дома блог страница 1162

Богата музичка, спортска и културна програма: По седми пат во Крушево ќе се одржи адреналинскиот фестивал When in Krusevo

Единствениот планински град во Македонија, Крушево, седма година по ред ќе го надополни летното уживање со фестивал кој  на едно место обединува музика, спорт и култура!

Дружењето и градењето летни спомени во Крушево оваа година ќе трае од 30 Јуни до 02 Јули. Ветуваме позитивна атмосфера, адреналин, одлична забава и многу љубов!

Целта на фестивалот е промовирање на крушевскиот живопис полн со природни убавини и спортски атракции, будење на адреналинот и желбата за дружење, но и промоција на уметноста, историјата, живите традиции на градот и гостопримството кои и тоа како создаваат чувство на топлина.

Фестивалот започнува во предвечерието на 24 Јуни, со пријавување и подигање на пакет со маичка и производи од спонзорите. Официјалното отворање започнува истиот ден со забава на отворено со најпознатиот бунтовник од македонската музичка сцена ДАНИ ДИМИТРОВСКА и својот бенд, додека наредните денови музичката програма на отворено ќе ја надополнат FUNK SHUI, SHORTY P, DJ PATSIS, DJ Bapchu, ESTEPHANO, Totsilly. Целосната програма може да се погледне на веб страната www.wheninkrusevo.com.mk.

Имајќи во предвид дека Крушево го има еден од најдобрите светски параглајдинг терени и е топ светска дестинација за овој вид на адреналински и активен туризам, во нашиот фестивал го вклучивме и атрактивното тандем параглајдинг летање од Мечкин Камен.

Меѓу другите адреналински спортови кои ќе ги понуди фестивалот се и искачување на вештачка карпа, јавање на коњи, кајак и SUP. За љубителите на планинскиот велосипедизам има тура од 20 километри и планинска велосипедска трка, додека за истражувачите на планинските убавини планинарска тура од 10 километри. Оваа година за обожавателите на трките, во рамките на фестивалот ќе се одржи улична трка од 5 километри, како и trail трка, а за гурманите се спрема саем за храна и пијалаци.

Бидејќи овој фестивал е од отворен карактер и нема возрасна граница, но има љубов и интересни содржини за секој посетител, истиот претставува силен магнет како за професионалните спортисти и љубителите на адреналински спортови така за уживателите на забави. Но, со се она што го нуди може да го oкарактеризираме и како фамилијарен фестивал. Затоа не ги заборавивме и најмладите и за нив подготвивме детско катче на Крушевското езеро со денска забава, јога, детска трка и многу детски игри.

Затоа што заинтересираноста е голема, како и секоја година обезбедуваме камп зона на Крушевското езеро со сите потребни услови, додека оние кои ќе се одлучат за приватните и хотелските сместувачки капацитети, истите може да ги погледнат нашите соработници на веб страната www.wheninkrusevo.mk.

Со секоја купена карта се добива попуст до 50% на спортските активности, воедно се обезбедени влезници за Спомен куќата на Тоше Проески, Македониумот како и Галеријата Никола Мартиновски.

Картата за ова тридневно авантуристичко дружење во Крушево е 500 денари и истата може да ја купите на продажната мрежа на MK Tickets.

Сите подетални информации можете да ги следите на Facebook страната на фестивалот.

Малите фудбалери од “Евро гол” Прилеп, единствената екипа од Пелагонискиот регион што освои злато на Вториот Меѓународен турнир во фудбал “Еден на еден” во Могила (Фото/Видео)

Фудбалерите од фудбалската школа “Евро гол” од Прилеп – генерација 2014, единствени од Пелагонискиот регион кои што освоија злато на Вториот Mеѓународен “Еден На Еден – Могила Куп”.

Во многу силна конкуренција со најдобрите екипи од цела Македонија, малите прилепски фудбалери освоија 1 место, а во за трофејот во финалето го победија Куманово со 2:1.

