-На 21.09.2026 во 16:00 часот на планинскиот превој ,,Барбарас” – Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод ги лишија од слобода Е.А.(31), Е.Д.(39) и Е.И.(35), сите од с. Дебреште, општина Долнени. При извршување службени дејствија, полициските службеници затекнале паркирано патничко возило „фолксваген голф” со прилепски регистарски ознаки, каде на управувачкото место бил Е.И., а сопатници биле Е.А. и Е.Д., при што во возилото е пронајдена ловечка пушка без соодветна дозвола за поседување и носење и пет патрони, како и батериски ламби . По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок, информираат во полицискиот билтен на МВР.

























