дома блог страница 101

На 5. и 6. јуни во Поречието по 5-ти пат ќе се одржи фестивалот на екстремни спортови SAMOKOV EXTREME

Во организација на Општина Македонски Брод и здружението “Форум за Авангардна Креативност” на 6 и 7 јуни во Самоков ќе се одржи петтиот по ред адреналински фестивал SAMOKOV XTREME, на кој одново учество ќе земат неколку стотини спортисти, вљубеници во природата, возачи на џипови, мотокрос, АТВ возила….

Во срцето на Порече, меѓу планинските патеки и дивите пејзажи, ќе се испише приказна исполнета со брзина, предизвици и незаборавни моменти за сите љубители на адреналинот.

Програмата е следна:

САБОТА (06.06)

Уште од 09:00 часот започнува пристигнувањето на учесниците и формирањето на кампот – местото каде ќе се создаваат приказни и пријателства. Од 12:00 до 14:00 следува регистрација и подигнување на стартни пакети, по што адреналинот нагло расте.

Од 14:00 до 19:00 часот теренот станува арена:

Учесниците со теренски возила (џипови) ќе ја совладуваат рутата Самоков – Бачилиште – Илино – Бенче – Самоков
Возачите на мотокрос и ATV ќе минуваат низ Ковач, Добра Вода и до црквата „Св. Никола“, со враќање кон Самоков
Вечерта носи поинаков ритам – во 20:30 часот започнува концертот на КУД „7ми Септември“ од Македонски Брод, а дружењето продолжува до доцна во ноќта.

ПОДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ НА ЛИНКОТhttps://www.facebook.com/events/767772452858822/?acontext=%7B%22event_action_history%22%3A[%7B%22mechanism%22%3A%22attachment%22%2C%22surface%22%3A%22newsfeed%22%7D]%2C%22ref_notif_type%22%3Anull%7D

НЕДЕЛА (07.06)

Денот започнува во 09:30 со поздравен говор, по што следува нова серија активности:

09:45 старт на планинарската тура
10:00 заеднички старт за мотокрос и ATV
Оф-роуд возачите ќе се соочат со нова рута: Требовље – Фојник – Брест – Рамне – Самоков, додека моторџиите и ATV учесниците повторно ќе ја освојуваат патеката преку Бачилиште, Илино и Бенче.

Планинарската тура, долга околу 12 километри, води низ срцето на Порече – од Самоков преку Сливно, Бачилиште и Ковач, па назад до кампот. Лесна, но визуелно импресивна патека, идеална за љубителите на природата и активниот одмор.

Од 16:00 до 18:00 часот следува заеднички ручек за сите учесници – традиционално војничко гравче, како симболично затворање на два дена исполнети со акција, адреналин и незаборавни моменти.

„Samokov Extreme 2026“ не е само настан – тоа е доживување што се памети. Дојдете и бидете дел од викендот каде границите не постојат.

Самоков е мало, но живописно село сместено во општина Македонски Брод, во срцето на регионот Порече – една од најавтентичните и најмалку допрените области во државата. Селото се наоѓа опкружено со густи шуми, планински масиви и чисти водотеци, што му дава посебен природен шарм и чувство на изолираност од урбаниот метеж.

Во неговата близина се издига планината Добра Вода, позната по своите високи врвови и панорамски погледи, како и по богатата флора и фауна. Благодарение на ваквата географска положба, Самоков претставува идеална почетна точка за авантуристички тури, оф-роуд возење и планинарење.

Со својата мирна атмосфера и недопрена природа, Самоков важи за „скриен бисер“ на Порече – место каде што природата сè уште владее, а секој посетител може да доживее вистинско бегство од секојдневието.

За подетални информации за настанот и пријавување кај: Гоце Бојкоски на бројот 075 770 600

Известување од прилепските црковни храмови за Духовденската задушница

ИЗВЕСТУВАЊЕ!

За ДУХОВДЕНСКА ЗАДУШНИЦА, денекс, ПЕТОК И утре, САБОТА, (29. и 30.06.), во црквата СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СТАРА ЦРКВА) ќе се пејат блудци од 7.30 до 9.30 часот и од 16.00 до 17.30 часот, двата дена.

На НОВИТЕ ГРОБИШТА во 12.00 часот, а на СТАРИТЕ ГРОБИШТА во 13.00 часот, двата дена.