Жан Митрев му даде втор живот: Од 300 кг. и во инвалидска количка, Борче од Прилеп за 34 дена изгуби 50кг. и повторно застана на нозе (ВИДЕО)

Борче Макалоски од Прилеп, како резултат на ендокринолошко нарушување по преживеан стрес се здобива со сериозни здравствени проблеми дијабетес, холестерол и срцеви проблеми. Тој со околу 300 килограми и во инвалидска количка дошол во специјалната болница “Жан Митрев”, каде со помош на медицинскиот персонал и докторите специјалисти, за 34 дена ослабел цели 50кг. и сега повторно е на нозе.

Својата сторија Борче подетално ја раскажува во видеото кое од болницата го објавија на социјалните мрежи.

На Борче му посакуваме што поскоро враќање во нормала, здрав и долг живот!

Замениците амбасадори на Шпанија и Италија во Прилеп го промовираа нивното дело “Македонски погледи” (ФОТО)

Во петокот, на 16 јуни, замениците амбасадори на Кралството Шпанија и Италија во Македонија, Ернесто Хередеро Дел Кампо и Марио Де Роза, во градската библиотека “Борка Талески” во Прилеп, ја промовираа збирката поезија насловена како “Македонски погледи”.

Интересно е тоа што двајцата се дипломати се и автори на ова дело, а книгата е напишана на четири јазици.

Промотори на настанот беа Дарко Ангеловски и Клементина Ѓорѓиоска, а стихови од книгата читаше актерот Игор Трпчески. На настанот присуствуваше и градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, кој имаше свој поздравен говор.

Еден несекојдневен настан на кој двајцата дипломати пријатели на Македонија уште еднаш ја покажаа својата наклонетост и почит кон нашата држава и нашиот народ.

Воз удри во автомобил во прилепско, тројца повредени

На 18.06.2023 во 17.40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патен премин, пред Железничка станица „Гостиражни“, прилепско, се случила железничка незгода помеѓу товарен воз кој сообраќал на релација Велес – Прилеп и патничко возило „фолксваген поло“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.И.(24) од Прилеп.

-Во незгодата, возачот А.И. и неговите сопатници Н.Н.(19) од Прилеп и А.Н.(51) од с.Црнилиште, прилепско, биле пренесени во Градска болница Прилеп, каде им биле констатирани повреди, информира МВР.

Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.

Регулаторна одлучи: Еве по кои цени ќе точиме горива оваа недела

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за еден денар по литар. Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 0,50 денари по литар, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,503 денари по килограм. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Од полноќ цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 80,50 денари по литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 82,50 денари по литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС 70,50 денари по литар. Цената на Екстра лесното масло ќе биде 68,50 денари по литар, а на Мазутот М-1 НС 41,029 денари по килограм.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек кај бензините за 1,464 проценти, кај дизелот има зголемување за 1,323 отсто, кај екстра лесното масло исто така се регистрира зголемување за 0,415 проценти и кај мазутот зголемувањето е за 2,623 отсто.

Рама со закана до Србијa: “Oслободете ги косовските полицајци оти односите ќе се променат”

Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека доколку Србија наскоро не ги ослободи тројцата уапсени косовски полицајци, тоа ќе значи враќање на заладувањето на односите меѓу Тирана и Белград.

„Колку подолго се држат тројцата полицајци уапсени во Србија, па дури и да ја поминале граничната линија и да не извршиле никакво кривично дело, се зголемуваат шансите нашите билатерални односи да направат неколку чекори назад“, порача Рама на Твитер, пренесува Блиц.

Ни претстојат горештини, но сепак не за долго – Еве какво ќе биде времето до крајот на месецот

Стабилното и сончево време кое од утрово го имаме низ цела Македонија е најава за крај на врнежливиот период, но не за долго.
Веќе од идната недела, според сегашните услови, дождот повторно се враќа а се очекува и намалување на температурите.

Од денеска па се до крајот на оваа недела не чекаат високи температури кои во одредени делови на земјава ќе надминат и 35 степени. Најтопло се очекува да биде во петок додека веќе од сабота се најавува можна дестабилизација и услови за врнежи од дожд.

