Просечната месечна исплатена нето-плата за вработен во јули годинава изнесувала 48.499 денари и е зголемена за 7,1 процент во однос на јули 2025 година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Зголемувањето се должи, пред сѐ, на порастот на просечната нето-плата во секторите Финансиски дејности и дејности на осигурување за 10,7%, Снабдување со вода, отстранување отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 10,4%, како и во Дејности во врска со недвижен имот за 9,6%.
Во однос на претходниот месец, зголемување е забележано во секторите Стручни, научни и технички дејности за 4,3%, Трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 3,2%, и Градежништво за 2,3%.
Од ДЗС информираат и дека просечната месечна исплатена бруто-плата за вработен во јули изнесувала 72.935 денари.

























