дома блог страница 102

Според сите анкети: Гимназијата е број еден избор за просперитетна иднина на полуматурантите

Со видеа што ќе те инспирираат и зборови што допираат, дознај зошто Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп е повеќе од училиште. Тука започнува твојата иднина.

1. Секој голем пат започнува со храбар чекор

„Избери иднина. Избери инспирација.“ – Гимназијата е твојот прв чекор кон една голема приказна, каде што растеш како личност и ум.

2. Наставници што навистина се грижат

Професорите не се само едукатори, туку ментори што ќе ти помогнат да го извлечеш најдоброто од себе – на секој чекор.

3. Пријателства што траат засекогаш

Тука не добиваш само знаење – добиваш друштво, смеа, тимска работа и пријатели за цел живот.

4. Комбинација од учење и забава

Од книги до кафулиња во училишниот двор, од лаборатории до школски екскурзии – овде секој ден носи ново искуство.

5. Сцена за твоите таленти

Драмска секција, спорт, уметност, наука – сè е на дофат. Овде можеш да блеснеш со тоа што најмногу те инспирира.

6. Проекти што создаваат идни лидери

Работа во тимови, презентации, истражувања – ќе учиш да размислуваш креативно и критички, со вистински животни вештини.

7. Вистински предизвици – вистинска поддршка

Од секој тест до успех, тука си дел од заедница што верува во тебе и те охрабрува да се развиваш.

8. Мирче Ацев во 3 збора?

Пријателство. Знаење. Иднина. Тука започнува твојата приказна. Запиши се. БИДИ ГИМНАЗИЈАЛЕЦ!

Најважниот оброк во денот во срцето на Прилеп – Разбудете се со богатство на вкусови секој ден

Утрото има посебен шарм кога денот започнува во La Piazza.

Во срцето на Прилеп, каде градот полека се буди, тука се нуди нешто повеќе од обичен појадок — утринско уживање со стил.

Од првиот мирис на свежо кафе до последниот залак, секое утро во La Piazza е мало гастрономско патување низ вкусовите кои ги обожаваме сите. Без разлика дали сакате класичен, домашен или модерен појадок – нашето мени има сè што ви треба за совршен старт на денот.

Изберете го вашиот омилен вкус:

-Јајца со пршута и кулен – вистински избор за љубителите на силен и богат појадок.

-Омлет со три јајца – класика која никогаш не старее, со можност да изберете варијанта со шунка, сирење или зеленчук.

-Мекици со сирење – мирис на детството, свежо пржени и совршено меки, со топка павлака и домат.

-Авокадо појадок – свеж, лесен и модерен избор за сите што сакаат здрав почеток на денот.

-Пржени лепчиња – четири совршено пржени тост парчиња со сирење, павлака и свеж домат.

-Клуб сендвичи и Италијански сендвич – за оние кои сакаат да комбинираат вкус и енергија, совршени за утро што бара полна порција задоволство.

-Кремасти чорби – нежни, топли и ароматични, идеални за ладни утрински часови.

Секој појадок во La Piazza се подготвува со свежи состојки, внимание на деталите и многу љубов кон добрата храна. А кога на сето тоа ќе се додаде нивната пријатна атмосфера и вкусното кафе – добивате формула за совршено утро.

Време е за La Piazza утро!

Посетете нè и откријте зошто нивниот појадок е омилен избор на прилепчани кои знаат да уживаат во секој момент од денот.

La Piazza – местото каде денот започнува вкусно!

Полицаец од Битола лажел дека автомобилот на брат му е од МВР за да избегне казна

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против И.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување“, предвидено и казниво по член 353 став 1 од КЗ. И.Д., на работно место „помлад полицаец“ во ПС Битола на 25.03.2026 околу 17:00 часот, во период кога не бил работно ангажиран, отишол во просториите на ЈП за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Општина Битола, се претставил дека е полициски службеник и поднел барање за поништување на налог за наплата за нерегуларно паркирање на патничко моторно возило „ауди“, сопственост на неговиот брат, при што во рубриката „образложение на причината за поништување на налогот“ своерачно напишал МВР.

