90 дена се молчи за темата: “Најскапото светско мовче во Прилеп?”

Веќе три месеци никој не го споменува најскапото светско мовче од Сточен пазар.

Најавите за кpивични пpиjaви за одговорност на функционерите и изведувачите кои беа теми на пресконференциите, никако да станат реалност.

Повторно да се потсетиме дека прилепчани сакаат да знаат каде оделе нивните пари и како сме стасале до долг од 9 милиони евра, како што во една штура информација од локалната самоуправа беше истакнато.

Истото ова важи и за изградбата на булеварот и набавката на четирите автобуси за фантастични 1.000.000 евра.

Зачудува фактот што ниту еден директор на ЈП не излезе да направи и објави финансиски пресек што наследил во неговата фирма и каде оделе парите.

Има милион теми за прашања, но одговорите никако да дојдат…наместо одговори, се почести се сликите кои демонстрираат соживот и безодговорност во јавните претпријатија…

УМС со урнебесна пародија за најскапото мовче во светот чија реконструкција ќе чини 574.000 евра (Фото галерија)

ВМРО-ДПМНЕ: “Губитниците Миле и Валентин да одговорат за “злocтopничкото здружение, мовчето од 500.000 eвра и Пивофест?” (Видео)

Младеноски: “Градоначалник, Советот ви одобри 8, а вие трошите 30 милиони за ова мовче? Што мисли Миле Талески за ова?” (Видео)






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.