TPAГЕДИЈА! 23-годишна девојка од Прилеп пронајдена мpтва во стан во Солун

23 годишна девојка од Прилеп е пронајдена мртва во стан во Неаполи, Солун. Безживотното тело на девојката било пронајдено вчера попладнето, јавуваат грчките медиуми.

Според информациите родителите на девојчето, кое е од Прилеп, ја барале безуспешно. Потоа, роднина на младата девојка отишол во станот и ја пронашол мртва.

Од форензичкиот преглед на телото и од доказите собрани досега од страна на властите, не се видливи траги на насилство – информираат грчките портали.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.