Со наведеното дејствие дал лажна изјава дека возилото е сопственост на МВР со што сакал да ги доведе во заблуда вработените на ЈППЈЛП за да биде ослободен од плаќање на казната. ОВККИПС против И.Д. ќе поднесе и предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, соопшти МВР.

Хуманост што значи живот за најмалите пациенти: Компании донираа за набавка на детско ЕКГ во прилепската болница

Претставници на компаниите Manderley од Холандија, како и Кули и Карма Бела од Македонија, ја посетија прилепската болница “Борка Талески”, а причината за нивната посета е повеќе од благородна.

Компаниите беа наградени од Schijvens како најдобри добавувачи, при што освоија награда во износ од 2.580 евра. Овие средства беа хумано донирани за набавка на детско ЕКГ за потребите на Детското одделение во прилепската болница.

Од болницата упатуваат искрена благодарност за нивната хуманост, поддршка и општествена одговорност. Со вакви дела заедно придонесуваме за подобра здравствена грижа за најмладите пациенти.

Tри награди за прилепските гимназијалци од Државниот натпревар по хемија

На 14-05-2026 год во просториите на ПМФ-Институт за Хемија – Скопје се одржа Државниот натпревар по хемија на кој учениците од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп ги постигнаа следните резултати:

Под менторство на проф.Блаже Димески од прва година:

1. Глигор Ивановски (I) прва награда

Под менторство на проф.Ружа Ангелска учениците од четврта година:

1. Георги Николоски (I) прва награда

2. Марија Митреска (II) втора награда и

Александар Велјаноски пофалница за успешно учество на државниот натпревар.

Со овој и сите предходни натпревари хемичарите од Гимназија „Мирче Ацев“ покажаа и докажаа дека остануваат на врвот на листите на секое ниво од натпреварите по хемија.

Честитки за сите успеси и новите предизвици на учениците и нивните ментори во оваа учебна година и престојната Светска олимпијада на која ученикот Георги Николоски со тим од уште 3 други ученици ќе ја претставува Република Македонија во Ташкент, Узбекистан.

Кодекс за облекување: По пасош и лична карта нема веќе по апостолки, бермуди и „рамбовка“

Со цел одржување на професионалниот стандард, дигнитетот на институцијата и меѓусебната почит, се воведува Кодекс за облекување за сите вработени и странки кои ги посетуваат просториите на Одделот за граѓански работи при Министерството за внатрешни работи, информираат од МВР.

Како институција која е постојан сервис на граѓаните, велат оттаму, веруваат дека соодветното облекување придонесува кон подобра работна атмосфера и почитување на државните институции.

-Во таа насока, ги замолуваме сите граѓани пред доаѓање во нашите простории (за подигнување лични документи, пасоши или други административни услуги) да се погрижат нивниот изглед да биде во рамките на општоприфатените норми за јавни институции, се вели во информацијата од МВР.

Истовремено, напоменуваат дека и сите вработени во Одделот се задолжени доследно да го почитуваат утврдениот кодекс за облекување наменет за вработените во Министерството.

Тој ги прави најлудите журки во Македонија, девојките го обожаваат, а сите пејат заедно со него – Викендов во Прилеп ќе се бара маса повеќе!

Прилеп дали си подготвен?! Оваа сабота (30.05.) за првпат во Pub Club Terasa доаѓа Дарко Гроздановски, момчето што во моментов ги прави едни од најлудите и најенергични настапи на македонската музичка сцена.

Ако досега не сте биле на негов настап, подгответе се за вечер каде што нема седење и нема тивка атмосфера. Дарко не е од оние изведувачи што само ќе излезат и ќе испеат неколку песни. Неговите настапи се гласни, моќни, полни со емоција, адреналин и атмосфера што буквално ја крева публиката на нозе. Од првиот тон до последната песна, кај него нема „мртва“ атмосфера, се пее гласно, се игра, се снима, се бара бис.

