дома блог страница 126

Прилепчанец претепал oбезбедувач во казино

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против О.Б.(40) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

На 28.12.2025 во казино во Прилеп, пријавениот физички нападнал едно лице од обезбедување на казиното и му нанел тешки телесни повреди.

Три медали за борачките на 7-ми Мај од Прилеп на силен меѓународен натпревар во Стара Загора (ФОТО)

Прилепскиот боречки клуб “7-ми Мај Златна рака” настапи на силен Mеѓународен турнир во Стара Загора, Бугарија oд каде се враќа со добри резултати.

Девојките освоија две трети и едно второ место. Резултати поединечно:

-Викторија Стојаноска во категорија до 50 кг. освои 3 место,

-Ангела Трајкоска до 60 кг. го освои 3 место, иако тоа не е нејзина категорија,

-Тамара Цветкоска до 60 кг. се зкити со сребрен медал, откако во финалето загуби со тесна разлика.

Девојките беа предводени од тренерите Стојанчо Тушески и Андреј Андоноски, кои истакнаа дека и покрај добрите резултати, мора да се работи уште поинтензивно, затоа што за прилепчани сега претстои и Европското првенство до 20 години.

Утре големото дерби на отпаднатите во трета лига Големо Коњари – Победа

Утре (недела), 22.03. со почеток од 14:30 часот на стадионот во с. Големо Коњари, ќе се одигра локалното дерби помеѓу двата второлигаши на дното од Втората лига, прилепска Победа и домаќинот ФК Големо Коњари.

Според најавите, се очекуваат над 500 гледачи, како вљубеници во фудбалот од населеното место, така и од градот, а домаќинот за “дербито” со Победа има обезбедено и монтажни трибини.

Во првиот натпревар есеноска, црвено-белите триумфираа со 1:0 на “Гоце Делчев” во Прилеп, па Големо Коњари ќе сака да возврати за тој пораз, но сега против младинците од Победа.

Владата утре во 12 часот ќе носи вонредни мерки за горивата

Владата константно ја следи состојбата со цените на светските нафтени берзи и за утре во 12 часот најавува седница на која ќе се донесат мерки со кои ќе се ублажи ценовниот скок на горивата.

-Цените на светските нафтени берзи растат, што се очекува дополнително да се одрази на домашната цена на горивата. Иако на бензинските станици во земјава има убедливо најевтини горива во споредба со регионот се очекува во понеделник да има дополнителен раст на цените на дизелот и на бенизините. Заради тоа Владата утре во 12 часот ќе има седница на која ќе се донесат вонредни мерки за борба против високите цени на бензините со кои ќе се ублажи ценовниот скок, брифираат од Владата.

Од 18 март годинава на бензинските пумпи на ОКТА, Пуцко Петрол, Макпетрол и Лукоил се точи гориво поевтино за два денара од максималната цена што ја определува Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за нафтените деривати. Поевтинувањето на горивата доаѓа откако ОКТА им понуди за два денара пониски цени на трговците со нафтени деривати и веќе почна да им испорачува гориво по пониски цени.

На 13 март министерката за енергетика Сања Божиновска и директорот на ОКТА Димитриос Пасхос на прес-конференција најавија дека до крајот на март ОКТА за два денара ги намалува цените на дизелот и на бензините за трговците што набавуваат горива од компанијата овозможувајќи им на тој начин на трговците на големо и мало оваа придобивка да ја рефлектираат во крајните цени за потрошувачите. Пасхос, тогаш рече дека останува на трговците на големо и мало самостојно да ги утврдуваат продажните цени во согласност со своите комерцијални политики и пазарни услови.

Со последните две корекции на цената на горивата во земјава што ги донесе РКЕ цената на дизелот се зголеми за 21 денар, а на бензините за 12 денари по литар. Причина за поскапувањата на горивата кај нас и глобално, се случувањата на Блискиот Исток.

Пожарникар од Прилеп добил струен удap додека гаснел пожap во куќа на ул. “Дебарца”

-На 20.03.2026 во 16:40 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека настанал пожар на ул.„Дебарца” во Прилеп, при што зафатени биле куќа и помошна просторија, сопственост на Д.Р. од Прилеп. Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Прилеп, при што пожарникарот З.Г. (53) од с.Крушеани,прилепско, бил повреден од струен удар и бил пренесен во Градска болница Прилеп за укажување на помош. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп – информираат од СВР Битола.

Апсење на две локации во Битола – Паднаа маж и жена од Прилеп, возилото им било полно со дpoга

На 20.03.2026 во 21:15 часот полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.А.(46) од Битола. По претходно добиена наредба од Основен суд Битола, извршен е претрес во Битола во дом, сопственост на А.А., при што е пронајдена бела прашкаста материја, растителна материја, дигитална вага со траги од прашкаста материја и пари.

Исто така, на 20.03.2026 во 21:45 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода Д.В.(49) и Н.М.(39), двајцата од Прилеп. Во патничко возило „сеат” со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.В., а во кое сопатничка била Н.М., пронајдени се паковки со грутчеста материја и дигитална вага со траги од грутчеста материја. По документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Денес сите на кошарка, поддршка за екипата што доби од Министерството “ваучер” од 400 денари дневно

Екипата на прилепски Мега Баскет денеска (21.03.) со почеток од 17:00 часот, во спортската сала во ООУ “Добре Јованоски”, ги пречекува Соколи од Штип.

Штипјани се подобро пласирани од Мега Баскет и имаат 19 бода во ТОП 8 разигрувањето во Првата лига, додека прилепската екипа моментално е на 15.

Вљубениците во кошарката во Прилеп очекуваат триумф, а за тоа ќе биде потребна целосна поддршка од трибината во “Добре”.

Дојдете заедно да ги бодриме дечките!

Затишје пред бура во Водовод, откако УО реши да раскрсти со криминалот

Страв и исчекување oд следните чекори на УО владее во ЈКП “Водовод и канализација” Прилеп.
Сомнежите за огромни криминали потенцирани на неколку пати во колумните на новинарот Зоран Момироски, а и изјавите на новиот претседател на УО, Бошко Талески, предизвикаа очите на прилепската јавност да бидат свртени кон ова јавно претпријатие.

Поништени записници од пописна комисија, барање за комерцијална ревизија, недонесена завршна сметка и сомнеж како се носеле претходните завршни сметки, ги поттикнуваат шпекулациите за проневерените средства.

Несанирани дефекти, раскопани улици, речиси никакви инвестиции во последните години, предизвикаа од најдобро јавно претпријатие во Македонија до 2017., денеска да е фирма која кубури за плата, страда од превработеност и зависи од општинските субвенции.

Дали се’ ова ќе има епилог зависи и од МВР и од oбвинителството, кое треба да му биде од помош на новиот УО во фирмата.

Млад прилепчанец фатен со големо количество дpoга

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против В.Н.(21) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 12.03.2026 во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп извршиле преглед на патничко возило „бмв“, кое го управувал В.Н., при што во возилото била пронајдена и одземена марихуана – информираат од МВР.

Изгореа четири моторцикли во пожар во Прилеп

-На 19.03.2026 во 21:00 часот во Полициската станица Прилеп е пријавено дека на паркинг простор пред магацин на правно лице на ул.„Стеван Апостолоски“ во Прилеп настанал пожар во кој изгореле четири мотоцикли, сопственост на правното лице. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема. Увид е извршен од екипа на ОВР Прилеп – информираат од МВР.