Свето Преображение (Грчка) за време на Богослужбите.

Храм Св. Кирил и Методиј (ПАРАКЛИС) и Храм Св. Петка во Точила:

-Утрена со Заупокоена литургија во ПЕТОК и САБОТА од 07 часот
-Вечерна богослужба, ПЕТОК и САБОТА од 17 часот.
-Блудците ќе се спеваат веднаш по завршувањето на богослужбата.

На самиот ден, во недела, нема да се пее на гробишта, само во црква.

Бог да ги прости и да им дарува Царство Небесно.

Од идната сабота полагањe на матурата – три типа според видот на образованието

Идната сабота почнува полагањето на екстерните испити од матурата за повеќе од 14 500 ученици кои завршуваат средно образование во учебната 2025/2026 година. Во согласност со измените на Законот за средното образование, оваа година матурантите ќе полагаат три типа матурски испит – државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура.

За секој испит (предмет) од типовите матура се изработени посебни испитни програми врз основа на кои се изготвени испитните прашања. Од Државниот испитен центар (ДИЦ), кој го организира и спроведува матурскиот испит, посочуваат дека овие испитни програми се темелат на наставните програми по кои учениците следеле настава во текот на нивното четиригодишно образование.

Од вкупно пријавени 14 587 ученици за полагање на матурата, 12 184 се пријавиле да полагаат државна матура, 2276 ученици за државна стручна матура и 127 се пријавени за државна уметничка матура.

Гимназијалците полагаат само државна матура и се пријавени 5713 кандидати. Државна матура, исто така, може да полагаат и учениците од стручните и од уметничките училишта, кои избираат помеѓу државна матура и стручна односно уметничка матура. Па така, според податоците на ДИЦ, од 8629 кандиудати за матура од средните стручни училишта – 6353 се пријавени за државна матура, а 2276 за државна стручна матура. Од 245 кандидати од уметничките училишта, пак, 118 се пријавени за државна матура и 127 за уметничка државна матура.

Даниела Јовчевска-Михајловска, директорка на Државниот испитен центар, за МИА изјави дека подготовките за реализација на државната матура, државната стручна матура и државната уметничка матура се одвиваат според утврдена динамика и рокови.

– Целта ни е сите ученици да имаат еднакви услови и фер полагање. Во согласност со новата Концепција, изработени се посебни тестови за секој вид матура, врз основа на испитните програми за полагање. Организацијата, секако, бара поголем ангажман, но Државниот испитен центар е подготвен да одговори на новиот предизвик, изјави директорката на ДИЦ.

Како и минатата година, за училиштата кои немаат соодветни просторни услови екстерните испити ќе се полагаат во амфитеатрите на факултетите.

– Оваа година е поголем бројот на училишта кои се обратија до Државниот испитен центар за помош при изнаоѓање просторни услови на факултетите, додека останатите училишта, кои располагаат со соодветни услови, ќе полагаат во спортските сали, холовите и аулите во своите училишта, рече Јовчевска-Михајловска.

Во просториите каде што ќе се полагаат испитите е забрането користење мобилни телефони и други електронски уреди. Директорката на ДИЦ апелира учениците да ги почитуваат Правилата за полагање на матурските испити и Мерките за нарушување на правилата за спроведување на матурските испити кои се објавени на matura.gov.mk и доставени до училиштата.

На 6 јуни со почеток во 9 часот ќе се полага изборниот екстерен предмет.

Кандидатите кои избрале државна матура ќе полагаат тест по странски јазик (англиски, француски, германски, руски или италијански) или математика. Кандидатите кои ќе полагаат државна стручна матура ќе имаат тест по англиски или по математика, а за државна уметничка матура изборот е помеѓу англиски јазик и историја.

Од ДИЦ за МИА информираа дека за тестот по англиски јазик се пријавени вкупно 13 208 кандидати, од кои 11 017 се ученици пријавени за државна матура, 2107 за стручна и 84 за уметничка матура.

За тестот по математика има 1173 пријавени – 1017 кандидати кои полагаат државна матура и 156 за државна стручна матура, а за историја има 38 кандидати – ученици кои полагаат државна уметничка матура.

Другите четири странски јазици се опција само за учениците кои полагаат државна матура. За француски јазик се пријавени 20, за германски 52, за руски јазик седуммина и двајца за италијански јазик.