Токму затоа и се издвојува од останатите на сцената. Комбинацијата од одличен вокал, сценска енергија, музичка харизма и контакт со публиката прават секој негов настап да изгледа како голем концерт, без разлика дали е клубска вечер или голема сцена. А оние што веќе биле на негов настап добро знаат, кога Дарко е на сцената, вечерта станува незаборавна.

Ова ќе биде негово прво гостување во Pub Club Terasa, а интересот е огромен, па ако сакате добро место и вечер за паметење, резервирајте навреме.

Да му посакаме топло добредојде на Дарко во ТЕРАСА, и сите заедно да уживаме!

📞 Резервации: 070-304-967

📍 Pub Club Terasa
📅 Сабота | 30 Мај
🎤 Дарко Гроздановски LIVE

Во Точила од денеска мириса на домашно: Старите мајстори донесоа вистинска богата македонска трпеза

Во населбата Точила во Прилеп, од денеска мириса на домашно готвено! Веднаш до КАМ маркет, вратите ги отвори КРЕАС – готвени јадења, нова гастрономска кујна од старите мајстори, каде прилепчани ќе можат секој ден да уживаат во топол, вкусен и традиционален македонски оброк.

Не станува збор за само уште еден кетеринг. КРЕАС ќе биде место каде секојдневно ќе се подготвуваат свежи, топли и внимателно зготвени јадења, создадени од искусни прилепски мајстори кои со години се препознатливи по својот квалитет и вкус. Зад целата приказна стои добро познатото име Месарница „Креас“, бренд кој веќе има изградено доверба кај прилепчани кога станува збор за свежо и квалитетно месо.

Локацијата веднаш до маркет и на прометно место го прави идеален избор не само за жителите од Точила, туку и за сите минувачи, работници, семејства и луѓе кои уживаат во вистински домашно подготвен оброк, со вкус кој потсетува на старите македонски рецепти.

Во време кога сè повеќе луѓе имаат динамичен начин на живот и сè помалку време за секојдневно готвење, ваквите места стануваат вистинско освежување. Особено кога зад нив стојат луѓе кои ја познаваат традиционалната македонска кујна и знаат дека добрата храна не е само оброк, туку и чувство, навика и дел од семејната култура.

Со отворањето на КРЕАС, Точила добива нов гастрономски центар, а прилепчани уште едно место каде вкусот на домашната македонска храна ќе биде секојдневно достапен.

Македонската традиција никогаш не изгледала повкусно. КРЕАС носи токму таква приказна, топла атмосфера, домашен вкус и храна што потсетува на неделен ручек кај мама и баба.

Повелете во Креас – готвени јадења!

Oд денеска со возачка од “Б” категорија можат да се возат моторцикли со 125 кубици

Граѓаните со возачка дозвола од „Б“ категорија за автомобил, од денеска имаат право да управуваат мотоцикли со автоматски менувач од категоријата „А1“ со зафатнина на моторот од 125 м3 и чија сила на моторот не е поголема од 11 KW, откако стапија во сила измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Законските измени беа подготвени и поднесени од пратеничичката група на Движење ЗНАМ со поддршка на пратениците од мнозинството, а 8 април годинава беа изгласани со огромно мнозинство во Собранието. Во меѓувреме, траеја администеративните процедури за Правилникот подготвен од Министерството за внатрешни работи, со чие денешно објавување во Службен весник во сила се законските измени.

Како што образложи пратеникот од ЗНАМ Павле Арсовски во Собранието, со законот се придвидува во Македонија возачот кој поседува возачка дозвола од Б категорија да има право да управува мотоцикли со автоматски менувач од категоријата „А1“ откако ќе наполни 23 години и поседува минимум 5 години важечка возачка дозвола од категорија „Б“ и поседува потврда за посета на 4 часовна теоретска обука.

Држави каде може да се управува Мотоцикл до 125 см³ со возачка дозвола од Б категорија може да се управува во Шпанија, Грција, Португалија, Франција, Австрија, Чешка, Белгија, Луксембург, Словенија, Полска.

Kривична за прилепчанец – полицијата му пронајде дома две рачни бомби

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Д.С. (43) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 28.07.2025 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени две рачни бомби, информираат во полицискиот билтен на МВР.