дома блог страница 1157

(ФОТО) Прилепчанец ја погоди Англија-Македонија точен резултат и си лапна убава добивка

Не сите беа незадоволни поради рекордниот пораз на македонската фудбалска репрезентација од 7:0, на гостувањето на “Олд Трафорд” во Англија.

Особено овој прилепчанец, кој си уплатил илјадарче на точен резултат и коефициент 51, па си заработи одлична добика од 43.500денари во “Спорт Лајф” – објави “Спорт Манија”

Aлал вера мајсторе и создравје да си ги трошиш!

Oд утре, па секој четврток до крајот на летото, музика на Камената бина во центарот на Прилеп: Започнува реализацијата на проектот “Од 0 до култура”

Проектот на Општина Прилеп насловен Од нула до култура е вграден и ќе се реализира согласно годишната програма за култура за 2023 година.

Проектот е насочен кон младите и токму затоа неговото одржување е за време на училишниот распуст, еднаш седмично во континуитет.

Имено, станува збор за настап на локални музички групи на Камената бина во центарот на Прилеп, со концерти насловени Tribute to…

Значи концерти посветени на великани во музиката од светската популарна поп и рок култура, кои имаат големо влијание врз културна наобразба на секој човек.

Планирани се околу 10 засебни настани, почнувајќи од 22.06. па се до крајот на месец август.
Примарна цел на овој проект е да влијае врз публиката со квалитетна музика, но и да обезбеди забава на отворен простор во летните месеци. Меѓутоа, успешната реализација ќе овозможи истиот да прерасне во иднина во едно случување од поголеми размери со обезбедување на повеќе средства во програмата.

Досега потврдени настапи:
22 јуни CROSSROAD
29 јуни NO CIGARETS
06 јули The FOUR
13 јули ROCK BLUES BAND
20 јули The SCHMUCKS
26 јули The HOUNDS

Повеќе информации на следниот линк:
https://www.facebook.com/events/1326383268222807/1326383368222797

Автор на проектот : Кире Конески

Реализатор на проектот : Општина Прилеп

Ковачевски: Институциите да се запрашаат како САД дошле до информации за Мерко, а се на илјадници километри одовде

Наводите за ставање на црна листа на градоначалникот на Струга и неговото семејство се сериозни, а од тоа пораката е дека нашите надлежни институции, истражните и правосудни органи треба да ги испитаат податоците во соопштението на Стејт департментот. Ова го изјави премиерот Димитар Ковачевски кој на денешната прес-конференција ја прокоментира одлуката на американскиот Стејт департмент да го стави на црна листа струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко поради наводи за значителна корупција и мешање во судски процеси во земјава.

-Го прочитав соопштението и можам да извлечам порака дека САД се наш најголем стратешки партнер и ќе помагаат во борбата против корупцијата и да се воспостави владеење на правото. Исто така треба да се запрашаат како САД дошле до такви информации, а се наоѓаат до неколку илјадници километри од овде, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање.

Според премиерот, ваквата одлука на САД уште еднаш потврдила дека „му треба ремонт на нашиот правосуден систем и ова уште еднаш истакнува колку е потребно интегрирање во ЕУ, што ќе доведе до зголемување на владеењето на правото“.

На прашањето дали ќе им сугерира на советниците од СДСМ во Советот на општина Струга, да му ја откажат поддршката на градоначалникот, Ковачевски рече дека Мерко мора да одговори за неговиот мандат бидејќи е избран функционер на директни избори.

„Советничките групи треба добро да размислат како ќе продолжат понатаму. Бил градоначалник во повеќе мандати и соработувал со сите советнички групи во општината. Треба да седнат и да размислат како ќе продолжат понатаму“, додаде Ковачевски.

Отворена изложбата на Маја Танева во Прилеп (ФОТО)

Синоќа , 20.06.2023, во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, беше отворена изложбата „вилина во простор“ од уемтницата Маја Танева.

Изложбата ја отвори Викторија Димеска, исотричар на уемтност која посочи:

„Танева скулпторски раскажува слободна лирична наративност со дијагонално извиени и динамични асоцијативни апстракции. Впечатливиот треперлив контраст во текстурата на формата е постигнат со таинствен ткаеж на јажињата внимателно создадени во преплети со различна густина – на одредени места таа е збиена, додека на други густината на преплетот е разредена.

