93-годишен воен ветеран и се додворувал на Меланија Трамп: “Ех, да бев 20 години помлад” (ВИДЕО)

Американскиот претседател, Доналд Трамп, и првата дама на САД, Меланија Трамп, за време на посетата на Обединетото Кралство, присуствуваа на одбележувањето на 75-годишнината од “Денот Д”, или најголемата воена инвазија на сојузничките сили за враме на Втората светска војна врз Нормандија.

Доналд и Меланија Трамп, за време на посетата на Портсмоут, заедно со кралицата Елизабета Втора, се дружеа со воените ветерани, а Томас Кутберт, 93-годишен ветеран, не можеше да одолее кога ја здогледа убавата Меланија.

Томас и упатил комплимет на првата дама на САД со зборовите:

“Убава е зарем не?, искоментирал ветеранот обраќајки му се на американскиот претседател и додаде „Ех, да ве нема вас и да сум 20 години помлад“.

Трамп се насмевнал и ја пружил раката да се поздрави со ветеранот.

„Го можете вие тоа, нема сомнеж, му одговори Трамп.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.