Задолжителниот екстерен испит – мајчин јазик (македонски, албански, турски или српски) и литература го полагаат сите ученици – оние што се пријавени за државна матура испитот ќе го полагаат на 11 јуни од 9 часот, а кандидатите за државна стручна и за државна уметничка матура ќе го полагаат на 12 јуни од 9 часот.

Македонски јазик и литература годинава ќе полааат вкупно 9810 ученици: 7809 од нив се пријавени за државна матура; 1875 за државна стручна и 126 за државна уметничка матура.

За албански јазик и литература се пријавени 4199 кандидати: 3834 од пријавените се за државна матура; 364 за стручна и еден кандидат за државна уметничка матура.

Турски јазик и литература ќе полагаат 360 средношколци – 359 се кандидати за државна матура и еден за стручна матура. За српски јазик и литература има пет кандидати и сите се пријавени за државна матура.

Од ДИЦ велат дека за полагањето на испитите ќе бидат ангажирани околу 2500 тестатори и околу 200 набљудувачи.

Покрај екстерните предмети, учениците полагаат втор и трет изборен предмет интерно, во согласност со Концепција за испитите на крајот од средното образование.

Прилеп нема репрезентативна сала, ама ќе биде домаќин на баражите за опстанок

Ракометната федерација на Македонија ги потврди домаќинот и термините за бараж натпреварите за пополнување на Супер лигата за следната сезона.

Натпреварите ќе се одиграат на 3 јуни во Прилеп, во спортската сала „Ристе Ристески – Ричко“, каде ќе се водат битките за место во елитното друштво и во машка и во женска конкуренција.

Програмата ќе ја отворат екипите на Пелистер и Ѓорче Петров 2 во женска конкуренција, со почеток од 17:30 часот.

Во машкиот бараж, од 20:00 часот, силите ќе ги одмерат Младост Богданци и Струга во директна пресметка за последното место во Супер лигата.

Од елитната конкуренција следната сезона испаѓаат Металург Автокоманда кај дамите и Радовиш во машка конкуренција.

Пролетна наградна игра на Матадор што не се пропушта: Купи акумулатор и освои вредни награди!

Пролетта носи нова енергија, а оваа година и големи изненадувања за сите возачи! Компанијата Матадор, препознатлива како лидер во продажба на автоделови во Прилеп и регионот, стартува со атрактивна наградна игра што ќе ги израдува сите свои клиенти.

🚗 Како да учествуваш?

Многу едноставно, со купување акумулатор добиваш шанса да освоиш вредна награда!

🛵 1x Скутер
✈️ 1x Патување за двајца
🔋 2x Литиумски booster уреди

Наградната игра трае од 15 април до 15 јули 2026 година, што значи имаш доволно време да учествуваш, но и доволно причина да не ја пропуштиш шансата!

Квалитет што гарантира сигурност

Во рамките на акцијата се вклучени врвни брендови како:

Rombat, Exide, Varta, Battery Evolution и Intact – докажан квалитет за сигурно и безгрижно возење.

А зошто Матадор?

Одговорот е едноставен! Затоа што, со години гради доверба кај клиентите преку професионална услуга, широк избор и конкурентни цени. Оваа наградна игра е уште една причина зошто Матадор е прв избор за сè што му треба на твоето возило.

Не ја пропуштај шансата, обнови го акумулаторот и можеби токму ти ќе бидеш добитник!

Матадор, сè за вашето возило!

Мицкоски: Македонија не се гради со проценти, туку со квалитет и меѓусебна поддршка

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања истакна дека во Законот за правична застапеност не се важни процентите, туку квалитетот и затоа очекува поддршка од сите пратеници и посочи дека државата се гради кога се поддржуваме едни со други, додека во однос на правосудниот испит вели дека секој има право да го користи својот мајчин јазик, но некој се обидува да создава етнички конфликт каде што го нема и со тоа се остава лош пример.

„За правосудниот испит ако сте го прочитале законот ќе прочитате таму дека полагањето не е регулирано со законот на кој јазик ќе биде, туку тоа го уредува министерот, колку министри за правда биле од коалицијата која ја поддржувате, зошто не го уредиле? Затоа што сте лицемерни, затоа што сте патриоти од Али Експрес кога сте во опозиција, а во влада промовирате зелени еко агенди, во опозиција сакате да создадете етнички конфликт каде што го нема“, изјави премиерот Мицкоски во одговор на пратеничко прашање од Скендер Реџепи пратеник од Европскиот фронт.

