дома блог страница 1146

(Фото галерија) Неготинчанец е виртуоз со метал – Изработува најдобри огради и прекрасна метална галантерија

Сакате да го разубавите домот со нешто посебно и уникатно, а притоа не сте сигурни дали ќе го направите вистинскиот избор? Тогаш ние ќе ве упатиме во https://www.facebook.com/ModernMetal2, компанија каде ќе ги исполнат сите ваши желби.

Модерн Метал изработува буквално се’ од метал, од огради, до секаква украсна метална галантерија. Она што за вас изгледа навидум невозможно, за виртуозите од Модерн Метал е секојдневна работа.

Покрај изработка на перфектно изработени огради со цнц ласери, фирмата врши и услуги за сечење со цнц ласер, цнц плазма и виткање на апкант преса.

На нивната Фејсбук страна ќе пронајдете еден куп досега успешно завршени проекти и ќе се уверите во врвната мајсторија и стотиците досега задоволни муштерии.

Модерн Метал нуди изработка на производи од материјали со висок квалитет, по конкурентни цени на пазарот и гарантира за нивната трајност и безбедност.

Контактирајте ги на телефонскиот број: 075207191, или на е-маил адресата: [email protected] и раскажете им за вашата замисла и желба.

Навистина најдобри!

Општа тeпaчкa помеѓу кошаркари од Тетово и Прилеп: Не се знаеше кој кого yдиpa (Видео)

Нема веќе непоразени екипи во третата лига… Екипата на Тетекс ТТК успеа да го сопре победничкиот чекор на кошаркарите на Мега баскет. На свој терен, тетовци стигнаа до победата над прилепскиот третолигаш со 71:65 и со тоа се искачија на второто место на табелата, со ист бодовен скор како и прилепчани.

Но, спортскиот дел на натпреварот падна во втор план поради општата тепачка која настана помеѓу играчите на двете екипи. Боксови, клоци, летаа на сите страни.

За среќа немаше повредени, па откако се смири ситуацијата судиите решија да исклучат најголем дел од играчите и тренерите. Средбата се доигра со само седум кошаркари во поле, од кои четири беа на Тетекс, а тројца на Мега баскет. Тоа го искористи домашниот тим, па во последните три ипол минути направи пресврт и со серија 16-4 дојде до бодовите.

Неспортскиот дел од натпреварот погледнете го 1:17:42 од видеото во продолжение:

Видео преносот е на Тетовски спорт

Дизелот оди кон 70 ден. за литар, бензините и вечерва ќе пocкапат

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,23 % во однос на одлуката од 22.3.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,090%, кај дизелот намалување за 1,040%, кај екстра лесното масло намалување за 1,718% и кај мазутот има зголемување за 3,306%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,028%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,550 ден/кг и сега ќе изнесува 37,628 ден/кг.

Од 28.3.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 73,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 37,628 (денари/килограм)

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 28.3.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Секоја чест! Анета и група “Молика” ќе прават хуманитарен концерт за возобновување на Царската цpква на Битолско кале (ВИДЕО)

Почитувани пријатели и љубители на нашата долгогодишна работа во Македонија и низ целиот свет ве покануваме на нашиот концерт кој ќе се одржи на 21.04.2023 год (петок) од 20ч во Центарот за култура во Битола.

Средствата од концертот ќе бидат наменети за Царската Црква, Успение на Пресвета Богородица и 12 Апостоли-Битолско кале, која е значаен историски и културолошки храм и една од најстарите цркви во Битола и околината, но за жал во минатото разрушена и напуштена.

Сите заедно да оставиме уште еден белег, да придонесиме да се подигни овај Божји храм, со Божји благослов, да го реализираме овој преубав проект и да помогниме вo неговото возобновување на постоечките темели за кои добивме благослов од Битолската Митрополија.

Се гледаме на концертот на кој ќе имате прилика да ги слушате сите хитови испеани од мене Анета Мицевска и група Молика. Влезници по цена од 150ден ке се продаваат на касата во Домот на култура секој работен ден. Ве очекуваме. Анета и Молика.

Прилепските џудисти од “Сеишин” маестрални на Дражвните првенства за деца и јуниори – Освоени дури 16 медали

На 26.03.2023 во Скопје се одржаа Државните првенства за деца и јуниори во џудо. На овие првенства настапија околу 150 натпреварувачи од сите клубови од Македонија.

ЏК Сеишин-Прилеп зеде учество со вкупно 20 натпреварувачи, при што освоени се 16 медали (4 златни, 4 сребрени и 8 бронзени).

Резултати поединечно:

Деца: Стојковска Тамара второ место, Николоска Матеја прво место, Нарин Ристемоска трето место, Софија Божиноска трето место, Владан Стрезовски трето место, Арсениј Димески второ место

Одлични борби прикажаа и Бисера Цветкоска, Александар Игнески, Дарио Јованоски и Иван Јошески, но не изборија место на пиедесталот.

Јуниори: Мартина Јанкоска прво место, Кристина Мантроска прво место, Елеонора Илиоска трето место, Теа Настоска трето место, Теона Настоска трето место, Никола Магдески прво место, Георгиј Магдески второ место, Сеадин Ристемоски второ место, Михаил Стојановски трето место, Михаил Димоски трето место.

Одлични борби прикажа и Јован Стојановски, кој забележа две победи и два порази, но не успеја да избори место на пиедесталот.

ЏК Сеишин Прилеп е задоволен со остварените резултати и продолжува со настапи на државно и меѓународно ниво.