Тоа ќе ги намали температурите за неколку степени па од почетокот на идната недела се очекуваат максимални под 30 степени со услови за врнежи од дожд особено во понеделник.

Долгорочните прогнози кои треба да се земаат со одредена доза на резерва, велат дека цел јули ќе имаме променливо време. Според истите овие претпоставки, идниот месец, особено во втората негова половина повторно ќе имаме повремени врнежи проследени со грмежи но и температури кои ќе бидат под просекот, односно, не повисоки од триесетина степени.

Русите тврдат: Украина загуби повеќе од половина од своите војници во контраофанзивата

Русите тврдат дека украинските сили кои се обиделе да напредуваат во правец на Јужнодонецк кај населеното село Новодонецк изгубиле повеќе од половина од своите војници. Ова за руската новинска агенција РИА Новости го изјави потполковник Олег Чехов, шеф на прес-центарот на воената група Восток.

„Во правец на Јужно-Донецк, единиците на групата сили Восток, со поддршка на артилерија и авијација, му нанесоа огнена штета на непријателот кој се обидува да изврши офанзивни операции“, рече рускиот офицер.

Тој тврди дека руските единици со моторизирана пушка спречиле два непријателски напади во областа Новодонецк и дека биле уништени оклопни борбени возила и повеќе од половина од персоналот што напредувал.

Истиот руски офицер тврди и дека биле одбиени два украински напади во правец на населбата Ровнопољ и дека бил спречен обид за извидување на непријателот во областа Чаривна со човечки жртви на украинска страна.

„Во областите јужно од Новоданиловка и јужно од Мала Токмачка, непријателот започна офанзива со сили до баталјон со поддршка на тешка техника, користејќи тактика на градење офанзива во бранови“, рече Чехов.

Тој, исто така, тврди дека „воената авијација погодила повеќе од десет места на непријателска концентрација во областите Мала Токмачка и Макаровка“.

Тврдењата не можат да бидат независно проверени.

Црвенковски: Македонија не преговара со ЕУ, не сум оптимист дека за 5 години ќе станеме полноправна членка

Поранешниот претседател Бранко Црвенковски на Интерактивната дебата на тема „Северна Македонија меѓу Отворен Балкан и Берлински процес: можно ли е побрзо членство во Европската Унија?“,рече дека се сомнева дека ќе има напредок во пристапот на Западен Балкан во Европската Унија. Тој рече дека Македонија нема започнато преговори со Унијата. Тој посочи дека ниту соседните држави кои чекаат полноправно членство немаат значајни исчекори.

„Подготвувајќи се за денешниов настан го прочитав и моето обраќање пред вас од мај минатата година. Што заклучив? Дека за жал можам да го прочитам истиот текст и денес и ништо важно нема да пропуштам. Таму каде што бевме лани се наоѓаме и сега без видлив и сериозен напредок. И тоа не се однесува само за Македонија туку и за другите земји од регионот без разлика дали ќе го нарекуваме југоисточна Европа или Западен Балкан. Единствен исклучок можеби е Албанија за која беше донесена одлука за почеток на преговорите. Ние ги отворивме, но не ги започнавме преговорите. Како што стојат работите тешко е да се предвиди дали и кога тоа ќе се случи. БиХ доби кандидатски статус но со 14 строги услови и без можност да ги користи фондовите кои следуваат за земја кандидат. Посебна приказна се Србија и Црна Гора, земји кои преговорите ги почнаа пред цели 9 односно 11 години. Токму со образложение дека процесот на преговори со нив тече споро“, рече Црвенковски.

За него, нелогични се изјавите дека ако сега Македонија ги започне преговорите, за седум, а некои велат и за четири години, ќе стане и полноправна членка на Унијата.

„Можеби грешам, но гледајќи ја поделеноста во Унијата и колку тешко доаѓаат до единствен став во врска со војната, како што се санкциите за Русија, воената помош за Украина – се плашам дека тоа ќе го зголеми скептицизмот“, додаде Црвенковски.