Премиерот Мицкоски воедно посочи дека правници кои треба да се борат за владеење на право, на протестот за правосуден го прекршија правото и не истакнаа знаме на државата во која треба да се полага тој испит.

„Лош пример оставате за оние по вас. Вие сте опозиција и мислите дека на овој начин ќе привлечете внимание. Слушајте го мојот говор на Денот на светите просветители Кирил и Методиј, каде што јасно и гласно кажав што значи мајчин јазик и дека секој има право да го користи својот мајчин јазик. Но, вие континуирано ги пропуштате шансите и сега велите Венецијанската комисија претставувала некое неформално тело, повторно како претседател на Влада морам да кажам се оградувам од ставот на пратеникот Скендер Реџепи затоа што покажа елементарно непознавање“, додаде премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски појасни дека во новата методологија на преговори има тела кои се клучни, а едно од тие е Венецијанска комисија. Второто е Европскиот суд за човекови права.

„Венецијанската комисија кажува дали некој закон е согласно меѓународното право, и второ во тој Европски суд за човекови права лежат, фаќаат прашина 14 пресуди за нашето македонско братство заедница во Бугарија, кои Бугарија не ги применува. Очекував да кажете дека стоите позади вашите сограѓани Македонци и заедно ќе се бориме. Така настапува објективен поддржувач на соживотот во мултиетничка Македонија, моја и ваша татковина како Македонец и Албанец. Нашата заедничка татковина така се гради, кога ќе се подржуваме едни со други. Јас поддржувам да не се гледаме низ призмата на проценти и затоа ќе имате можност многу скоро во Собрание да го гласате Законот за правична застапеност, каде процентите не се важни туку квалитетот. Очекувам поддршка. Не сакам да ги гледам луѓето низ проценти, туку низ квалитет и низ објективна оптика“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Вака се работи заедно со граѓаните! Општина Битола преку граѓански форум ќе бара решение за плоштадот “Гоце Делчев”

Општина Битола организира граѓански форум за уредување на плоштадот „Гоце Делчев“.

-На 3 јуни од 14:00 часот во Офицерскиот дом во Битола. Преку форумот граѓаните ќе имаат можност да ги изнесат своите мислења и согледувања насочени кон разубавување на нашиот плоштад. Ве очекуваме, стои во соопштението од општина Битола.

Битолчанец ќе одговара кривично – Си изградил куќа и деловни простории на туѓо и државно земјиште

-СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.З.(51) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“. Пријавениот, во периодот од почетокот на 2025 до февруари 2026, на катастарски парцели во сопственост на државата и на трети лица, изградил куќа со деловни и станбени простории, без претходно одобрение за градба, информираат од СВР Битола.

За бизнис што те движи напред: Време е за следниот чекор

Секој успешен бизнис започнува со идеја. Но, растот? Тој бара визија, храброст… и партнер што може да го следи твоето темпо.

Без разлика дали планираш нова инвестиција, проширување на капацитетите, набавка на опрема или дополнителна поддршка за тековното работење, финансиската флексибилност често е клучниот фактор што ги претвора плановите во реалност.

Токму затоа, Минт Кредит (ФД Минт СН) го нуди своето решение за компаниите и претприемачите што сакаат да продолжат да се движат напред без препреки.

Бизнис Кредит: Кога бизнисот има потенцијал, времето станува најважниот ресурс

Секој сопственик на бизнис знае дека можностите не чекаат. Ако денес имаш шанса да инвестираш во нова опрема, да отвориш нов продажен простор, да набавиш дополнителен производ или да го прошириш тимот, одлуката мора да се донесе брзо.

Но, реалноста е дека не секогаш постои доволна ликвидност за веднаш да се покријат сите трошоци. И токму тука многу компании прават пауза во развојот. Не затоа што немаат потенцијал, туку затоа што немаат пристап до навремено финансирање.

Бизнис кредитот не треба да се гледа како последна опција. Напротив, денес тој е алатка за раст. Паметните компании не чекаат „совршен момент“, тие создаваат услови за напредок кога ќе препознаат добра можност.

Зошто компаниите сè почесто избираат флексибилно финансирање?