(Фото галерија) Го искористил повлекувањето на Преспанското Езеро и ископувал културно-историски предмети за да ги продава на Фејсбук

Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културно наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска (27.03.2023) до Основно јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Г.А.(43) од Ресен за сторени кривични дела „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ (чл.265), „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ (чл.264 ст.2) и „прикривање“ (чл.261 ст.3 в.в со ст.1 и 2) и против С.М.(35) од Ресен со престој во Скопје за сторено кривично дело „прикривање“ (чл.261 ст.3 в.в со ст.1 и 2) од Кривичниот законик.

Во периодот од август до декември 2022 година, Г.А. искористувајќи го намалувањето на водостојот на Преспанското Езеро, на археолошко наоѓалиште на плажа во с.Долно Перово, во повеќе наврати со рачен алат и метал-детектори на нелегален начин и без дозвола од надлежен орган вршел ископување на археолошки предмети и монети, за кои бил свесен дека е можно да претставуваат културно наследство. Потоа, археолошките предмети ги пренесувал во својот дом и дополнително вршел нестручни конзерваторско-реставраторски процеси врз нелегално пронајдените и присвоените археолошки предмети и монети, а со цел истите да ги понуди на потенцијални купувачи, користејќи ја социјалната мрежа Фејсбук.

Во август 2022 година, С.М. во с.Долно Перово, остварил средба со Г.А., во чиј двор ги видел археолошките предмети, и иако бил свесен дека постои можност предметите да претставуваат културно наследство, одбрал два предмети и ги однел во својот дом.

Врз основа на издадена наредба од Судија на претходна постапка при Основен суд Битола, на 01.12.2022 година извршен е претрес на дом и други простории кај Г.А., при што привремено се одземени бројни предмети во различни форми и големини, монети и други предмети поврзани со кривичното дело. При извршен службен разговор со него, тој ги појаснил околностите под кои дошол во сопственост на археолошките предмети и монети и посочил дека дел од нелегално пронајдените и присвоените предмети ги дал на С.М..

Истиот ден, во Полициска станица Центар Скопје бил повикан С.М., кој ги донел двата предмети и во извршен разговор го појаснил начинот на кој се стекнал со нив.

Од страна на ОЈО Битола е издадена наредба за вршење на вештачење и стручна идентификација на одземените археолошки предмети, при што истата е доставена во НУ Археолошки музеј на Република Северна Македонија и од нивна страна е изготвен Извештај од стручно мислење дека предметите: три керамички садови, шест прстени, мамуза, камен точило, шест стрели, 10 ножеви, два крстови, 46 нитни, 34 брутови, 21 алка, две копчиња, 11 токи за појас, три токи за чевли и 111 различни метални предмети претставуваат културно наследство, а од страна на вешто лице е извршена стручна идентификација на нумизматичкиот материјал, при што е констатирано дека седум монети претставуваат културно наследство.

Сариевски, Тоше, а сега малиот Ајдин од Босна и Херцеговина: Емотивна изведба на “Зајди, зајди” која ќе ве натера да заплачете (ВИДЕО)

12-годишниот Ајдин Османовиќ од Босна и Херцеговина со големи емоции ги пее стиховите од старите македонски песни и ги стопи срцата на цела Македонија.

Ако претходно го слушавте како ја пее “Јано Мори”, сега слушнете го и уживајте во неговата изведба на “Зајди, зајди”.

Претходно можеби само Тоше после Александар Сариевски, ја отпеал вака и со вакви силни емоции.

Видеото погледнете го ТУКА

Cooбpaќajка во Прилеп: Се cyдpиja автомобил и моторцикл – 30-годишник со тешки повpeди пренесен во болницa

На 26.03.2023г во 21.45 часот на крстосница од ул.„Архиепископ Доситеј“ и ул.„Димо Наредникот“ во Прилеп се случила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу патничко возило „шевролет“ со прилепски ознаки, yпpaвyвано од Б.Г.(53) од Прилеп и мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од И.Т.(30) од с.Сенокос.

Во нecpeќата со тешки телecни повpeди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градска болница Прилеп.

Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп – информираат од ОВР Прилеп.

Си го спаси сопствениот живот и ослабе цели 50кг, а сега Миле од Прилеп е поддршка и инспирација за битолчанецот Илија Петровски (Видео)

Се сеќавате ли на сторијата за 39-годишниот прилепчанец, Миле Тренчевски? Тој за еден месец загуби над 35кг, благодарение на комбинираниот медицински пристап и диететски режим во специјализираната болница “Жан Митрев”, a со тоа си го спаси животот.

Mиле во тешка животозагрозувачка состојба и телесна тежина од 170кг бил однесен во болницата на Д-р Митрев, каде животот буквално му беше спасен, а со придржување до препораките од специјалистите во болницата и напорни тренинзи, овој наш сограѓанин денеска тежи дури 50кг помалку.

Сега Миле е инспирација и за Илија Петровски од Битола кој по поминати 3 недели и изгубени над 20 килограми, веќе е подготвен да ги следи советите за исхрана во домашни услови – напишаа од болницата на ФБ.

-Тој беше хоспитализиран во сериозна здравстена состојба со прекумерна тежина и огромни тешкотии во дишењето. Сега се чувствува могу подобро и денес ја напушти клниката со ветување дека строго ќе се придржува на дадените препораки, велат од болницата на Д-р Жан Митрев.

Погледнете го неговото сведоштво во продолжение:

Полициjaта со полни раце работа: Во еден ден на територијата на СВР Битола казнети 144 возачи за брзо возење

Вчера (26.03.2023) во периодот од 14.00 до 20.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 144 возачи.

Од нив, 79 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 65 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.