Момироски: “Абе срам грам да се нема”

Во најновата колумна за минатонеделните општествено-политички случувања во Прилеп, новинарот Зоран Момироски се осврна и на состојбите околу ветувањата за нов театар во Прилеп:

-Во ,,театар,, град и држава секој театар па дури и театарски фестивал е во втор план. Без разлика што станува збор за 60 години театарски фестивал ,,Војдан Чернодрински,,. За една недела, во официјална селекција избрани и прикажани 10 претстави. Во неофицијалниот дел прикажани 4 претстави. Сите 14 претстави се ништо во споредба со 365 ,,претстави,, што ги гледаме во текот на годината. Исто како што се ништо сите ,,претстави,, за нов театар во Прилеп. 10 години гледаме и слушаме како најтеатарскиот град кој на македонската филмска и театарска македонска сцена им дал десетици, десетици врвни режисери, професори, сценаристи, актери и статисти во изминативе 60 па и 100 години.Прво политичкиве елити ќе градеа нов театар, оти стариот кој буди емоции и посебни чуства со години се распаѓа и е вон функција, а сцената од ,,Марко Цепенков,, не е тоа што е онаа од театарот. Па откако локалните власти од СДСМ дознаа дека тоа е институција под надлежност на ресорното министерство, не барем кога водеа кампања не знае се откажаа од овој проект. Дојдоа другите од ВМРО-ДПМНЕ, па наместо нов кај домот на културата, ветија нов кај стариот. Помина и таа ,,театарска претстава,, па следеше нова, реконструкција на стариот. Засега овој актуелениов министер за култура па и туризам Зоран Љутков да ветува дека проблемот ќе се реши, ама прво ребаланс на државниот буџет. Абе срам грам да се нема. Единствено голем аплауз и благодарност за сите наши прилепски и македонски актери и за Советот на фестивалот и за уметничкиот директор Ана Стојаноска која во вакви, никакви услови настојува и го одржува фестивалот. Се ова најдобро ќе го разберат прилепчани на кои игрите им беа празник. Ќе го разберат семејствата од мајсторот Смоква, електричарот Стеван, секретарот Стеван, од глумицата Лилјана Ракиџиева, нашиот Џумерко и сите што се вградиле и живееле со и околу театарот.

Целата колумна на МОМИРОСКИ прочитајте ја ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.