Традиционалните процедури за деловно финансирање често значат многу документација, долги чекања и сложени процеси. За многу мали и средни бизниси, тоа претставува дополнителен товар во период кога им е потребна брза реакција.

Современиот пазар бара поинаков пристап. Денес претприемачите бараат финансиско решение што ќе се движи со нивното темпо.

Со Минт Кредит (ФД Минт СН), процесот за аплицирање за бизнис кредит е поедноставен и прилагоден на реалните потреби на модерниот бизнис. Наместо комплицирани процедури, добиваш едноставен и практичен пристап до средства што можат да помогнат твојот бизнис да продолжи напред кон раст и развој.

Бизнис кредит до 1.000.000 денари за нови можности

Без разлика дали станува збор за нова инвестиција, развој на бизнисот или дополнителна ликвидност, пристапот до финансии во вистински момент може целосно да ја промени насоката на компанијата.

Бизнис кредитот од Минт Кредит (ФД Минт СН) овозможува финансиска поддршка до 1.000.000 денари, со рок на отплата до 60 месечни рати. Ова им дава простор на компаниите да инвестираат попаметно и да ги распределат трошоците на начин што нема да создаде непотребен притисок врз тековното работење.

Особено важно е тоа што флексибилноста им овозможува на бизнисите да планираат долгорочно. Наместо краткорочни решенија што создаваат дополнителен стрес, компаниите добиваат стабилност и можност да размислуваат стратешки.

Во што најчесто инвестираат компаниите?

Потребите на секој бизнис се различни, но најчесто компаниите користат бизнис кредит за:

  • Набавка на нова опрема,
  • Проширување на деловниот простор,
  • Дополнителна ликвидност,
  • Инвестиција во залихи и производи,
  • Развој на нови услуги,
  • Маркетинг и раст на брендот,
  • Вработување и проширување на тимот.

Во многу случаи, токму навремената инвестиција е она што го одредува следното ниво на раст.

Најголемата грешка е да се чека предолго

Една од најчестите причини поради кои бизнисите стагнираат е одложувањето. Многу претприемачи чекаат „подобар период“, „повеќе заштеда“ или „совршени услови“ за да инвестираат во својот развој.

Но, пазарот не мирува.

Конкуренцијата расте. Трендовите се менуваат. Клиентите очекуваат побрза услуга, подобар производ и поквалитетно искуство.

Компаниите што растат се оние што знаат кога треба да реагираат.

Токму затоа, пристапот до практично и флексибилно финансирање станува сериозна предност за секој бизнис што сака да остане конкурентен.

Финансиска поддршка што го следи твоето темпо

Успешниот бизнис не се гради преку ноќ. Тој се развива преку одлуки. Некои мали, некои големи, но сите важни. Кога имаш партнер што може да ти помогне да ги реализираш тие одлуки побрзо, целиот процес станува полесен.

Бизнис кредитот од Минт Кредит (ФД Минт СН) е создаден токму за компании што сакаат да се движат напред. За претприемачи што не сакаат да ги пропуштаат можностите кога ќе се појават. За бизниси што знаат дека растот бара акција.

Време е за следниот чекор со Бизнис кредит од Минт Кредит

Секој бизнис има период кога треба да донесе важна одлука – дали ќе остане на исто ниво или ќе направи чекор напред. А понекогаш, токму тој чекор започнува со вистинската финансиска поддршка.

Затоа, ако твојот бизнис е подготвен за нова инвестиција, проширување или нова можност, можеби ова е вистинскиот момент да му дадеш поддршка што ќе го придвижи напред.

Доколку имаш прашања или си заинтересиран за повеќе информации контактирајте нѐ на 15 107 или посети нѐ во една од нашите филијали ширум државата.

Што се случи со прилепското вовче? Летото е пред нас, а најмалите се’ уште го чекаат среќното ѕвонче пред “Реклами”

Летото е пред нас, а најмалите во Прилеп се’ уште го чекаат вовчето на кое со години му се радуваа и уживаа во возењето низ градските улици со своите родители, баби, дедовци…

Никој засега не знае што се случи со туристичкото вовче и дали воопшто ќе сообраќа летово.

Најмалите се надеваат дека ќе го слушнат среќното ѕвонче пред “Реклами” и ќе потрчаат за да фатат место.

Вовчето последно сообраќаше пред две години, а зимоска беше паркирано на градскиот плоштад, како експонат за фотографирање за време на новогодишните празници.