“Црнила” на прилепскиот театар ги собра најважните награди на 60. јубилејно издание на театарскиот фестивал “Војдан Чернодрински”

Жири-комисијата на 60. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп во состав од: Снежана Коневски Руси, претседател и членовите Дарко Лукиќ и Аида Буквиќ ги доделува следните награди:

1. Награда за рекламен материјал не се доделува.

2. Награда за кореографија и сценски движења не се доделува.

3. Награда за музика „Филип Стевановски“ се доделува на Ирена Поповиќ Драговиќ за музиката во претставата „Страв и надеж“ во изведба на НУ МНТ Скопје.

4. Награда за костимографија се доделува на Марија Папучевска за костимите во претставата „Црнила“ во изведба на НТ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп.

5. Награда за сценографија се доделува на Валентин Светозарев за сценографија во претставата „Црнила“ во изведба на НТ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп.

6. Награда за современа сценска драматизација и адаптација не се доделува.
7. Награда за современ драмски текст не се доделува.

8. Награда за млад актер „Трајко Чоревски“ се доделува на Јеткин Сезеир за улогата на Амадеус во претставата „Амадеус“ во изведба на НУ Турски театар Скопје.

9. Награда за млада актерка се доделува на Сара Спиркоска за улогата на Неда во претставата „Црнила“ на во изведба на НТ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп.

10. Награда за женска епизодна улога се доделува на Билјана Драгичевиќ Пројковска за улогата на Марија во претставата „Мачкина глава“ во изведба на НУ Драмски театар Скопје.

11. Награда за машка епизодна улога „Димче Трајковски“ се доделува на Александар Степанулески за улогата на Симон во претставата „Мачкина глава“ во изведба на НУ Драмски театар Скопје

12. Награда за главна женска улога се доделува на Слаѓана Вујошевиќ за улогата на Констанца во претставата „Амадеус“ во изведба на НУ Турски театар Скопје.

13. Награда за главна машка улога „Кирил Ристоски“ се доделува на Димитар Ѓорѓиевски за улогата на Фезлиев во претставата „Црнила“ во изведба на НТ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп.

14. Награда за режија се доделува на Дејан Пројковски за режијата на претставата „Црнила“ во изведба на НТ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп.

15. Награда за уметничко остварување на преставата во целина се доделува на ансамблот на НУ МНТ за уметничко остварување во претставата „Страв и надеж“ според Франц Ксавер Крец.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.