент од денот.

La Piazza – местото каде денот започнува вкусно!

Полицаец од Битола лажел дека автомобилот на брат му е од МВР за да избегне казна

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против И.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување“, предвидено и казниво по член 353 став 1 од КЗ. И.Д., на работно место „помлад полицаец“ во ПС Битола на 25.03.2026 околу 17:00 часот, во период кога не бил работно ангажиран, отишол во просториите на ЈП за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Општина Битола, се претставил дека е полициски службеник и поднел барање за поништување на налог за наплата за нерегуларно паркирање на патничко моторно возило „ауди“, сопственост на неговиот брат, при што во рубриката „образложение на причината за поништување на налогот“ своерачно напишал МВР.

Со наведеното дејствие дал лажна изјава дека возилото е сопственост на МВР со што сакал да ги доведе во заблуда вработените на ЈППЈЛП за да биде ослободен од плаќање на казната. ОВККИПС против И.Д. ќе поднесе и предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, соопшти МВР.

Хуманост што значи живот за најмалите пациенти: Компании донираа за набавка на детско ЕКГ во прилепската болница

Претставници на компаниите Manderley од Холандија, како и Кули и Карма Бела од Македонија, ја посетија прилепската болница “Борка Талески”, а причината за нивната посета е повеќе од благородна.

Компаниите беа наградени од Schijvens како најдобри добавувачи, при што освоија награда во износ од 2.580 евра. Овие средства беа хумано донирани за набавка на детско ЕКГ за потребите на Детското одделение во прилепската болница.

Од болницата упатуваат искрена благодарност за нивната хуманост, поддршка и општествена одговорност. Со вакви дела заедно придонесуваме за подобра здравствена грижа за најмладите пациенти.

Tри награди за прилепските гимназијалци од Државниот натпревар по хемија

На 14-05-2026 год во просториите на ПМФ-Институт за Хемија – Скопје се одржа Државниот натпревар по хемија на кој учениците од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп ги постигнаа следните резултати:

Под менторство на проф.Блаже Димески од прва година:

1. Глигор Ивановски (I) прва награда

Под менторство на проф.Ружа Ангелска учениците од четврта година:

1. Георги Николоски (I) прва награда

2. Марија Митреска (II) втора награда и

Александар Велјаноски пофалница за успешно учество на државниот натпревар.

Со овој и сите предходни натпревари хемичарите од Гимназија „Мирче Ацев“ покажаа и докажаа дека остануваат на врвот на листите на секое ниво од натпреварите по хемија.

Честитки за сите успеси и новите предизвици на учениците и нивните ментори во оваа учебна година и престојната Светска олимпијада на која ученикот Георги Николоски со тим од уште 3 други ученици ќе ја претставува Република Македонија во Ташкент, Узбекистан.

Кодекс за облекување: По пасош и лична карта нема веќе по апостолки, бермуди и „рамбовка“

Со цел одржување на професионалниот стандард, дигнитетот на институцијата и меѓусебната почит, се воведува Кодекс за облекување за сите вработени и странки кои ги посетуваат просториите на Одделот за граѓански работи при Министерството за внатрешни работи, информираат од МВР.

Како институција која е постојан сервис на граѓаните, велат оттаму, веруваат дека соодветното облекување придонесува кон подобра работна атмосфера и почитување на државните институции.

-Во таа насока, ги замолуваме сите граѓани пред доаѓање во нашите простории (за подигнување лични документи, пасоши или други административни услуги) да се погрижат нивниот изглед да биде во рамките на општоприфатените норми за јавни институции, се вели во информацијата од МВР.

Истовремено, напоменуваат дека и сите вработени во Одделот се задолжени доследно да го почитуваат утврдениот кодекс за облекување наменет за вработените во Министерството.

Тој ги прави најлудите журки во Македонија, девојките го обожаваат, а сите пејат заедно со него – Викендов во Прилеп ќе се бара маса повеќе!

Прилеп дали си подготвен?! Оваа сабота (30.05.) за првпат во Pub Club Terasa доаѓа Дарко Гроздановски, момчето што во моментов ги прави едни од најлудите и најенергични настапи на македонската музичка сцена.

Ако досега не сте биле на негов настап, подгответе се за вечер каде што нема седење и нема тивка атмосфера. Дарко не е од оние изведувачи што само ќе излезат и ќе испеат неколку песни. Неговите настапи се гласни, моќни, полни со емоција, адреналин и атмосфера што буквално ја крева публиката на нозе. Од првиот тон до последната песна, кај него нема „мртва“ атмосфера, се пее гласно, се игра, се снима, се бара бис.

Токму затоа и се издвојува од останатите на сцената. Комбинацијата од одличен вокал, сценска енергија, музичка харизма и контакт со публиката прават секој негов настап да изгледа како голем концерт, без разлика дали е клубска вечер или голема сцена. А оние што веќе биле на негов настап добро знаат, кога Дарко е на сцената, вечерта станува незаборавна.

Ова ќе биде негово прво гостување во Pub Club Terasa, а интересот е огромен, па ако сакате добро место и вечер за паметење, резервирајте навреме.

Да му посакаме топло добредојде на Дарко во ТЕРАСА, и сите заедно да уживаме!

📞 Резервации: 070-304-967

📍 Pub Club Terasa
📅 Сабота | 30 Мај
🎤 Дарко Гроздановски LIVE

Во Точила од денеска мириса на домашно: Старите мајстори донесоа вистинска богата македонска трпеза

Во населбата Точила во Прилеп, од денеска мириса на домашно готвено! Веднаш до КАМ маркет, вратите ги отвори КРЕАС – готвени јадења, нова гастрономска кујна од старите мајстори, каде прилепчани ќе можат секој ден да уживаат во топол, вкусен и традиционален македонски оброк.

Не станува збор за само уште еден кетеринг. КРЕАС ќе биде место каде секојдневно ќе се подготвуваат свежи, топли и внимателно зготвени јадења, создадени од искусни прилепски мајстори кои со години се препознатливи по својот квалитет и вкус. Зад целата приказна стои добро познатото име Месарница „Креас“, бренд кој веќе има изградено доверба кај прилепчани кога станува збор за свежо и квалитетно месо.

Локацијата веднаш до маркет и на прометно место го прави идеален избор не само за жителите од Точила, туку и за сите минувачи, работници, семејства и луѓе кои уживаат во вистински домашно подготвен оброк, со вкус кој потсетува на старите македонски рецепти.

Во време кога сè повеќе луѓе имаат динамичен начин на живот и сè помалку време за секојдневно готвење, ваквите места стануваат вистинско освежување. Особено кога зад нив стојат луѓе кои ја познаваат традиционалната македонска кујна и знаат дека добрата храна не е само оброк, туку и чувство, навика и дел од семејната култура.

Со отворањето на КРЕАС, Точила добива нов гастрономски центар, а прилепчани уште едно место каде вкусот на домашната македонска храна ќе биде секојдневно достапен.

Македонската традиција никогаш не изгледала повкусно. КРЕАС носи токму таква приказна, топла атмосфера, домашен вкус и храна што потсетува на неделен ручек кај мама и баба.

Повелете во Креас – готвени јадења!