Моделираните мрежести асоцијативни облици излегуваат надвор од рамките на дрвените рабови на ѕидните инсталации и формираат илузија на динамичност. Апстрахираните облици коишто асоцираат на вилински претстави доминираат во севкупниот наратив на преплетените интервенции. Заробени во магична мигновеност, загадочните растреперени вилински структури егзистираат во имагинарен артифициелен свет пленејќи со својата лиричност, чудесност и моќност.“

Маја Танева е линеарен уметник, скулптор – создава скулптури, инсталации и слики со фокус и манипулација на линијата како единка и група. Скулптурите и инсталациите ги создава со индустриски челични јажиња – сајли, кои во тешката индустрија се наменети како опрема за подигнување. Ова и е 12 самостојна изложба. Член е на ДЛУМ и на ДЛУБ.

Добра вест: По критичната вечер Кико е во стабилна состојба

Јутјуберот Стефан Лазаров сподели добра вест, по вчерашната критична состојба во која се наоѓаше Кико тој денеска е добар и е во стабилна состојба.

-Здраво на сите.. Кико ноќта ја помина добро и моментално е во стабилна состојба. Како што бевме сите сплотени околу финансискиот дел сега е битно да се молиме сите заедно и надеваме дека ќе биде се како што треба. Разговарав со семејството и сите сме свесни дека во моментов е потребен мир и верба за Кико да продолжи да се бори. Постојано добивам пораки како е Кико и тоа ме радува, но во моментов мораме да почекаме и да имаме разбирање за неговата ситуација која се менува на секој час. Кико е борец и знам дека ќе биде се како што треба, напиша на својот Фејсбук профил јутуберот Стефан Лазаров.

Отворени 200 работни места во “Гентерм”: 30.000ден. просечна плата по оператор, обезбедени храна и превоз

Kомпанијата “Гентерм” Прилеп има потреба од 200 општи работници.

Заинтересираните своите апликации за вработување да ги достават во Агенција за вработување (Битола).

Просечна исплатена плата на оператор изнесува 30.000, а компанијата обезбедува превоз и храна – стои во огласот.

МПЦ повика на протест против новиот закон за родова еднаквост: Да ги заштитиме и одбраниме децата и семејството!

Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) на 29 јуни во Скопје ќе организира протест за достоинство, слобода и заштита на основните верски права. Причината за протестот, како што велат, е неприфаќањето на нивните сугестии во однос на предлог-законите за матична евиденција и родова еднаквост.

-Светиот Синод на МПЦ-ОА изразува особено жалење и загриженост што релевантните институции го игнорирале Соопштението од сите верски заедници, кои претставуваат 95 отсто од населението, и не ги прифатиле сугестиите во однос на Предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост. Напротив, продолжуваат со постапката во скратена форма за сите собраниски филтри, за целосно носење на овие закони, за кои уште еднаш апелираме да се повлечат од процедура, бидејќи тие претставуваат сериозна закана за општеството, особено за неговата основна клетка – семејството, стои во соопштението.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02RJEuDwQ1VQTUxEQznyexhw7aUfVC41ZX9HUJzkbs9PrG3PU7icT22m41Nsbxaeil&id=100084302298454&mibextid=Nif5oz

Од МПЦ порачуваат дека будно ги следат случувањата и активните притисоци за носењето на овие Закони и оценува дека во ситуација мора да биде заштитено и одбрането семејството, а пред се децата.

-Повикуваме во оваа борба за достоинство, слобода и заштита на основните верски права да се придружи верниот народ, граѓанските здруженија, организации и сите поддржувачи заедно да ја заштитиме нашата вера и традиција од обидот за нејзино ‘искоренување’ спомнат во член 23 т.5 од предлог-законот, и да излезат на мирен протест пред Соборниот храм ‘Свети Климент Охридски’ во Скопје на 29 јуни 2023 година во 18 часот, против донесувањето на овие закони, заклучил Синодот на МПЦ-ОА.

Бајден: Западен Балкан ја загрозува националната безбедност на САД – Лица од Македонија се вклучени или спонзорираат тероризам!

Состојбата на Западен Балкан продолжува да претставува закана за националната безбедност и надворешната политика на Соединетите Американски Држави, предупреди американскиот претседател Џозеф Бајден во порака до Конгресот, во која информираше дека затоа е неопходно продолжување на извршната наредба за вонредната ситуација за Западен Балкан.

Како што беше објавено на веб-страницата на Белата куќа, Бајден ја продолжи Националната извршна наредба за вонредни состојби во Западен Балкан, во согласност со Законот за меѓународни економски овластувања за вонредни состојби, за да се справи со невообичаени и исклучителни закани за националната безбедност и надворешната политика на САД.

Оваа извршна наредба првично беше потпишана на 26 јуни 2001 година и се однесува на заканата за безбедноста на Соединетите Држави, предизвикана од дејствијата на оние што дејствуваат за да го попречат спроведувањето на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 10 јуни 1999 година во Косово.

Регулативата се однесува и на лица кои се вклучени или помагаат, спонзорираат или поддржуваат екстремистичко насилство во Македонија и на други места во регионот на Западен Балкан, или против лица кои дејствуваат на начин што го попречуваат спроведувањето на Дејтонскиот договор во Босна и Херцеговина.

Претседателот на Соединетите Американски Држави потоа ја измени таа наредба со Извршна наредба од 28 мај 2003 година за да преземе дополнителни чекори во врска со одредени активности кои го попречуваат спроведувањето, меѓу другото, на Охридскиот рамковен договор од 2001 година во однос на Македонија.

„На 8 јуни 2021 година беше потпишана Извршната наредба 14033 со која се прошири опсегот на вонредната состојба во земјата прогласена со Извршна наредба 13219, со амандмани, во кои се наведува дека состојбата на територијата на поранешна СФРЈ и Албанија (Западен Балкан ) во текот на изминатите две децении, вклучително и поткопувањето на повоените договори и институции по распадот на поранешна СФРЈ, како и распространетата корупција во различни влади и институции во Западен Балкан, го попречуваат напредокот кон ефективно и демократско владеење и целосна интеграција. во трансатлантските институции и со тоа претставува невообичаена и исклучителна закана за националната безбедност и надворешната политика на Соединетите држави“, се вели во наредбата потпишана од Бајден, објавена на веб-страницата на Белата куќа.

Бајден, оправдувајќи го продолжувањето на Извршната наредба, нагласи дека „дејствата на лицата кои ги загрозуваат напорите за мир и меѓународната стабилизација на Западен Балкан, вклучително и актите на екстремистичко насилство и непушачите активности, како и ситуацијата во Западен Балкан, која го попречува напредокот кон ефективно и демократско владеење и целосна интеграција во трансатлантските институции, продолжуваат да претставуваат невообичаена и извонредна закана за националната безбедност и надворешната политика на САД“.

„Затоа, утврдив дека е неопходно да се продолжи вонредната состојба прогласена со Извршната наредба 13219 за Западен Балкан“, рече Бајден во одлуката.

Beрувале или не: Просечната нето плата во април изнесува 39.134 денари

Просечната нето плата во април изнесува 36.134 денари и е зголемена за 14,6 проценти во однос на истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (28,1 проценти), Административни и помошни услужни дејности (21,7 проценти) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (17,8 проценти).

Зголемување во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (14,7 проценти), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (13,2 проценти) и Административни и помошни услужни дејности (12,5 проценти).

Просечната бруто-плата изнесува 54 177 денари.

Фасцинантно: “Тојота Супра” вози на стаклени тркала (ВИДЕО)

Луѓето денес се подготвени да направат се за клик повеќе, па и да монтираат „стаклени тркала“ на спортски автомобил.

Токму тоа го направил сопственикот на „Toyota Supra“. Станува збор за четвртата генерација во црвена боја, автомобил кој со својата појава предизвикува интерес осигурува популарност на социјалните мрежи. Меѓутоа, ваквата „Supra“ е и повеќе од магнет за нови кликови.

Верувале или не, оваа „Supra“ вози на сосема транспарентни тркала, ако овие плочи воопшто може така да се наречат. Јасно е дека со овој додаток автомобилот не добива ништо. Сосема е сигурно дека не се премногу употребливи, а уште помалку комфорни. Сеедно, ваквата примена на поликарбонат обезбедила создавање на снимка која досега е прегледана повеќе од 4,3 милиони пати на ТикТок.

@rota.do.caos

Supra Glass Tires #accident #smash #carros #desafio #acidente #batida #car

♬ Sea Of Problems – Sped Up – Glichery